Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

„Телеком Словенија“ го доби тендерот за дигитална телевизија

AMD_fan

poweruser
10 ноември 2007
3.646
139
telslo_080308.jpg


„Телеком Словенија“ победи на тендерот за пренос на дигитални телевизиски услуги преку јавна комуникациска мрежа (ДВБ-Т) на територијата на Македонија.

Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации соопшти дека ова е одлучено завчера. „Телеком Словенија“, според условите на тендерот, треба да овозможи покриеност на целата територија на Македонија во рок од една година со што ќе овозможи пренос на триесет телевизиски програми со многу висок квалитет. За ова треба да се инвестираат околу десет милиони евра. Дополнително треба да бидат инвестирани уште околу дваесет милиони евра за обезбедување дигитални приемници, декодери (дигитал сет-топ боџ) за домаќинствата, кои „Телеком Словенија“ бесплатно ќе им го доделува на оние домаќинства кои ќе сакаат да ги користат нивните услуги.

Со помош на дигиталните приемници, декодери, ќе можат да се следат содржините на дигиталната телевизиска услуга и на телевизорите, во кои нема вградено дигитален приемник.

Извор: Утрински
 

sdarko

user
28 септември 2008
1.051
64
То мајсторе. Да се надеваме дека некогаш ке бидне и кај нас како што е во Франција, 30 евра имаш диги ТВ, нет и телефон. Што сакаш правиш и колку сакаш таа ти е цен.:bravo:
 

Commie

poweruser
27 октомври 2007
4.722
221
www.foxmediahouse.com
Па со тоа што словенците влегоја во космофон, веројатно може да очекуваме нешто на Т брендот. Само да не се утрипаат со цените
 

filipvselena

poweruser
7 април 2007
2.934
193
триесет телевизиски програми
Ако не се лажам Телекабел нуди пакет со повеќе од 60 дигитални канали,Телеком со 70 канали а Кејблтел со 120 канали.Ако се само 30 тогаш...
Едно прашање?Бидејќи го добиле тендерот за дигитална телевизија во Македонија ќе мора ли пример да си врзан со нив било преку телефон или интернет за да имаш телевизија?
 

Aleks

poweruser
18 мај 2007
5.748
289
триесет телевизиски програми
Ако не се лажам Телекабел нуди пакет со повеќе од 60 дигитални канали,Телеком со 70 канали а Кејблтел со 120 канали.Ако се само 30 тогаш...
Едно прашање?Бидејќи го добиле тендерот за дигитална телевизија во Македонија ќе мора ли пример да си врзан со нив било преку телефон или интернет за да имаш телевизија?

Јок... ќе поставуваат репетитори низ МК и со посебни антени и ресивери ќе гледаме.
 

filipvselena

poweruser
7 април 2007
2.934
193
Јок... ќе поставуваат репетитори низ МК и со посебни антени и ресивери ќе гледаме.

Ух супер.Нема да морам да откажувам услуги од постоечкиот оператор.Само се надевам дека ќе нудат добри познати програми со добри содржини.Ги имам видено каналите од Кејблтел и Телекабел и не се нешто посебно.Телекабел има само 4-5 канали како што треба другото е досадно,Кејблтел така така плус оние каналите Pay Per View.Cant wait for Telekom Slovenije:D
 

pipo

hello world
10 април 2007
104
1
чепкав нешто на нет и наидов на доста интересни обиди за упад у мрежа т.е. крадење сигнал преку pc :D сеа ме копка мора да пробам чим започнат.
 

JunkieMKD

poweruser
3 декември 2008
2.400
1.175
Ке Пенине
Супер :) се надевам дека цените ке се разумни и за сечиј џеб.А и да има добри програми не е важно дали ке се 30 или 90.:)
 

bojan_an

hello world
5 јануари 2008
96
1
ова е дигитална телевизија е многу добра работа конечно и кај нас ќе можеме да гледаме телевизија во HD формат
нешто повеќе информации, стандарди, начин на конверзија, пренос,
на линкот

http://www.dtv.gov/
 

goran_67

read-only
12 април 2007
23
0
Јас како сум информиран со ова се пренесуваат само каналите што зрачеа аналогно во етерот т.е. домашните телевизии, ова не е замена за странските канали што идат на кабелска и макс-тв. Со закон е предвидено во ЕУ да се емитуваат локални програми само во дигитален облик, ако не се лажам до 2011-12 беше рокот, а мислам дека Шведска или една друга скандинавска земја го има ова веќе уведено.
 

vladoboss

read-only
29 април 2007
17
1
vladoboss.spiki.be
триесет телевизиски програми
Ако не се лажам Телекабел нуди пакет со повеќе од 60 дигитални канали,Телеком со 70 канали а Кејблтел со 120 канали.Ако се само 30 тогаш...

Законски се обврзани да пренесуваат минимум 30 канали, шо значи не се луди да останат само на 30 :)
 

pipo

hello world
10 април 2007
104
1
@ goran_67

дада 2012 поради преголемата оптеретеност на етерот со радио бранови, фрекфенции...... од кои произлегуваат и некои други проблеми на пример авијација и слично
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно