• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Универзитет за Информатички Технологии – Охрид

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
676
Ова ме потсетува на бившиот руски претседател Горбачев. Човекот се залагаше да ја подобри ситуацијата во Русија со подобрување на комунистичкиот систем, а не беше свесен дека проблемот беше во самиот систем.
Проблемот на тој систем не е во самиот систем, туку во моментот од човековата еволуција кога тој стапи на сцена. Размисли повеќе околу тоа. Еволиција - технолошка и психичка.
Проблемот е всушност во самата психа на човекот, лакомоста, алчноста...Тој систем е врв, совршен систем.
 

pocttopus

Gaining Experience
21 мај 2010
458
100
Skopje, Naboo
се надевам дека сега дојдовме приближно до некоја златна средина во муабетот. статистиките секогаш се работа на медиумите и со нив ништо посебно не може да се заклучи, но понекогаш може да се земат како помагала да се дојде до некакво решение. овој пат мојата поента не се водеше врз водењето статистики. но, и врз основа на нив се обидов да дадам некаков одговор при кој се надевам дека горе-доле ми ја разбравте поентата.

дека луѓето во америка не знаат колку страни има триаголникот тоа е факт и за тоа е виновен нивниот систем, нивното воспитување, нивната култура...а ние во никави услови знаеме да решаваме тајлоров и маклоренов ред, парцијални изводи, двојни интеграли... па како за безпари и систем кој тоне, мислам дека и не сме така лоши. а замислете не како би било кога би работеле во посовремени услови. ;)

а што се однесува до македонија и образовниот систем во неа, јас и понатаму си ја сакам, каква и да е, каде и да е... иако ми недостасува по малку, па се надевам дека еден ден и јас на неа ќе недостасувам како таа на мене сега. ;)

Делумно се слагам со ова и се другото во твојот пост. Поентата на статистиката ми беше да го негирам она од pocttopus дека образованието во Америка не било баш толку добро бидејќи луѓето сепак не знаеле колку страни има триаголник. Странците доаѓаат да студираат во Америка воглавно заради квалитетот на образованието. Точно е дека до некоја мера квалитетот на образованието зависи од животните услови во државата. Али сепак тврдам дека без разлика колку пари државата би фрлила во образованието во Македонија, нема да има голем успех бидејќи најголемиот проблем е во самиот образовен систем. Мислам дека експериментот со УИНТ го потврди ова. Нека вработуваат професори од светски ранг со слични плати, нека градат десетици суперкомпјутери како онај на Самакоски за кој читавме ланската година. Ништо од тоа нема да има корист без смена на образовниот систем. Ова ме потсетува на бившиот руски претседател Горбачев. Човекот се залагаше да ја подобри ситуацијата во Русија со подобрување на комунистичкиот систем, а не беше свесен дека проблемот беше во самиот систем. Моментално во Македонија нема услови за подобрување на образовниот систем, и што е пожално, нема ни желба за тоа. Целиот систем работи со глумење. Државата глуми дека редовно вложува напори за подобрување, професорите глумат дека предаваат, и така на крај сите задоволни, освен студентите.
 

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
676
дека луѓето во америка не знаат колку страни има триаголникот тоа е факт и за тоа е виновен нивниот систем, нивното воспитување, нивната култура...а ние во никави услови знаеме да решаваме тајлоров и маклоренов ред, парцијални изводи, двојни интеграли... па како за безпари и систем кој тоне, мислам дека и не сме така лоши. а замислете не како би било кога би работеле во посовремени услови. ;)
Прво и прво - неможеш од 10 испитаници ти донесеш заклучок за цело население.
Второ - ниту ти ниту било кој на овој форум не знае доволно математика за да може да ја употреби во научни цели. Основно е тоа што нема каде да ја употреби, а и кога би имало каде, никој не знае доволно бидејќи се учи недоволно. Кај нас се учи од се по ништо. Се учиме, а фактички ништо не знаеме доволно детално за можеме да го употребиме. Знаеме доволно за чаршиски муабет. Напредна математика не се користи речиси никаде освен во научни и истражувачко-развојни центри. Кај нас нема ништо од тоа. Во САД, има, и тоа многу. Тој што е способен да ја совлада таа материја, ќе совлада подобро од сите овде кај нас и ќе работи како истражувач. Нема да остане цел живот како некогашен студент на фамозното електро којшто некогаш решавал многу тешки интеграли и проблеми од електроника. Што со тоа што решавал? Тој нема да го повторува тоа и нема да го знае бидејќи нема никаде да се сретни повеќе со таа проблематика. Кај нас има многу амбициозни млади луѓе, но самата помисла дека никаде нема да го употребат( кај нас ) се доведени до ситуација кога кај нив полека полека, желбата за истражување ќе згасне. Или- ќе заминат во странство каде целата таа теорија која се жедни да ја изучуваат ќе ја употребат и во пракса...
Нашиот мизерен систем, не само образовен, е систем на континуирана деградација. Деградација на сите полиња на живеењето. Живееме во ера кога вредностите се максимално деградирани. Образованието на хартија е подобро од порано бидејќи има повеќе можности, во секоја кооперација има дисперзирани студии. Кажав зошто се отвораат нови факултети, а тоа дефинитивно не е за да биде (не)образованието попристапно. Каде, нека ми каже некој доколку е повеќе информиран за тоа, во светов има можност да се заврши правен факултет без да се изговори ниту една реченица на испит пред професор? Каде има економски факултет со заокружување? Каде има медицински факултети каде се запишуваат исклучиво лица кои генетски ја наследиле способноста да бидат доктори? Каде има машински факултет на кој се изучуваат секакви глупости, а ништо од постојната индурстрија во државата? Каде има електро-технички факултет на којшто насоката за програмирање е најатрактивна( ако не постои таа во рамките на ЕТФ, тогаш тој факултет може слободно да се расформира поради незаинтересираност, што е последица на немањето перспектива)? Тоа е ужасен систем. Каде во светот не се наградени квалитетните студенти и ученици? Каде во светот информатичарите се ценат повеќе од инженерите? Голем дел од најдобрите програмери се дипломирани инженери. Кое е**** информатичко општество кога од можностите на истото се користат само 5%....
Ако продоложам со изложување на факти, ќе треба да пишувам многу. Во нашава државичка, се е поврзано и испланирано, така добро и убаво, да криминалните групи си обезбедат долга и безгрижна власт. Младата храбра интелегенција заминува во странство, додека тука останува оној дел којшто е немоќен да го победи овој систем на апсолутистичка власт и демострирање на моќ со пресии и заплашувања на партиски војници , кои патем, покрај тоа што имаат криминално досие, имаа и диплома од некој факултет, па така, кога некој од тие помалку-бројните ќе сака да се вработи, ќе има еднакви можности црно на бело. Никој нема да ги испрашува кој колку знае. И така во државава нема потреба од многу квалитет, може лесно да се забележи дека се што се отвора се производни сериски капацитети. Ниту трага ниту глас од развоен центар, нешто за коешто ќе бидат барани екстремно талентирани кадри. А што мислите - зошто во нашата земја нема развојни центри? Која странска фирма да отвори R&D кога никој не го цени нашиот образовен систем. Зарем тоа за тебе, Mr.pocttopus, не е доволен показател за тоа на кое рамниште сме ние споредени со останатиот свет?
Во нашата држава, системот е катастрофален. Ќе биде уште полошо кога вашите другари кои основно и средно завршиле со 2ки, ќе му бидат учители на вашето дете. Тогаш вистинските наставници ќе бидат покојни, вашите деца ќе учат од недоквакани, а ако сакате да му обезбедите квалитетно образование на детето, ќе треба да платите поприлична сума во приватно училиште. Ама, нема да можете, бидејќи не се вклопувате во системот, и нема да можете да си дозволите( во најголем дел). А тие што ќе имаат, оние со оштетен ген, нема да сакаат нивното дете да се нервира ( бидејќи и тоа има оштетен ген) и да има реални ниски оценки, па ќе си го запиши каде што е полесно - во државно. Патем таму наставен кадар ќе бидат нивните блиски партиски пријатели. Па нели е ова прекрасен систем? За кој како.
 

scandal

Intern
22 октомври 2011
45
3
Охридскиот Универзитет требаше да биде баш почеток на влегување на американско-европски начин на високо образование со R&D центри, но како што све бива кај нас и тој проект го уништија баш на начин кој добро го имаш елаборирано зоран. И уште кога гледаш дека иако се одвиваат незаконски процеси во таа институција, јавно се кажуваат, а Министерот ги поддржува, јасно ти е каде живееш и зошто сите квалитетни луѓе ни се надвор од државава. Жално за младината која се уништува од корен а на неа треба да се базира државата понатака, па ете јасна ти е иднината на земјичево.
 
26 октомври 2011
68
17
Писмо од професорот Peter Bock до амбасадорот Зоран Јолевски во Вашингтон и до International Advisory Board (IAB) на УИНТ.

from: Peter Bock [email protected]
sender-time: Sent at 11:57 AM (UTC). Current time there: 6:16 PM. ✆
to: Zoran Jolevski <[email protected]>
cc: Aleksandar Stefanovski <[email protected]>,
Antonio Sanchez-Aguilar <[email protected]>,
Alice Armstrong <[email protected]>,
Fridolin Piwonka <[email protected]>,
Peter Bock <[email protected]>
date: Thu, Jan 5, 2012 at 11:57 AM
subject: betrayal

Zoran:

The links below and the various newspaper interviews are just a few examples of the changes that Davcev and his corrupt cronies have made at UIST, which now lies in academic ruins. Their arrogance and distortion is disgusting! The evidence of their administrative and academic misconduct is simply overwhelming. Instead of instantly firing those who set this scam up, your government has insulted the UIST and the worldwide academic community by allowing this to happen. And the victims are the students. Shame on your government!

The Macedonian system of state universities is now regarded as deeply corrupt by the European academic community: they all know full well about the flagrant and repetitive plagiarism that has corrupted UIST, and before that in the other universities (see two examples below). I am surprised that David Cohen even stood next to these two academic phonies. The downfall of UIST is another indelible stain on the reputation of the government of Macedonia.

I want you to know I intend to do everything in my power to prevent students from falling into this poisonous nest of vipers. I know I have the support of much of the European academic community, who will help me steer students clear of this atrocity.

I am completely aware of the deep corruption in your government and academic community. I have known about this condition for a long time, despite your fervent denials. Tito still rules the psyche of Yugoslavia. How sad.

And despite your assurances that all would be "set right," you are a participant in this fraud. By standing publicly mute in the face of this academic abortion, you support it: silence is assent. You have betrayed your "baby," as well as the students, the IAB, and ultimately, your country. Of course, I trust your beloved right-wing Party is doing just fine. Sieg Heil!

I have asked that all references to the IAB be removed from the UIST website.
 

Zee

Intern
10 септември 2010
209
21
Shame on your government!

I have asked that all references to the IAB be removed from the UIST website.
Epa toa e toa. Ovoj univerzitet so ovaa postapka go izgubi megjunarodniot legitimitet. Sega oslonete se na lopovskata familija Reckovci da ve uchat kako se studira na zapad.

Od pregolemite siluvanja i apetitite na nepismenite vmrovci ovoj univerzitet vekje de fakto ne postoi.

Da se nadevame deka ovoj pat Recko nema da dojde so kola da sobira plocki i kamenja od pred univerzitetot...
 

ProbePLayer

Intern
27 септември 2011
46
7
Се повеќе мислам оној со фенерот Diogenij да ти го згрешил милениумот. Сега треба да се бараат чесни луѓе повеќе од порано.
 

pocttopus

Gaining Experience
21 мај 2010
458
100
Skopje, Naboo
пола македонија е невработена и никој не го интересира тоа, па не знам сега што е тоа толку важно што на тој список има плус еден невработен!?

ако воопшто бил избркан...
 

LionMKD

Intern
14 октомври 2011
16
4
Слушам Игор Димовски добил одказ од УИНТ. Дали некој знае што е причината?
Igor Dimovski i Ager bea edni od retkite sto drzea nekakov standard i na predavanja i pri ocenuvanje. Najverojatno toa ne mu se dopagase na plagijatorite kako Ustijana i Davcev i resija i dvata da gi otstranat. Sega vo UINT za studentite tece "med i mleko", po golem del od predmetite prosekot e 10.0, t.e. sekoj sto se javil na ispit ima 10ka (tuka mislam na najvaznite predmeti kako pr. programiranje a ne na minorite), a po ostanatite predmeti ima i po nekoja 9ka i 8ka. Vaznoto e sto nikoj ne paga na ispit, a kolku ke naucime to ne e vazno, vazno e diploma da zemime. Zalno e ova sto se slucuva vo momentot na UINT, ama koga ne se prezema nisto od najgore iako kako sto gledame od vasite postovi profesore site se zapoznaeni, sto mozeme da prezememe nie studentite ......
 

pocttopus

Gaining Experience
21 мај 2010
458
100
Skopje, Naboo
многу се вртите во круг кој добил отказ, а кој не бидејќи дај боже единствената црна точка да беше овој универзитет, ама за жал не е така. целиот образовен систем страда, и професори и студенти. некој сигурно се офајдува во вакви ситации ама никој ништо не превзема туку само се кука и се чека некој да дојде да ни го дотера умот.
 

ProbePLayer

Intern
27 септември 2011
46
7
иако целосно во право, многу си трол pocctopuss со последните два поста. Па темава е токму за универзитетов ,и прашањето на професорот е на место. Нормално дека рибата смрди од главата(барем тоа го научив овде).

Јас незнам дали го отпуштиле на професорот Игор, или своеволно си заминал. Колку што знам тој работи во Семос академија(Самакоски), и 100% сигурен сум дека таму му е супер, за разлика од овде. Зошто? затоа што Игор е човек што сака да подучува(и знае, и тоа како), а не да позборува три часа неделно и да си зема плата.
 

alazki

Intern
8 декември 2010
30
3
@ProbePLayer ... Колку само не... Игор работи во Микросам академија , Семос е на БЦ.

Друго. Како успеа новата генерација да има само 1/3 од вкупните студенти да се положени по предмет и меѓу нив успехот да е со во просек три 10ки , пет 9ки и надолу по пропорција ? Очигледно имаме нормализирање, а успехот на постарите генерации најверојатно се должи на еден вид оштета за предходните години поминати во тиранија...

Кога ќе се информирате целосно, тогаш слободно давајте критики. Дали се позитивни или негативни , базирајте ги на ФАКТИ , а не на ЛАГИ ОД ТРЕТИ ЛИЦА ...
 

pocttopus

Gaining Experience
21 мај 2010
458
100
Skopje, Naboo
добро, а може ли да пренесеш информација од прва рака како се одвива наставата таму? во темава ама баш ништо не се спомнува околу некоја материја од некаков предмет, некаков испит, било што! само се шпекулира. мене не ме интересира кој ги прави работите туку како се прават.

дали на факултетот се одржува настава и на пример што се работело на некој час па да се спореди таа програма со некоја програма од друг факултет во државава за софтверско инжењерство и врз основа на тие информации другите да оформат свое мислење. се останато е беспотребно...

конкретен пример да даде некој како научил нешто од предавање на факултетот јас тука не видов.

пс - не те разбирам, што е тука рибата?

иако целосно во право, многу си трол pocctopuss со последните два поста. Па темава е токму за универзитетов ,и прашањето на професорот е на место. Нормално дека рибата смрди од главата(барем тоа го научив овде).

Јас незнам дали го отпуштиле на професорот Игор, или своеволно си заминал. Колку што знам тој работи во Семос академија(Самакоски), и 100% сигурен сум дека таму му е супер, за разлика од овде. Зошто? затоа што Игор е човек што сака да подучува(и знае, и тоа како), а не да позборува три часа неделно и да си зема плата.
 

ProbePLayer

Intern
27 септември 2011
46
7
@ProbePLayer ... Колку само не... Игор работи во Микросам академија , Семос е на БЦ.
Упс, утка со името, али да знаеш на тоа мислев, Микросам.

Друго. Како успеа новата генерација да има само 1/3 од вкупните студенти да се положени по предмет и меѓу нив успехот да е со во просек три 10ки , пет 9ки и надолу по пропорција ? Очигледно имаме нормализирање
Не знам за прва година. Ако е така, тогаш добро за нив.

, а успехот на постарите генерации најверојатно се должи на еден вид оштета за предходните години поминати во тиранија...
Значи признаваш дека нешто не е во ред со нашите оценки. Јас целосно се сложувам. Само, ти го кажуваш тој "надоместок" како нешто целосно нормално. Ти го протнуваш тој факт како да го заслужиле постарите генерации, па сега да звучи оправдано. Е за тоа не се сложувам. И мене ми е десет пати полесно годинава, да. Дали треба да му се заблагодарам на некого за тоа? Не, затоа што не е важно дали јас ќе поминам или не.

Ако не ме бива, треба да го сватам тоа, а како подобро од објективно и транспарентно оценување по некои веќе проверени добри стандарди? Е ама тоа го нема кај нас. На крај од семестар донесоа одлука како ќе биде оценувањето, додека претходните години во септември знаевме кој ден што има, кој тест кога е, како ќе се оценува секој предмет. Тоа е факт наречен syllabus и ти го знаеш тоа.
 

ProbePLayer

Intern
27 септември 2011
46
7
пс - не те разбирам, што е тука рибата?
па секој ваков проблем со образованието. некој дал аманет од асистент за еден ден да се стани проректор, и сл.

а за примери колку сме научиле, тоа искрено не знам. Треба практично да се споредиме со некој друг факултет од иста бранша, па да сватиме колку сме назад или напред.

Е тоа би било добро. Ама на кој да му текни.
 
26 октомври 2011
68
17
Ево уште едно писмо од професорот Петер Бок до раководството во УИНТ и други:

Sun, Jan 15, 2012 at 8:12 PM, Peter Bock <[email protected]>
Immediate removal of material from the UIST Webpage
To the Administration of the University for Information and Science in Ohrid:
At the explicit request of the Prime Minister of Macedonia, Nikole Gruevski, in the summer of 2008 the International Advisory Board (IAB) established the original (not the current!) design for a new University for Information Science and Technology (UIST). In August of 2008 the complete IAB proposal was presented to the Prime Minister (attached). Later in the Fall of 2008, at the request of the Prime Minister, the Macedonia Parliament approved this design for UIST (a matter of legal record), and Prof. Dr. Blagoja Samakoski was appointed Rector of the new University. Work began immediately on the construction of the campus in Ohrid and the implementation of the pedagogical and administrative components of UIST.
This project was quite successful in its first 2 years. However, wishing to return to industry, Prof. Dr. Samakoski tendered his resignation to Prime Minister Gruevski in November of 2010. Fully aware of the impact of this decision, Prof. Dr. Samakoski agreed to serve as Rector until the Minister of Education had conducted a formal search to find someone of sufficiently high academic and personal integrity to replace Prof. Dr. Samakoski, not an easy task. Eight months later and at the last minute in August 2011, the Minister of Education, Pance Kralev, made a last-minute decision and appointed Danco Davcev as Rector.
Since that moment, UIST has been plagued with political intrigue, massive firing of foreign professors, rampant nepotism and cronyism, intimidation of students for protesting poor conditions, and a complete abandonment of the original design of UIST made by the IAB and approved by Parliament in 2008. As the situation quickly deteriorated, the professors who had been summarily fired by Davcev had discovered a large number of examples of flagrant plagiarism by the Rector, Vice-Rector, and several Macedonian professors. UIST has become a fraudulent institution, and the students will find their degrees invalid anywhere in the world, except Macedonia.
In the meantime, the Government of Macedonia has done nothing to correct this misconduct.
Thus I come to the purpose of this letter. In the face of the overwhelming evidence of academic misconduct, intimidation and mistreatment of faculty and students, and repeated flagrant plagiarism by the current administration and many faculty members of the University, the IAB wishes to dissociate itself entirely and without exception from UIST in any form. We demand the immediate removal of all references to the members of the IAB and their home institutions, as well as all text, pictures, and descriptions of their roles in the establishment of the original UIST. This original design bears no resemblance to the current fraudulent operation and abysmal academic standards of UIST.
Attached are several images in which the areas to be redacted are highlighted in red rectangles. We also expect all other references to any member of the IAB to be removed from all webpages and publications of UIST.
Please remove all requested information from the UIST webpages immediately. Many of our colleagues are BCC'd on this message, including those who have been plagiarized, several EU officials, and the administrations of many universities around the world. I have also included several journalists in this list, who are free to quote from this letter in any way they wish. We will all be watching for the redaction of the indicated material. I will check every day. Do not delay.
For all the members of the IAB,
Peter Bock

Chair, International Advisory Board


Professor Emeritus of Engineering

Department of Computer Science
The George Washington University
Washington DC 20052
++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++
 

alazki

Intern
8 декември 2010
30
3
@pocttopus Предавањето, испитите, материјалот, тежината се комплетно исти со тие на ФИНКИ, само на англиски јазик како што е и самата литература од повеќето предмети на финки. И двата факултети се разликуваат со ФЕИТ , со тоа што се избегнува теорија и такви испити.

Јас незнам што имате толку против универзитетот професоре Митрески, очигледно дека вложувате огромен труд да го оцрнете и како второ, незнам кој воопшто контактирал со Питер Бок за ова , но очигледно некој му ја свртел целата слика однопаку :D
 
26 октомври 2011
68
17
Јас незнам што имате толку против универзитетот професоре Митрески, очигледно дека вложувате огромен труд да го оцрнете и како второ, незнам кој воопшто контактирал со Питер Бок за ова , но очигледно некој му ја свртел целата слика однопаку :D
Не е коректно да го сфаќаш ова што го правиме јас, професорот Бок и другите како труд да го оцрниме универзитетот. Баш обратно. Ова е само презентирање на факти за работата на индивидуалци во универзитетот, во МОН и во Владата. Пред две години Самакоски проба да не убедува дека ако јавно речиме нешто што е спротивно на неговото мислење, тоа е оцрнување на него, на МОН и на Владата. Вие како студенти треба еднаш за секогаш да сватите дека, иако ова е типичен начин на соочување со истомисленици, ова не е демократски начин на работа на високо образовна институција. Ако нема демократија во високо-образовната институција каде што треба да има размена на разни мислења без никакви последици, како очекувате да има демократија во општеството? Наместо вие, како студенти, како идни носители и бранители на демократијата во државата, да се буните, да протестирате, вие ги подржувате луѓето што ви ја кратат демократијата, луѓе што немат никакво морално право да се нарекуват “професори“, а камоли ректори и проректори. Прашај те се самите себе си, дали можите јавно да си ги изјасните вашите лични мислења кои се спротивни на оние од Ректоратот без да има некакви лични последици? За време на комунизмот во Русија имаше еден виц. Американец разговара со русин за демократија. Американецот вели “Во Америка јас имам демократско право да го пцујам претседателот Реган.“ Русинот му одговара, “И јас во Русија го имам истото демократско право да го пцујам претседателот Реган.“

Јас ич не се сомневам дека тебе, а можеби и на повеќето студенти на УИНТ работите ви одат онака како што треба. Сосема сте задоволни од работата на Ректоратот и на професорите. Тогаш слободно подржувајте ги. Ако мислите дека на Бок некој “му ја свртел целата слика однопаку“, јавате му се и кажете му ја вистинската слика. Ако тој добил некои фактички грешки за УИНТ, земете си должност да му ги дадите точните факти.

Ако те интересира зошто професорот Бок го прави ова, слободно јави му се и прашај го. Адресата е горе во претходниот пост. Биди убеден дека професорот Бок и јас немаме ни корист ни штета од се што се случува на универзитетот. Знам дека сите наши залагања ти се чудни, нарочито бидејќи освен еден весник никој во Македонија не кренал ни глас за ова. Не сум чул ни еден пример од професор од УИНТ или од Македонија да се изјасни за ова, за или против. Страм да им е! А зошто ние, што немаме никаква врска со универзитетот? Тоа можат да го сватат само луѓе што работат во образовни институции каде преовладува демократијата.

Jас сум член на Amnesty International. Не знам дали ти е позната организацијата. Еднаш неделно пишувам писма до министерства во држави што не би можел ни да ги најдам на карта за подршка на затвореници што не сум ги видел ни познал. А зошто го правиме тоа секоја недела јас и стотици илјадници луѓе низ цел свет кога немаме никаква лична корист од тоа?
 

alazki

Intern
8 декември 2010
30
3
Професоре, како студент на универзитет за информатичка наука најмногу го осудувам импровизирањето, што во вашата струка на јазиците е многу често. На што всушност ги базирате вашите ставови ? Сте прашале некој студент кој не бил запишан во времето на Самакоски ? Дали воопшто прочитавте дека во писмото на Бок, се гледа дека тој ги осудува сегашните академски случувања, а ги возвишува оние на предходната администрација ? Тоа е најголемата глупост на еден универзитетски професор како што се нарекува, а да не ги разгледа сите страни и агли на случката.
Вие лично сте сведок што се случувало со предходниот ректор, а ги потврдувате ставовите на Бок дека Самакоски бил тој што го водел универзитетот во права насока. Ако беше брод универзитетов, тој го водеше во насоката кон дното...
Проверете си мислењата пред да пишувате нешто. Јас мразам лаги кои се презентираат во јавноста и се чувстував одговорен да ги напишам овие факти. Не можете мене како сведок на сите случувања низ сите 3 години постоење да ми го смените мислењето која администрација е подобра.
И како што викате, во Амнести можете многу повеќе да помогнете, па би Ве замолил да си ја насочите енергијата таму и да се борите за човековите права во полоши земји.
Ве убедувам дека и ние Македонците сме интелектуално способни , дури и повеќе од Американците да се бориме за доброто за сите во оваа наша мала држава.
 
26 октомври 2011
68
17
На што всушност ги базирате вашите ставови ?
Не можам да го повторам сето она што беше постувано тука претходно од мене и од други. Добро би било да прочиташ неколку страници на назад во форумов.



Сте прашале некој студент кој не бил запишан во времето на Самакоски ?
Како што кажав во мојот пост, ич не се сомневам дека на многу студенти им е добро на УИНТ, нарочито на оние запишани после Самакоски. Само би сакал да прашам ова: Искрено кажано, дали е сега можно и дозволено од Давчев и Устијана да се прашат со тајна акнета сите студенти, и оние од времето на Самакоски и оние сегашните, да си го кажат своето мислење за случувањата на УИНТ, за Ректорот, за проректорката, за отказите на професорите, итн., и тие мислења да бидат јавно објавени?




Дали воопшто прочитавте дека во писмото на Бок, се гледа дека тој ги осудува сегашните академски случувања, а ги возвишува оние на предходната администрација?
Во право си тука. Не се слагам со Бок, тој многу добро го знае моето мислење за Самакоски. Исто си во право дека тој го водеше универзитетот во дното.



Тоа е најголемата глупост ..., а да не ги разгледа сите страни и агли на случката.

И тука си во право. Ако има други страни и агли на случката, треба некој да му ги обавести нему и во јавноста. Како што реков претходно, сите ја имате неговата дреса, обавестете го. Пред некој ден му се јавил Игор да го обавести дека Давчев му дал отказ, му казал зошто, како, итн. Ако има друга страна и агол за оваа случка, треба некој да му ја кажи на Бок и на јавноста.

ги потврдувате ставовите на Бок дека Самакоски бил тој што го водел универзитетот во права насока.
Од каде сега ова дека ги потврдувам ставовите (сите) на Бок? Прочитај ги сите мои претходни постови на форумов и точно ќе видиш што потврдувам, што не.

Не можете мене како сведок на сите случувања низ сите 3 години постоење да ми го смените мислењето која администрација е подобра.
Јас лично не правам никаква споредба помеѓу Самакоски и Давчев. И да се сложам дека ситуацијата сега е многу подобра него во времето на Самакоски, тоа не значи дека тоа му дава право на Давчев да владее онака како што сака, без да почитува договори, правила, закони, академска слобода и демократија. Ова ме потсеќа на разговор помеѓу три жени. Разговарале како сопрузите ги малтретирале. Едната вели дека мажот и ја тепал скоро секој ден. Другата дека ја тепал само еднаш неделно. И завидувале на третата бидејќи таа била тепана само еднаш месечно.

Ве убедувам дека и ние Македонците сме интелектуално способни , дури и повеќе од Американците да се бориме за доброто за сите во оваа наша мала држава.
Се слагам дека Македонците се “интелектуално способни“ да се борат за доброто за сите. Али не се согласувам дека се способни да го прават тоа активно. Лесно е да се бори со пишување во форуми и во колумни, али тешко е да се бори за доброто и за правдата на улица.[/quote]
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,698
Мислења
848,919
Членови
29,431
Најнов член
XFXRX580
На врв Дно