Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Универзитет за Информатички Технологии – Охрид

Панда

read-only
27 октомври 2011
9
0
Ако неможеш по магарето, удри по самарот...

Така така професоре ако може така да ве наречам. 'дознав од еден од трети од четврти' и можеме да претпоставиме секој еден да додаде/измени нешто па ќе видиме колку сме далеку од реалноста! Проф. Clyde сега веќе починат колку што прочитав, прави криминално дејствие со снимање на видео разговор помеѓу министер и професори. Зарем така сте научени во америка да работите подмолно, дрско и безобразно? Незнам дали вашиот амерички менталитет освен без прашање да снимате видео разговор со министер ниту пак да побарате дозвола од министер за снимање или објавување разговорот на интернет, во тамошната работа користите пцовки на секој трет збор?
Доколку стварно имаше сомнеж во работата на управата министерството немаше да седи со скрстени раце, а не секој втор да изиграва судија. Сите лаги се измислени од неколку проф. кои веќе неработаат во уинт, со помош на неколку студенти кои неможат да ги преболат професори лажливци, криминалци, луѓе со ниско морално однесување.

Жалосно е кога се започнува со лична дисквалификација на личности. Па, секако дека кога не се може да се исправи системот, ќе се расчистува со професорите.

На Кајгана се појавијз две дискусии: „Државните универзитети, една голема мафија“, како и Охридскиот универзитетски КЛАН недопирлив а Министерот неписмен?

За жал, како и да се гледа на работите, кој и што направил, ситуацијата е следна:
1. Високото образование тони во корупција
2. Се отвори нов државен универзитет во Охрид кој што почна да работи по европски и американски стандарди, без никаква корупција
3. На некој тоа (точка 2) им сметаше, па решија да навлезат во структурите на универзитетот, да ја злоупотребат автономијата и да го претворат универзитетот во свое дувло.
4. Избрканите професори, за среќа, се побунија и решија без разлика на нивната иднина, да помогнат да успее во својата мисија овој прв-не-корумпиран универзитет во Македонија.
5. Во секое време ќе се најде по некој залостен лижач и поттрчко, за да најде начини да навредува и да се труди на неук начин да шири дезинформации.

Професорите низ цел свет се навредуваат едни со други, се докажуваат, и се натпреваруваат кој ќе ја пронајде и докаже подобрата теорија/резултат/идеја... но сите имаат една заедничка особина, сакаат и по секоја цена ќе го бранат научниот труд и принципот по кој се стигнува до него. Порано или подоцна тоа ќе стане реалност и во Македонија, кога успехот (а не пријателите) ќе имаат тежина во одлуките.

Еден мој професор пред многу години ме советуваше: За се' има време. Ако ученикот си учи, оценката сама посебе ќе си дојде. Ако професорот си се занимава со учење на студентите и истражување во своето поле, успехот ќе си дојде сам по себе. Тоа важи скоро во секое поле и сфера на животот.

Ако можам да споделам нешто што би сакал сите, особено студентите тука, да го разгледаат и се помислат:
1. Анонимни или не, немојте да навредувате други, туку гледајте си ја својата работа и ќе бидете ценети на далеку.
2. Ако здогледате неправда, застанете на страната на правдата и гласно бранете ја, бидејќи тоа е најосновниот столб на слободата, почитта, напредокот.
3. Животот е краток, па гледајте да љубите, да сакате, да се радувате, да се почитувате што е можно повеќе и да одите сите заедно напред.

Со успех и многу среќа!
 

GeorgeMitrevski

hello world
26 октомври 2011
68
17
Доколку стварно имаше сомнеж во работата на управата министерството немаше да седи со скрстени раце, а не секој втор да изиграва судија. Сите лаги се измислени од неколку проф. кои веќе неработаат во уинт, со помош на неколку студенти кои неможат да ги преболат професори лажливци, криминалци, луѓе со ниско морално однесување.

Сакаш да кажиш дека во министерството се соменват дека вашите највисоки функционери на УИНТ препишувале? Само слеп може да се сомнева во тоа кога текстовите му стојат пред очи, а не верувам дека се физички слепи, а да се морално слепи - нема сомнеж.

А за квалитетот на странските професори, во првите две години беа вработени 13, од нив 10 се истерани, од тие 10, 2-ца американци. Ај ние двајца американци нека бевме лажливци, криминалци, луѓе со ниско морално однесување. А што со овие другите? Или сакаш да кажиш дека се странско за Македонија е ѓубре?

Ако пак сакаш да го споредиш квалитетот на нашите професори со тие на УИНТ, повели http://www.auburn.edu. Ако пак мислиш дека овде повеќето се добри, само јас и Клајд не чиниме, биди известен дека тука работам 28 години. За една постапка како на тие твоите таму би ме истерале од тука следниот ден, без потреба да се консултира некое си министерство. Второ, во мојата кариера имам добијано три Фулбрајтови стипендии. Ако не ти е јасно значењето на овие стипендии, консултирај се со некого таму да ти објасни подобро.

Во врска со пцовките, да, во некои случаи тука е дозволено ако не е наменето кон некого лично. И друго, кога е топло времето тука професорите одиме на предавања по маица, шорцеви и јадранки. Ич немаме култура во таа смисла.

Читајќи го начинот на твоите обраќања на форумов, навистина треба да бидиш горд што образовниот систем те образовал да реплицираш на таков елегантен начин, и што те научил како да размислуваш на критички начин. Баш ова и е најмногу потребно на државата во ова тештко време. Куп министерства едвај чекаат да завршиш факултет и да те запослат за портпарол. Congratulations!

Навистина ми е жал што луѓе како тебе и други нема долго време да имат шанса до вкусат што значи тоа западен систем на демократско образование.

Се надевам дека модераторот нема да ги бриши постовите на kroki. Моментално читам книга со назив "On Writing Well". Скоро пола книга е полна со примери од лоши пишувања за читателот да види како изгледа лошо пишување. Мислам дека многу е полезно за читателите на овај форум да ги има постовите и обраќањата на kroki за иста цел. Да бидат како пример за другите како да не се обраќа на форуми, да видат како изгледа некритичко размислување. Сигурно има многу читатели што се гордеат со неговите обраќања, али доволно е да има барем двајца што можат ја пресметат неговата цел.
 

kroki

read-only
27 октомври 2011
25
0
Жалосно е кога се започнува со лична дисквалификација на личности. Па, секако дека кога не се може да се исправи системот, ќе се расчистува со професорите.

На Кајгана се појавијз две дискусии: „Државните универзитети, една голема мафија“, како и Охридскиот универзитетски КЛАН недопирлив а Министерот неписмен?

За жал, како и да се гледа на работите, кој и што направил, ситуацијата е следна:
1. Високото образование тони во корупција
2. Се отвори нов државен универзитет во Охрид кој што почна да работи по европски и американски стандарди, без никаква корупција
3. На некој тоа (точка 2) им сметаше, па решија да навлезат во структурите на универзитетот, да ја злоупотребат автономијата и да го претворат универзитетот во свое дувло.
4. Избрканите професори, за среќа, се побунија и решија без разлика на нивната иднина, да помогнат да успее во својата мисија овој прв-не-корумпиран универзитет во Македонија.
5. Во секое време ќе се најде по некој залостен лижач и поттрчко, за да најде начини да навредува и да се труди на неук начин да шири дезинформации.

Професорите низ цел свет се навредуваат едни со други, се докажуваат, и се натпреваруваат кој ќе ја пронајде и докаже подобрата теорија/резултат/идеја... но сите имаат една заедничка особина, сакаат и по секоја цена ќе го бранат научниот труд и принципот по кој се стигнува до него. Порано или подоцна тоа ќе стане реалност и во Македонија, кога успехот (а не пријателите) ќе имаат тежина во одлуките.

Еден мој професор пред многу години ме советуваше: За се' има време. Ако ученикот си учи, оценката сама посебе ќе си дојде. Ако професорот си се занимава со учење на студентите и истражување во своето поле, успехот ќе си дојде сам по себе. Тоа важи скоро во секое поле и сфера на животот.

Ако можам да споделам нешто што би сакал сите, особено студентите тука, да го разгледаат и се помислат:
1. Анонимни или не, немојте да навредувате други, туку гледајте си ја својата работа и ќе бидете ценети на далеку.
2. Ако здогледате неправда, застанете на страната на правдата и гласно бранете ја, бидејќи тоа е најосновниот столб на слободата, почитта, напредокот.
3. Животот е краток, па гледајте да љубите, да сакате, да се радувате, да се почитувате што е можно повеќе и да одите сите заедно напред.

Со успех и многу среќа!

'Се појавија две дискусии' не се појавија туку некој си направи copy/paste од еден портал на друг со цел да го сруши угледот на универзитетот во охрид како и на сегашната администрација.
Се отвори нов државен универзитет во Охрид кој што почна да работи по европски и американски стандарди, без никаква корупција'
Таа тогашна администрација не да беше корумпирана на чело со Самак, К. Климоska и останатите, немаше студент кој незнаше што се тие работат зад нивниот грб. Сега истите, шират дезинформации за сегашната администрација, за универзитетот и го рушат угледот на универзитетот. Избрканите професори се избркани од предходната администрација. По се изгледа на погрешно место во погрешно време.
 

ProbePLayer

read-only
27 септември 2011
47
40
Доколку стварно имаше сомнеж во работата на управата министерството немаше да седи со скрстени раце, а не секој втор да изиграва судија.

Да, ќе ти поверуваме. Зошто? Затоа што целосно е уверливо да кажеш дека министерството не дозволува неправилности. Според таа изјава, кај нас не постои можност да постојат неправилности во образовните институции.

Сите лаги се измислени од неколку проф. кои веќе неработаат во уинт, со помош на неколку студенти кои неможат да ги преболат професори лажливци, криминалци, луѓе со ниско морално однесување.

Уште една изјава без докази, со вклучена навреда.

Добро, kroki,така е како што ти сакаш. Ништо не се смена, ниту плагијатите беа казнети, ниту претседателот на студентскиот парламент беше сменат. Ништо. И што сега? До кога вака? Очигледно ти уживаш сега, кога се претвораме во универзитет со Македонски стандарди. Но што ако во иднина универзитетот направи неправда што те засега и тебе?

Еве едно подобро прашање: Дали вреди да се заташкаат проблемите, какви и да се, само за да нема многу галама? За да се продолжи тивко со работата, без да се уништи премногу кредибилитетот на универзитетот? А што ти вреди измислен кредибилитет, кога немаш квалитет? Ќе те вработат од прва? Само преку врски.
 

NewNorom

read-only
6 декември 2011
1
0
Здраво на сите. Прво да ви се извинам шо ќе сум малку подолг. Али еве да ви кажам јас шо имам слушано за УИСТ во последно време.

Имам зборувано со доста познаници, студенти од сите три генерации на универзитетот, и слушнав доста интересни, чудни работи. Слушнав имало предмети кај шо просекот по ПРЕДМЕТ бил 10 („случајно“ таков предмет бил програмирање). Интересно е како, од ко си заминаа неколку професори, сите испаѓет јаки по сите предмети. Зошо досега не беа генијалчишта, туку вака одеднаш станаа, па прает 10-ки ко од шала? А исто „случајно“, во студентиве шо имет 10-ки имало и такви кој шо не биле воопшто појавени на предавања. Интересно, а?

Исто скоро се десило да им го сменат начинот на оценување (пред самиот крај на семестар :O) и да воведат „ала електро“ начин на оценвење. Според то шо го знам за универзитетот, баш начинот на кој шо оценките се градеа досега го делеше УИСТ од другиве македонски универзитети, зато шо бараше значително поголем и шо е уште поважно, константен труд. Сега само колоквиумите ќе им се важеле во оценка (или испит во случај на неположување на колоквиум). А секој шо веќе бил студент некаде знајт дека испите не се секогаш мерило на знаење, туку многупати мерат психичка спремност многу повеќе од владеење на материјата (а често мерат и кој колку врски имат).

Читавме и слушавме многу за универзитетов во текот на последниве месеци. Доста ДОКАЗИ беа изнесени, и? Наеднаш спласна атмосферата, ни докажа во каква држава сме. И уствари се докажа дека се шо кажвеше Zee било точно, очигледно го напраја како електро и овој универзитет, само шо е доста полош. Али, сега исто се докажа, пошо електраши го упропастија УИСТ, дека ако УИСТ е shit и пол, тогаш електро е shit. Нели од тамошните луѓе потекнуват се шо се дешават сега?

Сочувство за студентите кој шо од Х причини се нашле заглавени на УИСТ: гледајте да не се демотивирате и терајте си ја работата за да мојте во иднина стварно да докажите квалитет на места на кои шо се ценит то. Ќе имате прилика порано или покасно да докажите дека стварно вредите, верувајте. Остајте ги другите нека се ситат со оценките.

Чао, уист-ОВЦИ.
 

LionMKD

read-only
14 октомври 2011
16
4
Дали имаше нешто за УИНТ во Фокус во петок, и дали некој би можел да го скенира?

Да професоре, во денешниот фокус (09.12.2011) повторно има сторија за Универзитетот и интервју со професорот Етиен. Многу добра сторија, ке се обидам да ја скенирам и пратам !
 

GeorgeMitrevski

hello world
26 октомври 2011
68
17
Скандалот не стивнува. Ево го написот од Фокус. Моментално го преведувам на англиски за проширување во странство и за да се информират странски професори што планират во иднина да се вработат на УИНТ. Истото ќе биде испратено и до универзитети со кои УИНТ има потпишано договор за соработка http://www.pelister.org/UIST/Fokus20111209.pdf
 

ProbePLayer

read-only
27 септември 2011
47
40
Скандалот не стивнува. Ево го написот од Фокус. Моментално го преведувам на англиски за проширување во странство и за да се информират странски професори што планират во иднина да се вработат на УИНТ. Истото ќе биде испратено и до универзитети со кои УИНТ има потпишано договор за соработка http://www.pelister.org/UIST/Fokus20111209.pdf

Ерм... професоре, зошто би го направиле тоа? Со тоа нема да постигнете ништо освен да му наштетите на студентите, само додатно ќе ја уништите репутацијата на универзитетот. А и Управата на универзитетот и така не е премногу склона кон странски професори, така да од тоа не добива никој освен вас со некое ваше задоволување на правдата. Исправете ме ако грешам.
 

GeorgeMitrevski

hello world
26 октомври 2011
68
17
ProbePlayer. Не ми е јасно како ова би му направило штета на студентите. А репутацијата на универзитетот не ја унитштувам јас или другите професори, него раководителите на универзитетот. Прочитај го текстот во фокус детално и прашај се дали таков однос према професори му доликува на човек кој претендира да е ректор на универзитет. Јас лично тотално сум убеден дека На Македонија и треба универзитет каков што беше измислен од почеток. За да се оствари нешто такво потребни се луѓе со интегритет што ќе раководат со него. Македонија, МОН, Премиерот и студентите треба да се страмат од администрацијата на УИНТ, а не да ги обвинуваат носителите на лоша вест.

Текстот (http://www.pelister.org/UIST/InterviewFokus9December2011.pdf) немало потреба да го преведувам, професорот Бок од George Washington University веќе го имал на англиски и го препратил до овие групи (ова од него, и со негова дозвола):

These recipients include several groups of people:
  • The International Advisory Board, whose (pro bono) design of the University was accepted by the PM in August 2008;
  • The first Rector of the University and members of his administration who worked tirelessly to implement this design;
  • Several relevant members of the now-absolutely-silent Macedonian Administration;
  • The three foreign professors who were summarily fired without just cause by the new corrupt administration of UIST this Fall;
  • The current administration and faculty members of UIST, whose corruption and plagiarism is described in this interview;
  • Several victims of the repeated plagiarism described in this interview;
  • Several highly influential academics in the Europe and Asia who have expressed interest in this case of academic corruption;
 

ProbePLayer

read-only
27 септември 2011
47
40
ProbePlayer. Не ми е јасно како ова би му направило штета на студентите.

Од гледна точка на обавестување на засегнатите личности, тоа секако дека не само што е оправдано, туку и морално обврзувачки според некои стандарди. Но засегнатите личности веќе се обавестени, додека вие напишавте дека ќе ги обавестувате идните можни професори. Тоа би можело да му донесе добро само на тие идни можни професори, иако е невозможно вие да ги пронајдите баш тие кандидати. Што, вие ќе ги следите активностите на универзитетот кога ќе вработува? Тоа ми звучи опседнато. Или пак ќе им ја пратите веста на сите можни професори во светот?

Следува, ако само безвезе професори доаѓаат кај нас, кои што не се грижат што ќе работат на вакво место, тогаш што добиваме ние студентите? Или пак, еве да претпоставиме дека доаѓа подобра администрација(чие што доаѓање не е во никој случај поттикнато од оваа ваша акција на ширење лоша вест). Што може таа да направи, откако цел свет ја има најлошата слика за нашиот универзитет? Секако дека сте во право кога кажувате дека не е ваша вина за моменталната состојба, но тоа е како да кажувате:"Кога веќе пука, нека пука!", или, ако веќе е лошо, ај уште полошо!

Ако според вас тоа не е лошо за универзитетот, тогаш најдете ми како е добро? Затоа и ве прашувам, зошто би превзеле дејствие кое не му носи добро на универзитетот, а со тоа и на идните генереации студенти?
 

GeorgeMitrevski

hello world
26 октомври 2011
68
17
ProbePlayer, со големо задоволство ти се обраќам на твоите постови бидејќи по мое мислење ти си еден од редките што се труди да дебатира без лични навреди. А сега да ти одговорам на твоите прашања.

Што, вие ќе ги следите активностите на универзитетот кога ќе вработува? Тоа ми звучи опседнато. Или пак ќе им ја пратите веста на сите можни професори во светот?

Тие што планират да се вработат било каде во странство, или пак од странство во Македонија, нормално дека би сакале да ги знаат сите услови. По мое мислење, прво барат информации преку интернет. Пота се обраќаат лично до установата. А исто се обраќат до некои од вработените, или претходно вработените, од странство. Биди сигурен дека ако некој од Франција има намера да се вработи во УИНТ сигурно ќе му се јави на Етиен и на Пуигт за подетални информации. Слично и за оние од САД, Англија, итн. Така да нема потреба некој да праќа информации до сите можни професори низ цел свет. Самите професори треба да имат можност да дојдат до информации во врска со искуството на професори во УИНТ. Ево неколку примери. Како што имам постирано порано, јас и Самакоски потпишавме договор за продолжување на мојот работен однос во УИНТ за 2010-2011 година. Јас му се јавов на матичниот универзитет во САД да ми дадат отсуство за една година. Самакоски се предомислил, ми дава одказ без да ми кажи зошто, како, итн. Јас не можам да се вратам на работа во САД бидејќи веќе нашле друг да ме замени. Значи, чоекот ме обештети со плата за една година. Не ми ја даде последната плата, и не ми ги плати патните трошоци, како што стои во договорот. Слично се случи и со Пуигт. Самакоски му дава договор, му вика да си ја донеси фамилијата во Македонија и да продолжи со работа на УИНТ. После недела-две се премислува, го раскинува договорот. А сега истото се случува и со овие другите тројца. Што сето ова значи? Ова значи дека во Македонија законски потпишан договор не вреди ни колку хартијата на кој е напишан. За ова јас не ги окривувам ни Самакоски ни Давчев. Го окривувам системот што му дозволува да работат на тој начин. Било кој да е на нивно место би имал право да се понаша на таков начин, бидејќи системот тоа им го дозволува. Зошто мислиш дека после целиот овај скандал Давчев уште си го држи работното место? Затоа што системот тоа му го дозволува.

Е сега, кажи ми, нели е во корист за тие од странство што планират да се вработат во УИНТ да бидат обавестени за начинот на работа на системот. Не е чудно сето ова да се повтори и со некој друг ректор. Не е чудно некој од Англија, Франција, итн. да добие договор за работа со УИНТ идната година, да си ја донеси фамилијата тука, и уште на аеродром да му се речи дека договорот му е поништен. Мислиш ова е абсурдно? Е, ние странците ни на сон не размислувавме дека она што ни се случи би можело да се случи. Тоа за нас беше абсурдна замисла, се додека не се случи.

Во Америка има асоцијација на универзитетски професори. Мислам дека има нешто слично во сите западни држави. Овие асоциации се створени за да ги бранат правата на професорите. Таа во Америка се вика "American Association of University Professors". Асоцијацијата има црна листа на универзитети во Америка што не ги почитувале правата на професорите. Листата е јавна (http://www.aaup.org/AAUP/about/censuredadmins/). Кога професор бара работа на универзитет прво проверува дали универзитетот е на овај список. Ако е, нема шанса да се одлучи да се вработи таму.
Members of the Association have often considered it to be their duty, in order to indicate their support of the principles violated, to refrain from accepting appointment to an institution so long as it remains on the censure list.
Универзитетот е на тој список се додека не ги отстрани неправилностите

The list contains only administrations which are still under censure (many others have been removed from the list after improving their practices and procedures).
За македонските професори не им е баш ни потребно. Македонски универзитетски професор би прифатил било каква работа со било какви услови. За американската асоцијација на универзитетски професори најважно е почитувањет на две работи - почитување на договор и почитување на слобода на говор. Од неколкуте примери во УИНТ се гледа дека универзитетот немал, а нема ни да има намера да почитува договори со странски професори. А за слободата на говор не треба ни да зборуваме. Од написот на Етиен во Фокус и од мое лично искуство во сенатот на универзитетот, јасно е дека слободно изјаснување во сенатот многу лесно резултира во отказ. Како би можел јас да се изјанам во сенатот против ректорот кога истиот со само еден потпис можи да ми го поништи договорот?
 

GeorgeMitrevski

hello world
26 октомври 2011
68
17
ако само безвезе професори доаѓаат кај нас, кои што не се грижат што ќе работат на вакво место, тогаш што добиваме ние студентите?

За ова биди убеден дека сите ние навистина од се срце ве сожалуваме вас студентите. За ова сепак треба првин да ги обвините тие што ги вработиле. Додека јас бев таму, за вработување на странските професори одлучуваа Катерина, Драги и Атанас. Само тие правеа интрвјуа со кандидатите. Пак не ги обвинувам нив лично, го обвинувам системот на вработување на странски професори. Јас и Хилхаус седнавме со ректорот и со други да им објасниме како оди процесот на вработување професори во странство. Не сакаа ништо од тоа да прифатат. Преку разговор со Хилхаус дознав дека процесот бил ист и следната година. Значи, ако идната година дојдат без везе професори, сигурно дека студентите ќе страдат најмногу, али сепак вината ќе треба да ја барате прво во системот што ќи вработил. Задоволни бевте од Чокри? А од Хилхаус?

Имаше ширено разни лоши работи за работата на Клајд. Јас лично чоекот не го познавав. Не е чудно да бил и најголем измамник, немал диплома. А, мајку му, зошто не го обвинија онај што го вработил без диплома? Пак ќе кажам, не треба да се обвини тој што го вработил, него системот што му дозволува да вработува кого сака со било какви услови. Иронично е што после сите лоши работи кажани од УИНТ за Клајд, неговиот практикум сепак е уште дел од сајтот на УИНТ (http://www.uist.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=69&Itemid=25).


Или пак, еве да претпоставиме дека доаѓа подобра администрација(чие што доаѓање не е во никој случај поттикнато од оваа ваша акција на ширење лоша вест). Што може таа да направи, откако цел свет ја има најлошата слика за нашиот универзитет?

Пак ќе повторам. Решението не е во доаѓање на нова администрација, бидејќи проблемот не е во администрацијата него во начинот на раководење на институцијата. После Самакоски имаше огромна надеж дека Давчев ќе ги средил сите недостатоци во универзитетот. Разговарав со странски професори и други вработени во УИНТ што работеа и со Самакоски и со Давчев. Сите ме убедуваа дека состојбата била уште полоша од порано. Постои огромен страв меѓу вработените. Сменување на администрација е исто како она "The king is dead. Long live the king!" Мое лично мислење е дека за да се подобри ситуацијата има два начина.

Првиот начин е МОН да се откажи од идеата за универзитет кој ќе работи по Амерички трек. Нека биде сличен на сите други државни универзитети. Тој систем е веќе обработен административно. Тогаш не би имале проблеми со странски професори. А и не би имало потреба предавањата да бидат на англиски. Тоа би било подобро и за студентите. Повеќе студенти од регионот би се запишале да студират таму ако нема потреба од знаење на англискиот јазик. Повеќе и подобри македонски професори би имале можност да се вработат таму. Поевтино и за универзитето. Ќе нема потреба за плати од 2000-4000 евра месечно. Мое лично мислење е дека ова би било најдобро решение.

Вториот начин е униврзитетот навистина да се формира на база на америчкиот систем. Е, тука нема пола вака пола така. Значи, не е доволно само предавањата да бидат на англиски, него целата администрација да работи на амерички начин. Студиите и испитите да бидат формирани на америчкиот систем. И се друго. Ова по мое мислење тешко би се остварило заради неколку причини. Кога Груевски изрази желба за ваков универзитет мислам дека навистина појма немаше колку тоа би коштало. Почетна годишна плата на професор доцент во техничките науки се движи од 80.000 долари (за девет месеци) па нагоре. За редовен е барем дупло и повеќе. Е, сега нека одлучат колку професори од Америка сакат да вработат со толкави плати. Многу поевтино е да вработат професори од Иран, Ирак, Украина, итн. Редко професор од Америка би се вработил со договор за само една година. Привремените договори тука обично се за 3 години. Просто не му се исплаќа да преселува фамилија. За да се оствари универзитет на ваков систем мислам дека во никој случај не е можно со македонски административци. Професор како Давчев што работел цел живот на еден систем тешко може да се навикни да го смени начинот на друг систем кој е тотално различен. Нека има ректор македонец, али нека биде нешто како "figure head", да се грижи за финансиската состојба на универзитетот, за односите со МОН и содруги универзитети, итн., а се друго да му биде отстапено на луѓе од странство што имат искуство во работата на таков систем.

Нема друг избор.

Затоа и ве прашувам, зошто би превзеле дејствие кое не му носи добро на универзитетот, а со тоа и на идните генереации студенти?

Тука се лажиш. Секое отстранување на неправилности во универзитетот му носи само добро и корист, а не штета. Јас ти ветувам тебе и на сите други. Ако МОН одлучи да створи навистина нешто со што ќе се гордее, нас не има многу кои би придонесиле за тоа да се случи. Мислам, тука се македонски професори со искуство во странство, странски професори, странски универзитети со кои би соработувале, странски фондации за стипендии, итн. А со подржување на систем што дозволува прекршување на договори и плагијаторство, тешко тоа да се случи.
 

ProbePLayer

read-only
27 септември 2011
47
40
Благодарам за времето што го посветувате на оваа тема.

Тука се лажиш. Секое отстранување на неправилности во универзитетот му носи само добро и корист, а не штета.

Добро објаснавте како е академска должност да се знае вистината за секој универзитет, посебно за оние што се нарекуваат интернационални, за да секој има корист од тие информации, посебно идните професорите. Но јас прашувам повторно, бидејќи, искрено, можеби го пропуштив делот каде што објаснавте: КАКО вашата постапка го менува системот кој што според вас и според мене е причината за сегашната состојба?

Поздрав.
 

scandal

read-only
22 октомври 2011
45
3
@profesor Mitrevski, profesorot od UK Damian e dojden da raboti po licno zalaganje na profesorot Hilhause, a negovite bliski vrski so Ustijana koja na kraj go zafrkna :))) se poznati bidejki toj e toj koj ja falese Ustijana kako najdobar profesor i rabotnik :) Sepak sekoja cest za nejze, mu zede sve so i trebase i go otkaci i nego i Rana :) Zatoa profesore za nekoi raboti za koi sto ne ste sigurni ne bi trebalo da posocuvate luge. Jas licno ne veruvam vo razreshuvanje na slucajot vo Ohrid.
 

LionMKD

read-only
14 октомври 2011
16
4
@profesor Mitrevski, profesorot od UK Damian e dojden da raboti po licno zalaganje na profesorot Hilhause, a negovite bliski vrski so Ustijana kкако шoja na kraj go zafrkna :))) se poznati bidejki toj e toj koj ja falese Ustijana kako najdobar profesor i rabotnik :) Sepak sekoja cest za nejze, mu zede sve so i trebase i go otkaci i nego i Rana :) Zatoa profesore za nekoi raboti za koi sto ne ste sigurni ne bi trebalo da posocuvate luge. Jas licno ne veruvam vo razreshuvanje na slucajot vo Ohrid.

Немора да коментираме за демиан .... сите знаеме дека тој си е еден вид маскота на Универзитетот, т.е. тој воопшто не се замара дали устијана или хилхаус или митревски ке предавале.
Што се однесува до Чокри, единствен што ми паѓа на памет за споредба со него е Дилон, кој беше еден од првите, заедно со митревски и хилхаус. Не е страшно што Чокри, некој без да го познава го вработил, а откако видел каков е без око да му трепне го отстранил, се со цел да го спаси Универзитетот од професори како него т.е. Ш класа професори. Пострашното е што Устијана која беше негова асистентка, и која е многу задоволна од неговите предавања и се восхитуваше на неговите дела, успеа да го најди и повторно да го врати на Универзитетот. Доколку професори како Чокри и Дилон се врата на УИНТ, ставрно најтешко ке биде за нас студентите, бидејки сите ги знаеме способностите на тие професори .... Доколку е вистина дека Чокри се врака од нареден семестар (како што е наведено на веб страната на УИНТ) јас наредниот ден си ги подигам документите од таму ....
 

scandal

read-only
22 октомври 2011
45
3
па јас се чудам и после сите закани на студентите за кои скоро секаде се зборува,дури и тука, како уште чутат, до сега на запад револуција ќе имаше. Како можат да се пратат лажни анкети на Премиерот и никој да не одговара, тоа е крај нема потреба од зборување.Затоа ние не сме ни во Европа ни во НАТО немаме минимална еволуција за демократија и човечки права.
 

GeorgeMitrevski

hello world
26 октомври 2011
68
17
Доколку професори како Чокри и Дилон се врата на УИНТ, ставрно најтешко ке биде за нас студентите, бидејки сите ги знаеме способностите на тие професори .... Доколку е вистина дека Чокри се врака од нареден семестар (како што е наведено на веб страната на УИНТ) јас наредниот ден си ги подигам документите од таму ....
А, да прашам, ако Чокри на студентите не им се бендисува, зошто морате да бегате од универзитетот? Зошто не му се обратите на претседателот на парламентот да направи една анкета, како она за тие другите тројцата, па да се види нивното мислење за него? Ах, да, се сетив! Тој можи да прави само нарачани анкети со нарачани резултати. Али, да бидеме сериозни. Зошто не се соберите вие неколку што не сте задоволни од него, да направите ваша анкета, може да биде анонимна, пратете му ја на ректоратот па да видиме како ќе реагират. Нели е ваше право да се изјасните што мислите за вашите професори? Главно е вие да си го кажите вашето мислење, без разлика дали ректоратот ќе го прифати или не. Let your voice be heard!
 

GeorgeMitrevski

hello world
26 октомври 2011
68
17
toj e toj koj ja falese Ustijana kako najdobar profesor i rabotnik
Да ти кажам право, и јас додека бев таму го имав истото мислење за Устијана. Ми изгледаше една од најсериозните асистенти, имаше студирано во САД, позната со системот таму, се залагаше за подобрување на состојбите во универзитетот... Али, "To know what a person is really like, first give him absolute power and see what he does with it." "Power corrupts; absolute power corrupts absolutely".
 

scandal

read-only
22 октомври 2011
45
3
Устијана се залагашае за подобрување на состојбите на универзитетот????????? Многу ме интересира на кој начин и како професоре. Жално е навистина што кај нас не се цени работата и реалниот квалитет, туку се цени оговарањето и “фалиме усто или ќе те распарчам“. По се изгледа Речкоска Устијана добро сите ве “одработила“ :)
 

uist-mk

read-only
12 октомври 2011
15
1
Ајде сега ве молам не се правдајте. Сите ги знаеме интелектуалните можности на устијана, кој може таа да „одработи“? Па од најмладиот студент до најстариот професор знаат како е дојдена на дадената позиција.
Па професоре каде имала во САД студирано??? Во таа една година додека бевте не забележавте дека ништо не знае англиски ?
 

GeorgeMitrevski

hello world
26 октомври 2011
68
17
Ајде сега ве молам не се правдајте. Сите ги знаеме интелектуалните можности на устијана, кој може таа да „одработи“? Па од најмладиот студент до најстариот професор знаат како е дојдена на дадената позиција.
Па професоре каде имала во САД студирано??? Во таа една година додека бевте не забележавте дека ништо не знае англиски ?
Не сум информатичар, не и го знам знаењето во таа сфера. А од нејзиното CV се гледа дека во Америка студирала во 1998-1999 во Arizona State University во Tempe.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв