AMD_fan
poweruser
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
„Телеком Словенија“ победи на тендерот за пренос на дигитални телевизиски услуги преку јавна комуникациска мрежа (ДВБ-Т) на територијата на Македонија.
Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации соопшти дека ова е одлучено завчера. „Телеком Словенија“, според условите на тендерот, треба да овозможи покриеност на целата територија на Македонија во рок од една година со што ќе овозможи пренос на триесет телевизиски програми со многу висок квалитет. За ова треба да се инвестираат околу десет милиони евра. Дополнително треба да бидат инвестирани уште околу дваесет милиони евра за обезбедување дигитални приемници, декодери (дигитал сет-топ боџ) за домаќинствата, кои „Телеком Словенија“ бесплатно ќе им го доделува на оние домаќинства кои ќе сакаат да ги користат нивните услуги.
Со помош на дигиталните приемници, декодери, ќе можат да се следат содржините на дигиталната телевизиска услуга и на телевизорите, во кои нема вградено дигитален приемник.
Извор: Утрински