1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за антивирус

Дискусија во форумот 'Компјутерска безбедност' започната од JasSum, 11 Декември 2018.

  1. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,199
    781
    8 Мај 2010
    Машко
    Јас моментално користам ESET Internet Security + NextDNS како додатно за филтрирање на трафикот од страни кои би имале малициозен код како и оние тракинг кодови и реклами. За сега со моменталниве подесувања имам добар процент на блокирани реклами.

    Она што сметам за ESET е дека е лесен софтвер за мојот лаптоп кој еве кај и да е ќе истече една година никогаш не заглавил во процеси и да троши ресурси, па дури и кога мануелно ќе го пуштам да скеира помалку троши ресурси од Chrome што за мене е ок.

    Од видеа кои ги има на јутуб може да се види дека ESET и не се покажал нешто добро, но тоа што за мене е супер е што го имам подесено до толку агресивен да биде што нема да дозволи ништо да се симне на компјутер што би преставувало потенцијална зараза, а не па и да го стартувам (common sense).

    И како дополнителна екстензија во прелистувачот го имам WDBP кој мислам дека од кога го имам 2-3 пати ако ми има блокирано старна, се останато е од ESET, но не троши ресурси па може да стои скриен во екстензиите на прелистувачот.

    Сето ова за корисник како мене кој го користи лаптопот најчесто за работа а не за секојдневно симнување кракови и пачови е повеќе од доволно.
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Avid

    Avid
    Guru

    4,074
    6,048
    21 Јануари 2009
    Malwarebytes е најдобрата компанија за анти малвер уште од нејзиното излегување.
     
    На BEST му/ѝ се допаѓа ова.
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,715
    26,336
    4 Септември 2008
    Malwarebytes не е антивирус, дури ни новиот не е.
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,111
    4,818
    8 Април 2011
    Машко
    Jас не се замарам многу со антивируси иначе од бесплатните аваст антивирус користам а од платените бит дефендер. Мака сум немал до сега па не ги менувам.бит дефендерот е профи има многу опции за моќен фајрвал да сетираш.
     
    На BEST му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Avid

    Avid
    Guru

    4,074
    6,048
    21 Јануари 2009
    Како тоа не е?
    Има real-time заштита, која се плаќа, но имаш trial 2 недели или нешо така.
     
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,715
    26,336
    4 Септември 2008
    Не е, анти малвер е, а новото комплетно решение сеуште не е доволно добро.
     
  7. Avid

    Avid
    Guru

    4,074
    6,048
    21 Јануари 2009
    Вирусот е малвер.
    Антивирус е веќе застарен збор, сите антивируси одамна се анти малвер уствари.
    Што не е добро во комплетното решение на Malwarebytes?
     
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,715
    26,336
    4 Септември 2008
     
  9. Avid

    Avid
    Guru

    4,074
    6,048
    21 Јануари 2009
    Аха, Malwarebytes се кочи и пропуштил многу штетници кога наеднаш му се пуштиле 1700 егзиња.
    Класично real world сценарио.
    Другите антивируси не се кочеле и покажале подобри резултати на истиов тест.
    Малвербајтс е тиња.
    Океј.
     
    На itstheigyg му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gappo

    Gappo
    Gaining Experience

    74
    90
    20 Јануари 2016
    Машко
    Windows Defender + Common sense
     
  11. mkdboy

    mkdboy
    Intern

    72
    8
    16 Септември 2010
  12. PC_GAMER

    PC_GAMER
    Gaining Experience

    146
    74
    16 Јуни 2017
    Машко
    Јас веќе 3-4 години користам ESET NOD32 Antivirus и навистина сум задоволен. Не бара големи ресурси додека работи во позадина, едноставен е за користење. Го имам инсталирано на десктоп и на лаптоп. Во секој случај ги задоволува моите потреби. Топло го препорачувам.:)
     
    На Astraion и Chicco69 им се допаѓа ова.
  13. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,633
    2,459
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    You have been served.



    Пред едно 5 и нешто години толку го мразев овој бренд, ама сега (од 2019) ми е прва ствар шо ја инсталирам на нова машина. (во комбинација со Windows Firewall Control)

    Подобар "за парите" нема. :hay:
     
    boro1, Chicco69 и на psyside им се допаѓа ова.
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,715
    26,336
    4 Септември 2008
    KIS е подобар, за 300 се наоѓа, 20 - на денари на месец :cool:
     
  15. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,130
    805
    1 Јуни 2016
    upload_2020-1-14_0-29-32.png

    Околу 200 денари го платив клучот, лани. Не можам да се пожалам.
     
    Chicco69, psyside и на boro1 им се допаѓа ова.
  16. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    567
    2,478
    21 Април 2016
    Машко
    'KAV Free' сум го препорачувал и инсталирал по пријатели во минатото, затоа што е пали вози. 'Eset' пак на тие што имаат минимално знаење (да убацат нов клуч). :silentsry:

    Со новиов 'Cloud Free' ми тргна малку килаво. Прво не сакаше да се даунлоудира, а потоа нејќеше да се инсталира (првиот пат). Проблемот за симињање да ти бил uBlock Origin. Блокажа поради шпиунажа, собирање податоци, пратење, whatever, а може да е и false positive.
    Capture.JPG
    Инаку скоро сите антивируси шпиунираат и собираат приватни информации (особено бесплатните верзии), тоа не е ништо ново. За приватност (не само безбедност), позитивни зборови сретнав само за Emsisoft и ClamAV (овој поише е за Линукс и е далеку од вистински AV). Еве дел од погоре линкуваниот извор:
    Capture2.JPG
    Затоа долги периоди сум без AV (нормално ништо не сум закачил), но со стегнат фајрвол и обавезна употреба на 'uBlock Origin' (и/или 'uMatrix') + 'Decentraleyes' + 'Smart HTTPS'.
    Сето тоа на 'Chromium' и од скоро 'Pale Moon' (подесени за максимална приватност и безбедност).

    ~~~~~~~~~~
    Еве сега го тестирам 'Kaspersky Security Cloud Free'. Не е интрузивен, не се чувствува успорување при работа, проаѓа. :)
    За ефикасноста нема потреба да коментирам, секогаш е на врвот. Единствен минус, што уште веднаш при инсталирање ми лапна 1.1 GB од системската партиција. :crazy: Со идни апдејти и скенирања, очекувам да лапне уште малку простор. Не е страшно, другите знаат да бидат и повеќе алчни.
    Фул скенот одеше релативно споро, но сигурно. И класика, не пронајде ништо спорно во скенираните 669411 фајлови.

    Минатиот месец го тестирав 'Norton' (после неколку години) и можам да кажам дека не е тој стариот што го знаеме од времето (гломазен, спор и неефикасен блоатвер)...
    Работи топ, екстра брз е и завзема околу 700 МБ. Лошо е што дава само еден ден трајал, а после тоа не можев да го обновам.
    Има на ЈТ видеа како да се влезе со туѓ акаунт и да се активира на 90 дена, ама јас касно разбрав - веќе бев блокиран...

    И што подалеку од Avast & AVG, тие се класичнен Spyware, особено фри верзиите.
    Capture3.JPG
     
    На Astraion и mnikolce им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...