Оваа си ја линкнал затоа што само оваа си ја нашол со BT во тој price range или баш бараш 60% тастатура?Здраво, сакам да земам механичка тастатура, буџетот околу 3-3.5к која што ќе биде со блутут. Дали оваа тастатура - link, е единствениот избор или имате некоја друга препорака од нашите продавници? Исто ако има некој искуство со Draconicot, да сподели. Фала!
Моето мислење е дека 3500 е малку за асална механичка тастатура со BT. Плус, не е баш како што ти пишаа дека на секоја тастатура лесно се менуваат свичеви. Кај hot-swappable тастатурите само ги менуваш свичевите, а кај останатите треба да ги одлемуваш, што не е ниту лесен ниту брз процес.
Јас би ти советувал да се обидеш да го зголемиш буџетот барем до 5-6К каде што веќе може да се најде нешто од Keychron, а за мераклиска full size hot-swappable тастатура ќе ти требаат барем 8К.
Втора опција ти е да побараш нешто на старо.