Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Натпревари 2009

Статус
Затворена за нови мислења.

GigaC

hello world
23 април 2008
344
7
www.xeezi.com
Оваа со триаголникот(кравите) се решава од долу па нагоре, поточно од N-1 редот :)

И ако може некој да објасни како се решава таа со правоаголните триаголници :)
 

vik

user
14 април 2007
1.936
32
Во врска со регионалниот... има некаде информации, кој ќе учествува, каде ќе се одржува или такво нешто?
 

ac1d

hello world
24 септември 2008
410
14
Сите што учествувале барем на еден електронски натпревар ке може да учествуваат на регионален натпревар а каде ке се одржува сеуште мислам дека не се знае :)
 

ac1d

hello world
24 септември 2008
410
14
Можно е али ке учествуваат само оние кој ке бидат пријавени од школото:)
 

ac1d

hello world
24 септември 2008
410
14
Стрпи се малку сите информации ке бидат објавени :) ( бар се надевам... )
 

vik

user
14 април 2007
1.936
32
Ете ги објавија иннформациите...
Последни упатства за натпреварот:

  • Натпреварот ќе се одвива електронски како и претходните електронски натпревари. Учесници може да бидат сите оние кои испратиле решение на барем една задача на барем еден од претходните електронски натпревари, без разлика колку поени освоиле досега.
  • За сите учесници натпреварот започнува во 10:00 и трае до 13:30 часот.
  • Пред да почнете со работа, прочитајте ги уште еднаш документите и дискусиите поставени на погорните линкови: Правила за учество во натпреварите, Прозорец за комуникација и Начин на спроведување на регионалниот натпревар.
  • Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата наведени во тие документи, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.
  • За време на првите 100 минути од натпреварот (до 11:40) можете да поставувате прашања преку прозорецот за комуникација. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 12:10.
  • Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивно решение на задачата.
Ви посакуваме успех на натпреварот!
Миле Јованов -
Комисија за натпревари 2009
 

delix

lurker
7 април 2007
702
23
Куглање, според дискусии што ги вршевме во школот требало да се решава со дводимензионално димнамичко програмирање, јас лично не можам ни да го замислам како би се решил ово тој случај. Јас ја решавав рекурзивно со ДФС но така треба премногу време и ми падна на време на 6 од 10 примери.

@GigaC Правоаголните триаголници ги решаваш со 3 фор циклуси земаш по 3 точки пресметуваш растојание од една до друга проверуваш дали квадратот на најголемата страна е збир на квадратите од другите две и ако е само додаваш во бројачот што ти брои колку триаголници се правоаголни. (на ова решение ги добив сите бодови) (треба да се внимава големината на страните да не е 0)
 

GigaC

hello world
23 април 2008
344
7
www.xeezi.com
Хм...се обидов со комбинации од 3 фор циклуси, арно ама не ја знаев формулата за растојание од точка до точка :D
 

LePianiste

read-only
27 јануари 2009
9
1
Хм...се обидов со комбинации од 3 фор циклуси, арно ама не ја знаев формулата за растојание од точка до точка :D
AB=sqrt(sqr(Ax-Bx)+sqr(Ay-By))
kade shto so AB e oznacena dolzinata na otseckata cii krajni tocki se A i B, a so Ax,Ay,Bx i By se oznaceni x i y koordinatite na tockite A i B soodvetno.
 

delix

lurker
7 април 2007
702
23
подобро е ако работиш само со квадратите на страните, не барајќи корени, затоа што споредувањето е полесно и посигурно, ако должината на страната е ирационален број тогаш нема шанси да добиеш точен резултат, на пример квадратен корен од 2, каква и да ставиш променлива ке треба да го заокружи.
 

vik

user
14 април 2007
1.936
32
Па кажете луѓе, учествувавте во рефионалниот и што направивте?
 

Aleks

poweruser
18 мај 2007
5.748
289
Јас учествував ... али станав многу касно и не успеав 3тата да ја решам иако имам разработено алгоритам како би се решила ... :/
 

ac1d

hello world
24 септември 2008
410
14
Јас учествував ... али станав многу касно и не успеав 3тата да ја решам иако имам разработено алгоритам како би се решила ... :/

Нема да коментирам мислам дека самиот си свесен колку си се заебал :)
 

ac1d

hello world
24 септември 2008
410
14
Имаш државен натпревар можеби ке направиш нешто таму :) Ако другите 2 ти се скроз точни онда имаш шанси :)
 

eldiablo

Баниран/a
21 октомври 2008
820
48
Овој натпревар не го ценам многу. Прво некои луѓе воопшто не се консултираат со менторите и сами си ги решаваат задачите, што е многу коректно. На останатиот дел други им ги решаваат. Филип Талимџиоски што се наоѓа на првата позиција е дете втора година. Дали ви се верува дека со втора година може да знае факториели, матрици, логаритми, експоненти, комбинации, растојание меѓу две точки и сл. ?
Друга работа, колку професорите на ПМФ се искомплексирани? Колку се исплати да се запишеш на ПМФ? Да не одам оф топик, тоа е веќе друга тема.
Заклучок: Aleks и останатите кој учествувате во натпреварот, решавајте ги задачите за да развивате логика и решавајте ги за вас и за на крај сфатете го натпреваров само како чиста забава. Толку од мене.
 

Alexandar

poweruser
21 мај 2007
2.514
90
Филип Талимџиоски што се наоѓа на првата позиција е дете втора година. Дали ви се верува дека со втора година може да знае факториели, матрици, логаритми, експоненти, комбинации, растојание меѓу две точки и сл. ?
Друга работа, колку професорите на ПМФ се искомплексирани? Колку се исплати да се запишеш на ПМФ? Да не одам оф топик, тоа е веќе друга тема.

Филип Талимџиоски е ептен спремен натпреварувач, мислам дека е трета година, заедно учествувавме на македонската олимпијада пред две години, иако беше прва година имаше доста добри резултати.

За запишување на ПМФ е друга тема, иако 10 ученика добивме тогаш стипендии, не знам ни пола дали се запишаа на ПМФ. :)
 

falkenXxX

read-only
28 октомври 2008
2
0
Колку натпреварувачи имаше пред 1, 2 год на истиов натпревар и според тебе има ли некоја разлика во тежината на задачите??
А за тоа кој клку знае се гледа на државните, олимпијадата таму сигурно нема друг да ти ја реши. :):):cool:
 

loverboy

hello world
6 февруари 2008
147
11
@eldiablo
И јас го познавам Филип Талимиџиоски како многу спремен натпреварувач. Одличен во математика и голем талент во програмирање, уште пред две год кога со Alexandar учествувавме на натпревари програмирање, Филип беше на врвот, ако не се лажам на петто место во прилично јака конкуренција. Јас воопшто не сум изненаден од неговите резултати и сум сигурен дека сам ги решавал задачите, добро е да има јаки натпреварувачи бидејќи на големите натпреварувања нема да дадат ни задачи ни приближно слични на најтешката на електронскиве. Вистинскиот тест е републичкиот и пред се Македонската Олимпијада по информатика каде навистина ќе се види кои се најдобри. И уште една работа, покрај забава, натпреварот е во покажување знаења и една цел, да се види кој е најдобар. Ако си стварно добар, секако ќе бидеш добар и на електронскиве и на републичкиот и на олимпијадата... и таму на светската... Без лутење и наоѓање дека некој друг е крив, за сопствениот успех или неуспех си одговорен само ти.
И да знаете дека македонскиве натпревари во информатика (под ова ја подразбирам и подготовката за нив) се многу важни за натамошната иднина на секој млад човек кој планира посериозно да се занимава со науката наречена решавање на проблеми. Најдобрите од секоја генерација имаат огромна перспектива, можете да се распрашате каде моментално студираат, работат и какви резултати и успеси постигнуваат поранешните натпреварувачи.
Инаку на електронскиве и регионалните задачите се на слично ниво секоја год, вистинскиот посериозен предизвик е на Олимпијадата. На Републичкиот се даваат посериозни проблеми и се почнува со задачи кои се решаваат со некои архетипи на алгоритми како алгоритми од областа на графови, динамичко програмирање, рекурзија, оптимизација, ad hoc... кои се поголем предизвик од електронскиве кои можеш да ги решиш само со употреба на логика. За натаму треба малку и предзнаење од разни теми од информатиката(алгоритмите)... како напредуваш повеќе тоа предзнаење мора да биде на повисоко и на повисоко ниво.
 

WhizKid

read-only
23 јуни 2008
27
0
Ако има некои во потешка категорија, може ли малку да подискутираме околу оваа КОМИСИЈА.
Не ми е јасно како се составуваат комбинациите (динамичко, рекурзија?).
 
Статус
Затворена за нови мислења.
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно