Телекабел станува мобилен оператор во 2018

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од bxxxn, 30 Јануари 2018.

  1. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    668
    769
    11 Март 2011
    Телекабел станува мобилен оператор ⋆ IT.mk

    Според мене одлична вест. Имам некое добро чувство за ова. Телекабел ми делува дека до сега не играа исто оро со големите играчи, така да се надевам дека ќе се вистински конкурент :). Редно е веќе некој да ги размрда од оваа веќе предвидлива шема "акција +2 гигабајти за само +200 денари, на претплата од 24 месеци". Само напред!
     
    На MikickoHC, Astro, DonFrozex и уште 11 други им се допаѓа ова.
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,205
    770
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Со изнајмени линии, незнам колку ќе биде возможно да бидат сериозна конкуренција...
    Со нивна инфаструктура - незнам дали имаат доволно капитал да превземат таков чекор. За разлика од кабелска тв/телефон, каде е во ред постепено територијално ширење... за мобилен оператор, со ваква конкуренција, треба голема покриеност од старт.

    Од друга страна имаат голема лојална база на корисници, па се е можно да станат преку ноќ сериозен играч. Искрено се надевам да успеат, бидејќи со овие други лопови ВИП/Телеком, како што тргнала работава, од наредни години ќе треба да се земе потрошувачки кредит за да се плати нивната сметка ;)
     
    На Astro, DonFrozex, krale и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. NanoCell

    NanoCell
    Gaining Experience

    238
    235
    10 oктомври 2011
    Машко
    Позитивна вест во секој случај! Мислам дека најголемиот бенефит ќе биде тоа што малку ќе ја пробудат конкуренцијата, која во последниве 2-3 години ги нема намалено цените на пакетите, ниту подобрено условите на пакетот. Уште ако изиграат паметно со уредите кои би можеле да се земат од нив при потпишување договор, ќе почнат да им одат на нерви на ВИП и Т-мобиле.

    Исто така мислам дека ќе им се зголеми базата на корисници и на другите услуги како резултат на ова, бидејќи многумина уште од старт ги исклучуваат како опција (јас лично). Преферирам сите услуги да ми бидат од еден провајдер (интернет/тв/телефони).
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    453
    571
    25 Февруари 2016
    Машко
    Го поздравувам во нивниот чекор, сепак фирмата е партиски поврзана со власта, така да патот им е отворен од таа страна.
    Инаку со сметката од телеком, за фирма, јас имам само намалување со секое 3-4 годишно потпишување договор, не се сложувам со констатацијата дека сметките растат, рака на срце незнам во секторот со физички лица што се случува.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  5. barneymk

    barneymk
    Gaining Experience

    77
    86
    27 Април 2016
    Машко
    Би требало да е интересно ова у секој случај. Има потенцијал у телекабел само они се вечити underdogs.
     
    На Krkac и bxxxn им се допаѓа ова.
  6. krema

    krema
    Professor

    6,303
    5,786
    24 Јуни 2009
    Машко
    Во секој случај ќе им направат огромен удар на монополот кој што го имат договорено VIP и Телеком.
    За цените, квалитетот и покриеноста ќе дискутираме кога ќе го активират овој проект.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bagata

    Bagata
    Intern

    39
    16
    21 Август 2010
    Мислам дека Роби е доволно финансиски моќен за да изведе своја инфраструктура, ако го направи тоа мислам дека преку ноќ ке стане еден од главните играчи во МК.
    Ако пак рента инфраструктура нема да може да дојде толку до израз, иако неговите политики пред се мислам дека се задоволни клиенти
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    668
    769
    11 Март 2011
    Ова 2018 делува бргу за добивање дозвола и градење мрежа после тоа, можно е да почнат како виртуелен па да изградат своја мрежа потоа. Ако не грешам така и ВИП направија, користеа мрежа на T-Mobile па направија своја потоа (може и да грешам не најдов референца)

    Всушност кога се споија Оне и Вип имаа обврска да донесат уште 2 виртуелни оператори, беше Албафон и актуелна е Лајка, па можеби треба да има 2 активни, може е тој слотот што ќе се пополни.

    ВИП и ОНЕ се спојуваат со обврска да донесат уште два виртуелни оператори
     
  9. SiPy`

    SiPy`
    Unstoppable

    1,753
    2,941
    23 Јуни 2015
    Машко
    Касиерка без лак
    Своја инфраструктура? Дали знаеш колку чини една таква инфраструктура?...а да не збориме за тоа колку би било исплатливо такво нешто.

    Телекабел имаат солидна услуга за 90% од луѓето...за луѓето што немаат потреба од екстра ТВ канали и брз интернет имаат приступачна цена, би било супер поволно да се направи пакет со мобилни услуги. Ако ништо друго барем сите корисници би имале корист од ова.

     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  10. smole

    smole
    Unstoppable

    2,546
    2,634
    18 Април 2007
    И јас со фирма сум на Телеком, цените не паѓаат, само условите минимално се подобруваат (кај мобилната телефонија највеќе).

    Кај фиксните услуги - Телекабел победуваат, особено кај оптичкиот интернет.

    Се надевам дека Телекабел ќе станат солиден мобилен оператор (без детски болестит кои до ден денешен се провлекуваат кај ВИП) и ќе им земе убав дел од колачот на дуополот Телеком/ВИП.
     
    На Astraion и bxxxn им се допаѓа ова.
  11. Tomislav96

    Tomislav96
    Gaining Experience

    135
    89
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Малку смешно и иронично кога главна маркетинг кампања на Телекабел била, Кабел си е кабел... како слоган, за сега да влезат во работа со мобилни мрежи :)
     
    На Војвода, JovanKrstevski1, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. maci

    maci
    On your way to fame

    2,884
    620
    2 Април 2008
    најдобитна комбинација ќе биде ако направи како што му е сега за корисниците на телекабел да нема договори туку месец за месец.
    да нема преплата од 24 месеци.
    за да може секој кој не е задоволен од операторот да го смени за кратко време.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. boro1

    boro1
    Practice makes perfect

    1,598
    1,199
    13 Август 2009
    Машко
    70% сум сигурен дека ќе имаат прифатливи и неретардирани* тарифи ( за разлика од вип и мобимак ). А за квалитетот на мрежата и подршката останува само да почекаме и да видеме што ќе биде.


    * - Под неретардирана тарифа мислам на неограничени минути и пораки кон сите домашни мрежи и доволно интернет за нормално и комотно користење ( околу 10 GB ) за 500-600 денари. Нешто најблиску до ова беше првата Вип 666 тарифа ( неограничени минути и пораки кон сите + 6 GB интернет ) на која сум веќе неколку години бидејќи не гледам баш некоа друга поисплатлива тарифа.
     
    На Krkac и bxxxn им се допаѓа ова.
  14. Bagata

    Bagata
    Intern

    39
    16
    21 Август 2010
    Јас незнам колку чини, ама Роби сигурно знае штом се впушта и во секторот мобилен оператор, може на почеток ќе оди со рентање ама знај дека ќе работи и на своја мрежа,
    а можно е да има и партнер од страна, во секторот мобилен оператор со којшто со заеднички финансии, ќе пробат колку толку да ги превземат корисниците од вип/телеком што е и реално остварливо земајки ја во предвид алчноста на наведените 2 оператора
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  15. shemko

    shemko
    Gaining Experience

    229
    55
    15 Јули 2008
    Kako za pocetok e odlicno toa sto ke ima nesto+ dase odbere, bidejki toa se sluci so vleguvajneto na vip-2007 godina cenite drasticno padnaja, isto ke bide i so Aktivirajneto na mrezata od Telkabel ,e sega ako renta mreza od Vip ili Telekom ,ke nema mnogu prostor za manevri,no toa moze da bide taka prvite 2/3god, dodeka izgradi svoja mreza- ako gradi svoja mreza ke ke ima dobra konkurencija vo Pogled na Kombo i Magenta 4play paketite, ako odi kako Lycamobile, tesko da konkurira na Dogovoreniot MONOPOL Telekom-Vip
     
    На bxxxn и Bagata им се допаѓа ова.
  16. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,813
    5,755
    7 oктомври 2011
    kalfa
    Бидете реални, секој нов оператор е плус за корисници. Некој кажа дека добивале попусти или подобри услови од година во година.
    Пријатели и ние добиваме понуди и цени исто, пример тарифа со неограничени повици и смс и 30 гб интернет пред 4 год беше 499 ден, сега ни за 1000 не го добиваме истото.
    Не што не ги намалуваат овие 2 квази оператори цените него и ги дигаат бестрамно.
    Иначе со телекабел немам никакви бизнис релации и интерес, освен шо ги користам услугите нивни на 3 локации.
    10 класи се подобри во цени, супорт и однос кон клиент. 10 КЛАСИ!!!
     
    На Скоти, Boldozer, Astraion и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. boro1

    boro1
    Practice makes perfect

    1,598
    1,199
    13 Август 2009
    Машко
    Финтата со Роби е тоа што желбата да направе нешто добро за другите е поголема од желбата за профит. Доказ за ова е SBF и Angels, но да не забегуваме офф-топик.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SiPy`

    SiPy`
    Unstoppable

    1,753
    2,941
    23 Јуни 2015
    Машко
    Касиерка без лак
    @boro1 Се е тоа супер само, со желбите си ги сменил местата. Си ја има направено он математиката.

    @kjosmofon Се би се сложил со тебе освен со супортот. :) Ги молев 3 недели да дојдат да ми наместат нет 40/40, никако да дојдат. На крајот раскинав договорот и сега сум на ВИП и сум презадоволен.
     
  19. flashgordon007

    flashgordon007
    Gaining Experience

    393
    405
    15 Септември 2012
    Машко
    Лошо мислиш затоа што не си запознат со цените за инфраструктурата.
    Дополнително, не е тоа кабловска TB па од кров на кров, од дрво на гранка...
     
  20. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,813
    5,755
    7 oктомври 2011
    kalfa
    2 пати сум ги повикал и дошле по 2 часа, за оптика се јавив во петок, понеделникот во 9,30 беа кај мене дома, за 2 часа имаа завршено со супер квалитетни кабли и опрема.
    Кај некој друг можеби не било така и сега си е незадоволен што е сосема нормално.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  21. krema

    krema
    Professor

    6,303
    5,786
    24 Јуни 2009
    Машко
    Телекабел нема договор!
     
    На Astraion и kjosmofon им се допаѓа ова.
  22. SiPy`

    SiPy`
    Unstoppable

    1,753
    2,941
    23 Јуни 2015
    Машко
    Касиерка без лак
    Лол! Има договор, само не е обврзувачки. :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  23. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,385
    3,728
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Каков е тој договор што не е обврзувачки? Тогаш не е договор. Да не мислиш дека е на неопределено време, а не е на две години или слично?
     
    На SiPy` му/ѝ се допаѓа ова.
  24. SiPy`

    SiPy`
    Unstoppable

    1,753
    2,941
    23 Јуни 2015
    Машко
    Касиерка без лак
    Нормално дека на тоа мислев.
     
  25. krema

    krema
    Professor

    6,303
    5,786
    24 Јуни 2009
    Машко
    Тој договор нема никаков обврзувачки карактер, како и да е се разбравме :D
     
    На SiPy` му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели