Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
SF50VE е иста цена со Suzumi PLUS 18ka.

16ka e испот 60k.

Која е разликата помеѓу единечен и двоен компресор?

Наместо еден има две комори, или зависи на кој принцип работи. Секако важно е да се следи и која е кубикажата на компресорот. Ако е мала тогаш ќе треба многу да врти за да постигне компресорот.
 

Micho

read-only
10 декември 2016
19
26
Шо е разликава со и без ifeel на климиве (грее)? Некој?
Кога е со опција ifeel има давач на температура и во даљинското и во внатрешмата единица,Без таа опција давач на темпертура го има само во внатрешната.
така да даљинското го ставаш на 4-5-6 метри од климата и од таму испрака информација на внатрешната единица за температурата во тој дел на просторијата а внатрешната тоа го прати,така да добиваш подобра распределба на темп во просторијата.
 

Darko_DM

read-only
18 јули 2018
1
0
Поздрав до сите.
Сигурно има некаде претходно по постовиве, но доколку не ви е проблем, би ве замолил за препорака за клима уред за простор од околу 40м2 со плафон кој достигнува максимум од 3.5 метри. Буџетот е 650-700 евра (со вклучена монтажа).
И јас, како и многумина, ги гледав моделите на Грее, но ме интересира што е разликата помеѓу стандардните Ломо модели и Ломо Еко моделите.
Благодарам.
 

Bambuca

lurker
12 декември 2015
563
580
Кавадарци

stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
Поздрав до сите.
Сигурно има некаде претходно по постовиве, но доколку не ви е проблем, би ве замолил за препорака за клима уред за простор од околу 40м2 со плафон кој достигнува максимум од 3.5 метри. Буџетот е 650-700 евра (со вклучена монтажа).
И јас, како и многумина, ги гледав моделите на Грее, но ме интересира што е разликата помеѓу стандардните Ломо модели и Ломо Еко моделите.
Благодарам.
Зависи колку изолација имаш ама да си знаеш дека ти треба 5-ка, не 3,5 зошто нема да постигнува(цело време ќе работи) поради висината.
Јас имам Gree Lomo Eco ( 3,5kw - 12000BTU ) во една соба земена на половина на фебруари за кинеска нова година и Gree Lomo LCLH ( 5kw - 18000BTU ) во друга земена на при крај на март за 5 години Greemak за соба од 36 квадрати.
Мене многу повеќе ми се свиѓа оваа од 5kw лично.
Eco-то е обичен инвертер, додека LCLH-то(односно само Lomo) има дополнителен греач. Јас повеќе ги земав за греење/догревање одколку ладење(ама секако и за тоа ги користам).
За исти пари имаш некоја си нова VIOLA која е слична а за исти пари со него.
Не ти е битно колку квадрати е собата, туку битно е каква е изолацијата и висината исто така(мерка за единица за тоа е BTU).
Можеш да пресметаш тука.
Монтажата на 5-ките е 5000 денари(80 евра), 60 евра мислам дека е за 3,5-ките со вклучена инсталација од 3 метри. Надворешната единица на 3,5ката ми е ставена на 5 метри одалеченост(10 евра е дополнителен метар) со што платив за монтажа 5000 денари и уште 5000 денари монтажа стандардна од 3 метра на 5ката. Самите клими си доаѓаат со фреон (R410A) во нив. Поскапите клими имаат R32 кој е поефикасен фреон(помалце струја троши и на поголема температурна разлика работи).
Инаку доаѓаат со 10 години условена гаранција(со инсталацијата имаш една година гаранција) + секоја година треба да викнеш фирма наведена во гаранцијата за продолжување пред нејзиниот истек. Мислам дека беше 800 денари за да ја обновиш на 3,5ка. Значи 9 пати може да ја продолжиш.

Подобри од Gree може има ( гледам Vivax се активирале во последно време ). На Vivax мислам дека не им е условена гаранцијата од 3 години, ама повеќе информации немам да ти кажам. Мислам дека тука се со цена а и поголем избор има(а и поефтините модели им имаат R32 што е плус и со се монтажата можеш да се најде 5ка со R32 за твојот буџет).
 

stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
здраво се двоумам помеѓу оваа

VIVAX ACP-18CH50AERI R32 по супер цена од 39.990 ден.

и оваа

GREE LOMO ECO GWH18QD-K3DNC4E по супер цена од 39.990 ден.

се работи за греење на стан нс 1 спрат пвц прозори 45м2 ќе се греат со неа висина на соби 2.80м



Испратено Од Централна Македонија
Ти треба клима од 18000 BTU. Колку што знам тоа Gree нема греачи и работи на постар тип фреон. Изгледа има греачи овој Vivax и R32 флуид. Зависи која повеќе ти се допаѓа тука се измеѓу себе затоа имаат и иста цена, зависи што ти е побитно.
 

damil

user
2 јануари 2015
1.067
1.361
Ти треба клима од 18000 BTU. Колку што знам тоа Gree нема греачи и работи на постар тип фреон. Изгледа има греачи овој Vivax и R32 флуид. Зависи која повеќе ти се допаѓа тука се измеѓу себе затоа имаат и иста цена, зависи што ти е побитно.
Vivax-от има греачи и на компресор и на кондензаторот, за греење ти е одличен избор.
 

caki

hello world
1 август 2010
481
152
Имам проблем со климата VIVAX ACP-12CH35AERI. Поточно кога ќе треба да ја исклучам климата преку далечинското, истото се рестартира и при наредно притислање на било кое копче климата не реагира, туку едноставно далечинското повторно се рестартира и ова се случува по неколку пати.

Дали некој од корисниците имаат сличен проблем или знаат како може ова да се реши?

За повеќе детали погледнете го видеото.

Видео
 

kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
Аери и има шкарт даљинско, со никаква резолуција, бројките со коцки ги испишува како на Комодоре или Нинтендо од 80ти , за неколку копчиња нема никаква индикација на дисплејот, фанот во прва брзина испишува 3црти (као она има 9 или со АутоФан вкупно 12 брзини а реално се само 3 брзини) итн итн.
Ломото Eko ако го споредам со ова даљинско за Виваксов е X-BOX :)
Башка на -10 топли буквално со еден цел киловат повеќе од Аери па ни греачот не и помага:cool:
 

kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
Полека со фантазиите..
https://www.vivax.com/EasyEdit/User...-12ch35aeri-inv-381kw-informacijska-lista.pdf
Овде ти го пишува тоа што го кажувам.
2,8,kw e фантазија за климава зашто до тие замислени 2,8kw (од 2,2kw) климава стига со помош на греалка од 600w а не самата.
Ако 2,8 има Pdesignh што у превод е 100% капацитет за Умерена зона колку Kw треба да даде на тест на -7 за да -7 и биде бивалентна и почне да работи греалкава од 600w?
Треба на -7 да даде т.е испорача 12% помалку од максималните 2,8kw што се точно 2,46kw, ама климата сама самцата дава само 2,2kw според документот од линкот и се добива со уредот во хартиена форма.
До 2,8 стига само со дополнителна греалката!
Најдоле фино пишува, помочни сустав грејања 0,6kw, а тоа е токму тоа, греалка со COP=1 од 600w.
Бивалентна за избран 2,8 дизајн е -4 степени целзиусови а не-7 за кој сега ти, фантазираш и на -4ц ке палиш греалка за моделов ако очекуваш 2,8 а климата самата едвај дава 2,2кв наместо 2,8.
Од моновалентна- самосамо к, на -4 станува бивалентна клима+греалка, барем тоа е јасно што значи поимот бивалентно.

Види ја Luca14 на фуџитсу ке ти стане појасно, таму бара бекап од 1200в мислам, или 1400 не сум сигурен само знам многу беше.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
здраво се двоумам помеѓу оваа
VIVAX ACP-18CH50AERI R32 по супер цена од 39.990 ден.
и оваа
GREE LOMO ECO GWH18QD-K3DNC4E по супер цена од 39.990 ден.
се работи за греење на стан нс 1 спрат пвц прозори 45м2 ќе се греат со неа висина на соби 2.80м
Не се разбирам во моделите на Вивакс, ама што се однесува на Гри и ако ти е за греење подобро не ги гледај ЕКО моделите. Пошто си во зграда може и ќе помине еко-то во поблагиве зими, мојот совет сепак би бил да додадеш уште пари и да идеш на регуларниот Ломо. За исти пари, јас лично попрво би идел на Гри - посебно пошто Ломо е неколку години покажан и докажан модел на клима, користен од многу луѓе. Познати се сите негови предности (и слабости), што е добро пошто точно знаеш што земаш.

Не дека би се заебал (многу) и со Аери од Вивакс, чинам дека тој модел е на добар глас. Но за исти пари со Гри... Ако се решиш за Вивакс, разгледај понуди од фирми надвор од Скопје. Консенсуз е на форумов дека извесно постои голема разлика во цените надвор, и во Скопје.

Понатаму, кога кажуваш дека станот е 45м2 - кажи колку соби има и колку од површината иде на дневната соба. Пошто извезно е дека можеш да поминеш и со 12-ка наместо 18-ка клима (3.5кв наместо 5кв). Повеќе пати наназад е објаснето дека ако ставиш прејака клима во премала (за неа) просторија - наместо комфор од неприметно дување од инвертор клима ќе добиеш нагласен ефект на он/оф клима и дискомфор заради прејако дување со често застанување (и пак почнување да дува). Пролистај поназад, многу пати е објаснето ова. А ако дневната соба ти е ~25м2, да не должиме - земај 12-ка клима (3.5кв).
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Овде ти го пишува тоа што го кажувам.
Не сме боси, имаме мерачи, некои од нас (како мене) имаат по 2+ од овој модел и сами, минатата зима, сме се увериле дека не си во право.
Климата врти кругови околу шугавото Ломо Еко кое ни со помош на Грее ботови и душегрижници не може да постигне популарност како што треба. Само продолжете да набивате маржи.

Подобро ќе земам кредит и ќе купам Toshiba, Daikin, Mitsubishi, Panasonic отколку нњкој скороевиќ да ме убедува дека неговиот entry level климатизер е подобар од конкурентниот entry level.
А двата модели имаат, на пример, Midea компресор.

Баце!
Немам намера да ви ги плаќам билбордите низ Скопје.
 

caki

hello world
1 август 2010
481
152
Аери и има шкарт даљинско, со никаква резолуција, бројките со коцки ги испишува како на Комодоре или Нинтендо од 80ти , за неколку копчиња нема никаква индикација на дисплејот, фанот во прва брзина испишува 3црти (као она има 9 или со АутоФан вкупно 12 брзини а реално се само 3 брзини) итн итн.
Ломото Eko ако го споредам со ова даљинско за Виваксов е X-BOX :)
Башка на -10 топли буквално со еден цел киловат повеќе од Аери па ни греачот не и помага:cool:

Да точно е тоа за даљинско дека има слаба резолуција, но ова навистина не би го сметал за негативност. Не станува збор за телевизор па да споредуваме резолуции :)

Иначе во темата за мерење и потрошувачка има резултати баш од оваа клима и како се покажа во текот на зимата, така да ако и ти имаш некои слични мерења би било добро да ги споделиш за да ни биде полесно при избирањето на следна клима.
 

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Не сме боси, имаме мерачи, некои од нас (како мене) имаат по 2+ од овој модел и сами, минатата зима, сме се увериле дека не си во право.
Климата врти кругови околу шугавото Ломо Еко кое ни со помош на Грее ботови и душегрижници не може да постигне популарност како што треба. Само продолжете да набивате маржи.

Подобро ќе земам кредит и ќе купам Toshiba, Daikin, Mitsubishi, Panasonic отколку нњкој скороевиќ да ме убедува дека неговиот entry level климатизер е подобар од конкурентниот entry level.
А двата модели имаат, на пример, Midea компресор.

Баце!
Немам намера да ви ги плаќам билбордите низ Скопје.
И не само вие што поесувате AERI, не сте боси... туку изгледа и во Хрватска па ич не се... ах да, знам знам ќе речат Хрватска средоземноморска клима острва (ама толку 30тина проценти) останатото од ХР сепак со Континентална, дури клима поостра од нашата .... А кај нив па за Vivax и конкретно за овој модел велат: Vivax R design serija, 3,81kw, ACP-12CH35AERI
Provjerite zašto su Vivax klima uređaji najprodavaniji u Hrvatskoj. R design serija predstavlja najbolji omjer uloženog i dobivenog na cijelom tržištu klima uređaja. Изгледа не само што Vivax уредите се најпродавани, туку и AERI го сметаат за B.B. најдобар избор по критериум вложено-добиено! Ќе да е добра клима-инвертер АЕРИ!
 

kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
Неможам да најдам каде се тие мерења на Капацитет на Аери12? А можам да се кладам дека во услови под нула сѕњпени, поладно ке дува Аери а многу потопло ЛомоЕко, таа споредба ни треба за да Флегма разбере што значат киловати испорачана Топлина. Тоа што има покажани мерачи на потрошувачка не покажува колку дава Т на издув.
@FLEGMA
Флегма јас немам ни намера Тебе да те убедувам, ти веќе си самоубеден и реално веза немаш. Да имаше појма ке реплицираше со аргументи наместо со навреди ( баце ти со другарите).
А за другите кои сеуште бараат клима да знаат дека на компресор може и Митсубиши да пишува (Тундра12) па на -10 тој модел едвај 2,1кв дава. И сеа по логиката на Флегма еден АЕРИ појше ке извади и тоа со еден Мидеа компресор наместо Митсубиши ? Секако дека не, Аери впрочем и си кажува колку е слаба, 2,2 на -4, само што некој тоа не го прочитал или не му се збори за тоа;).
Предноста на ЛомоЕко12 е во технологијата вградена во компресорот, перманентни магнети(а не феритни) и 6-пола (наместо 4) што ке рече за упола ротации ке изврши поголема работа без притоа рано да прегрева компресорот.
Даикин технологија од понова генерација има Ломо баце :cool:
Не е ова заостаната технологија и количина на Мидеа !
lomo6poles.png
Video za edukacija ;)
View: https://youtu.be/oZ7dJcy6eo8
 
Последна промена:

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
40% попуст за проверка, чистење и дезинфекција, промена на филтри и контрола на количината на фреон на клима уред од "Видео - дата" во вредност од 1500 ден. по цена од 900 ден.
40% попуст за проверка, чистење и дезинфекција, промена на филтри и контрола на количината на фреон на клима уред од "Видео - дата" во вредност од 1500 ден. по цена од 900 ден.
• Проверка на работата на клима уредот •
Чистење и дезинфекција на внатрешната и надворешната единица
• Промена на филтри (по потреба)
• Контрола на количината на фреон
Еве утврдива нема ич фреон (или е на минимум), дали знае некој во 2,5ка (веројатно 600-700 грама) колку е пунење фреон!?
Или ќе кажат од Видео Дата? ;)
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Еве утврдива нема ич фреон (или е на минимум), дали знае некој во 2,5ка (веројатно 600-700 грама) колку е пунење фреон!?
Дополнувањето се врши спрема пропишаната фабричка вредност + се додава должината + висинската разлика помеѓу внатрешната и надворешната.
Додавањето се врши/би требало со електронска вага и со ист тип на фреон. Не е препорачливо замена на еден со друг (иако е можно) затоа што може да дојде до хемиска/корозивна реакција.

Поголем проблем е да се утврди зошто нема фреон односно на кое место го испушта.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно