Има ли званични статистики за Нетфликс корисници овде?
И ако бројката од 1000 е точна, тогаш дали можеби причината е баш немањето преводи? И колку од нив користат Нетфликс со впн од западни држави?
Инаку немав намера да ја обезвреднам работата и трудот на преведувачите. Си има тука работа, не само превод туку одбирање на стил на преводот, речникот односно сленг или литературен јазик, зависно од ситуацијата/филмот/серијата, итн. Нормално дека и сето тоа после треба некој да го исконтролира...
Целата поента е дека за Нетфликс локализација на текст не е никаков трошок ако сакаат озбилно да работат на нашиот пазар, без разлика што е мал во однос на поголемите. Сепак не зборуваме за гласовни синхронизации и такви зафати, на крај се работи за превод на релативно мала количина текст.