1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Закон за заштита на потрошувачи

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од theurednik, 18 Септември 2012.

  1. MMDizign

    MMDizign
    Intern

    5
    2
    7 ноември 2014
    Машко
    Закониве у македонија... тешка работа :)
     
  2. mmm121

    mmm121
    Gaining Experience

    192
    101
    10 Февруари 2011
    Дај објасни како и се искрши раката на куклата жити се....
     
    На Jokerski му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Чисто процедурално, по Закон за заштита на потрошувачи имате 7 дена да ВРАТИТЕ стока без да ве прашаат зошто, а 15 дена ако стоката се разликува од описот. Работни денови. Мислам има и казни ако продавачот дава погрешен опис, ама не е ни битно :)
     
    SaleSk, Alucard и на Nikola Sone им се допаѓа ова.
  4. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,948
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    По закон по право имаш 15 дена, ама инспекторите не се замараат и не мрдаат со прст да помогнат на потрошувачите, дебили кретени. Ова го говорам од лично искуство.[​IMG]
     
    На Oktar и Alucard им се допаѓа ова.
  5. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,485
    26 oктомври 2012
    Машко
    Според напишаново можеш да го вратиш производот само ако е неотпакуван, но не и дека треба да ти го сменат производот ако е употребуван. Мислам дека има конфузија околу ова.


     
  6. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Така и напишав. 15 дена ако не одговара на описот, 7 ако не си го користел. Туку АНХОЧ си поштуваат све. Не ме боли глава кога пазарам кај нив.
     
    Војвода, Alucard и на Tehnologiva им се допаѓа ова.
  7. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Нема конфузија. Може да е отпакуван, но да не е користен. Опаковката НЕ Е производот. Стопати сум вратил у Анхоч. И за пари и за да заменам. Проблем може да има кај телеком операториве пошто државава ги третира како бели мечки, ама по другиве продавачи си поминуваат правата.
     
    Alucard, vlavot и на Nikola Sone им се допаѓа ова.
  8. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,948
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Законот е малку забунет, она што е битно е дека имаш време од 15 дена да го вратиш производот, под некористен се мисли да биде во опаковки, со лепенки онака како што бил кога си го добил од продавница. Но имплементацијата на законот е катастрофа, инспектори не се замараат ама ич. Единствено Анхоч поштува 7 дена а не 15 како што се законски.
    А ако одиме на она да не е користен производот, што правиме со оние отпакованите телевизори или други производи што се изложени во Амц, Анхоч, Сет итн, тие спаѓаат во веќе употребувани производи пошто веќе се изложени, и за нив нема веќе гаранција или па ги фрлаат и не ги продаваат тие производи или па да ги даваат по ефтини цени, ниедно од овие наведените не пасува. Ако го немаат на лагер ти го спакуваат оној изложениот и терај. Или па кога купуваш производ некогаш го отвараат на лице место да го проверат дали е исправен, или па сакаш да купиш и го молеш продавачот да ти го отвори да го погледнеш како излгеда или каква слика има, и тој е веќе употребуван и нема гаранција. Абе глупости живи глупости.
     
    На Војвода и Alucard им се допаѓа ова.
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,496
    10,515
    13 Јуни 2009
    Инспекторите кои не си ја вршат работата треба да се пријават до дирекција. Дали ќе вроди со плод или не, независно.

    15 дена се законски и ниту еден договор или политика на фирма не може да го намалат тој рок. Може да биде само поголем периодот. Но сепак е добра воља да се вратат пари за нешто кое е согласно спецификации од производителот и кога купувачот не е измамен според законот.

    За производот се подразбира да се врати во состојба во која може да се продаде како нов ако веќе се бара замена за исправен производ кој не ги исполнува критериумите на купувачот наведени во законот.

    Телевизор или било кој производ ако е отпакуван останува на купувачот дали ќе го купи како таков или не. Обично треба да следи попуст но тоа е друг муабет.

    Гарантниот рок не отпочнува откога производот е отворен туку од датумот на купување наведен на гарантниот лист.
     
    FLEGMA, SaleSk и на Alucard им се допаѓа ова.
  10. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,948
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Ова ми е ептен јасно и читко, но зошто нема имплементација на закон, конкретно пријател купи некој тошиба телевизор од СЕТ го уклучил и после 3-4 дена забележал дека има зеленка точка заглавен пиксел и не му се свиѓаше и сакаше да го врати. Да по закон не го следи сервис за еден заглавен пискел што е во ред но по закон може во рок од 15 дена да се замени или вратат парите. Тој отиде на 9-тиод ден не бевме во Македонија, и куч*њата од СЕТ не саака да го вратат, викаа цитирам: Ех касно е требало првиот ден да дојдеш, а шо има врска кој ден коа закон ме штити до 15 дена. И со нив ништо, им се заканивме со инспектори, ни рекоа слободно дечки идете, идеме у пазарен инспекторат вака така им кажуваме, дебилите што работат таму не гледаат и велат, ааа дечки нема таков закон каде тоа вие сте читале, законот е ако се расипе 3 пати да се добие нов, да тоа знаеме ама има закон по член 50 каде може да се замени или вратат парите од прозиводот. Ни велат не нема донесете ни да видеме, идеме ние го печатиме законот на оние токмаците од инспектори, поглупи од бандера од цименот и го носием и не гледаат и викааат а ние не работиме по овој член ние работиме по член 29. И што понатаму, ни викаат потпунете пријава, потполнивме и излегле на терен нели пошо цел дена на кафе им е досадно, и на другарчево му стаса писмо дома, дека телевизорот бил користен отпакован и дека не можело да се врати.
    И де ве молам кажете ми тоа како закон го штити потрошувачот.
    И затоа сакам да ве прашам нешто.


    ДАЛИ НЕКОЈ ОД ВАС НЕКОГАШ УСПЕАЛ СО ИНСПЕКТОР ДА ИЗВОЈУВА ПОБЕДА, ОДНОСНО ИНСПЕКТОРОТ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ВАША СТРАНА И ДА ВЕ ШТИТИ СО ЗАКОН, ЗНАЧИ НЕ БАРАМ МУЧКИ, НЕГО ПРАШУВАМ ДАЛИ ВИ СЕ СЛУЧИЛО ДА ПО ЗАКОН ВИ ПОМОГНЕ ИНСПЕКТОР?
     
    olikomerc, Alucard и на gokica им се допаѓа ова.
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,496
    10,515
    13 Јуни 2009
    За панели од телевизор или монитор е малку дубиозно зашто производствениот процес не е перфектен па затоа во светот и кај нас има клаузула во гарантен лист (и често е нагласено од производителот) дека до одреден број на пиксели не може да се побара замена или поправка.

    Само zero bright pixel гарантира дека и со еден проблематичен пиксел може да се замени.

    Во светот има сајтови како њу ег и слично кои за дадени монитори на пример и без да има зиро брајт гаранција вршат замена за да одржуваат добро реноме но не се приморани. Така некако и Анхоч излегува во пресрет кај нас во многу ситуации кои се споменати.

    За инспекторите, не сум имал лично искуство но знам од пријатели дека успеале да си ги реализираат правата (во Скопје).
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,948
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Јас сум од Штип анд дет ис мај стори.
    Во ред конкретно, јас не тражам замена за пиксел заглавен јас се ослонувам на член 50 од законот за заштита на потрошувачите кој нели знаеме што налага.
    Значи мене производот не ми се свиѓа, не ми се вклопува големината во регал сакам да го вратам, исто како да нема заглавен пиксел.
    И ете горе образложение што се случи.
     
    На Alucard и gokica им се допаѓа ова.
  13. Ulrezaj

    Ulrezaj
    Gaining Experience

    345
    438
    20 Јуни 2012
    Машко
    Јас извојував „победа“ со Техно Маркет. Имав проблем со гаранцијата, ги замолив неколку пати да го решат и фино, културно ги пријавив во пазарна инспекција и после недела-две ме контактираа од пазарен за да дадам изјава бидејќи во меѓувреме ја добив гаранцијата (значи можело). Понекогаш треба и вистинскиот инспектор да го погодиш за да си завршиш работа бидејќи голем број од нив не го познаваат законот, јбг

    Ако ништо друго, можеш и самите инспектори да ги пријавш доколку не постапуваат по закон. Еве сега по телевизии има нешто гледам доста дебело биле казнети некои инспектори :)
     
    krema, vlavot и на gokica им се допаѓа ова.
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,496
    10,515
    13 Јуни 2009
    Само треба да се внимава како се толкува законот. Не може да вратиш производ зашто не влегува во регалот дома.

    Го враќаш ако на амбалажата и објавените спецификации пишува дека е 50 сантиметри широк а кога го отвораш излегува дека е 60 сантиметри. Значи доколку си измамен во поглед на она што го купуваш. Информиран си за едно ама дома кога отпакуваш испаѓа друго.
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,827
    1,660
    22 oктомври 2012
    Машко

    Ова се коси со ова:


    Ако во рок од 15 дена јас го вратам, со или без мртви пиксели, небитно, по закон треба да ми ги вратат парите, без да ме прашаат зошто го враќам, нормано во онакава состојба во каква што е купен...
     
    На vlavot му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,496
    10,515
    13 Јуни 2009
    Можеби ми промакнало тоа дека можеш сосема исправен производ кој исполнува секакви наведени спецификации да го врати кој сака и кога сака во рок од 15 дена и да му бидат вратени парите. Те замолувам да ми го посочиш ова каде го има во законот. Баш добро да се знае ако го има.
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,948
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Ама оти така, си пишува убво во член 50, која било друга причина може да се врати, ако не одговара форма, големина боја итн, во рок од 15 дена. Под услов да нели се врати како што е добиен, без да е изгребан, оштетен, со сите лепенки, тоа се имавме и пак ништо не бива.

    Ве молам кажете ми каде во дирекција да се обратам да го заказнат ако може ова инспекторчињата, пошо срамота е лаик како мене да го знае законот подобро од мороните што гмечат плата.
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,948
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Значи пишува било која друга причина, и да да, може апсолутно кој сака да купи производ и да го врати како што е во рок од 15 дена. Тоа е светски познат закон на запад се секаде практикува.

    И баш пишува или било која причина, конкретно мислев дека има помали рамки а има преголеми, сакам да го вратам.
    И да оваа причина е легална.
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gokica

    gokica
    Модератор

    8,496
    10,515
    13 Јуни 2009
    Ама во поглед на форма, големина, боја итн. се мисли баш како што кажав погоре. Ти бараш бело, тој ти дава бело, и на кутијата пишува дека е бело, но дома испаѓа дека ти дал црно. Те измамил.

    Баш таков е случајот со 970. Те информираат дека има подобри спецификации од тоа што навистина го има.
     
    На Alucard и vlavot им се допаѓа ова.
  20. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,948
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Да во ред, тоа е веќе друа работа тоа е ептен очигледно, ама дури и еве лично не ми се свиѓа се премислив пак можам да го вратам во 15 дена, само под услов ако е спакован и сите додатоци како кога го купив.
    Копијата погоре од законот е од 2004 година а има мноогу измени каде мислам дека е поубаво објаснето ова што го зборувам и е сосем легално нормално и може да се практикува.
     
    На Alucard и gokica им се допаѓа ова.
  21. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,827
    1,660
    22 oктомври 2012
    Машко

    Замена со друг производ - Член 50

    Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини. Потрошувачот правото од ставот 1 на овој член може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметко потврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:
    - да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или
    - да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.
    Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.
     
    kirev, vlavot и на gokica им се допаѓа ова.
  22. gokica

    gokica
    Модератор

    8,496
    10,515
    13 Јуни 2009
    Тие други причини се след на претходно наведеното односно се мисли на својствата на производот (тој претходно наведен соодветен квалитет).

    „Други причини“ заменува својства на производот кои не можеле да се наведат целосно како листа во законот заради различниот вид на производи кои се продаваат.

    Под соодветен квалитет се подразбира соодветно на декларираното.

    Но како и да е ако тоа инспекторатот го толкува поинаку уште подобро. Само се сомневам.
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,827
    1,660
    22 oктомври 2012
    Машко

    Јас тоа „од други причини“ го разбирам како „телевизорот е голем, не ми го собира дома на комодата, а нема друг што ќе ми ги задоволи барања, па сакам да си ги земам парите назад“ :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  24. gokica

    gokica
    Модератор

    8,496
    10,515
    13 Јуни 2009
    Потполно те разбирам. :) И јас сакам така.
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  25. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Ја вратив ТВ у Анхоч петтиот ден зашто даљинското не комуницираше со закачените уреди. Но проблем.
     
    На Alucard и gokica им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...