Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Сервисери за клими

DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.631
Скопје / Автокоманда
Пошто гледам дека во другиот пост никој не ми одговара па решив да отворам нова тема за сите да имаат после каде да прочитаат ако им треба и на нив.
Иде лето климата моја дува работи но не лади како што треба....климата се користи само летно време за ладење бидејќи зимо сум на желзарско парно и не ми треба клима.
Барам квалитетен сервис парите не се проблем туку проблемот е работата како ќе ја сработат и да не ја испукаат пластиката и искршат и лепат со секундарен лепак како што сум имал искуство.
Климата што ја имам е VIVAX АЕВИ и освен филтрите што сум ги чистел се друго си е како од фабрика и никогаш не е отварана ниту пак сервисирана.
Како што знам ќе и треба ТОТАЛКА чистење проверка полнење и сите нишани потребни од сервис.
Слика ќе оставам од моделот и би ве замолил ако имате број од некој добар сервис кој си ја знае работата како што треба би ви бил благодарен однапред да ми дадете инфо каде да се обратам.

Благодарам однапред
 

Атачменти

  • Клима 1.jpg
    Клима 1.jpg
    1,8 MB · Прегледи: 43
18 август 2019
1.247
1.241
За жал нема добри сервисери или се така ретки па не ги знаеме. Кај нас има само квазимајстори кои ќе направат повеќе штета отколку корист.

ПС
Не чуди се што никој не ти одговара. На твоето прашање никој не знае одговор.
 

DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.631
Скопје / Автокоманда
Во ред јас сепак темата ја отворив не само за мене за сите е сега знам дека нема веќе мајстори и сите се КВАЗИ МАЈСТОРИ И ГЛЕДААТ НА ДЕН ПО 99 клими да напраат и да лапнат 9000 евра на ден заради тоа нема мајстори.
Воедно во денешно време како мајстор треба да знаеш со каква клима работиш колку вреди таа клима, а и не може некој да ти влезе дома на клима од 2000 евра да ти кажува приказки и со алат од БИТПАЗАР да работи се знае за се постои алат и затоа ќе си наплатиш дали 30 40 50 60 70 100 евра али ќе бидеш професионалец и затоа парите сами ќе си идат.....
Сепак да не трескам веќе се јавив кај мајстор кој еден член ми пиша приватна порака и за да не испадне дека одма оставам туѓи броеви ако испадне се во ред од кога ќе завршам ќе пишам повратно инфо и воедно со консулацтија ако може и бројот ќе го оставам нормално доколку човекот сака и се сложува.
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Со Бане аир сум имал 4 пати (позитивно) искуство. Двапати мењаа кондензатор (големиот) на он/офф клима, 2 пати сервисираа внатрешен мотор на инвертери.

Секој пат си стоеа на збор, закажаа за кој ден и беа точни (горе доле). Цени како и секаде.
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.387
Аквина тим од Охрид ги препорачувам. Досеа монтирале кај мене или мои роднини 4-5 клими и немам никакви замерки. Едина мана им е што се малце поскапи од другите.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно