Панда
read-only
- 27 октомври 2011
- 9
- 0
Ако неможеш по магарето, удри по самарот...
Жалосно е кога се започнува со лична дисквалификација на личности. Па, секако дека кога не се може да се исправи системот, ќе се расчистува со професорите.
На Кајгана се појавијз две дискусии: „Државните универзитети, една голема мафија“, како и Охридскиот универзитетски КЛАН недопирлив а Министерот неписмен?
За жал, како и да се гледа на работите, кој и што направил, ситуацијата е следна:
1. Високото образование тони во корупција
2. Се отвори нов државен универзитет во Охрид кој што почна да работи по европски и американски стандарди, без никаква корупција
3. На некој тоа (точка 2) им сметаше, па решија да навлезат во структурите на универзитетот, да ја злоупотребат автономијата и да го претворат универзитетот во свое дувло.
4. Избрканите професори, за среќа, се побунија и решија без разлика на нивната иднина, да помогнат да успее во својата мисија овој прв-не-корумпиран универзитет во Македонија.
5. Во секое време ќе се најде по некој залостен лижач и поттрчко, за да најде начини да навредува и да се труди на неук начин да шири дезинформации.
Професорите низ цел свет се навредуваат едни со други, се докажуваат, и се натпреваруваат кој ќе ја пронајде и докаже подобрата теорија/резултат/идеја... но сите имаат една заедничка особина, сакаат и по секоја цена ќе го бранат научниот труд и принципот по кој се стигнува до него. Порано или подоцна тоа ќе стане реалност и во Македонија, кога успехот (а не пријателите) ќе имаат тежина во одлуките.
Еден мој професор пред многу години ме советуваше: За се' има време. Ако ученикот си учи, оценката сама посебе ќе си дојде. Ако професорот си се занимава со учење на студентите и истражување во своето поле, успехот ќе си дојде сам по себе. Тоа важи скоро во секое поле и сфера на животот.
Ако можам да споделам нешто што би сакал сите, особено студентите тука, да го разгледаат и се помислат:
1. Анонимни или не, немојте да навредувате други, туку гледајте си ја својата работа и ќе бидете ценети на далеку.
2. Ако здогледате неправда, застанете на страната на правдата и гласно бранете ја, бидејќи тоа е најосновниот столб на слободата, почитта, напредокот.
3. Животот е краток, па гледајте да љубите, да сакате, да се радувате, да се почитувате што е можно повеќе и да одите сите заедно напред.
Со успех и многу среќа!
Така така професоре ако може така да ве наречам. 'дознав од еден од трети од четврти' и можеме да претпоставиме секој еден да додаде/измени нешто па ќе видиме колку сме далеку од реалноста! Проф. Clyde сега веќе починат колку што прочитав, прави криминално дејствие со снимање на видео разговор помеѓу министер и професори. Зарем така сте научени во америка да работите подмолно, дрско и безобразно? Незнам дали вашиот амерички менталитет освен без прашање да снимате видео разговор со министер ниту пак да побарате дозвола од министер за снимање или објавување разговорот на интернет, во тамошната работа користите пцовки на секој трет збор?
Доколку стварно имаше сомнеж во работата на управата министерството немаше да седи со скрстени раце, а не секој втор да изиграва судија. Сите лаги се измислени од неколку проф. кои веќе неработаат во уинт, со помош на неколку студенти кои неможат да ги преболат професори лажливци, криминалци, луѓе со ниско морално однесување.