1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Закон за заштита на потрошувачи

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од theurednik, 18 Септември 2012.

  1. geek22

    geek22
    Gaining Experience

    194
    104
    23 Февруари 2015
    Машко
    se soglasuvam so opcijata da moze da se vrati proizvod, bidejki cesto potrosuvacite se na nekoj nacin izmameni za nekoj proizvod kolku e dobar i slicno od marketing trikovi, koga ke go dobies doma, gledas deka ne gi ispolnuva ni minimalnite kriteriumi. sepak patnite trosoci vo nikoj slucaj ne treba da gi snosi prodavacot, bidejki na toj nacin vleguva vo potencijalna zaguba
     
  2. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    962
    1,678
    20 Јануари 2015
    Машко
    Донекаде точно се пренесени измените на законот
    Трговецот треба (законста терминилогија која е искористена е ,,евентуално,,) да ги врати и трошоците за испорака на стоката со исклучок на следното :

    (3)Без оглед на одредбите од став (1) на овој член, трговецот не е должен да ги надомести дополнителните трошоци, кога потрошувачот јасно се определил за еден вид испорака освен најевтината стандардна испорака понудена од страна на трговецот.

    Покрај наведеното :
    1. трошоците за враќање на стоката се на товар на потрошувачот
    2. измените на законот не се однесуваат на сите видови на стоки и услуги.
    Имено :
    ( 1) Правото на повлекување како што е наведено во членовите 89, 90,91,92 ,93, 94 и 95 од овој закон за договорите на далечина и договорите склучени надвор од деловните простории , не се применува во однос на овие исклучоци :

    а) договорите за услуги по целосното извршување на услугата доколку извршувањето е започнато со јасна согласност на потрошувачот и со прифаќање на фактот дека ќе го изгуби правото на повлекување по целосното извршување на договорот од страна на трговецот;

    б) набавката на стоки или услуги чија цена зависи од флуктуациите на финансискиот пазар кои што трговецот не е во состојба да ги контролира и кои можат да се појават во текот на рокот за повлекување;

    в) набавката на стоки изработени според спецификациите или јасно прилагодени на потрошувачот;

    г) набавка на лесно расипливи стоки или со краток рок на траење;

    д) набавка на оригинално затворени стоки кои не се погодни за да бидат вратени поради хигиенски причини или заштитата на здравјето и се отворени по испораката;

    ѓ) набавка на стоки кои, по испораката се, по своја природа, нераскинливо измешани со другите стоки;

    е) набавката на алкохолни пијалаци, чија цена е договорена во моментот на склучување на договорот за продажба, а чија испорака може да се случи по 30 дена и чија вистинска вредност зависи од флуктуациите на пазарот кои не може да се контролираат од страна на трговецот;

    ж) договорите во кои потрошувачот јасно побарал посета од страна на трговецот за целите на извршување на итни поправки или одржување. Доколку, во случај на таква посета, трговецот обезбедува услуги во прилог на оние посебно побарани од страна напотрошувачот или стоки освен деловите за размена потребни за извршување на одржувањето или поправките, треба да се примени правото на повлекување на овие дополнителни услуги или стоки;

    з) набавка на оригинално затворени аудио и видео снимки или компјутерски софтвер кои се отворени по испораката;

    ѕ) набавка на весници, месечни списанија или магазини со исклучок на претплатнички договори за набавка на такви публикации;

    и) договори склучени на јавно наддавање;

    ј) обезбедување на сместување за цели кои не се од станбена природа, транспортот на стоки, услуги за изнајмување автомобили, угостителски услуги или услуги во врска со активностите во слободно време кога договорот предвидува одреден датум или рок за извршување и

    к) испораката на дигитална содржина која не се испорачува преку материјален траен носач доколку извршувањето е започнато со јасна согласност на потрошувачот и со негово прифаќање на фактот дека го губи правото на повлекување.”

    Во секој случај техничката стока, начелно е опфатена со измените.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Unstoppable

    1,715
    2,032
    25 Март 2013
    Машко
    Наместо да се концентрираат на овој закон треба да се концентрираат на измени на законот за гаранција и резервни делови.
    1. Производ кој е платен 500 евра не може да има година дена гаранција и покрај тоа што производителот нуди на пример 3 години гаранција
    2. Законски мислам дека продавачот за одреден производ требаше да има обезбедено резервни делови во наредните две години. НО, нашите компании тоа го злоупотребуваат и иако имаат резервни делови тие ги нудат по претерано скапи цени за да ги обесхрабрат купувачите од поправање и да ги стимулараат повторно да купат нов производ.

    Пример- ако купиш таблет од 5000 денари и го зезнеш/скршиш/расипеш дисплејот нашиве препродавачи имаат резервни делови, но за порправка ќе ти побараат 3500-4000 денари за логиката да ни биде - Што ќе го поправам кога можам да додам уште некој денар да си купам нов, иако цената за поправка на стариот таблет треба да е многу помала
     
    На geek22 и borcep им се допаѓа ова.
  4. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Премногу мешање во работата... Рецимо доста би било цените да бидат јавно објавени. За да споредиш пред да купуваш
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    3,053
    4,327
    28 oктомври 2008
    Денес се изгласаа промените во законот за заштита на потрошувачите:

    "Беше изнесено дека предложеното законско решение е особено значајно, бидејќи овозможува регулирање на трговијата која се одвива преку средствата за далечинска комуникација. Досегашното искусво покажува дека се повеќе се зголемува бројот на поплаки на граѓаните до Државниот пазарен инспекторат по основ на набавка на производи преку е-трговија. Оттука се наметнува потребата за законско уредување на условите и начинот на заштита на потрошувачите и условите за трговското работење. Со Предлогот на закон ќе се овозможи подобра информираност на потрошувачите за нивните права при купувањето на производи и услуги преку интернет и надвор од деловните простории на трговецот. Се уредува и транспарентност на понудата преку истакнување на вкупната цена на производот или услугата со сите додатни давачки. Ова е особено значајно бидејќи во пракса често пати се случуваше трговецот на реклама да истакне пониска цена која не ги вклучува сите давачки, а при испорака на производот цената да биде многу повисока. Со воведување на новите законските одредби трговецот ќе мора да ја даде вкупната цена на производот со сите давачки пред да биде направена нарачката. На овој начин ќе се постигне поголем степен на заштитата на потрошувачите, во услови на пазарна економија, фер конкуренција и широка понуда на стоки и услуги на пазарот."
     
  6. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,519
    14 Мај 2008
    Машко
    Поплаки имавме према македонска пошта, а не према кутрите кинези. Со ова само ќе се забрани влез на 99% од робата нарачана преку интернет затоа што ниедна е-продавница не може точно да ги искалкулира вкупните давачки, особено ако некој пијан македонски цариник одлучи да си игра курот и погрешно да ја царини пратката..........

    Колку е најевтината авионска карта за лет надвор од границите на државава? Да си ја нарачам, барем ќе ги знам вкупните давачки
     
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Наш закон не ги опфаќа Кинезите, Алиекспрес или Амазон туку онлајн продавачите во Македонија како Анхоч, ДДКОМ и др.
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,759
    7,207
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Токму така, само кој како си протолкувал :)
     
  9. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Ниеден македонски закон не важи надвор од територија на РМ
     
  10. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,519
    14 Мај 2008
    Машко
    Грешно сум разбрал. Ама пак си стои проблемот со логистика. Македонска пошта, Глобко, Карго и останатите, не се баш 100% доверливи, особено овие првиве.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DennyMK

    DennyMK
    On your way to fame

    639
    976
    5 Февруари 2009
    Машко
    ДДКом е една ужасна фирма која НЕМА свој „магацин“ и убеден сум дека откупува поправани делови од сервисите по Скопје за поефтини суми и така заработува.
    Имам потрошено над 100.000 денари кај нив за компјутерски делови и два пати ме исфрустрираа со испраќање на расипани матични плочи од 180 и 220 евра.
    Нагласив дека сакам спакувани (со „целофанот“ од надворешната страна), а ми испратија отворени кутии со искривени пинови и без заштитната пластика над сокетот.
    Ги прежалив првите 10тина илјади денари, бидејќи им верував од претходните нарачки, и не ги проверив пиновите пред да го ставам процесорот.
    Имам склопено стотина конфигурации и не сум почетник, ама ајде си викам, на секој може да му се случи еднаш во животот.
    На првата плоча имаше искривено еден пин и не даваше слика на мониторот. Го дадоа на нивен сервис - и глупчото од АлмакоНет (најверојатно почетник што се учи) го скршил и гаранцијата не важи. Го прифатив трошокот на моја сметка.
    Ја порачав втората плоча со истата напомена за пакувањето - ВО ЦЕЛОФАН ИЛИ НЕ МИ ЈА ПРАЌАЈТЕ!!!
    Втората плоча е 220 евра, ми пристигнува по такси од Скопје во Штип и веднаш ја прегледав и што да видам:
    - пак отворена кутија
    - пак искривени, сега три пинови,
    - без капаче над сокетот
    - без анти статичка фолија и
    - без фискална и гаранција.
    Зоврев од нервоза.
    Не само што не ме испочитуваа за паковањето, но дури и С.Ј. си призна дека било нејзина грешка што не проверила што ми испраќаат.
    Кога знам дека сум во право, не може ништо да ме убеди во спротивното.
    Се јавив во ДДКом и ѝ кажав на С.Ј. за проблемот и ѝ кажав дека на таква плоча ни под разно нема да го монтирам процесоров 4790K и дека сакам да ми ја заменат под итно. Почна да ме убедува како јас сум го направил истото и ми рече дека НЕ МИ ВЕРУВА??? (НЕ МИ ВЕРУВА??????)
    Ѝ викам: А кога немавме проблеми со останатите нарачки - тогаш веруваше во полнењето на касата со моите пари? Тогаш бевме добри, а?
    С.Ј. рече: Да не се расправаме, донеси ја плочата , ќе ти ги вратиме парите и повеќе никогаш не сакам да соработуваме. (Не сакала таа??? А јас сакам што сум оштетен???)
    И ајде пак такси до Скопје и назад. Ја носам плочата и ми вика парите ќе ти ги префрлиме на трансакциска откако ќе бидат книжени.
    Почекав два-три дена, гледам откај мене од сметка беа одземени уште за време на уплатата и книжени два дена потоа, и пак се јавив во ДДКом - Ми ги игнорираа повиците; ми се јави повторно гнасното чувство на изиграност. Им ѕвонев и утредента и тоа 20-тина пати, без успех.
    Следниот ден ми се јавува С.Ј. и ми вика: Ќе ти ја замениме плочата со нова, ама сега бидејќи е веќе 16 часот ќе оставиме за утре.
    Утредента истата случка од претходните два дена - игнорирање на повиците.
    Е сега веќе бев подготвен и на суд да одам и да ја истерам правдата до крај.
    Утредента во 10 часот ми се јави С.Ј. и ми рече дека И.Ј. отишол до „магацин“ да ми ја донесе плочата и дека ќе ми ја испратат по 2 часа. Малку се успокоив, ама се' уште бев во неизвесност од искуството од претходните денови.
    Обезбедив таксист да ми ја донесе плочата штом ќе ми се јават од ДДКом.
    Ја побарав С.Ј. во 12 на пладне да прашам до каде се, и ми вика дека не стигнале да отидат до „магацинот“ и дека ќе ми се јават за најмногу еден час.
    Во меѓувреме се јавив во Државен Пазарен Инспекторат Скопје и ми кажаа дека имам уште 3 дена (вкупно 8 од купувањето; вклучувајќи празници и викенди), но ОБАВЕЗНО мора да ми издадат фискална сметка или нема да можат да направат ништо, бидејќи им се „врзани“ рацете без да имам фискална сметка.
    Ѝ викам на инспекторката: - А што ако не сакаат да ми издадат (дека купував преку интернет)?
    Инспекторката: Па тогаш закани им се со Управа за Јавни Приходи (казната била околу 4000-5000 евра за неиздавање фискална), битно е дека МОРА да имаш фискална за да отпочнеме процедура.
    Се чувствував беспомошно (сега и за фискалната која ја немав), а телефонот на ДДКом беше недостапен за мене повторно и после еден час од договореното.
    Конечно во 14 часот и 30тина минути, ми се јави С.Ј. од ДДКом и ми вика: - Има гужва низ Скопје и нема да може да ти ја испратиме плочата денес, туку ќе ти ја испратиме во Понеделник, на наша сметка(беше Петок).
    Викам НЕ, јас ќе го испратам таксистот да го најде И.Ј. во „магацинот“ и директно да ја земе плочата од него, па ќе дојде кај тебе во канцеларија да земе фискална и гаранција.
    Ми вика: - Зошто инсистираш да ја земеш денес? А плус и И.Ј. е на другиот крај на Скопје, зошто не почекаш до Понеделник? (Помислив: Затоашто во Понеделник можеш пак да ме изиграш и после да биде касно, бидејќи Понеделник ми беше последен ден за пријавување).
    Ѝ викам: Затоашто ме лажеш неколку денови, недостапна си на закажаниот термин, а и јас исто како тебе - НЕМАМ ПОВЕЌЕ ДОВЕРБА! А таксистот ќе отиде до „магацинот“, па ако сака и во Тетово нека е! Нема да чекам повеќе (бев приметливо вознемирен и сериозен кога ѝ го кажав тоа).
    И на крај виде, не виде, мораа да ми обезбедат исправна плоча (пак без целофан, ама со сите додатоци и без проблеми во пиновите, ух конечно). Во меѓувреме се договорив со таксистот да оди каде ќе му кажат и дека ќе му платам полна тура за една личност.
    Моментално пишувам од последнава плоча откај нив, но дали некогаш повторно ќе помислам да купам откај нив:
    НИКОГАШ ПОВЕЌЕ!!! Ми се гади дури и гласот да им го слушнам по телефон.
    Толку понижено и беспомошно сум се чувствувал за СВОИ пари, што никогаш повеќе нема да дозволам некој на толку низок начин да проба да ме искористи.

    Како илустрација за законите, и односот на продавачите во Германија:
    Купив некоја сталажа за огледало (ја уништив кутијата, ама сепак не ја фрлив) и гледам погрешна димензија сум земал.
    Тогашната девојка ми вика, оди замени ја, ќе ти ги вратат парите без збор.
    Отидов со изгмечената кутија, со очекување како во Македонија дека ќе треба да се натегам и расправам, но ништо од тоа.
    Само се потпишав дека го враќам производот поради тоа што ЈАС сум ги погрешил димензиите, и ме прашаа дали сакам да си изберам друг производ или да ми ги вратат парите? Побарав да ми ги вратат парите, дека купивме друга во меѓувреме, и со љубезно посакување за добар ден, ми ги вратија парите до цент.

    Каде сме ние? До кога вака во Македонија? Жално.

    [Измена]: Поправив неколку печатни грешки
     
    Последна промена: 27 Мај 2015
    На Astro, marko.bangiev, Lokvan и уште 18 други им се допаѓа ова.
  12. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,235
    1,347
    31 Јануари 2014
    Машко
    ауу... ужас!
     
    На mviktors и DennyMK им се допаѓа ова.
  13. W84D1DER

    W84D1DER
    Intern

    7
    1
    11 Јуни 2015
    Машко
    imas 15 dena da go vratis proizvodot ako ne ti se dopaga i da ti gi vratat parite (pod uslov da ne e osteten) ako pominat tie 15 dena treba da ima seriozen defekt za da napravat nesto.

    DDKom preprodavaat koristeni delovi od drugi firmi. Vo Niko ima Logitech G600 maus koj e koristen moze da se vidi po izgrebanite teflonski stapala i istiot go nudat i Niko kako nov i DDKom kako nov
     
    Изменето од модератор: 12 Јуни 2015
  14. baze1

    baze1
    Баниран/a

    52
    101
    24 Септември 2014
    Машко
    Anhoch do sega bile naj ok sprema mene sekad mi vratile i smenile vo rok od 7 dena i nikad ne napravile problem,koga iskocija 290 zemav greese mnogu i odma mi gi vratija parite i mi kazaa ako gree slobodno mozam da ja vratam i parite ke mi bidat vrateni
     
  15. geek22

    geek22
    Gaining Experience

    194
    104
    23 Февруари 2015
    Машко
    pogresna tema e pretpostavuvam za vakvi diskusii, zabega muabetov, ama ddcom odsekogas bile ok so mene , edinstvena kompanija koja mi vrati proizvod samo zatoa sto ne bev zadovolen od istiot i ne gi ispolnuvase moite ocekuvanja. za razlika od mnogu drugi kako set ili anhoch koi mi prodadoa rasipan monitor (boite bea shit, namesto crvena davase nekoi nijansi na bordo-rozeva, i celata slika globalno mavase nakaj izrazeno plavo), ne sakaa da mi go vratat od aspekt na nezadovolnost poso sum gi odlepil celofanite od istiot, a ne priznavaa deka ima defekt zatoa sto site pixeli rabotele. zatoa eve 3 godini veke od kaj niv nemam nisto kupeno, nitu pak ke kupam veke nekogas.
    isto taka proizvodite od ddcom sekogas bile uredno spakovani i zapecateni.
     
  16. W84D1DER

    W84D1DER
    Intern

    7
    1
    11 Јуни 2015
    Машко
    vo anhoch imam vrateno preku 10 produkti od koi 4 se gejmerski mausi koi se dosta skapi i veruvaj ako ne si gi nadminal tie 15 dena i ako ne ti e osteten produktot i si go zacuval originalnoto pakuvanje kako sto si go kupil ke go vratis bez problem. Anhoch se institucija ne mozes da gi sporedis so DDCom posto imaat 15 prodavnici vo Makedonija dodeka DDcom imaat edvaj 1 lokacija sto do dusa ne ni lici na prodavnica nego prodavaat se sto ima vo drugite prodavnici. Bilo koja prodavnica vo Makedonija e dolzna da ti gi vrati parite dokolku go vratis produktot neosteten vo rok od 15 dena. Vrativ patiki od Top Sop i mi gi vratija parite sto bese mizerno od nivna strana e sto probaa da me otkacat kazuvajki mi deka patikite ne se predmet na testiranje i ne mozat da se vratat pa im kazav deka ke im viknam inspekcija i misteriozno stanaa patikite predmet na testiranje :D
     
    На DennyMK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. geek22

    geek22
    Gaining Experience

    194
    104
    23 Февруари 2015
    Машко
    kakvi 15 dena, otidov da go vratam naredniot den, od pakovanjeto falea samo leplivite folii koj se zalepeni na plastikite i ekranot za da gi stitat od grebenje. mislalm fala bogu deka koga kupuvam nov proizvod ne si vikam ej cekaj da ne go odlepuvam poso moze da e rasipan pa ke sakam da go vratam, si go kupuvam nov i ocekuvam da e ok i so dobar kvalitet.
    vo toa vreme neznaev za zakonot za vrakanje na proizvod vo rok od 15 dena bez pricina, zatoa duri i fakav vrski za da mi go vratat ama dzabe, se isponasaa maximalno drsko.
     
  18. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    3,053
    4,327
    28 oктомври 2008
    Во која продавница конкретно си бил?
     
  19. geek22

    geek22
    Gaining Experience

    194
    104
    23 Февруари 2015
    Машко
    gtc, ama starata lokacija
     
  20. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Дечки, треба стручна помош за кирилица? Напорно е да читаме латиница...
     
    На Tegla му/ѝ се допаѓа ова.
  21. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,648
    1,443
    27 Јануари 2011
    Машко
    Musterijata e sekogas vo pravo ;) а сите членови се еден вид муштерии тука на форумот.
     
  22. Soldier89

    Soldier89
    Intern

    3
    0
    13 Јуни 2015
    Машко
    Каде може да поставам прашање за клима уреди, се извинувам што пишувам тука, но во темата за Клима уреди е забрането постирање.
     
  23. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,359
    14 Јули 2009
    Ајде прашај тука чим си пишал, што мака имаш со климата
     
  24. Soldier89

    Soldier89
    Intern

    3
    0
    13 Јуни 2015
    Машко
    Ме интересира како се избира клима уред, за дневна од 30 квдрата каква клима да земам? И за дуќан од 30 квадрати?
    Ако ми е само за ладење, тогаш да земам обична, не инвертер?
     
  25. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,359
    14 Јули 2009
    Зимаш 3.5ка,за 30 квадрати е сосема доволна, инвертер немаш потреба да зимаш пошто нема да го грееш вајда дуканот зимно време, ако го грееш навечер да го уклучуваш тогаш ке идеш на инвертер тој не замрзнува до -20 може и повеќе, додека климата после -5, -10 замрзнува, може климата и да не замрзнува ако е наместена под завеса добро покриена нема да змарзнува кај мене така испадна и ја користам и за топлење зимно време и не ми замрзнува ми испадна како инвертер да сум зел
     
    На Soldier89 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...