Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Зошто e-трговијата во Македонија е на ниско ниво, иако има услови за нејзин развој?

IT.mk postBot

Вести од Портал
5 декември 2011
1.543
125
(Ова е гостинска колумна на Нина Ангелковска, основач на сервисот за групно купување, Grouper.mk)

Електронската трговија и поврзаните активности преку интернет можат да бидат мотор на подобрување на економската состојба во земјата, но придонесува и за поголема интеграција на земјата во глобалните трендови. Информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) направи трансформација во начинот на кој трговците и потрошувачите купуваат и дистрибуираат производи. Е-трговијата привлекува многу внимание од бизнисите, институциите, но и од владите како начин за генерирање на економски раст.

Така е-трговијата беше една од темите на Осмата конференција за платни системи и системи за порамнување на хартии од вредност под организација на НБРМ, која се одржа во Охрид од 11-ти до 13-ти Мај. Конференцијата има меѓународен карактер и во неа земаа учество претставници од централните банки од повеќе земји, институцијата UNCTAD за трговија и развој при Обединетите Нации со седиште во Швајцарија, финансиските институции Commerzbank од Германија и Accuity од Велика Британија, како и претставници од деловните банки, регулаторите на инфраструктурата на финансиските пазари и останатите финансиски и нефинансиски институции во Република Македонија.

На конференцијата се презентираше извештајот на UNCTAD за 2015-та година со наслов “Отклучување на потенцијалот на е-трговијата за земјите во развој“ од страна на тим лидерот на извештајот на UNCTAD, Торбјорн Фредриксон, со посебен акцент на состојбата во Македонија. Извештајот ги разгледува можностите и предизвиците со кои се соочуваат компаниите во земјите во развој коишто сакаат да се вклучат во електронската трговија. Презентацијата беше проследена со динамична панел дискусија за е-трговијата во Македонија модерирана од Директорот на дирекцијата за платни системи г-дин Игор Величковск на која учестуваа претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Комерцијална банка, КИБС, CaSys , платежна институција INPAY од Данска и јас како претставник на бизнис сектротот од е-трговија (Grouper.mk).

Каква е состојбата со е-трговијата во Македонија?


Во изештајот на UNCTAD се воведува нова мерка за одредување на подготвеноста на една држава за е-трговија т.н индекс на електронска трговија (E-commerce B2C Index). Индексот зема во превид 4 параметри: интернет пенетрација, покриеност на поштенска испорака, пенетрација на платежни картички и безбедни интернет сервери. Анализата опфаќа 130 економии, а на врвот на листата се наоѓаат Луксембург, Норвешка и Финска како земји со најразвиена е-трговија, додека меѓу економиите во развој водечките места припаѓаат на Азија т е. Кореа, Хонг Конг (Кина) и Сингапур. Македонија се наоѓа на 41-вото место пред соседите Бугарија, Грција и Србија со вредност на индексот 62.2.



Индексот предвидува дека 13,5% од населението во Македонија треба да купува онлајн додека фактичката ситуација е дека 5,4% од населението купува онлајн, (UNCTAD, 2015). Од друга страна според Дигиталната агенда на Европа (2010), до 2015 година 33% од малите и средни претпријатија треба да продаваат и купуваат онлајн. Во Македонија само 6% од компаниите примаат нарачки онлајн, 5% прават нарачки онлајн.

Покрај мерливите фактори вклучени во индексот, во извештајот за нагласуваат и бариери од различна природа како што се: економски (несоодветна информациска и комуникациска инфраструктура, нестабилна и скапа струја, ограничено користење на платежни картички, мала куповна моќ и неразвиени финансиски системи); социополитички (слаба правна и регулаторна инфраструктура, преференци за лице-во-лице интеракции и преференци кон плаќање во готово); и когнитивни бариери (ниско ниво на компјутерска писменост, свест и познавање за е-трговијата помеѓу крајните корисници и компаниите).

Па кои се бариерите и предизвиците за развој на е-трговијата во Македонија?


Фактор кој директно влијае на развојот, според мене е понудата на пазарот. Ситуацијата беше многу депресивна во 2011 година кога ние го отворивме Grouper.mk, а сепак граѓаните се впуштија во онлајн купување на атрактивните понуди со попусти. Во време на рецесија и мала куповна моќ на населението главниот поттик за да направат онлајн купување не може да биде заштедата на време или удобноста да се купува од дома. Тоа се резултати односно придобивки кои граѓаните ќе ги почувствуваат со тек на време кога ќе креираат навика за купување онлајн. Но клучното за да се впуштат во онлајн купување и да ја направат првата трансацкија е атрактивната понуда, што во случајот кај нас значи заштеда односно поефтина цена за купување онлајн. Затоа треба не само да креираме претприемачка клима и да стимулираме отварање на нови компании кои ќе продаваат онлајн, туку треба да им се даде соодветен тренинг и едукација на претпиемачите за да се тргне од реалните потреби на пазарот. Министерството за информатичко општетство во 2011-ва имаше проект со кој се отворија 50 онлајн продавници, а денес само 7 од нив функционираат, токму поради оваа причина.

Бројот на брзорастечки стартап компании кои постигнале огромен успех во светот е навистина голем, а најголемиот дел од тие бизнис идеи ги нема во Македонија. Во земја во развој како што е Македонија иновирањето може да се состои од воведување т.е. аплицирање на постоечки бизнис модели, кои се докажано успешни во високоразвиените земји, со соодветно адаптирање за нашиот пазар. Иновацијата сама по себе е трансформација, а во случајот овие успешни модели кои постојат може да воведат значајни промени на домашниот пазар, а тоа го докажавме ние со Grouper.mk кој значително влијаше на развојот на е-трговијата во земјава.

Покрај локалните компании, понудата на пазарот ја креираат и интернационалните онлајн компании кои ги нудат своите производи за Македонските граѓани. Претпоставката е дека ако граѓаните почнат да купуваат онлајн од овие сајтови потоа ќе створат навика и ќе почнат да купуваат и од домашните компании. Во моментот некои од најголемите компании како eBay и AliExpress се отворени за купување за Македонците и Paypal дозволува сметки на физички лица. Но, бариерата сепак постои бидејќи ограничувањето за купување производи за лична употреба без царински давачи е поставено на 45 евра. Има предлози за зголемување на овој праг, што ќе влијае позитивно за онлајн купувачите, меѓутоа решавањето на оваа бариера може да значи меч со две острици бидејќи зголеменото онлајн купување од странски продавници може да значи и намалување на конкурентската предност на домашните компании кои поради големите царини и давачки за увоз не може да постигнат атрактивни цени.

Интервју со Нина на подкастот #ИТН:

Друг значаен фактор е културата и навиките на населението. И покрај тоа што има 1,6 милиони платежни картички во оптек (НБРМ, 2015) мал дел од нив активно се користат. Навика за голем дел од популацијата е да ја извадат платата од сметка на банкомат и да плаќаат со готовина, наместо да ја користат картичката за плаќања. Ова е бариера на која треба да се влијае за да се смени ставот и начинот на размислување, што не е лесно. Но потворно доаѓаме до клучниот фактор – понудата. Кај нас не го слушате често прашањето кога плаќате во ресторан, супермаркет или било која продавница: “Кеш или картичка?” што е нормално за било која развиена земја. Напротив кога купувач сака да плати со картичка прашањето е “Дали може да платам со картичка?”. Од вкупно 70.000 регистрирани активни деловни субјекти (Централен Регистар на РМ, 2015) 37% прифаќаат плаќања со платежни картички на физичките локации. Ова говори за фактот дека се уште сме многу далеку од директивата на ЕУ дека 33% од МСП треба да прават и примаат нарачки онлајн до 2015 година.

Ако ги погледнеме законите во нашата земја кои треба да се донесени според Европската директива за е-трговија ќе дојдеме до заклучок дека законката регулатива ни е јака страна. Закон за е-трговија – Имаме! Закон за заштита на потрошувачи – Имаме! Закон за заштита на лични податоци – Имаме! Закон за компјутерски криминал – Немаме посебен ама опфатен ни е во друг закон. Меѓутоа како сите овие закони се толкуваат во пракса и колку се корисни знаат засегнатите страни односно компаниите. Не сум правник, ама во 5 годишна напорна работа мораше многу добро да се запознаам со сите овие закони кои имаат недоречености и се направени пред повеќе години кога немаше реална понуда на пазарот за да се соочи со пречките и бариерите. Сепак по ова прашање има позитивна точка, бидејќи претставникот од МИО на панел дискусијата потенцираше дека законската регулатива ќе претпри измени наскоро. Наше е да се надеваме дека експерти од областа на е-трговијата ќе бидат повикани во изготвување на промените на законите поврзани со е-трговија и дека истите ќе бидат јасни за учесниците на пазарот и за надлежните институции.

Друга бариера со која се соочуваме во работењето која ја потенцирав на панел дискусијата, а верувам се однесува не само на онлајн компаниите се административните процедури кои негативно влијаат на продуктивноста во работењето. Проектот за е-фактура кој се најавуваше неколку години е зависен од електронскиот потпис кој е во функција веќе неколку години, но за жал при овие промени не се користат неутрални технологии за да имаме компатибилност со било која друга земја и воедно user-friendly принципот е изоставен.

Банките кои се директно засегната страна односно посредуваат помеѓу платежниот процесинг систем и трговецот да се изврши онлајн трансакцја треба да ги слушаат барања на трговците во насока на следење на трендовите. 20% од корисниците на Интернет во Македонија ги користат паметните уреди за пристап до Интернет од дома и над 50% за пристап надвор од дома. За да ја направиме мобилната апликација за Grouper.mk user-driendly и да го оптимизираме делот на плаќањето потребна ни беше многу креативност и работа бидејќи процесинг системите немаат оптимизирана платформа за мобилни уреди и апликациии. Од друга страна за да се олеснат адиминистративните процедури банките треба да имаат отворено API кое трговците може да го користат за различни потреби и цели.

Значајна препорака која ќе биде од корист на сите учесници во е-трговијата која се планира да се воведе од страна на МИО, која е посочена во ЕУ Директивата за e-трговија е воведувањето на контакт точка која ќе биде одговорна за е-трговијата во Македонија, ќе прибира податоци, ќе известува за состојбата, ќе објавува извештаи и ќе биде достапна за сите е-трговци кои имаат прашања или сакаат да се информираат.

Дополнително во насока на унапредување на е-трговијата, МИО треба да лансира кампања за креирање на свест за онлајн купување во соработка со е-трговците кои се борат на пазарот да креираат бренд и доверба, а со тоа ја промовираат е-трговијата. Со ова би се покажала поддршката на веќе посточеките локални е-трговци на пазарот, покрај подршката која се дава за отворање на нови компании.

Конференцијата и извештајот на UNCTAD придонесуваат кон целокупната ситуација со е-трговијата, запознавање на институциите со реалната ситуација и можност за соодветни интервенции. Во таа насока она што му дава особено значење на UNCTAD извештајот се препораките за националните стратегии и политики за унапредување на електронската трговија (Слика 1)


Стратегиска рамка за унпредување на е-трговијата, Извор: UNCTAD, 2015

На нас, е-трговците, ни останува напорно да работиме, да иницираме промени, да се информираме, да следиме трендови, да иновираме и да дадеме добра понуда за граѓаните да купуваат онлајн.

Оригинален текст http://it.com.mk/zoshto-e-trgovija...nisko-nivo-iako-ima-uslovi-za-nejzin-razvoj/
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.792
33.907
roka.mk
Само Нина нека ги едуцира корисниците и нека им ја дига свеста за онлајн купување, па кога ќе ги изедуцира доволно ќе и отворам конкурент и ќе ја поразам ;)

btw ова е шала, не планирам да вложувам во македонија. Само гласно размислувам каков епилог може да има.
 
Последна промена:

edin.ademovic

lurker
16 февруари 2014
524
319
#УспехЕ кога татко ми, 65-годишен пензионер, ќе го натераш да купи појас за колено онлајн :cool:
 

gego

hello world
6 декември 2009
334
363
Скопје
gego's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 3600 & stock cooler
Motherboard
MSI B450 TOMAHAWK
Storage
SSD 500GB & WD 2TB
PSU
Chiftech 750W
RAM
16GB
Video card
AMD RX 580 8GB
Case
NoName
Mouse
Blaody V5
Keyboard
A4Tech X7 G800W
Monitor
Asus VA24EHE
OS
WIN10
За какво онлајн купување збориме? За производи од Македонија? За надвор од Македонија? Или општо? Сеедно! Кога по продавници идат луѓе и купуваат основни производи за гол живот, кога Шутка е главна дестинација за ``ефтина а добра облека``, онлајн купувањето е на дното од тоа дно. ПРВО! стандардот треба да се зголеми, па потоа сите останати пропратни бенефити што одат со тоа. 5% е сосема коректна цифра за моменталниот стандард на кој не му се гледа подобрување.
 

edin.ademovic

lurker
16 февруари 2014
524
319
^Во контекст на мислењето над мене
-Јебеш државу во која сеуште се купува во Шутка, Бит Пазар и ефтини саати/телефони од АлиЕкспрес.
 

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.298
11.837
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Работам за 300 евра од кои минимум 150 ми одат за сметки, уште минимум 50 за превоз и храна и со останатото нормално дека ќе одам да купувам во Шутка откај Фазли евтини фармерки што ги продава 900 дИн. за инат на Северџан. Арно ама Фазли пустиот не примал картици, у дефект му е "терминаторот", а јас бидејќи си го знаев ова однапред, си отидов до банкомат и си ги извадив преостанатите парички и му платив со кеш.

Зборот ми е, треба да се грижиме за нешто друго наместо за онлајн плаќањето. Секако дека е подобро малку дигитализација, наместо да чекам ред во банка со 20 души пред мене за да платам комуналии, јас трансакцијата си ја вршам удобно од дома, пред компјутер со кафенце, и не слушам бош муабети од типот на покојни тито и компанија додека го правам тоа. Али првенствено треба да се имаат доволно средства за да можеме да си се опуштиме и да си вршиме онлајн плаќање.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.792
33.907
roka.mk
не е стандардот главен проблем. Проблем е што немаат доверба и мислат дека ќе бидат преварени ако внесат број на картичка на интернет
 
25 ноември 2014
1.535
1.964
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
не е стандардот главен проблем. Проблем е што немаат доверба и мислат дека ќе бидат преварени ако внесат број на картичка на интернет
И со тек на време се ќе се смени. Ќе се сменат генерациите и новите генерации ќе бидат на нивното место и нема да биде веќе проблем.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
не е стандардот главен проблем. Проблем е што немаат доверба и мислат дека ќе бидат преварени ако внесат број на картичка на интернет
Не знам баш. Како плаќаат за попустине на Групер и сл.? Треба мотив (ниски цени? Безбедност при плаќање? 14 дена безусловно враќање?) и да видиш како ќе штракнуваат картица ;)
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.558
19.238
^Во контекст на мислењето над мене
-Јебеш државу во која сеуште се купува во Шутка, Бит Пазар и ефтини саати/телефони од АлиЕкспрес.
Во сите големи европски градови има бувљи пијаци да ти застане паметот. Не е проблемот во нив
Проблемот е во немањето на пари.

Ама и во несериозниот однос на трговците. Кој ќе ми гарантира дека, ако купам во Македонија, нема да добијам:
  • Експонат лаптоп
  • Сервисиран лаптоп
  • Користена матична
  • Користен вентилатор
итн.
 

wolverine

user
27 јуни 2012
1.340
1.576
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
1x 2TB 980 Pro | 2x 980 PRO 500GB | 1x 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
IBM Model M / F12 Kailh BOX White
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Fedora (GNOME)
Откако ќе дојде пејпал тогаш може да правиме муабет на темава.

Поздрав
 

wolverine

user
27 јуни 2012
1.340
1.576
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
1x 2TB 980 Pro | 2x 980 PRO 500GB | 1x 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
IBM Model M / F12 Kailh BOX White
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Fedora (GNOME)


Мислев мојот веб шоп би живнал откако на купувачите ќе му се дадат различни начини на плаќање и еден од нив е Пејпал. Некој можеби не сака директно картицата да ја изложува и да плаќа со неа. Барем сите што сум ги прашал тоа ми го викаат.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.792
33.907
roka.mk
Не знам баш. Како плаќаат за попустине на Групер и сл.? Треба мотив (ниски цени? Безбедност при плаќање? 14 дена безусловно враќање?) и да видиш како ќе штракнуваат картица ;)
Епа или не си ја прочитал статијаа или не си ме разбрал мене што сакам да кажам. Нина авторката на текстот погоре и воедно основач на групер троши нејголем дел од време да го едуцира корисниците, и успева во тоа со тоа што групер е еден од најдобрите онлајн продавници во македонија...ако не и најдобар неам инфорамција
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Во сите големи европски градови има бувљи пијаци да ти застане паметот. Не е проблемот во нив
Проблемот е во немањето на пари.

Ама и во несериозниот однос на трговците. Кој ќе ми гарантира дека, ако купам во Македонија, нема да добијам:
  • Експонат лаптоп
  • Сервисиран лаптоп
  • Користена матична
  • Користен вентилатор
итн.
Законот. Проблемот е што праксата е послаба. Законска регулатива има. ДПИ мора да биде построг и ќе бидне :)
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Епа или не си ја прочитал статијаа или не си ме разбрал мене што сакам да кажам. Нина авторката на текстот погоре и воедно основач на групер троши нејголем дел од време да го едуцира корисниците, и успева во тоа со тоа што групер е еден од најдобрите онлајн продавници во македонија...ако не и најдобар неам инфорамција

„На нас, е-трговците, ни останува напорно да работиме, да иницираме промени, да се информираме, да следиме трендови, да иновираме и да дадеме добра понуда за граѓаните да купуваат онлајн.“ вика Нина. Значи има огромни шанси за електронска трговија, ама трговците некако не се зафаќаат...
 

edin.ademovic

lurker
16 февруари 2014
524
319
„На нас, е-трговците, ни останува напорно да работиме, да иницираме промени, да се информираме, да следиме трендови, да иновираме и да дадеме добра понуда за граѓаните да купуваат онлајн.“ вика Нина. Значи има огромни шанси за електронска трговија, ама трговците некако не се зафаќаат...

Мислам дека ги мрзи. Од тоа што ги мрзи, имплицира да размислуваат. Од тоа што размислуваат, имплицира да се ПРЕмислуваат и многу пати да идат на safe side кога ќе видат во каков потенцијален “ризик“ би влегле. Али не ги кривам, со парите сме слаби.

Нели Хераклит кажал дека Оганот е Архе? Епа без некој да се изгори (земе ризик), нема ништо да се случи и ќе си стоиме у место bitching about како имаме ниски плати и дека ништо не може да се случи. Не дека нема промени во веб-шопови кај нас, само се надевам дека во скоро време ќе се зголемуваат. Јас бев сведок на развојот на интернетот тука (уште од кога имав Dial-Up) и богами, за 10 години во однос на тоа што бевме претходно - добро сме се напреднале.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно