Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Нечиста вода од клима

bristlebac

hello world
21 декември 2020
319
839
Skopje
www.youtube.com
Дечки дали е нормално да тече, црна и прљава вода од климата. Јас имам веке годинаипол Мидеа, до сега не правеше вака. Иначе нормано си работи, но водата ме загрижува, а климата подлежи под гаранција.
 
crossfire_hurricane

hello world
20 ноември 2020
92
79
дувни му на цревото за дренирање надвор. Ако не отне као кај мене, ќе мора да усисаш као бензин коа вадиш од резервоар на кола...долго е цревото и проѕирни се обично па не мора да се напиеш од калта, али теши се дека не мораш бензин да сисаш ако глтнеш :)
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.621
19.361
Дечки дали е нормално да тече, црна и прљава вода од климата. Јас имам веке годинаипол Мидеа, до сега не правеше вака. Иначе нормано си работи, но водата ме загрижува, а климата подлежи под гаранција.
Од надворешната единица? Нормално е

Чудо е како не протекуваат "нафта и гас" на вакво загадување.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.816
6.516
SK
Од внатрешната или надворешната единица?
Вода не смее да искача од внатрешната единица (можно е летно време ако изводот/цревото кон надвор е затнато). Зимно време не гледам никако може да имаш вода да искача во собата. Но веројатно мислиш на вода од надворешната единица, изразувај се подетално кога прашуваш нешто.

Зимно време (при греење) вода се генерира во надворешната единица. Ако водата што искача е прљава, тоа не е невообичаено. Види го воздухот надвор.

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.816
6.516
SK
Пак не гледам и во тој случај како е можно да се кондензира вода на алуминиумските листови во внатрешната единица, во мод на греење кога спомнатите алуминиумските листови се најтоплиот објект во собата. Кондензација попрво секаде ќе се случи освен таму.

Но дефинитивно! Ајде да ги разгледаме сите можни и невозможни опции - затоа што ОП отворил тема со само 2-3 реченици. :D
 
crossfire_hurricane

hello world
20 ноември 2020
92
79
затоа дехумидификаторот ги разладува листовите само до точка на росење без непотребно дополнително разладување на собата
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Нормално е. Нечистотијата од изменувачот се мие.
 
bristlebac

hello world
21 декември 2020
319
839
Skopje
www.youtube.com
Се извинувам, тече вода од цревото од надворешната единица, пласатиката што излегува цревото беше запушена, ми направи голема штета(ке видите на сликата). Дојде мајсторот рече од нивна страна е се монтирано како што треба, и рече да си направам корито со алуминиум :unsure:одкако си отиде ја извадив пластиката и ја дуванав излезе црна тиња.Сега само ме заагрижува дали е нормално да тече нечиста вода, зошто летоска ги вадев цвеќињата со водата и беше чиста.
 
Атачменти

  • viber_image_2024-01-04_17-12-25-190.jpg
    viber_image_2024-01-04_17-12-25-190.jpg
    190,8 KB · Прегледи: 101
  • viber_image_2024-01-04_17-12-25-283.jpg
    viber_image_2024-01-04_17-12-25-283.jpg
    192,3 KB · Прегледи: 101
  • viber_image_2024-01-04_17-25-15-234.jpg
    viber_image_2024-01-04_17-25-15-234.jpg
    166,7 KB · Прегледи: 100
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.621
19.361
А цревото во што е спроведено и каде и каква врска има ѕидот со овој проблем?

Во лето водата е од внатрешната единица и е чиста. Слободно можеш да ги полеваш цвеќињата со неа.

Во зима на надворешната единица се кондензира вода и заедно со нечистотиите (со саѓите и пм честичките) истекува надвор и нормално е дека ќе биде црна.
 
bristlebac

hello world
21 декември 2020
319
839
Skopje
www.youtube.com
А цревото во што е спроведено и каде и каква врска има ѕидот со овој проблем?

Во лето водата е од внатрешната единица и е чиста. Слободно можеш да ги полеваш цвеќињата со неа.

Во зима на надворешната единица се кондензира вода и заедно со нечистотиите (со саѓите и пм честичките) истекува надвор и нормално е дека ќе биде црна.
Било запушено, без да знам си капело на терасата, незнам од каде, но изгледа преку плочките на терасата навлегувало внатре:cry:, фала Богу што го најдов проблемот и фала ви на сите што дадовте ваши мислења.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.816
6.516
SK
Се извинувам, тече вода од цревото од надворешната единица, пласатиката што излегува цревото беше запушена, ми направи голема штета(ке видите на сликата). Дојде мајсторот рече од нивна страна е се монтирано како што треба, и рече да си направам корито со алуминиум :unsure:одкако си отиде ја извадив пластиката и ја дуванав излезе црна тиња.Сега само ме заагрижува дали е нормално да тече нечиста вода, зошто летоска ги вадев цвеќињата со водата и беше чиста.
Требало да ти кажат дека на тоа место или се затнува од прљавштина, или се замрзнува на минусни температури (и пак се затнува). Решението е тоа спомнатото, кадичка под надворешната единица и одвод од кадичката.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.816
6.516
SK
Не сум објаснил... Треба целосно да се извади цревото, и водата слободно да тече надолу (во нешто како кадичка, што ќе го насочува во олук).
 
Strenght

read-only
16 август 2013
1
0
Сега ја видов темава, и кај мојата клима од надворешниот уред тече вода што е прљава. Го исчистив цревото и пак после 2-3 месеци се оцрни. Филтрите од домашниот уред редовно ги чистиме.

Човекот што доаѓа на годишна инспекција од фирмата што ни е под гаранција незнаеше и ми вика мијги филтрите почесто.

Ќе да е нормално во зимскиот период, со оглед на тоа што Скопје е еден од најзагадените градови во светот.
 
Секако. Таа вода кога грее доаѓа од НАДВОРЕШНАТА единица. Така да нема врска со миење филтри или како е дома.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно