Те сваќам што сакаш да сите клими ти бидат иста марка. Ќе може да се поврзат на иста апликација.Здраво ценети колеги
Би бил благодарен ако може да добијам мислење во однос на избор на две клими за две одлично изолирани соби (спална и детска), за стан во Битола.Двете соби имаат надворешни ѕидови и досегашното грење е со античка Gree Lomo LCLH во детската, а спалната е помеѓу дневната и детската и таму нема клима единица.
Дневната се грее веќе неколку години со Mitsubishi LN35 од која што сум презадоволен.Во станот има ел. котел и радијатори, кои што се бекап за "недај боже" ситуација.Генерално парното немало потреба да се користи откако има LN35 во дневна и клима во детска соба.Gree-то беше привремена клима која што остана повеќе од што сакав и сега веќе е време да се смени со пофина клима, па би сакал да искористам момент и да додадам уште една единица и во спалната соба.
Два важни услови ми се што по фина модулација и режим на работа (ала LN35) и ограниченост на димензија од 25цм висина на клима уред, затоа што најдобрите локации за монтажа имаат простор од максимум 35цм од таван до прозор.Би преферирал мулти сплит варијанта заради заштеда на надворешен простор, но не е пресудно.
Со оглед на тоа што сум задоволен од LN35 и би сакал и другите единици да бидат интегрирани во Mel Cloud, разгледав што има на пазар кај нас од Mitsubishi и со тие димензии се само MSZ-AP20 и MSZ-AY20.Гледам некои модели и од Mitsubishi Heavy Industries, ама не ми текнува што беше поделбата со нив и дали одговараат (Mel Cloud).
Дали се овие серии (AP и AY) единствените модели на наш пазар со оваа димензија од Mitsubishi и кое е мислењето за нив?
Доколку до толку не се добар избор би заборавил на Mel Cloud, и што би препорачале од другите јапонци?
Ви благодарам.
@igor_xxxx немаш место за парапетна?