Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Искуство со нептун

Tomekk

hello world
4 декември 2009
174
211
Во Саботата зедов телевизор од Нептун. Станува збор за HITACHI 49 HB5 W62
но уште првиот ден приметив дека телевизорот има некој пробем и прави боотлоп. Бидејќи беше касно а Нептун работи до 21ч денес го вратив телевизорот и вработениот кажува дека мора да го прати на сервис да констатираат што станува збор за да има рекламација на производ.
Проблемот на тв е како на видеово
Па ќе видам што ќе направам, вработениот рече дека за некој ден ( до 3-4 дена најкасно ќе ми се јават).
Дали со закон можам да барам да ги вратат парите или да го заменам телевизорот за некој друг..?
 
D3N1EL

poweruser
10 август 2010
2.922
1.535
Да, можеш и двете варијанти да ги направиш и обврзани се со закон да го исполнат.
Не се согласувај да ти го вратат сервисиран, па дури и да бил исправен имаш законски рок да се предомислиш од купувањето и мораат да ти ги вратат парите. Ова важи само доколку ја имаш фискалната.
 
Tomekk

hello world
4 декември 2009
174
211
Имам цела документација и телевизорот е спакуван со целосна амбалажа и сите додатоци што беа со него.
Телевизорот е пратен на сервис, ќе видам што ќе кажат ќе барам замена секако.

Sent from my PRA-LX1 using Tapatalk
 
HardCorec

poweruser
4 ноември 2013
3.599
5.545
dominion.mk
HardCorec's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 12400F
Motherboard
Asus B85 Pro Gamer
Storage
SSD Kingston 2TB
PSU
Cooler Master B500
RAM
HyperX Beast 4x16gb
Video card
GTX 1660 Super
Case
Cooler Master HAF
Mouse
Asus Echelon
Keyboard
Cooler Master Storm
Monitor
Philips 276E
OS
Windows 10 Pro 64bit
Плаќаш за расипан производ и прифаќаш да го пратат на сервис?
Другар, барај си парите назад или нов ТВ, не чекај инфо од сервисерот.
 
D3N1EL

poweruser
10 август 2010
2.922
1.535
Имам цела документација и телевизорот е спакуван со целосна амбалажа и сите додатоци што беа со него.
Телевизорот е пратен на сервис, ќе видам што ќе кажат ќе барам замена секако.

Sent from my PRA-LX1 using Tapatalk
Тогаш немаат причина да ти откажат.
 
Balanar

Баниран/a
6 декември 2016
1.066
1.220
Не ти се скрши филмот за нов производ, па беше трпелив да го праќаат на сервис? Па лично да го однесам во фабриката кај што го склопуваат - пак ќе барам нов/друг производ.
 
vladimir171

lurker
15 ноември 2007
630
449
Ќе ти дадат нов, секогаш даваат за вакви проблеми а они ќе си го вратат назад расипаниот, само за да не сноси продавницата/вработениот одговорност обрзани се да напраат проверка од "стручно" лице. За неколку дена ќе ти се јават за новиот и барај си ако сакаш пари, сакаш друга марка/производ твое право е.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.714
15.811
youtu.be
За бутлуп не треба стручно лице, и чистачката што е таму ќе го констатира проблемот.
За ваква ситуација треба без да чека ни 5 минути да му дадат нов или да му вратат пари.
Какво чекање, какви експертизи за бутлуп.

Него “НЕПТУН“ - свестете се бе, заради вакви работи ви бегаат муштерии, алооо.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.241
За бутлуп не треба стручно лице, и чистачката што е таму ќе го констатира проблемот.
За ваква ситуација треба без да чека ни 5 минути да му дадат нов или да му вратат пари.
Какво чекање, какви експертизи за бутлуп.

Него “НЕПТУН“ - свестете се бе, заради вакви работи ви бегаат муштерии, алооо.

Си имаат они лојална база кои купуваат одкај своите, не е проблем.
 
DaVoRkNe

poweruser
1 септември 2011
4.082
4.347
Скопје
Нема везе ова, тоа што се потпишува е кога се вади од дуќан. Може да се расипе ТВ одма, како и кај него.
Да не работев во Нептун,ке се согласев со тебе,ама бидејќи работам таму,ја знам целата процедура што е и како е,затоа го прашав дали потпишал формулар дека тв е ок.Со тоа нашата фирма се заштитува со тоа продава исправен продукт,а послем тоа,процедурата е да се однесе во сервис продукот и да се провери,мора оваа процедура да помине значи мора,џабе е и тужби и жалби и све,едноставно правилата на Нептун се такви.
 
Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Ниедна изјава неможе да го анулира законот, што значи дека доколку во законот е наведено дека може купувачот да го врати производот, ќе го врати и парите ќе си ги врати.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.714
15.811
youtu.be
Значи купувам нов телевизор, потпишувам дека е се во ред и вториот ден не работи.
Треба да оди на сервис?
По автоматизам по закон за потрошувачи имам право на замена за друг или парите назад.
 
DaVoRkNe

poweruser
1 септември 2011
4.082
4.347
Скопје
Ниедна изјава неможе да го анулира законот, што значи дека доколку во законот е наведено дека може купувачот да го врати производот, ќе го врати и парите ќе си ги врати.
Епа еве пред 5 дена се случи истово,доаѓаат баба и дедо некаде околу 70 год,купија тв Фуего смарт,со нет,и неможеле да ги наместат каналите им било комплицирано,и сакаа да го вратат,и шефот фино им рече,неможе да го вратите користен е 5 дена,мора прво во сервис,па од кога ке заврши процедурата во сервис ке ви се јавиме, да ви кажеме што може да направиме,пари не враќаме.
Значи купувам нов телевизор, потпишувам дека е се во ред и вториот ден не работи.
Треба да оди на сервис?
По автоматизам по закон за потрошувачи имам право на замена за друг или парите назад.
По закон е така како што велиш да,и јас се сложувам,но Нептун тоа не го практикува,иде во сервис,па ако одлучи сервисерот дека тв рикнал сам од себе,ти се заменува со нов,а ако ти си го оштетил на било кој начин,нема ништо од твто.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Не мора. Казната за вакви работи е 5000 евра. Тоа што така ви кажуваат не значи дека е стварно така. Затоа кога ќе запнеш со инат на крај попуштаат не само нептун него сите.

Затоа што ако предметот еднаш влезе во ДПИ и да сте го смениле продуктот ради пријавата следува казна.

Е сега познаници инспектори партии и слично играат улога ама никад се незна. За мене како корисник нема никакви трошоци да пуштам пријава, а за фирмата може да има.
 
Јас го кажувам она што го знам,и она што го гледам на работа,и што ми е кажано.

Иначе кога сме веќе кај ваквиот закон,да сум во можност и да имам моќ,вакво нешто верувај не би постоело ни 5 мин,а не па со години.Али кај што има сила,нема правдина.
 
vladimir171

lurker
15 ноември 2007
630
449
Во ред е со сите што се жустрат и што зборат за прават за потрошувачи но дали некој мисли дека фирма од калибар како Нептун не ги има прочешлано сите закони за да се заштити. А и дали повеќето ги имаат прочитано истите или само слушнале муабет дека ги има и ако му се заканат на некој продавач он ко пос*ан одма ќе им клекне на колена и ке им го даде тоа што го бараат? Реален пример што повеќето го знаат е "купуваш мобилен во телеком и ти вика касиерката, провери го дали е целиот исправен бидејќи ако излезеш од тука и после излезе има проблем се обраќаш на сервис не кај нас!" Факт е дека си потпишал во нептун согласност за исправност на производот и со тоа си се обврзал за нивните правни правила итн. Исто така нормално нема да сакаат да те изгубат како клиент и ќе ти го заменат за нов неотпакуван производ поготово не праат проблем за кинезарија.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Епа не купувајте од такви фирми. Што да ви кажам. Во анхоч и сет сум враќал до 7 дена. Во анхоч без проблем, во сет со тегавење и една пријава за која ги казнија. И на крај пак го вратија.

Без никакви фикции дека треба на сервис да оди и слични глупости. Кој сака нека го прочита законот за заштита на потрошувачите. Јас го знам и знам кои членови ме штитат и кога поднесувам пријава се повикувам на нив.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.714
15.811
youtu.be
неможе да го вратите користен е 5 дена,мора прво во сервис,па од кога ке заврши процедурата во сервис ке ви се јавиме, да ви кажеме што може да направиме,пари не враќаме.
Ам`н бре Блажо.
Фирма јака.

Прашање!
До колку дена (или саати) пари враќате?
Чисто онака да си знам.
 
Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Во ред е со сите што се жустрат и што зборат за прават за потрошувачи но дали некој мисли дека фирма од калибар како Нептун не ги има прочешлано сите закони за да се заштити. А и дали повеќето ги имаат прочитано истите или само слушнале муабет дека ги има и ако му се заканат на некој продавач он ко пос*ан одма ќе им клекне на колена и ке им го даде тоа што го бараат? Реален пример што повеќето го знаат е "купуваш мобилен во телеком и ти вика касиерката, провери го дали е целиот исправен бидејќи ако излезеш од тука и после излезе има проблем се обраќаш на сервис не кај нас!" Факт е дека си потпишал во нептун согласност за исправност на производот и со тоа си се обврзал за нивните правни правила итн. Исто така нормално нема да сакаат да те изгубат како клиент и ќе ти го заменат за нов неотпакуван производ поготово не праат проблем за кинезарија.

Неможе правилата во една компанија да бидат поважни од законите во РМ. Правилата во компаниите мора да произлезат од постоечката легислатива во државата.

Многу работи во државава функционираат на принцип ако пројде пројде, почнувајќи од нашата ИТ индустрија, па се до мини занаетчиите кои се во изумирање. Едноставно ретки се оние кои работат со цел клиентот да биде задоволен, договорот во целост да биде почитуван, законите да бидат почитувани и сл. Затоа и сме Африка, а не Европа.
 
Tomekk

hello world
4 декември 2009
174
211
Го потпишав формуларот, телевизорот го пуштивме во Нептун, стигна до менито за поставки и го исклучивме. И дома се пушти, сетирав канали и такви раб, не надоградив софтвер или слично нешто, само дигиталната ја наместив и толку. Наредно вклучување тв заглави во боотлоп или поверлоп и не се пушти. ТВ не е користен ни 15мин.
Ќе видам што ќе кажат од сервис, секако ќе барам замена за нов или друг модел.

Sent from my PRA-LX1 using Tapatalk
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно