Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Поправка на матична плоча - Замена на кондензатори

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.698
5.492
Како што гласи и самиот наслов. Поправка на матична плоча.
Симптоми: компјутерот се пали од десетти обид со притискање на копчето, а одкако ке се запали "random" се рестартира во се пократки нтервали.
За поправка на матична плоча треба да имате големо искуство, неопходен алат и инструменти, мирна рака и љубов кон работата. Без набројаните елементи нема да може да направите ништо. Темата од оваков тип е доста актуелна. Имено станува збор за едно туторијалче во кое е сликовито објаснето чекор по чекор како се врши замена на оштетени електролити. Проблемите од ваков тип најчесто настануваат заради лоши напојувања. Многу од сопствениците на матичните плочи мислат дека оваа работа е многу едноставна, па еве можност доколку сакаат, нека пробаат и сами нека се уверат во тоа.
Пред да почнете со оваа операција треба да се знаат неколку важни работи:
1. Матичната плоча е електронска плоча која содржи многу осетливи компоненти кои се осетливи на електростатски празнења. Заради тоа многу е важно додека се работи на истата, подлогата да е заземјена, односно сервисерот да користи "врист" (да биде заземјен). Доколку немате ваков "врист" или немате електростатска подлога и заштита, најдобро е пред работа да се испразните со допирање на некоја метална површина која е заземјена (најчесто водоводни и цевки за парно греење-ако се метални)!!!
2. Матичната плоча е електронска плоча изработена во SMD технологија, содржи многу ситни делови, тенки водови и ради тие причини е многу подложна на механички оштетувања!!!
3. Доколку немате искуство со работа на вака осетливи електронски плочи, се препорачува да не започнувате никаква активност, затоа што шансите да ја оштетите плочата се максимално големи!!!
4. Потрудете се сите пропратни елементи од матичната да бидат извадени, односно да се работи без да е приклучена на извор на напојување, да се одстранети сите картички од сите слотови (AGP, PCI и тн), да се извадени RAM мемориите, да се извадени процесорот и кулерот.

Матичната плоча на која ке биде извршена интервенцијата е од тајванскиот производител SOLTEK socket 478. Оштетувањата изгледаа вака:











Како што можете да забележите на сликите, дел од електролитските кондензатори се подуени од горната страна, а на дел од нив се гледа и истечената киселина. Ова во голем дел претставува и проблем доколку истече на водовите од плочата, а со самото тоа може и да ги оштети и нагризе. Доколку тоа не се забележи на време, и доколку киселината навлезе длабоко во плочата и оштети некој од меѓуслоевите, во тој случај нема да може да се изврши никаква интервенција.
За да пристапиме кон интервенцијата нормално ќе ни биде потребен и соодветен алат. Оваа интервенција не бара некој специфичен алат, алатот е класичен, леткум до 25w, квалитетен калај, квалитетна вакум пумпа, сечица, клештичка и нормално големо искуство, спретност и мирна рака. Зошто го спомнувам искуството. Него го спомнувам од едноставна причина што доколку не знаете перфектно да ракувате со леткумот и со вакум пумпата, 100% ќе ја оштетите штампата на матичната плоча. За да се уверите во својата способност, најпрво пробајте ова да го направите на некаква стара матична или некоја друга електронска плоча, колку да видите како ке ви оди работата.

 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.698
5.492
Електорлитските кондензатори кои ке ги користиме, односно кои треба да се заменат се со вредност од 1000 микрофаради, 6,3 волти. Треба да се заменат вкупно 16 кондензатори. Новите кондензатори се со вредност од 1000 микрофаради, 10 волти со теемпературен коефициент 105 степени целзиусови кои е исто така еден параметар од голема важност. Овие електролитски кондензатори се за на места каде што температурата на опкружувањето е повисока, а знаеме дека тука имаме слаба циркулација на воздух, елементи кои релативно доста греат и постигнуваат високи температури (процесор, чипсет, графичка карта итн).



Одкако ни се спремни сите потребни услови, поминуваме на работа. Значи: Заземјени, подлога, спремен алат, спремни делови.
Првата работа која јас ја практикувам е да ги загреам постоечките контакти и да ги залијам со свеж калај. Сето тоа заради полесно вадење на елементот а и за полесно загревање на површината каде што се залемени ножичките.



Следниот чекор е испумпување на калајот со вакум пумпа. Контактот претходно треба да се доволно загреан за да може да се испумпа комплетно калајот, но и треба да се внимава да не дојде до прегревање и горење на штампаните водови. Уште еднаш ке повторам дека се многу тенки и осетливи!!! Покрај температурата како еден од можните причинители за оштетување на водовите е и врвот на вакум пумпата, на кој исто така треба да се обрне големо внимание при работењето.



Процедурата се повторува на двата контакти на кондензаторот...Доколку не успеете од прва да ги испумпате ножичките, во тој случај повторете ја уште еднашка истата процедура, почнувајќи со свежо нанесување на калај!!! Немојте повеќе од 3 пати да ја повторувате истата постапка бидејќи ке ги оштетите водовите!!! Препорачувам доколу после вториот обид не успеете со вакум пумпа, обидете се истовремено да ја загревате едната па другата ножичка од елементот и воедно нежно да го повлечете елементот нанадвор со цел да го извадите. Еве како тоа изгледа одкако елементот, односно електролитскиот кондензатор е изваден:



Можете да забележите дека има некакво црнило околу дупчето каде што треба да се залеми новото електролитче. Тоа е остаток од смесата која се наоѓа во самиот калај и служи за подобро лемење и не претставува никаков проблем, но на крајот од завршената работа најдобро е да се очисти. За тоа малку подоцна.
Следниот чекор е вградување на електолитскиот кондензатор. Пред ставање на новиот кондензатор треба да обрнеме внимание на неколку работи и тоа: Визуелно да го провериме електролитот од било какви механички оштетувања без разлика дали е или не е нов, и да ја провериме неговата вредност и декларираниот работен напон. Одкако сме сигурни дека се е во ред со елементот, пристапуваме кон негово вградување.
Најважната работа во се е да не го згрешиме поларитетот на кондензаторот. Секој пат внимавајте како го местите електролитскиот кондензатор. Тој има обележено со видливи знаци минус!!! Обавезно проверете како треба да стои на матичната плоча. Ако несакајќи ги замените местата на позитивниот и негативниот пол, можат да се случат несакани последици со кој може да нанесете трајни последици на матичната плоча а и воедно да се повредите. Најчесто доаѓа до пукање на електролитскиот кондензатор и разлевање на киселината на околината.
Да не навлагаме во тие работи, продолжуваме со постапката на замена :)



Одкако сме го ставиле кондензаторот, ја вртиме плочата, ги подвиткуваме ножичките со цел да не ни испадне самиот елемент и пристапуваме кон операцијата "Лемење". Она што јас го практикувам пред да почнам со лемењето е да направам кратење на ножичките на елементот со цел да добијам поефикасно загревање за пократко време, бидејки површината која што треба да се залеми е многу помала, а со тоа и многу пократко време да го греам местото кое што треба да се залеми. Во спротивно, доколку ножичката е подолга, потребна е поголема енергија да се загрее и местото и ножичката а со тоа и веројатноста да се оштети плочата е многу поголема. Сепак ова е мој начин, што немора да значи дека некој од вас треба да го практикува. Ова се мои видувања за и околу работата. Некој тоа го прави на обратниот начин. Прво ги леми деловите, па потоа ги крати ножичките. Тоа е исто така правилно, и јас го применувам, но во овој случај како што кажав подобро ми е на овој начин :) Еве како тоа би изгледало сликовито прикажано:





Полуготовата работа би изгледала овака:



Се прашувате зошто полуготова. Па заради тоа што по мене работата е незавршена се додека не се направи и чистење на местото на кое се интервенирало. Остатоци од калај, растечен калафонуим, прљавштина итн. Тајната е во нитро разредувачот. Се разбира мора внимателно да се ракува со него бидејки тој е доста агресивна хемикалија и може да оштети некој осетливи елементи од самата плоча поготово пластичните делови, слотови, лежишта и приклучоци. Остај тоа него може да ви ги нагризе и прстите. :) Чистењето го правиме така што крпче, газа или пак памук ги натопуваме во разредувачот, и местото кое што сме го лемеле го пребришуваме. Ефектот може да го видите од сликите, поточно од последната слика на која се гледа како изгледа залемениот контакт :) :







Оваа постапка треба да ја повториме во овој случај 16 пати, бидејќи како што кажав на почетокот беа подуени 16 кондензатори. Од како ке го направиме сето тоа, на крајот ке ви остане ова:



Значи еден куп подуени и истечени кондензатори, кои секако не треба да ги чувате бидејки можат да бидат опасни по вашето здравје.
Конечниот исход на матичната плоча би изгледал овака:





Се надевам дека успеавте да го сватите принципот на работа и дека успеав да ви доловам дел од тајните во практичната работа со леткум, калај и пумпа на малку поспецифична површина, во случајов матична плоча.
Верувам дека ова упатство не ви беше досадно и верувам дека некој од вас ке има позитивни резултати и ке ги сподели со нас. Но искрено се надевам дека ке има негативни резултати :) Затоа уште еднаш би ве замолил за максимално внимавање при работа од ваков карактер. Доколку нешто не ви е јасно, прашајте пред да почнете со работата. Прочитајте го упатството неколку пати и нема да имате проблем. Обрнете најголемо внимание на четирите точки на почетокот на постот.
Сликите се лично мои, упатството е исто така лично мое и си го задржувам правото за измени, надополнувања и поставување на други места. хихихихи :)

Поздрав.
 

architect

poweruser
27 ноември 2008
2.744
4.370
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Браво Сале +1 :D
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.125
14.266
Ете зошто SaleSk е докторот на форумов.

Јас сеуште не сум го прочитал ова исцрпно упатство детално иако ме интересира и ќе го направам тоа но за себе ќе си кажам дека кога мојата матична ќе дојде до ова дереџе ќе си се нацртам кај тебе во сервис, ќе донесам пијачка за да гуцкаш (нема да биде алкохол при процесот) додека се работи плочата, ќе си ја нарамам потоа плочата и те носам во кафеана за да се релаксираш од стресот (сега алкохол е неизбежен).

Браво докторе. Не престануваш да не изненадуваш.

Системов не ми дава да дадам реп+. Не е фер.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.125
14.266
Офтопик:

Ааа му го зедов редот на системов сега. Всушност овој лимитот на репутациски поени по член ги прави луѓето да бидат повеликодушни.

А кој друг ќе ни го покаже патот ако не еден од највеликодушните на форумов Mr. Fatal1ty_.
 

maci

poweruser
2 април 2008
3.393
978
сале имам порано работено со вакум пумпа и со леткум,многу често знае да се стопи врвот на вакум пумпата од не синхронизираните движења на леткумот во едната рака и в.пумпата во другата рака....заборави да нагласиш дека треба да се има големи нерви=живци за да смениш 16 кондензатори :)
овој леткум од 25вати е најслаб?обично се користат слаби по ватажа за поослетливи,попрецизни работи ко оваа.да не ствараат голема температура со што би ги изгореле или оштетиле деловите.
браво за трудот
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.698
5.492
Мене ми требаше околу половина час со се сликање за промена на електролитите...Инаку овој леткум е Ersa со следниве карактеристики: SOLDERING IRON, 230V, 15W, EURO PLUG; Lead Length:1.5m; Max Operating Temperature:350°C; Power Output:15W; Time to Operation:60s; Voltage, Supply AC:230V...Ако нешто ти значи. Инаку со 25 нема да имаш апсолутно никаков проблем, а со 35 ке треба да го познаваш како девојка, а со појак не е препорачливо :))
Тоа што ти се топи врвот од пумпата е дека ти е чкарт некој...Точно е дека страда но сеа не е до толку...Зависи и од каков материјал е изработен...;)
 

goce ilievi

lurker
2 март 2010
633
45
супер туторијал.Но мене би ме нервирало кога би требало да сменам толку кондезатори.Немам проблем но доколку имам знам каде да се обратам.
А и за крај не пиша дали плочата,која ја гледаме на сликата по операцијата проработе.:)
 

gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Докторе, во Охрид има една поговорка: "не давај му на детено риба в уста, научи го да фашчат риби". Кај го имат ова занает бесплатно?

BTW, шо се зезаш со нас? Си залемил и одлемил катаљарда компоненти и си ни купил опрема за лемење од 200 евра. И после ни кажуваш резултати со сликање за само половина час. Кога некој noob како мене ќе проба да леми со некој пазарскиот леткум и пазарски калај од 50 денари кило (наспроти твојот од 50 евра кило) само ќе ја запали матичната плоча. Нит ќе одлеми нит ќе залеми. :D
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.490
5.608
Браво бе докторе, секоја чест. Само оти не ми ги отвара сите слики нешто... :S
 

NetworX

lurker
3 мај 2009
959
46
Браво за туторијалот, имам менувано кондензатори на матична и на графичка ама на поновиве не се осмелувам, како што сум станал трапав ќе одлемам се околу освен тоа што треба (може и нешто ќе спојам) :D
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.698
5.492
А и за крај не пиша дали плочата,која ја гледаме на сликата по операцијата проработе.:)

Ако ја купиш во наредните 60 минути од објавувањето на постот, со неа ке ти дадам гаранција од 3 години.

Докторе, во Охрид има една поговорка: "не давај му на детено риба в уста, научи го да фашчат риби". Кај го имат ова занает бесплатно?

BTW, шо се зезаш со нас? Си залемил и одлемил катаљарда компоненти и си ни купил опрема за лемење од 200 евра. И после ни кажуваш резултати со сликање за само половина час. Кога некој noob како мене ќе проба да леми со некој пазарскиот леткум и пазарски калај од 50 денари кило (наспроти твојот од 50 евра кило) само ќе ја запали матичната плоча. Нит ќе одлеми нит ќе залеми.

Затоа пред и после секоја слика има наведено за проблемот кој може да настане доколку некој сака да проба да работи...На светов има работа за сите, но колку квалитетно ке ја сработи тоа зависи од него самиот :bravo:

Браво бе докторе, секоја чест. Само оти не ми ги отвара сите слики нешто...

Незнам зошто ти правеле проблем сликите???
Можеби глупиот сервер на имиџшек нешто зезал...Кај мене е Ок, неколку пати проверуваф...Другите членови се немаат пожалено...

BTW можам да почнам да давам часови по практична работа за електроника, некој курс да организирам :D
 

prichina

senior
24 мај 2009
7.888
5.212
Скопје
prichina's setup  
Processor & Cooler
i5 7500 | Z600 + NF-A15 Noctua
Motherboard
Gigabyte H110 D3A
Storage
Toshiba 128GB SSD M2 2280 SATA | Crucial M4 128GB | Samsung SSD 870 QVO 1TB | SK Hynix SSD 500GB | 1.5 TB Seagate во Cooler Master Xport 351 | WD Elements 1TB
PSU
EVGA G2 1000
RAM
2x8GB DDR4-2666
Video card
MSI RTX 3070 VENTUS 3X OC
Case
HAF 922 | Fan Control (PWM) DeepCool Rockman
Mouse
Razer Viper Ultimate | Gamepad's: 2xRumblepad 2 (wireless) + 1x Rumblepad 2(with wire) / Wireless kombo Тастатура + Mаус од A4Tech
Keyboard
A4Tech Wireless
Audio
X-FI Platinum + Remote | Tannoy Mercury F1 Custom | Marantz PM-44 SE mkII | Audio Technica m40fs
Monitor
Dell U2412M
OS
Windows 10 pro
докторе ,ја прашав за мојата звучна... :)
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.698
5.492
Еве туторијалче, а и имаше и за неа исто :)
Се зезам, ке направиме договор :)
 

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.509
31.966
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
PRO само тоа можам да кажам, т,е PROOO!

FAK, не ми дава да ти дадам репутација дури и после давањето на Оликомерц?

WTF? :(
 

masterficx

user
5 јули 2009
1.345
354
masterficx's setup  
Processor & Cooler
Intel Q8200 + CM Hyper 212+
Motherboard
GA-G41MT-S2PT
Storage
Spinpoint F3 1TB
PSU
CM Elite 460
RAM
8GB DDRIII@1333Mhz
Video card
Gigabyte GT640 2GB
Case
DeepCool Tesseract Black
Monitor
LG 22" TN
OS
8.1 64-bit

dulemk

user
11 јануари 2008
1.049
53
Супер е незнам што да кажам.

А сорепутацијава што не ставите на времено да не може да се даде на ист член??


Еве ја не се замарам со репутации давање, ама кога ќе видам вако нешто морам, ама зош сум му дал веќе репутација пред некоја недела сега неможам.
Направете барем ограничување по член на времен период ако е возможно.
 

masterficx

user
5 јули 2009
1.345
354
masterficx's setup  
Processor & Cooler
Intel Q8200 + CM Hyper 212+
Motherboard
GA-G41MT-S2PT
Storage
Spinpoint F3 1TB
PSU
CM Elite 460
RAM
8GB DDRIII@1333Mhz
Video card
Gigabyte GT640 2GB
Case
DeepCool Tesseract Black
Monitor
LG 22" TN
OS
8.1 64-bit
img0127at.jpg


Др.-е уште малку недостасува за точно да го откриеме твојот идентитет...

имаше некои неуспешни обиди за тоа во темата за модирање на гОЈДО саунд картата ама се поблиску и поблиску сме !!!!

You can run but you can't hide :LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL:
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно