AtOm
hello world
- 4 октомври 2011
- 51
- 30
Шансите да се случи такво нешто се минимални. Во Македонија има многу стари и етаблирани синдикати, па досега ретко успеале да се договорат. Можеби во фирма-две, но сите одеднаш -- се сомневам.
За да има ефективен штрајк, треба да се штрајкува (нели?). Тоа значи да не се доаѓа на работа, па така работодавецот да попушти.
Програмерчињата се (извинете на израз) „меки газиња“ -- веднаш ќе им фали макијатото во омиленото кафуле, нема да можат да го купат омилениот гел за коса, шминкерските маички ќе мораат да ги заменат со некакви крпчиња од Бит-Пазар, и најбитното: Од што ќе го платат достапот до Интернет? (кој инаку дотогаш бесплатно го имале на работа)
Не, нема да успее, сиурно. Одам уште да ги намалам платите
Следам од почеток.
Сакам да разберам ама не можам.Се трудам и да сватам,ама пак не можам.Жал ми е.
Тука кај нас проблемот е што ние гледаме од две различни страни,ама како кога сакаме.....Поинаку доколку би барале,и поинаку доколку би давале работа....Најчесто познавајки ги моменталните ситуации и искористувајки го познавањето на проблематиката таканаречениот газда е чекор напред да би поставувал услови кои секако програмерот има избор дали да ги прифати или не.......Ке се навратам на еден пост каде ги нареди од еден до четири........Мислам дај да бидеме сериозни,ти бараш секретарка или програмер???
И зашто мора да се јавува тој синдром кај македонските новопечени или какви и да се газди и после четири поста на лицемерие,излегува на видело каков и всушност кој тип на менаџер е.
Јас сум програмер.Имам два факултети.Електро на белградскиот и информатика на ПМФ или државниот како го милувате.......Магистратура на институтот за физика во Швајцарија.
И не сум тука да бидам најпаметниот форумџија,програмер,газда,работник......Само како инфо на помладите кои сакаат да успеат......магистерскиот труд беше правен со претходна консултација на институтот за физика,конзулатот,како и амбасадорот на РМ кој доста се најде и помогна.Беше наменски,и денеска успешно е имплементиран и доста добро се покажа.Проектот беше одлично платен,и после година дена поминати пред монитор,кодирање,кодирање и кодирање добив доволно пари за да се вратам тука и почнам своја работа како електроничар и сервисер повремено користејки ги вештините за моја лична и потреба на мојата компанија,а никако за нечиј профит кој ке изнесува сигурно 40 пати повеке од мојата годишна плата.
И да,само да не заборавам.....Вордан беше така?Никогаш не би дошол да побарам работа кај тебе,никогаш и не би работел кај тебе.......ти никогаш нема да имаш способност да го оцениш моето знаење,и никогаш нема да имаш прилика да добиеш надпросечен програмер,а со тоа ни поозбилен проект.......И да,за инфо.Имам ептен долга коса и немој да ги врегаш оние кои ти носат леб.....лош потег е тоа![]()