Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Лемење: добар flux? Вентилација?

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Да ја постирам сликава во темава, во хубо донеле вакви, ако на некој му тереба пошто знаеме граници се затворени дрн дрн или каснат нарачки. Е сега цената е ваљда таа 2900 неможам да прочитам, а се брзав многу па реков ќе сликнам после да анализирам. Сепак за екстол со 10 врвови јас би дал 50 евра локално мислам дека вреди.

Штета што нема хот ер комплет станици. Можда има уствари ама не видов.

Погледнете го атачментот 88338
Bt electronics спроти југо дрво, мегамобил мк (мобиларата), или алфа електроника ( од Битола) побарај за вруќ ваздух. Околу 100 еу се.
 

hpetrovski

hello world
22 октомври 2018
131
280
Скопје
www.instagram.com

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.816
6.516
SK
За парите би требало да вреди... Зависи тебе што ти треба и колку мислиш да вложиш.

Инаку ако баш бараме маани, наводно заштитата не е на ниво на поквалитетните и поскапите модели. Овде ги најдов фотографиите од електрониката:
parkside-plsd-48-a1


parkside-plsd-48-a1



Овде има некој сличен модел B2, се гледа електрониката... Исто и Италијанов демонстрира ама без отварање внатре. Како и да е, за парите би требало да е ок. Дека има подобри, секако. :)
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Yihua се исто така сериозни клонери, еве ја истата станица како таа на екстол само во малку поинаква кутија. :)

HTB1lfZwdhUaBuNjt_iGq6xlkFXap.jpg


И јас имам Yihua ама овој модел

123.jpg

Прекрасна станица за парите, само типовите со него што доаѓаат не се баш баш. Кога пробуваш да стопиш некој огромен блоб на напојување или држач на конектор и го опнеш на 400+ степени, типовите негови се виткаат :) сите се искривија.

Затоа 10 Hakko типови и нема гајле. Еве го со години ми работи. Ама нели сега нема натигодајмиго со китајци па гледаме и локално.

Једина маана му е што не е со конектор рачката па ако го стопиш кабелот ќе мора да го отвориш да ја смениш жицата.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.816
6.516
SK
За такви „силеџиски“ работи како топење дебели блобови калај, таман се пазарските леткуми без никаква контрола... Или барем така се погоди тој лани што го земав од Хубо за помалку од 200 денари.

Инаку баш пристојно изгледа тоа Yihua-та.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.766
15.850
youtu.be
По што заклучи дека квалитетот не е баш најдобар?
Инаку како за китајска комбинирана станица е ок за парите.
 

Mario Markovski

hello world
29 ноември 2018
80
106
По што заклучи дека квалитетот не е баш најдобар?
Инаку како за китајска комбинирана станица е ок за парите.
Од јутуб видеа, повеќето рекоа за тие пари тоа добиваш. Ако имаш некој предлог за друга станица слободно пиши модел или каде има кај нас, сеуште не сум одлучен.
 

chroot

lurker
12 ноември 2021
785
1.117
Скопје
Има некој искуство со следниов леткум, дали е добар за почетник во оваа област.

Ми треба за лемење на следнава плочка, каде врвот треба да е мал. Нормално понатаму ќе го користам за хоби проекти.
1672851701789.png
 

kolesk

lurker
6 февруари 2016
814
1.257
Купи си соломон 15w леткум од логинг, и одбери друг врв таму (50-60 денари беа). Ем мала ватажа, ем квалитетен бренд е соломон. Батали ги китајскиве.
 

100JKO

hello world
27 јуни 2018
430
1.094
Скопје
Здраво, денес видов од страна ми искочи темава за лемење.
Некое време веќе барам некој подобар леткум да купам за проекти дома што правам со Ардуино и слично.

Барам нешто локално со регулација на температура и исто така сет со различни врвови (не игра голема улога ова),
ако може нешто да понудите освен овој леткум што крема го спомна погоре.

Ви благодарам.
 

Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.040
2.078
Скопје, Македонија

Леткумот од Купи Алат што го спомнавте ;)
 

G4M3R

user
26 јуни 2012
1.091
1.391
Jас би ви препорачал за почетник обичен леткум без регулација на температура, но од познат бренд. Како што пишаа погоре, пример Соломон. Џабе фрлени пари се за лемна станица, 99.9% од времето на една иста температура ќе дреме а има многу поголеми шанси да се зезне(електроника, тастери, дисплеј, итн...)
 

100JKO

hello world
27 јуни 2018
430
1.094
Скопје
Jас би ви препорачал за почетник обичен леткум без регулација на температура, но од познат бренд. Како што пишаа погоре, пример Соломон. Џабе фрлени пари се за лемна станица, 99.9% од времето на една иста температура ќе дреме а има многу поголеми шанси да се зезне(електроника, тастери, дисплеј, итн...)
На овие мислиш?

Не знам многу околу брендови за леткум, од станици за лемење во Логинг видов дека имаат две што имаат тоа што барав од Puctec.
Овие: линк 1, линк 2

Дали се добри, квалитетни, дали вредат...?
Или дали е подобро и поисплатливо да идам на варијантата со Solomon?
 

kolesk

lurker
6 февруари 2016
814
1.257
Jас би ви препорачал за почетник обичен леткум без регулација на температура, но од познат бренд. Како што пишаа погоре, пример Соломон. Џабе фрлени пари се за лемна станица, 99.9% од времето на една иста температура ќе дреме а има многу поголеми шанси да се зезне(електроника, тастери, дисплеј, итн...)
Или втора DIY опција.
Да се купи рачка леткум од 40w (по можност добар бренд) и да се врзе на димер за сијалица. Така ќе се добие регулација, и леткумот нема да работи со максимална јачина.
 

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.342
5.370
Скопје
hackitfree.github.io
Или втора DIY опција.
Да се купи рачка леткум од 40w (по можност добар бренд) и да се врзе на димер за сијалица. Така ќе се добие регулација, и леткумот нема да работи со максимална јачина.
Или 2-3 обични 1А диоди сериски и прекинувач - па да има избор 1,2,3,4

letkum.png

Испробано на 40W леткум со 1N4002 диоди одлично регулира температура. (Не сум мерел точна темп ама врши работа ако ти треба пожешко - поладно)
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
е како со диодиве? првата ќе скрати еден полу период т.е. 50%, втората ќе напраи дополнителен пад на напон од 0.7в теоретски, практично можда и 1в што се сомневам дека нешто ќе смени,
Мене димерот за сијалица ми се покажал одличен за ваква работа, иако тие со термо пар се далеку подбри, но и со димер е ок.
@krema Gigawatt имаше забелешки за тој тип на дувалку дека се со вентилатор и дека се збирало многу прашина, додека клипните биле ок.
Мислам дека видеово вреди да се изгледа
View: https://www.youtube.com/watch?v=1h_U5HfZTds&ab_channel=RadovanPetkovi%C4%87Ra%C5%A1a
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.766
15.850
youtu.be
Клипните дувалки знаат и они да затајат но и се поскапи, додека оние со вентилатор може ефтино да се замени со нов од али за неколку долари. Крај краева лесно може да се издува (исчисти) вентилаторот. ;)

Едит:
Т12 исто се добри но и кај нив цената е нешто повисока, јас користам DIY Hakko и еве го со години работам со него, врвови има колку сакаш кај али.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Таква беше констатацијата ог Гигават :D и лоша контрола имале, па што знам... мада мислам дека уште ја користи :D
И со обичен леткум без регулација сме лемеле, но ете чичкото на видеото вели дека Т12имаат подобра термо спроводливост, хаккото има обичен врв, што искрено мене лично не ми засметало, пошто ако е поголем вод ќе накача тт или со помош на плин ќе го дозагреа. Е сега ја има инцидентно такви случаи, чикава од видеото работи постојано, па нему најверојатно му прави разлика, за мене е сеедно. Зависи од намената.
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.238
1.745
Скопје
Т12 исто се добри
Не да се добри, него милина. Покрај тоа што ретко фаќам леткум во рака, ми беше препород од 900м на Т12 прелазот. За 5 секунди постигнува работна температура(со иста ватажа леткум и 900м врвчиња беше 30+ секунди) и драстично побрз рекавери на температура ако лемиш некој дел со поголема термална маса.
Ја би рекол дека за почетник би било подобро одма да се иде на Т12, да не биде ограничен од потапа врвови. Помалку фрустрации од заглавување на врвот во оладен калај и помал ризик да се оштети некој дел ради прегревање на плочка од упорен дечко, ради тоа што врвот неможе да ја врати температурата доволно брзо.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно