Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Prime Capital/Masterclass

Tommy P

hello world
4 април 2011
113
122
Сепак ќе го почекам неговото мислење за растот и падот на SpaceX, фјучерсите за сурова нафта и цената на литиумот, па ќе судам.
Му го гледав видеото за Спејс Х, и доста од тоа што го кажа, се испостави како точно. Но, не е ништо поразлично од било кој друг Јутјубер кој ја има простудирано S-1 формата пред самото IPO.

Во периодот кога ги прави најголемите пари, целиот stock market е во Bullish мод. Буквално, во било која акција од 2020-та навака да си инвестирал, ке имаш минимум дуплирани пари. А кога маркетот е во таков тренд, сите се генијалци кога се работи за инвестирање.

Раст на МAG7 од 2020-та до денес
  • Аpple - 349%
  • Microsoft - 143%
  • Amazon - 143%
  • Google - 187%
  • NVIDIA - 3180%
  • Tesla - 962%
  • Мета - 184%
Toj e голем фанатик на Tesla. Практично, на 100000 евра вложени 2020, денес би имал скоро милион.

Се што продаваат на класот како информација, може да се најде на интернет како информација. Сметам дека тие пари е многу подобро да се инвестираат на берза, отколку да му се дадат на него за класот.
 

galactikos

read-only
6 април 2013
12
6
Струмица
Го изгледав класот, од другар позајмен. Буквално се тоа може да се најде на YouTube. Корисно е ако си почетник, имаш вишок пари и те мрзи да пребаруваш информации по нет и видеа, а така се ти е концепирано во еден мастерклас. И толку. Чисти пари за екипата од Кочани.
Мене лично ми бараа 700 евра за курсот, па сега вие проценете ако има 100 души пријавени во една сесија (а стално организираат нови сесии), тоа се 70.000 евра од веќе претходно снимени видеа.
Единствено што можеби вреди е Дискорд каналот, но за тоа како функционира, немам информации. Единствено знам дека после 6 или 12 месеци (не сум сигурен) бараат повторно да платиш некоја ,,симболична" сума (150 евра), за да продолжиш да си член на дискорд каналот.

И така некако дојдовме до логиката на сето ова. Маркетинг, Маркетин и само Маркетинг... Солење памет во држава која е финансиски слабо едуцирана и сеуште парите ги чува дома под перница. Се нашол некој паметен на тоа да заработи.

Во исчекување сум на неговиот веќе долгонајавуван отворен фонд за инвестирање, но нешто му правеа ,,кочници" од Комисијата за хартии од вредност, па по видеа се закануваше со тужби, но изгледа брзо го заќутија па нема некоја нова закана веќе повеќе од месец време, а работата тапка во место. Демек му се плашат и му прават опструкции останатите инвестициони фондови на кои де факто ќе им стане конкуренција.

Баш сакам да ги видам резултатите на фондот здравје после година две.
 

Stru4nak

hello world
16 април 2007
418
179
Stru4nak's setup  
Processor & Cooler
INTEL Core i7 7700K
Motherboard
Asus Strix Z270F
Storage
Crucial M4 128GB
PSU
CM 620W
RAM
DDR4 3200MHz G.Skill TridentZ 16GB
Video card
R9 290 Tri-X 4GB
Case
Cooler Master Enforcer
Monitor
Asus LED 24"
OS
Windows 10 Enterprice 64bit
Го изгледав класот, од другар позајмен. Буквално се тоа може да се најде на YouTube. Корисно е ако си почетник, имаш вишок пари и те мрзи да пребаруваш информации по нет и видеа, а така се ти е концепирано во еден мастерклас. И толку. Чисти пари за екипата од Кочани.
Мене лично ми бараа 700 евра за курсот, па сега вие проценете ако има 100 души пријавени во една сесија (а стално организираат нови сесии), тоа се 70.000 евра од веќе претходно снимени видеа.
Единствено што можеби вреди е Дискорд каналот, но за тоа како функционира, немам информации. Единствено знам дека после 6 или 12 месеци (не сум сигурен) бараат повторно да платиш некоја ,,симболична" сума (150 евра), за да продолжиш да си член на дискорд каналот.

И така некако дојдовме до логиката на сето ова. Маркетинг, Маркетин и само Маркетинг... Солење памет во држава која е финансиски слабо едуцирана и сеуште парите ги чува дома под перница. Се нашол некој паметен на тоа да заработи.

Во исчекување сум на неговиот веќе долгонајавуван отворен фонд за инвестирање, но нешто му правеа ,,кочници" од Комисијата за хартии од вредност, па по видеа се закануваше со тужби, но изгледа брзо го заќутија па нема некоја нова закана веќе повеќе од месец време, а работата тапка во место. Демек му се плашат и му прават опструкции останатите инвестициони фондови на кои де факто ќе им стане конкуренција.

Баш сакам да ги видам резултатите на фондот здравје после година две.
Ако го сака некој курсот можи и за поевтино :) само не можи да пристапува на платформата. Иначе е поделен на 4 модули и 2 пати неделно имаат live сесија.
 

Атачменти

  • chrome_Qi1vUFoUPb.png
    chrome_Qi1vUFoUPb.png
    1,1 MB · Прегледи: 17

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.576
1.063
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
баш би сакал да чујам нечија изјава од некој од инвестиционерите во последниов месец да речеме... период кога и "Мечките заспаа" што се вели... кога инвестирањето е сведено скоро само на чекање на подобри времиња
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно