Не се согласувам со тебе и по ова имаме дијаметрално спротивни ставови, но мислам дека сме праеле муабет за ова на друга тема па не би идел OT.
Слично е и моето размислување. На старо само од форумов или од мој пријател.
До сега ништо не сум купил на старо но никогаш не би купил на старо на пр. HDD или вентилатор - ризикот е преголем.
Луѓето имаат аверзија ...
Јас немам аверзија кон луѓето кои имаат став различен од мојот.
Многу е различно кога разгледуваш продукт на старо на нашиов форум и кога гледаш продукт на реклама5/пазар3. Има мноогу членови овдека што им верувам на секој збор што ќе го напишат за продуктот кој го продаваат, затоа и никогаш не сум имал грижа на совест од кога ќе сум купел нешто. Така ми е затоа што тргнувам прво од себе си, знам дека секогаш при било каков однос на форумов настапувам со сите карти отворени на маса, досега ми се вратило исто.
Едноставно многу поразлично ги доживувам работите кога ќе прочитам од форумов дека некој продава топ сочувана и пазена карта со 1/2 години гаранција, него ли од некаде на друго место кога ќе прочитам дека "kartata e super cuvana, nikogas ne idela poveke od 120C i mislam deka ima uste 2 meseci garancija od bugarija".
Ако купиш лаптоп и го чуваш со години, декади нели си го купил скапо па не го давам ефтино ке го скршам![]()
, то ти доџе исто како сега дома да најдеш видео плејер,и еден куп касети шо не ни можеш да ги изгледаш, кеф - тогаш , сега - минат рок,
ова го кажувам во врска со твојата споредба со сликичките и албумот - што не ти е на место , за да собериш еден албум треба не само пари не само време туку и замарање, али тогаш замарањето е кеф,а албумот вечен без рок, за разлика да купиш некоја технологија која брзо ке напредне и не ја менуваш се додека не цркне, значи муабетот кој како го сфаќа без лоша намера е пишан
и целиот муабет ми е поарно секоја година да давам по 100 евра за надградба(еве за пц коа збореме) тоа значи за 5 години јас имам компјутер шо ми прави кеф шо ги исполнува моите барања и пак ако решам да го продадам пак ке биде цената висока и приближно како актуелните, е сеа ако купиш еден пц за 600 еур(како повеќето) и првата година солиден втората веќе почнува лимитацијата и за 5 години пак ке фрлиш 600еур значи двојно повеќе пари а двојно помалку задоволство - шо ја побива твојата економска гледна точка ...(нели секој со своите потреби али го цитирам psyside "ова е таков форум на кој не секогаш финансиската гледна точка е во преден план, него меракот"Уживањето е лимитирано, ако цело време користиш ист хардвер, за мене и многу други ентузијасти")
Премногу се фаќате за финансии, па добро бе, кога ќе искочите некогаш да се испукате, штедите на пари, или завршувате во кафана со лезетски јадења, некое добро винце, и разноразни закуски? значи мерак си е мерак, сте се фатиле пари и само пари.....демек ако потрошите некои 200 - 300 евра плус на година, светот ќе пропадне.
Кој е сега во ќар? Ти со 1 компјутер или јас со 2?
Се разбира, ама ова не е форум штедење.мк, или економија.мк, него It.com.mk, така да ставовите дека треба да се штеди на хардвер, (пари) а со тоа да се ускрати ќеифот овде не важат, барем според мене не смеаат да бидат приоритет, или пак некој да се чуди како корисницте на форумов менуваат хардвер или го препордаваат истиот често. Се разбира дека мене ми е јасно дека има негативности во тоа, но како што реков, ако можев да се воздржувам така лесно немаше да имам безмалце 14.000 поста на форумов нели![]()
Меракот (ќеифот) нема цена ,што се парите во животот ако не си го направиш ќеифот , па парите се една алатка како да стигнеш до тоа што те прави задоволен.(во случајов хардверов) ,а може да биде било што.Премногу се фаќате за финансии, па добро бе, кога ќе искочите некогаш да се испукате, штедите на пари, или завршувате во кафана со лезетски јадења, некое добро винце, и разноразни закуски? значи мерак си е мерак, сте се фатиле пари и само пари.....демек ако потрошите некои 200 - 300 евра плус на година, светот ќе пропадне.