Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Закон за заштита на потрошувачи

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Пази, пробувам да му објаснам на чоекот дека со секој нов производ следува нова гаранција од денот одкогс е подигнат. Он вика не, си важи старата.

Точно ти вика човекот. Не следува нова гаранција туку важи старата. Старата гаранција само се продолжува за времето додека бил производот на сервис. А ако ти дал нова гаранција тоа значи дека за нешто друго си ја има мувата на капата па ти дал гратис акумулатор за да те одјебе, да не ризикува да го казнат за нешто трето.
 
cakii

hello world
23 февруари 2011
397
731

Јас земав LG телевизор од Нептун со 2 години гаранција.
На 1 година и 11 месеци се појавија некои флеки на екранот, го однесов на сервис и ми рекоа ќе менуваат панел.
По 20 дена ми се јавија дека панелот што го чекале им стигнал фаличен и дека немаат време да чекаат нов бидејќи максимум 30 дена можат да го држат кај нив.

Отидов кај нив и ми понудија 2 опции. Парите назад или нов производ каков сакам од Нептун. Отидов во салон, најдов нешто поскап телевизор, си ја доплатив разликата и си земав нов ТВ.
Ај што ми дадоа нова гаранција, туку ми дадоа 5 години гаранција бидејќи во моментот во Нептун имаше промоција за 2+3 години гаранција за секој LG 4K телевизор.

Ако ти дадат нов производ, треба да ти дадат и нова гаранција.
 
bogoevski

user
29 ноември 2009
1.706
2.757
Hønsebybotn
bogoevski's setup  
Processor & Cooler
Повеќејадрен со множител
Motherboard
Црна со црвени детали
Storage
Препун
PSU
Предимензионирано
RAM
Доволно
Video card
Нај јака со 8 гигавати
Case
Гломазно
Mouse
Немам, чувам мачки.
Keyboard
Тивка
Audio
Стерео со двигател
Monitor
Прецизен
OS
Џам
Инаку искача дека плаќаш претплата на акумулатор/телевизор/што-и-да-е.
Факат секаде у светот со нов-заменски производ добиваш нова гаранција.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700
Точно ти вика човекот. Не следува нова гаранција туку важи старата. Старата гаранција само се продолжува за времето додека бил производот на сервис. А ако ти дал нова гаранција тоа значи дека за нешто друго си ја има мувата на капата па ти дал гратис акумулатор за да те одјебе, да не ризикува да го казнат за нешто трето.
Според кој член на Законот не следува?
 
krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
После тој пристоен муабет идам у дпи, пријавувам и ми стига известурање дека пошо е купен преку фактура (службен) они не можат ништо. Ма у пичку матер.

Maлку знаат дека ако се купи уред (било кој) преку правно лице (пример фирма купува ТВ, автомобил, телефон итн.) не подлежи под заштитата на законот за заштита на потрошувачи. Али подлежи под други видови на заштита.

10 минути тупење муабет и ми сере дека на акумулатори И НА МОБИЛНИ не се давало нова гаранција (а ја пред 3 месеци ради самсунгот студирав тоа законот као да ми е работа лол) и му објаснувам фино лепо што и како пишува во законот, "не, не ти давам гаранција". Му викам ок тогаш, не ми оставате избор, ќе се обратам во ДПИ, "пријатно, пријатно". После недела - две ми звони телефон, "повелете земете си ја гаранцијата кога можете".
Само фино и културно, а ако неќат со фино и културно, Државен Пазарен Инспекторат ќе им со обрати со фино и културно.

Они точно ти кажале, имено дека гаранцијата на новиот заменски уред не започнува од денот на замена, туку од денот кога си го купил оригиналниот (расипан) уред. Така е предвидено и со сите правилници и закони, ако нешто ти излегле во пресрет, повеќе било за да не се замараат. Не дека им менува нешто, уредот ако е нов, ама така се правилата и на производителите.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.551
19.224
Според кој член на Законот не следува?
Спрема македонски член :)

Во вакви случаи, сме се согласиле со @Alucard , се бараат пари назад и повторно се купува истиот производ (ваљда од друго место)
Битно пари назад па сетне ќе се думаме :)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Хаха абе... тиквари македонски, мислите дека сте најпаметни на свет? Ќе платиш еднаш еден телевизор за минимална сума на пари, па ќе го рикаш пред гаранција и ќе добиваш нов со 3 години нова гаранција и се така додека не добиеш холограф со сараун за 250 евра?

Хахахах, абе македонштино непрокопсана, да не зборувам за писменост и способност да с епрочитаат два реда текст.... Леле бе јас мислев сме мрднале 2 чекора напред а ние 15 чекори назад..... што да кажам, тешко ми е на душава.
 
Стефан_Т

hello world
22 јули 2017
52
92
Точно ти вика човекот. Не следува нова гаранција туку важи старата. Старата гаранција само се продолжува за времето додека бил производот на сервис. А ако ти дал нова гаранција тоа значи дека за нешто друго си ја има мувата на капата па ти дал гратис акумулатор за да те одјебе, да не ризикува да го казнат за нешто трето.

Не, ако производот е поправен гаранцијата продолжува да важи плус периодот за кога бил во сервис. Ако производот е заменет со нов, значи нов сериски број итн, се рачуна како нов производ, значи нова гаранција, со новиот сериски број.
За мувата на капата не знам.

Инаку искача дека плаќаш претплата на акумулатор/телевизор/што-и-да-е.
Факат секаде у светот со нов-заменски производ добиваш нова гаранција.

Па не баш, купуваш производ кој што производителот гарантира дека ќе работи одреден период, ако се расипе добиваш нов, ако ти го расипеш, не добиваш нов, едноставно. Инаку телевизорот ќе ти рикаше на 3 месеци.

Според кој член на Законот не следува?

И мене ме интересира да ти кажам баш... Да не искочи работава дека лажам или сум пријател со "тој тамо"..

Maлку знаат дека ако се купи уред (било кој) преку правно лице (пример фирма купува ТВ, автомобил, телефон итн.) не подлежи под заштитата на законот за заштита на потрошувачи. Али подлежи под други видови на заштита.

Они точно ти кажале, имено дека гаранцијата на новиот заменски уред не започнува од денот на замена, туку од денот кога си го купил оригиналниот (расипан) уред. Така е предвидено и со сите правилници и закони, ако нешто ти излегле во пресрет, повеќе било за да не се замараат. Не дека им менува нешто, уредот ако е нов, ама така се правилата и на производителите.

Е сега знам...
Не си во право, со заменет нов производ следува нова гаранција.

Не. Пошто ве мрзи да читате, ќе ме почекате да дојдам дома и да ви прочитам.

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
Чекам, само дали ќе дочекам...

Хаха абе... тиквари македонски, мислите дека сте најпаметни на свет? Ќе платиш еднаш еден телевизор за минимална сума на пари, па ќе го рикаш пред гаранција и ќе добиваш нов со 3 години нова гаранција и се така додека не добиеш холограф со сараун за 250 евра?

Хахахах, абе македонштино непрокопсана, да не зборувам за писменост и способност да с епрочитаат два реда текст.... Леле бе јас мислев сме мрднале 2 чекора напред а ние 15 чекори назад..... што да кажам, тешко ми е на душава.
Јадење гомна е нешто што мразам. Абе тиквару еден, кој ти дава право да збориш вака? Има една работа, се вика почит, дур читаш дома прочитај ја дефиницијата на зборот.
 
cakii

hello world
23 февруари 2011
397
731
Хаха абе... тиквари македонски, мислите дека сте најпаметни на свет? Ќе платиш еднаш еден телевизор за минимална сума на пари, па ќе го рикаш пред гаранција и ќе добиваш нов со 3 години нова гаранција и се така додека не добиеш холограф со сараун за 250 евра?

Хахахах, абе македонштино непрокопсана, да не зборувам за писменост и способност да с епрочитаат два реда текст.... Леле бе јас мислев сме мрднале 2 чекора напред а ние 15 чекори назад..... што да кажам, тешко ми е на душава.

Прво и основно, не знам која е потребата од ваков одговор.
Се надевам ќе реагираат модераторите на ова, како што гледам навика ти стануваат ваквите одговори.

Второ, никого ниту сум заебал, ниту сум сакал да заебам. Тоа што флеките се појавија пред истек на гаранција беше чиста случајност.

Трето, бев задоволен со менување на панел, воопшто не барав поврат на пари или нов производ. Нарачаа нов панел, им стигна расипан и немаа законски време да чекаат нов панел да стигне.

Четврто, телевизорот е купен 58.000 денари, така да ако ти е тоа минимална цена, тогаш браво, стварно си успеал во животот.

ПС. Ако си во ПМС немој воопшто да ми реплицираш на постот.
 
lynx

poweruser
4 септември 2008
3.720
3.572
Што убаво едно време си имавме негативна репутација на форумов, ми текнува имаше доста напукувања до цвилење.
 
krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Не, ако производот е поправен гаранцијата продолжува да важи плус периодот за кога бил во сервис. Ако производот е заменет со нов, значи нов сериски број итн, се рачуна како нов производ, значи нова гаранција, со новиот сериски број.

Проверено со ВИП, Телеком, и генералните увозници/сервиси на Apple и Samsung. Не важи за нов производ нова гаранција, туку старата до рок на истек дури и за новиот уред. Според нив така е пропишано и во законот, јас искрено не најдов некаде пропис да пропишува вака или онака.

п.с. Иначе пример Самсунг и на новиот уред ставаат ист/стар сериски...
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234

И така тоа е измена на законот а не е законот. И онака измените не се однесуваат на гаранциите.
Еве го законот: http://www.slvesnik.com.mk/Issues/8A81FFC6246F4893B748CB23B0D2A427.pdf

Читај ќлен 65 и 66 од законот ама немој да се залеташ. Прочитај прво што е Гарантен договор и побарај во законот дали пишува дека со испорака на нов производ се склучува нов договор.

@cakii ви се извинувам што уште не сте ме научиле :) ја и да ви речам ***ка ви ****ина тоа е така од милост, од што ве сакам :D
Ај пополсле ќе правиме муабет. Прочитајте прво што пишува во законот.
 
Стефан_Т

hello world
22 јули 2017
52
92
"Член 65
(1) Недостатоците кои се откриени на производот производителот мора да ги отстрани во рок од десет дена, а продавачот во рок од 20 дена од моментот на истакнувањето на соодветното барање на потрошувачот.
(2) За производите кои служат за потрајна употреба продавачот е должен, по приемот на барањето од потрошувачот, веднаш да му достави на потрошувачот соодветен производ кој потрошувачот ќе го користи за време на поправката на производот со кој се стекнува.
(3) Во случај на отстранување на недостаток на производот гарантниот рок се продолжува за времето во кое производот не е користен. Ова време се пресметува од денот на барањето на потрошувачот за отстранување на недостатокот.
(4) Во случај на отстранување на недостатоци со замена на производ кој се склопува или е составен дел на производот за кое се утврдени гарантни рокови, гарантниот рок за новиот производ кој се склопува или е составен дел на производот почнува да тече од денот кога на потрошувачот му е испорачан производот чиј недостаток се отстранувал."

Поздрав.
Инаку службениот весник е 2000та година, не знам колку е релевантен денес, но ете го членот, не знам што е нејасно.

*Едит* Не го ископирав член 66..
"Член бб
(1) Во случај кога потрошувачот ќе пронајде недостаток на производ, на негово барање продавачот е должен веднаш да го замени производот.
(2) Во случај кога на продавачот му е неопходна дополнителна проверка на квалитетот на производот,
продавачот е должен замената на производот да ја направи во рок од 20 дена од истакнувањето на бара-њето од потрошувачот.
(3) Во случај ако продавачот нема соодветен производ во моментот на истакнувањето на барањето
од потрошувачот, должен е замената на производот да ја направи во рок од еден месец.
(4) Кај замената на производот гарантниот рок почнува да тече од денот на предавањето на произво-дот на потрошувачот."
Појасно амин.
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Аааа, е тука е заебот ;)
На кој гарантен рок се мисли? М? Што мислиш?
Правото на гаранција се остварува на база на договор тоест договорот за гаранција.
Каде пишува дека се склучува нов договор за гаранција? :)

Тука сите се летаат. Едно од главните начела на толкување на правните акти е: „Правниот акт се толкува во целост имајќи ги во предвид сите негови составни делови“.

Само така ако го прочиташ член 66 изгледа дека се е јасно и дека не е двосмислено. И така е, пишува гаранцијата почнува (продолжува) да тече од денот на врачувањето на новиот договор, но не пишува дали е тоа нов договор за гаранција. А бидејќи не пишува, се зема веќе постоечки ентитет во облигациониот однос а тоа е постоечкиот договор за гаранција со ссвојот датум, потписот и печатот на компанијата.

Се надевам дека сега е појасно, се извинувам ако ве навредив со тоа „тиквари“, тоа ја така од милост :D
 
Па се летаат со причина, убаво ти пишува, џабе бараш фори.
Од новиот закон, тој што го нарече измена.
"Последен дел од Член 48
Во случај на отстранување на недостаток на производот гарантниот рок се
продолжува за време во кое производот не е користен. Ова време се
пресметува од денот на барањето на потрошувачот за отстранување на
недостатокот.
Во случај на отстранување на недостатоци со замена на производот кој
се склопува или е составен дел на производот за кој се утврдени
гарантни рокови, гарантниот рок за новиот производ почнува да тече од
денот кога на потрошувачот му е испорачан производот чиј недостаток
се отстранува"
Многу јасно е кажано.

Многу јасно дека се склучува нов договор за гаранција, во договорот за гаранција го пишува серискиот број на производот, ми кажуваш дека "таа" гаранција која што кажува дека "тој" производ со " тој сериски број" ќе важи за другиот производ со другиот сериски број?
Појасно АМИН.
 
Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.036
2.073
Скопје, Македонија
Во вакви случаи, сме се согласиле со @Alucard , се бараат пари назад и повторно се купува истиот производ (ваљда од друго место)

Од истото место :)
Јас направив така со СЕТ за напојување, ми понудија замена, зошто немаше исто, ама гаранцијата да продолжи како од старото, им реков парите назад, и си купив ново, со нова гаранција, немаше апсолутно никаква логика да земам замена со нецелосна гаранција, кога истото тоа напојување што ми го нудеа како замена со нецелосна гаранција, си го купив со целосна гаранција со парите што ми ги вратија.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Многу јасно дека се склучува нов договор за гаранција,

Нов договор се склучува САМО ако се оствари нова трансакција односно платиш нови пари за нов производ.
Повели, толкувај си го законот како тебе ти одговара па чешај се после по продавници.
Читај малце историја на темава какви случаи имало и што се дискутирало, би требало да ти стане јасно, пошто гледам уште не сфаќаш.

Според кој член на Законот не следува?

Според целиот закон. Никаде во законот не пишува дека следува нов гарантен договор. Со иницијалниот гарантен договор за производот што го плаќаш (тоа едно парче по единица производ), производителот гарантира дека ти ќеимаш минимум толку и толку месеци покриеност со гаранција. Дали производот ќе ти биде сервисиран или ќе ти биде даден нов, тоа е само инструмент со кој производителот ти обезбедува минимум толку и толку месеци користење колку што ти ветил. Кој тоа уопште спомнува нова гаранција? Каде та се спомнува нов гарантен договор? Во кој закон? Во кој гарантен договор? Јас не знам од каде ви е таа идеја, на база на што носите таков заклучок. Во законот јасно си пишува, само вие не го земате целиот закон во предвид туку само тој еден став од само еден член.
 
Последна промена:

Стефан_Т

hello world
22 јули 2017
52
92
Нов договор се склучува САМО ако се оствари нова трансакција односно платиш нови пари за нов производ.
Повели, толкувај си го законот како тебе ти одговара па чешај се после по продавници.
Читај малце историја на темава какви случаи имало и што се дискутирало, би требало да ти стане јасно, пошто гледам уште не сфаќаш.

Не ми се допаѓаат зборовите што ги одбрав "нормално дека се склучува..." Сакав да кажам дека се добина нов гарантен лист, за новиот производ.
Навистина би сакал да знам каде во ТВОЈОТ службен весник пишува дека "Нов договор се склучува САМО ако се оствари нова трансакција односно платиш нови пари (апсурдно, зашто да не можам стари пари да искористам?!?) за нов производ." До сега со секоја гаранција ми е издаден нов гарантен лист. Ако зборуваме за како толкување како кој сака, негово си е, а за читање по форумов муабети, ете ти погоре мој пост, и тоа се важи, нели? Ме сфаќаш? Нема логика тоа што го кажа, јас се повикувам на текст од законот, ти се повикуваш на чешање во продавници..
 
Јас 10 години раборам во браншата, сум разгледувал десетици случаи и ти кажувам од искуство. Немам уопште намера да те убедувам. Ете ти го законот, тоа е тоа. Продолжи и понатаму да си толкуваш.
 
Стефан_Т

hello world
22 јули 2017
52
92
Јас 10 години раборам во браншата, сум разгледувал десетици случаи и ти кажувам од искуство. Немам уопште намера да те убедувам. Ете ти го законот, тоа е тоа. Продолжи и понатаму да си толкуваш.

Чим збориме за искуство.... Се јавувам во дпи да прашам за дали ми следи нова гаранција, инспектор лично подигна телефон да ме убеди дека со секој заменет производ за нов се добива нова гаранција, јас ја објаснив мојата ситуација и добив одговор дека тој нов производ има нов сериски број, задолжително се издава нова гаранција, не се продолжува старата. Ти кажувам. Чим "работиш во браншата" се разочарувам искрено. Арно ама затоа е тука дпи да ме расположи... :D
 
Копија од ревизиите службено се праќаат и во ДПИ, како до сега ми ги немаат искинато клиентиве од казнување не ми е јасно....
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв