1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телевизори (искуства, препораки, совети, мислења...)

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од JovanKrstevski1, 27 ноември 2013.

  1. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,402
    3,237
    11 Декември 2008
    Машко
    На 40 инчи нема да се осети ништо разлика од 1080п до 4к.

    Од тие двата, самсунгот е подобар, има солиден VA панел, одличен контраст и бои, брз Tizen OS со преинсталирани Netflix/Youtube апликации кои одлично работат. За гледање филмови од USB или стримање од PC, е многу подобар од сонито, чита разни формати, прегледно ги сортира, лесно вчитува преводи.
     
  2. Rukfash

    Rukfash
    Intern

    46
    22
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Тука ногу си грешка. Ја имам 40 инча 1080п Тв Хитачи, кој дава квалитетна слика, и одамна веке несум задоволен само од 1080п. Сум гледал 4к на 40 инча и секако се познава.
     
  3. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,402
    3,237
    11 Декември 2008
    Машко
    Ако го гледаш од пола метар може и ќе приметиш разлика.
     
  4. cyberbaze

    cyberbaze
    Intern

    83
    47
    20 Јуни 2009
    На 15 цм од телевизорот, уште поголема разлика :)
     
  5. Rukfash

    Rukfash
    Intern

    46
    22
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    :confused:
    Абе јас лично неби 40 инча за 4к, Али дефинитивно ке има поубава слика.
     
  6. Pane-G

    Pane-G
    Gaining Experience

    914
    402
    9 Мај 2012
    Машко
    Ако гледаш на еден метер или квалитетен сигнал од операторот се гледа разлика значи што поголема над 50 инч и те како е неопходна 4к


    Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
     
  7. polymath

    polymath
    Intern

    38
    9
    26 Февруари 2018
    Машко
    Овие карактеристики мислам дека се доволни за да може да се заклучи дека Samsung-от би бил подобра опција:

    1. Panel bit depth: SONY: 8 bits vs SAMSUNG: 10 bits (8 bits + FRC)
    2. Colors: SONY: 24 bits vs SAMSUNG: 30 bits
    3. FRC: SONY: No vs SAMSUNG: Yes
    4. Pixel density: SONY: 55 ppi (21 ppcm) vs SAMSUNG: 110 ppi (43 ppcm)
    5. HDR: SONY: HDR vs SAMSUNG: HDR + HLG (Hybrid Log Gamma)
    6. Resolution: SONY: Full HD / 1080p vs SAMSUNG: UHD / 4K / 2160p
    7. CPU cores: SONY: / (не знам дали не е наведено, или нема) vs SAMSUNG: 4
    8. Speakers: SONY: 2 x 5 W vs SAMSUNG: 2 x 10 W
    (NOTE: SONY има сѐ од SAMSUNG + Bass reflex, Dolby Pulse, DTS Digital Surround)
    9. Препознава повеќе и видео и аудио формати

    Единствено што ми мати очи е:
    X-Reality PRO, 400Hz Motionflow XR и Pixel Pitch (во прилог ќе споделам слика со Pixel Pitch specs)

    Прашањето е дали овие 3 работи можат да придонесат за SONY да има подобра слика (со повеќе детали, острина на слика, бои etc.) Имам читано дека X-Reality PRO значително го поправа квалитето на сликата.


    SONY лево & SAMSUNG десно Screenshot_2019-02-05 Comparison between 40 Sony KDL-40WE663, 40 Samsung UE40MU6400.png
     
  8. polymath

    polymath
    Intern

    38
    9
    26 Февруари 2018
    Машко
    Ваков одговор добив на друг форум, во двоумица сум :mad:

    Screenshot_2.png
     
  9. Rukfash

    Rukfash
    Intern

    46
    22
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Шо има да двоумеш? Земи си Самсунг у секоја смисла е подобра опција.
     
  10. zmija

    zmija
    Gaining Experience

    326
    189
    26 Мај 2007
    NoLifer
    незнам ама иам приметено дека на сону менито е повеќе user friendly smooth и даљинската се поквалитетни,дали некој можи да измери на тв кој има самсунг или сони ,или друг кога се сменувват канали колку брзо менува на колку сек друг канал бавно или брзо.
     
  11. highflyer

    highflyer
    Gaining Experience

    202
    147
    3 Јануари 2010
    Машко
  12. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,402
    3,237
    11 Декември 2008
    Машко
    Овие споредби може и ништо да не значат, такви ситници и маркетиншки финти џабе не гледај.
    Само во салон споредба на лице место, ставање на 2та телвизора во ист режим (стандард, филм), слична осветленост на екраните, и пуштање на исти видеа и слики и тогаш може да се донесе заклучок кој е подобар.
    Може на подолг рок ќе излезе дека сонито пак е подобар во квалитет на слика. Херци, бас рефлекс и такви смешки не земај во предвид, сигурно и двата се 50 херци, звучници сони секогаш имале доста слаби, кај самсунг се малку подобри поширок опсег, звукот како и да е тој, освен ако не најдеш некој со вграден сабвуфер.

    Генерално Сони секогаш имале поприродни бои, поубава слика, природен контраст. Кај сони сликата е онака малку позатемнета, реална, подлабока.
    Кај самсунг од друга страна боите секогаш се малку дречави, сатурирани, пренагласен и неконтролиран контраст понекогаш. Некои темни делови како темни сенки може да бидат и црни, а светлите нијанси превише бели, и целосно сликата е доста поосветлена.

    Иако поголемиот процент сони и самсунг носат VA панели, кај сони секогаш аглите на гледање се поголеми и боите не избледуваат толку нагло како кај самсунг каде е доста приметно. Но кај самсунг новиве модели мора да се намали гама на -2 да се добие малку подлабока слика и потемни бои, на дифолт сликата е многу светла а под мал агол и замаглена.
     
    На Delta111 и cyberbaze им се допаѓа ова.
  13. alexandar11

    alexandar11
    Gaining Experience

    290
    155
    11 Јануари 2010
    Мислење за овој модел? Не ми се дава повеќе од 300 евра по што е за мајка ми. Го видов как едни пријатели и не е лоша сликата, ама пак барам мислење од вас и дали вреди за парите или може да се најде подобар.
    Техномаркет - FAVORIT LED TV-50DN4JM2T2A SMART
     
  14. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    439
    347
    12 ноември 2013
    Дали има голема разлика од 6та до 7ма генерација на Samsung телевизори? Конкретното прашање е дали би одбрале вие 7ма наспроти 6та генерација или +3 инчи? Еве ги конкретните модели.

    upload_2019-2-12_23-42-31.png upload_2019-2-12_23-42-47.png

    Инаку имам 55ти инчен Samsung од 6та генерација и сум презадоволен.

    ЕДИТ:

    Или пак да се иде со вакво нешто:
    upload_2019-2-12_23-45-30.png

    Mи треба буџет 4К телевизор за во спална, секој предлог е добредојден. 40"- 45" а граница за дијагонала и 24.000 за буџет.
     
    Последна промена: 13 Февруари 2019 at 00:36
  15. highflyer

    highflyer
    Gaining Experience

    202
    147
    3 Јануари 2010
    Машко
  16. Avid

    Avid
    Unbeatable

    2,869
    4,059
    21 Јануари 2009
    Никогаш подобро не бил именуван еден фајл за каталог.
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JovanKrstevski1

    JovanKrstevski1
    Practice makes perfect

    1,165
    1,218
    25 Март 2013
    Машко
    Каталогот на Риверсофт буди неколку прашања

    1. Ако за Валентин и купам телевизор, дали за роденденот треба да и купам автомобил?

    2. Има ли подобар начин да се круниса една љубов од тоа да и купиш пегла и сушара за да ја потсетиш дека да се биде домаќинка е најбитно за една врска?

    3. Бидејќи сите жени се сигурни во својата фигура и тежина и не може ништо да ја измести таа сигурност, зошто на љубената да не и се купи вага?
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. highflyer

    highflyer
    Gaining Experience

    202
    147
    3 Јануари 2010
    Машко
    Незнам што сте изненадени од една просечна македонска фирма која верува дека благодарејќи на флаеров, ќе има масовно зголемен промет за празников. Мене ми е ова очекувано , имало и каде-каде бетер флаери од разни фирми. Но сепак целта е да му помогнеме на колегата @Psycore да си одбере телевизор.
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  19. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,402
    3,237
    11 Декември 2008
    Машко
    Зимај кој било од горните самсунг, LG-то нечини поготово за во спална.
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Misteriozen

    Misteriozen
    Intern

    9
    0
    20 Февруари 2010
    Сакам да купам некој добар телевизор да со FullHD и со 32" големина, не ме интересира ни смарт тв фунција ниту пак со андроид OS, и онака повеќе користам тв бокс, едноставно повеќе ми е важен квалитетот на слика. Гледав неколку телевизори како на пример овај од Hitachi 32HE4000, нешто како овај од LG 32LK6100PLB , или како овај од Самсунг UE-32M5002. Ако може неко мислење за овие три модела на телевизори
     
  21. bandrej

    bandrej
    Gaining Experience

    99
    107
    9 Март 2016
    Машко
    Зошто не чини?

    Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  22. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,402
    3,237
    11 Декември 2008
    Машко
    Очекував вака одма некој да праша... зборувам од искуство, а ме мрзи да објаснувам на долго и широко, затоа само кратко пишав дека нечини.

    А и пред 2 години имам пишувано во истава тема (само неможам да ги најдам постовите) за овој модел, и за цела таа серија од LG колку нечинат, по мене и други членови некој имаше купено ист таков и под итно го враќаше.

    Еве неколку причини:
    - Го имав на кратко некој месец кога требаше да купувам пред 2 години. А бидејќи ми беше трет по ред во замена од нептун, одвај го продадов на реклама5 со загуба 100 евра. Пред тоа земав и UH650V, LH560V, последен овој UH610V. Сите беа катастрофа, бледи бои, никаков контраст.
    - Користи RGBW пиксел структура, ова значи дека некои подпиксели ги менува со бел пиксел = лоша репродукција и гамут на бои
    - "Поготово за во спална" - користи ефтин RGBW IPS 4k панел со што контрастот е многу лош, црната боја = бледа сива, а во спална без светло да не загледаш филм на ваков тв

    Овдека го имаат опишано многу добро, како јас да сум го правел ривјуто, целосно се слагам, дури и полошо искуство имав.

    Се надевам дека ти помогнав со одговорот.
     
    На Psycore, bandrej, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  23. bandrej

    bandrej
    Gaining Experience

    99
    107
    9 Март 2016
    Машко
    Фала на одговорот, не е дека сакав одма да те пресечам со прашањето ама ме интересираше озбилно. Јас пред неколку години купив LG 32" Full HD и до денес сум презадоволен. Баш мислев за следен телевизор без да мислам да одам повторно со LG само да биде поголем и 4К. После ова сигурно ќе размислам и ќе разгледам поубаво.

    Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
     
    На olikomerc и Oktar им се допаѓа ова.
  24. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,402
    3,237
    11 Декември 2008
    Машко
    Не е дека нечинат сите LG телевизори, ама едноставно таа ниската серија 4к UH6xx серија што излегоа 2016-та имаа многу лоша слика.
    За чудо тогаш од најниската серија LH 560V кој го земав и не беше 4К туку обичен Full HD, имаше најдобра слика од тие што ги менував тие 10-ина дена. Ама и тој ми се погоди фаличен, со Burn In во едниот ќош од екранот.

    Инаку и јас дома имам LG 5 години стар LA660s и сум презадоволен, не би го мењал ни за OLED, еден од најдобрите телевизори, 3d cinema screen, тогаш идеше во пакет со 6 пара наочари, смарт даљинско на блутут, но најбитно од се сликата е извонредна на каков било извор (кабловска, сд, хд, фул хд). Некое чудо од панел носи од Sharp ASV-VA подтип, има многу јак контраст и одлични бои и не избледуваат воопшто од кој и агол да се гледа.
     
    На bandrej и Oktar им се допаѓа ова.
  25. Pane-G

    Pane-G
    Gaining Experience

    914
    402
    9 Мај 2012
    Машко
    Со тие пари подобро со познати брендови ЛГ,Самсунг и Панасоник и еве имаш Хитачи кое е подобар од тој Фаворит машина за перење или пак еве во риверсофт самсунг

    SvValentinKatalog.pdf


    Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
     
    На Rukfash му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...