Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Следење на Електрична Потрошувачка во домот, статистика

Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.369
@marv Слики од таблата. Кажи ми, има ли место да се намести Shelly-во 3ЕM? На кои три жици треба да одат трафоата? Или внатре се во таблата и не се гледаат на сликата?
 
Атачменти

  • 20220510_222223.jpg
    20220510_222223.jpg
    3 MB · Прегледи: 58
  • 20220510_222226.jpg
    20220510_222226.jpg
    2,8 MB · Прегледи: 58

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.827
5.530
@marv Слики од таблата. Кажи ми, има ли место да се намести Shelly-во 3ЕM? На кои три жици треба да одат трафоата? Или внатре се во таблата и не се гледаат на сликата?
Што сакаш да мериш. Цела куќа или некое коло посебно. После 3 различни фази ќе мериш, или една да речам разгранета на 3 различни осигурачи и потрошувачи.
Шемите за поврзување се овде генерално Shelly 3EM - Shelly Cloud
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.369
Што сакаш да мериш. Цела куќа или некое коло посебно. После 3 различни фази ќе мериш, или една да речам разгранета на 3 различни осигурачи и потрошувачи.
Шемите за поврзување се овде генерално Shelly 3EM - Shelly Cloud
Потрошувачка на цел стан, пишав нели на темава пред некое време. Е сеа да не го нарачувам без врска, дали се куси фазните кабли на таблава( пошто ти пиша така, како можен проблем) за да се поврзе шеливо?
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.827
5.530
Потрошувачка на цел стан, пишав нели на темава пред некое време. Е сеа да не го нарачувам без врска, дали се куси фазните кабли на таблава( пошто ти пиша така, како можен проблем) за да се поврзе шеливо?
Таму десно кај фид склопката мислам дека ќе бидат малце гужва и не сум сигурен дека ќе ги собере 3те клеми. Отвори ја таблата да видиме како е решено внатре. Може има повеќе место. И по пс ќе треба еден 3фазен осигурач слаб за влезовите кон шелито, да не рикнат од некој пренапон.

П.с. кој го извеее ова со фифов надвор на отвороно, и таблана со отворени контакти апла алал му вера. Заштита рејтинг IP -10

Sent from my Телефон using Tapatalk
 
Мислам дека има место кај фидот да ги собере 3те клеми, ако се тие три кабли каде ќе се мери потришувачка на целиот стан . Во секој случај електричар ќе го поврзува, неам појма јас од ова.
Линијата е трофазна(фидот) искористена за проточен бојлер, која претходно беше од котел на струја( парно). Се работи за постара зграда.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.827
5.530
Мислам дека има место кај фидот да ги собере 3те клеми, ако се тие три кабли каде ќе се мери потришувачка на целиот стан . Во секој случај електричар ќе го поврзува, неам појма јас од ова.
Линијата е трофазна(фидот) искористена за проточен бојлер, која претходно беше од котел на струја( парно). Се работи за постара зграда.
А да не е тоа уствари излез од таблата кон проточниот? Вака инаку по дефолт да бил влезот некаде надвор не ми се верува. Или па е копано, па вадено... А и овој фидов можел да го намести у ОГ кутија, па фино лепо ништо да не се гледа инсталација и да не може да се пипне лесно.
Инаку 120А CT има димензии 31mm x 45mm x 30mm, па сега измери ти. Мисламќе биде густичко ако треба тука кај фидот. Инаку самото 3ЕМ мислам ке има тамам од десно место да се закачи на DIN шината.
Најдобро извади тоа предниот капак од Таблата, и сликни да видиме внатре што се дешава.
 
Веројатно е излез, или е копано како што викаш. Фидот е накнадно ставан после поставена табла за осигурачи. Заштитена е таблата, плус на висина е ставена, така да нема секој дофат до неа. Ајде после работа ќе сликнам и ќе постирам. Фала
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Погледнете го атачментот 113189
Ела снајди се да те видам @marv можеш ли вака на слика да видиш кои се трите кабли?

Епа има посебна земја, од десна страна. Од лева нула. Е сега црни и сиви кабли :D ова треба некој фанатик како тој мене што ми расчешлуваше, ама неможе веќе да работи 78 год. направи. Е тој ќе ги отплеткаше.

Ако најдете некој таков тип, па и да е поскап (нормално) споделете да имам.

Уствари кога ќе размислам подобро, јас би поставил нови снопови од саат до табла. Ова е стварно бизарно. Е сега кречење треба после гипсирањето....

едит, Се гледаат цревата кога ќе зумирам, така да може да се среди.
 
A каде треба, на кои кабли да се прикачи шеливо?
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.827
5.530
Погледнете го атачментот 113189
Ела снајди се да те видам @marv можеш ли вака на слика да видиш кои се трите кабли?
Овде господ не се снаоѓа па јас на слика
A каде треба, на кои кабли да се прикачи шеливо?
Како и да е, внатре и така е гужва, ќе идеш надвор на ФИДот. Од секој излез ќе земеш жица препорачливо преку осигурач, до шелито за референтен напон, и клештите на 3те жици од излезот на фидот. Само на фазите. Нулата ќе ја земеш исто директно од фидот, за да истиот не исклучува ради малата струја што тече низ шелито. Пробај дали ќе можеш барем малку од каблите што влегуваат во таблата од ФИДот да повлечеш, да си добиеш малку повеќе место.

Sent from my Телефон using Tapatalk
 
Последна промена:

StalkeR

poweruser
5 декември 2009
5.517
6.741
Не сум компетентен да дискутирам на темава, но морам да ја постирам сликава само. Ова е во ланч бар во Приштина. :)
Свака им част...

20220514_130401.jpg

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.827
5.530
Во врска со Шелито еве спецификација од релето:
Ова ми фати око, температура на намотката во релето.
View: https://i.imgur.com/zWYvI5p.png
Ако иде линеарно и нагоре ќе му дојде околу 30+/- степена покачување од амбиентална на 220-230V.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.099
6.042

Јас пак реков ако го продолжиш до 240в ќе дојде 60 над амбиентална (за high capacity, тоа реле се користи).
Не знам со која волтажа го погонуваат релето. Треба да расчитам. Ама изгледа главното загревање доаѓа од намотката која се погонува со премногу напон.

Јас дури би ставил еден отпорник во серија со намотката, за да го спадне напонот на половина или четвртина. Би требало да е значително поладно.

Ова е шпекулација, ама се заинтересирав (пак) зошто со новиве цени ќе треба да заигра автоматиката малку повеќе.
 
Пошто користат 012-HSTP верзија на релето, значи на коил имаат работат на 12VDC. Што значи според графикот на производителот на таа волтажа скоро и да нема влијание на амбиетална температура, т.е. не прави некој temperature rise. Ова зборам ако coil вообичаено им значи како кога се збори за релеи за побудниот дел т.е. input. А и сум ги пипкал (деца не правите и вие вака :ROFLMAO: ) и не е нешто посебно топол дури за разлика од колку грее кај ESP-то, ова е ќе речам е ладно.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.099
6.042
Пошто користат 012-HSTP верзија на релето, значи на коил имаат работат на 12VDC. Што значи според графикот на производителот на таа волтажа скоро и да нема влијание на амбиетална температура, т.е. не прави некој temperature rise. Ова зборам ако coil вообичаено им значи како кога се збори за релеи за побудниот дел т.е. input. А и сум ги пипкал (деца не правите и вие вака ) и не е нешто посебно топол дури за разлика од колку грее кај ESP-то, ова е ќе речам е ладно.
Епа океј штом е така. Значи безбедно е релето ако е ладно. За микропроцесорот еден микрохитсинк и готово.
Налик ова: https://m.de.aliexpress.com/item/32829548219.html?gatewayAdapt=gloPc2deuMsite
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.827
5.530
Епа океј штом е така. Значи безбедно е релето ако е ладно. За микропроцесорот еден микрохитсинк и готово.
Налик ова: https://m.de.aliexpress.com/item/32829548219.html?gatewayAdapt=gloPc2deuMsite
Нема место у кучевиштето за хитсинк. А и пошто е затворено пак исто чудо, таа топлина треба некаде да отиде а нема каде. Генерално сите вакви уредчиња се компромис меѓу големина, цена и долговечност.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.323
5.321
Скопје
hackitfree.github.io
Мој совет - колку и да се разбираш од електрика - не се обидувај сам - ќе си викнеш реномиран електричар - ќе се пазариш и ќе ти заврши работа и гаранција ќе ти даде. Утре не дај боже да се запалиш што ќе кажеш ? „Марв ми рече дека е ОК така да поврзам ? „
 
За што се однесува кометаров? Стварно ми е малце нејасен.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.323
5.321
Скопје
hackitfree.github.io
За што се однесува кометаров? Стварно ми е малце нејасен.

Sent from my Telefon using Tapatalk
Општо за сите. И јас сигналната сијаличка од бојлерот кога ја менувам - се јавувам на електричарот да прашам - сигурно нема да го прашам комшијата Аце на лаф-муабет да ми каже - „Врзи бе тоа - лесно е„ - Пример давам - не мора да се работи за Марв :)
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.661
1.812
Генерално при врзување се прават две грешки, првата да не знаеш како да врзеш и втората можеби и почеста лошо стегнат контакт. За табла ти треба еден добар електричарски штрафцигер, што нема да се изаби од два-три штрафа. Ова го кажувам од искуство, а истото ми беше посочено пред да ги монтирам Shelly-јата. Бидејќи немаат заземјување ми напоменаа да внимавам да не шмелцуваат контактите.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.099
6.042
Нема место у кучевиштето за хитсинк. А и пошто е затворено пак исто чудо, таа топлина треба некаде да отиде а нема каде. Генерално сите вакви уредчиња се компромис меѓу големина, цена и долговечност.

Sent from my Telefon using Tapatalk
Не се изразив добро. Исечена коцкичка на куќиштето за да излезе хитсинкот неколку мм надвор. Зборувам ако се забележи екстремна температура, или големи потришувачи ако се врзат.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно