1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телекабел станува мобилен оператор во 2018

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од bxxxn, 30 Јануари 2018.

  1. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,320
    2,907
    4 Септември 2008
    Нема проблем со бирање на тие броеви од велешките такси компании.
     
  2. dipetar

    dipetar
    Intern

    65
    30
    1 Мај 2019
    Често, кога ме бараат од фиксен им кажува дека не сум достапен и после добивам смс за пропуштени повици иако телефонот е вклучен.

    Смс пораки од роаминг кон било каде во светот не се праќаат.
    Сега сум Холандија и не одат. Не се праќаат. На ниту еден начин. Пробав сѐ.
    Смс праќање во роаминг не им функционира, се уште. Не добив ни информации по смс за цените во роаминг.
     
    Изменето од модератор: 24 Јуни 2019
  3. TexasUS

    TexasUS
    Gaining Experience

    184
    107
    25 Февруари 2017
    Машко
    А повици?

    Ова веќе им е сериозен проблем. Само у Грција работи роамингот. Поднеси приговор/јави се мора барем да знаат. И види информирај се за повратна информација од претходниот пат во Словачка што направиле и што бил проблемот.
     
  4. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,894
    1,132
    5 oктомври 2007
    Машко
    Тие од МК не им работат СМС кон секаде у светов, па ова за роаминг не ме ни изненадува.
    Повици?
    Друг роаминг оператор?
    СМС мора да добиеш на прво мењање од Нивна мрежа на било кој роаминг оператор. Така вика закон. Е сега ако не ти била прва земја Холандија после излегување од Телекабел мрежа... Небитно мораш да добиеш на секоја нова земја, ред е. Бар сум добивал на ВИП и Телеком.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  5. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    338
    168
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Ц ц ц, катастрофа! Ај у 2020-та мош ке ги измислат вибер и месинѓер.
     
  6. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    230
    123
    9 Февруари 2012
    Машко
    Другари сакам да земам број од Телекабел со најмалиот пакет, ама ме интересира дали некој има искуство со интернетот, дали го крадат како преварантиве од Телеком или Вип или сите останати.....
     
  7. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    338
    168
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Не. Ке си подесеш у телефон monthly data plan и ке споредеш со "мој телекабел" акаунто на кој треба да се регистираш.
     
    На Deksa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,894
    1,132
    5 oктомври 2007
    Машко
    СМС е бејзик услуга. Не споредувај и не мешај со Вибер и остало. За нив ти треба и нет, кој можеби го немаш во роаминг. СМС мора и треба да го имаш кај и да имаш мрежа.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    Krkac, zirkach и на TexasUS им се допаѓа ова.
  9. dipetar

    dipetar
    Intern

    65
    30
    1 Мај 2019
    Предметот е во АЕК.
    Ништо не одговорија за тој проблем.
    Се жалам сега официјално.

    Не, никакво известување, воопшто никакво.
    Исклучив телефон Ск, го вклучив после слетување во Холандија.

    Не му одговарај на трол. Ignore.
     
    Изменето од модератор: 24 Јуни 2019
    Krkac, efto, marv и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. TexasUS

    TexasUS
    Gaining Experience

    184
    107
    25 Февруари 2017
    Машко
    А ти дава воопшто да се најавиш на мрежа таму?

    И доколку да, дали барем имаш пробано дали може повици да се реализираат (појдовни/дојдовни)?
     
  11. dipetar

    dipetar
    Intern

    65
    30
    1 Мај 2019
    Да, можам да ѕвонам.
    Пораки смс добив. Пратени кон мојот број.
    Ама тие за цени во роаминг не стигнаа.
     
  12. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,894
    1,132
    5 oктомври 2007
    Машко
    Значи дефинитивно со роаминг и интернационални СМС си имаат проблем. И така веќе кој месец... И не им чуе.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На dipetar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dipetar

    dipetar
    Intern

    65
    30
    1 Мај 2019
    И не сакаат да чујат за корегирање на претплатата.
     
  14. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    338
    168
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    И каква да биде корекцијата? За неограничени разговори со 10GB интернет 500 на 300 ден? За Неограничен интернет од 1500 на 1000ка, а? Ем најефтини, ем без обврзувачки договор, ем да корегирале цена?!
    Дали ждераторите телеком некогаш корегирале цена ако некој им се жалел?
    И не, не ги бранам оти ги сакам. Сите оператори се богаташи и додека се ние печеме тука на 40 степени они се ладат по плажите низ светот. Туку неможам да го разберам овај наш примитивен менталитет кај шо тражеме у јајцето влакно и обратно - и у влакното јајце! Дали плакавте вака додека телеком ве ждереше за премиум квалитетот со супер премиум цени? Претпоставувам дека цената си ја оправдувавте со квалитетот на услугата. И како можете да бидете тоуку наивни да очекувате дека АЕК ке ги казне телекабел?
    Искрено јас да сум на ваше место да патувам често у странство ке си имам уште еден број за да имам роаминг. А чисто сумњам дека немате број од друг оператор. Ама не не бива ако не кењаме. Тоа е.
     
  15. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,141
    692
    8 Мај 2010
    Машко
    Полека бе друже, ги браниш Телекабел ко да си газда на операторот.

    Овде збориме за основи проблеми што треба да бидат средени пред старт на оператор.

    Нема 4G ако не оствариш повик
    Нема СМС во роаминг
    Нема СМС за пропуштен повик, или доцнат.
    Проблем со повикување на броеви на услуги (пример такси новите броеви во одредени градови).
    Нема плаќање ЈСП
    Нема учествување во наградни игри.
    Некогаш се случува на вклучен телефон да покаже недостапен.

    И не е сумата мала 500 ден е.

    Јас пак ќе кажам дека треба да им се даде време ама овие не средуваат ништо бе...

    Се јавувам да пријавам не функционалност добивам одговор ко некоја во ПМС да е...





    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     
    На dipetar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    338
    168
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Да сум на твое место со тие потреби шо ги имаш ке ги баталев. Енд оф стори.
     
  17. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    230
    123
    9 Февруари 2012
    Машко
    Ова вистина е? Чекај сега јас на пример сакам да земам број од нив, да ставам сим во телефон, да го поврзам телефонот со рутер и да користам само нет, без јавувања.
    Нема да можам или?
     
  18. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,141
    692
    8 Мај 2010
    Машко
    Rukfash the Telekabel Defender
    Ок, како ќе кажеш ти така, еве ќе те послушам... ;)

    Има проблем со Телекабел можеби за одредени уреди каде што 4г се губи по разговор и потоа за да се вклучи пак треба да повикаш број, глупо е... Еве тука и друг член го има проблемот.

    Околу користењето за интернет ако се одлучиш за третиот пакет каде што имаш “неограничен“ да знаеш дека имаш ептен зезната политика, т.е ако приметат дека во период од 24часа потрошиш 30гига ќе ти лимитираат брзина. Не ме држи за збор со бројкиве, види неколку страни назад имаше за ова... На фан страната исто имаше многу лоши коментари за ова... А еве го и документот.
     
  19. krema

    krema
    Professor

    8,728
    8,460
    24 Јуни 2009
    Машко
    @Deksa
    Можеш, ама чинам дека ќе те скинат.
     
  20. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    230
    123
    9 Февруари 2012
    Машко
    Фала за исцрпниот одговор.
    Нема да симнувам многу, колку за комуникација ми е, Скајп , Вибер, Фејсбук и слично....
    Нема ни да вртам, само ке стрима нет и ништо повеќе, останува да пробам со 300 ден пакетот, па ако треба ќе земам 500че :)

    сакаш да кажеш крадат интернет како другиве багабонти?
     
    Изменето од модератор: 24 Јуни 2019
    На pipelin му/ѝ се допаѓа ова.
  21. krema

    krema
    Professor

    8,728
    8,460
    24 Јуни 2009
    Машко
    Не,
    мобилниот интернет е за мобилен телефон а не за преку рутер.
     
  22. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    338
    168
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Не ти кажуваат дека тај проблем го имаат само со некој модел на Самсунг телефон. Јас имам Шаоми и воопшто немало никаков проблем за 4 месеци. Нека ти кажат точно хејтерите за кој модел на Самсунг се работе или ако не те мрзе врни некоја назад и ке прочиташ и ако го немаш баш тај телефон слободно си зимај бројче. Како просечен корисник ке бидеш хилјаду % задоволен со услугата.
     
  23. TexasUS

    TexasUS
    Gaining Experience

    184
    107
    25 Февруари 2017
    Машко
    Значи вака сега:
    - Коментарите на почетокот од типот не се еднакви со корисниците на Телеком, Телеком ќе лимитирал мрежа што и да не, паднаа во вода. Каде имало Телеком, сум имал и на Телекабел мрежа.
    - Проблеми со 4G сум немал никакви (Huawei), не негирам дека корисниците на Самсунг имаа проблеми, тука Телекабел требаше посериозно да работи, мада мислам со последнава надградба проблемот магично им е отстранет.
    - Кодови за автентикација стигаат: Microsoft, Google, Twitter, PayPal, Viber, Instagram проверени од моја страна. Со Microsoft имаа скоро проблем, не стигаа, им беше пријавено се детално што и како ми рекоа ќе разгледаат. После 5-6 дена ми се јавија да проверам дали е се ОК, и беше ОК, го средиле проблемот. Обде тогаш ниту пишав дека се неспособни ни ништо, им дадов време да видат што е, средија.

    - Роаминг: Еве корисникот погоре, пријавува константни проблеми со СМСите. Со разговорите како што гледам е во ред. Мој совет нека пријави и нека види што ќе му кажат. Доколку не средат наскоро, се за шамарање. Претпоставувам дека е некој проблем до нивниот СМС сервисен центар кој препраќа на друг (како ли и да го имаат направено да функционира) при користење роаминг.

    Се останува на нив како ќе се однесуваат по пријавени технички проблеми. Дали ќе се зафатат со решавање или не. Вип ги напуштив токму поради ваквиот однос, не многу ги интересираше ако имаш дефект или не. Еве знам од други дека тие имале проблеми со роаминг во Франција и САД.

    Ако ви зависи работа, бизнис од оваа работа - само Телеком.
     
    На Sukhoi и Rukfash им се допаѓа ова.
  24. dipetar

    dipetar
    Intern

    65
    30
    1 Мај 2019
    ...

    Проблемот со 4г се реши после последното ажурирање.
    Смс пораки никакви. Не се праќа никако во роаминг. Воопшто.
    Првиот пат со Словачка рекоа дека ќе средат.
    Се јавив, прашав дали е се во ред со Холандија - кажаа да.
    Е не е, исто е, ниту еден тукашен оператор не праќа смс кон надвор.
    Сеа ќе морам пак АЕК.
    Ниту информативни смс не добивам од Телекабел

    Не крадат. Редовно проверувам и се е во ред.
    Навистина проверувам редовно.
     
    Изменето од модератор: 24 Јуни 2019
    Rukfash, TexasUS и на Deksa им се допаѓа ова.
  25. TexasUS

    TexasUS
    Gaining Experience

    184
    107
    25 Февруари 2017
    Машко
    Нене, барем досега немам такво искуство. До KB се точни, колку што ми прикажува на мобилен толку и кај нив.
     
    Deksa, dipetar и на Rukfash им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...