Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Водич за промена и полирање на процесор и кулер

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.788
33.906
roka.mk
Па разликата е негде 22 степени.

ЗАКЛУЧОК од целиот овој проект е дека термалната паста е пресудна за драстично намалување на темерпатура,во комбинација со идеално израменети кулер и процесор.
 

masterficx

user
5 јули 2009
1.345
354
masterficx's setup  
Processor & Cooler
Intel Q8200 + CM Hyper 212+
Motherboard
GA-G41MT-S2PT
Storage
Spinpoint F3 1TB
PSU
CM Elite 460
RAM
8GB DDRIII@1333Mhz
Video card
Gigabyte GT640 2GB
Case
DeepCool Tesseract Black
Monitor
LG 22" TN
OS
8.1 64-bit
Па разликата е негде 22 степени.

ЗАКЛУЧОК од целиот овој проект е дека термалната паста е пресудна за драстично намалување на темерпатура,во комбинација со идеално израменети кулер и процесор.

И пастата игра улога ама највеќе полирањето и правилното нанесување на пастата ;)
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.481
5.586
Ај нека објасне некој како правилно се нанесуваат пастите, погустите и поретките?

Што подразбираш под тоа?
Под тоа подразбира дека сликата е од 6 часа тестирање на лоад. :)
 

dulemk

user
11 јануари 2008
1.049
53
Зависи од пастата влатче, кажи каква сакаш да ставаш.
 

olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.884
3.812
А на колку време ставате паста отприлика ?

Јас на секои 3-4 месеци негде нанесувам на ново, бидејќи по толку време пак почнува да ми загрева процесорот.
А иначе кога ќе го подмачкам на ново слично како кај фаталити ми паѓаат температурите за 20 степени, на full load не поминува 40 степени, а нормал околу 20-22 степени.
 

Lazarus

hello world
10 ноември 2009
123
71
Тоа прашав прееска, што е full load? Да речеме кај мене температурната разлика на јадрата по 30мин тестирање со OCCT Linpack test e 20 степени т.е. од 28c на ајдл до 48c на лоуд. Додека после 4-6 саати целосно оптеретување(render) во 3ds max температурата не преминува 34-35c на јадра(значи разлика од 6-7c степени од ајдл до лоуд).
 

Lazarus

hello world
10 ноември 2009
123
71
Влатче јасни ми се тие работи, поентата што се обидувам да ја направам е дека има огромна разлика од full load на некој синтетички бенчмарк/тест за оптеретување на процесор, и full load на секојдневна апликација која оптеретува јадро/а на 100%. Затоа и го прашав Фаталити на што го тестирал тоа оптоварување.
 

dulemk

user
11 јануари 2008
1.049
53
CoolerMaster High Performance. Прилично густа.

Земи стави ја 10 минути во топла вода(мислам тубиче е), ќе омекне.
После со нешто како дел од визит карта пола сантим(тврда пластифицирана) намачкај ја целата површина со тенок слој(ако успееш немора 2 милиметра до крајовите да мачкаш).

Втор начин ти е исто да го ставиш во топла вода(ама ако е убаво затворено нели), и ставиш точка во средина и стискаш со кулерот на плочата.

Првиов случај прави ако стварно е тврда пастата.

И важно е да масираш малку со кулерот над процесорот за да ги извадиш можните меурчиња.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.788
33.906
roka.mk
@01 Vlatce Има видео братче на прва страна од темава од Гојдо на кое убаво е прикажано како не санесува густа и како помека паста.
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.481
5.586
Влатче јасни ми се тие работи, поентата што се обидувам да ја направам е дека има огромна разлика од full load на некој синтетички бенчмарк/тест за оптеретување на процесор, и full load на секојдневна апликација која оптеретува јадро/а на 100%. Затоа и го прашав Фаталити на што го тестирал тоа оптоварување.

Епа има разлика оти секојдневните програми не го оптеретуват нон-стоп 100%. Тестови после оверклок се прават со програми како OCCT.

@фала Фејталити.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.071
14.170
А на колку време ставате паста отприлика ?

Јас на секои 3-4 месеци негде нанесувам на ново, бидејќи по толку време пак почнува да ми загрева процесорот.
А иначе кога ќе го подмачкам на ново слично како кај фаталити ми паѓаат температурите за 20 степени, на full load не поминува 40 степени, а нормал околу 20-22 степени.

Не знам каква паста користиш но 3-4 месеци е краток период за да се менува паста. Кај мене е скоро година дена Arctic Silver 5 па не гледам разлики во температури од како ја ставив до сега. Искрено мене многу хардвер не ми трае ама сепак најдолго возев конфигурација две години и неколку месеци и воопшто не ја заменив пастата што дојде со Cooler Master ладилникот па немаше разлики со тек на време. Се разбира на време го чистев кулерот од прашина. Дури и пастата најчесто ги добива потребните својства и перформанси после повеќе часови работа (различно во зависност од пастата) па нема логика да се заменува на толку брзо време.

Ако воопшто кај мене имаше разлики тие се појавуваа од разликите во амбиенталната температура т.е. во лето повисоки и обратно во зима пониски.

За пасти најтопло ги препорачувам Arctic Silver и Céramique кои ги продавa(ше) @Smole и Noctua NT-H1 која ја има во Јвс нет.
 

olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.884
3.812
@gokica

Па и јас мислам дека до пастата е, користам една обична купена од поодамна Cooler Master High Performance, е сега може не се баш 3 месеца, некогаш и по 6-7 месеци тера така, ама ако почне да ми загрева, одма нанесувам на ново, плус и на толку време некаде ги чистам од прашина деловите, па може да се рече дека ми причинува и задоволство кога ќе ја нанесам на ново пастата и ќе видам пониски температури :)

Знам за тие пастите што ги продава смоле, ќе мора да набавам од нив да видам ќе ми држи ли по 1 год...
 

Нови мислења

Последни теми

На врв