Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Плата на програмер во Македонија

  • Ја почнал/а темата koret
  • Време на почнување

AtOm

hello world
4 октомври 2011
51
30
Шансите да се случи такво нешто се минимални. Во Македонија има многу стари и етаблирани синдикати, па досега ретко успеале да се договорат. Можеби во фирма-две, но сите одеднаш -- се сомневам.

За да има ефективен штрајк, треба да се штрајкува (нели?). Тоа значи да не се доаѓа на работа, па така работодавецот да попушти.
Програмерчињата се (извинете на израз) „меки газиња“ -- веднаш ќе им фали макијатото во омиленото кафуле, нема да можат да го купат омилениот гел за коса, шминкерските маички ќе мораат да ги заменат со некакви крпчиња од Бит-Пазар, и најбитното: Од што ќе го платат достапот до Интернет? (кој инаку дотогаш бесплатно го имале на работа)

Не, нема да успее, сиурно. Одам уште да ги намалам платите :)


Следам од почеток.
Сакам да разберам ама не можам.Се трудам и да сватам,ама пак не можам.Жал ми е.
Тука кај нас проблемот е што ние гледаме од две различни страни,ама како кога сакаме.....Поинаку доколку би барале,и поинаку доколку би давале работа....Најчесто познавајки ги моменталните ситуации и искористувајки го познавањето на проблематиката таканаречениот газда е чекор напред да би поставувал услови кои секако програмерот има избор дали да ги прифати или не.......Ке се навратам на еден пост каде ги нареди од еден до четири........Мислам дај да бидеме сериозни,ти бараш секретарка или програмер???
И зашто мора да се јавува тој синдром кај македонските новопечени или какви и да се газди и после четири поста на лицемерие,излегува на видело каков и всушност кој тип на менаџер е.
Јас сум програмер.Имам два факултети.Електро на белградскиот и информатика на ПМФ или државниот како го милувате.......Магистратура на институтот за физика во Швајцарија.
И не сум тука да бидам најпаметниот форумџија,програмер,газда,работник......Само како инфо на помладите кои сакаат да успеат......магистерскиот труд беше правен со претходна консултација на институтот за физика,конзулатот,како и амбасадорот на РМ кој доста се најде и помогна.Беше наменски,и денеска успешно е имплементиран и доста добро се покажа.Проектот беше одлично платен,и после година дена поминати пред монитор,кодирање,кодирање и кодирање добив доволно пари за да се вратам тука и почнам своја работа како електроничар и сервисер повремено користејки ги вештините за моја лична и потреба на мојата компанија,а никако за нечиј профит кој ке изнесува сигурно 40 пати повеке од мојата годишна плата.
И да,само да не заборавам.....Вордан беше така?Никогаш не би дошол да побарам работа кај тебе,никогаш и не би работел кај тебе.......ти никогаш нема да имаш способност да го оцениш моето знаење,и никогаш нема да имаш прилика да добиеш надпросечен програмер,а со тоа ни поозбилен проект.......И да,за инфо.Имам ептен долга коса и немој да ги врегаш оние кои ти носат леб.....лош потег е тоа ;)
 

Bozter

Баниран/a
24 октомври 2011
1.399
695
ај да ве прашам сеа шо заклучок донесовте? Вреди да се биде програмер или да барам друга работа?
 

vlatkorun

lurker
8 јуни 2007
633
14
ај да ве прашам сеа шо заклучок донесовте? Вреди да се биде програмер или да барам друга работа?

Постот ти е како да си Супермен и да во се можеш да се снајдеш по еден месец поминат.

Прво треба да ја сакаш работата батка и плус да те бива. Треба да се вложи труд и трпение за да можеш да бидеш добро платен програмер, администратор инженер...

Значи мислењето на пари е последно....
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.874
34.165
roka.mk
Постот ти е како да си Супермен и да во се можеш да се снајдеш по еден месец поминат.

Прво треба да ја сакаш работата батка и плус да те бива. Треба да се вложи труд и трпение за да можеш да бидеш добро платен програмер, администратор инженер...

Значи мислењето на пари е последно....

види брат мене не ми треба работа мене ми требаат пари! а пошто неможеш да дојдеш до пари без работа се одлучуваш да го работиш она што најмногу го сакаш за најлесно да се уходаш и да можеш да напредуваш во животот...:D
 

Fiasco

poweruser
2 март 2008
3.036
203
404
www.igorjanevski.com
Ова е како примерот со наставниците. Ги прашале дали ја сакаат работата што ја работат и сите позитивно одговориле дека работат од љубов кон работата, тоа им е на прво место.

Нареден месец не добиле плата.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.666
3.264
Ако нареден месец не добиле плата, газдата на школото може да затвори фирма. Што ги спречува наставниците да отворат свое нешто во кое ќе ги преземат сите ученици?

Многу плитко размислување е тоа да се искористи некој до макс. Проверете како работат фирми во кои се цени работникот и колку работникот се труди за местото. Ама не е секој интелигентен, па сходно не е и секоја компанија успешна.
 

Fiasco

poweruser
2 март 2008
3.036
203
404
www.igorjanevski.com
Ако нареден месец не добиле плата, газдата на школото може да затвори фирма. Што ги спречува наставниците да отворат свое нешто во кое ќе ги преземат сите ученици?

Многу плитко размислување е тоа да се искористи некој до макс. Проверете како работат фирми во кои се цени работникот и колку работникот се труди за местото. Ама не е секој интелигентен, па сходно не е и секоја компанија успешна.

Тоа е рекла-казала, не знам дали се случило воопшто.

А трудот точно е дека се цени, зависи каде. Има фирми каде имаат фиксна плата за програмер, има и такви каде сите програмери не земаат иста плата.

Зависи колку искуство имаш, на каков тип проекти работиш а богами и кој ти е работодавец.
 

prijatel-MKD

hello world
7 мај 2009
126
34
Абе од каков работодавец зависело (сите знаат да кликнат Гугл за просечна македонска плата), а се само дипломџии без никакво искуство бараат плати од 50.000 месечно и не се способни да решат ниту еден работен и технички проблем за доградба на веќе готова апликација бидејќи немаат нуикакво друго работно искуство освен родителите да им ги плаќаат сметките за нет. конекција.
На нива да копате 300 квадратни метри на рака денес 10 часа за 400 денари, како што македонскиот работкик вредно работи секој ден месечно за плата од 8000 денари.
Бараш обичен потпросечен Фотошоп работник и нема, немаа, еј немаааа! Програмери што не разбираат како на најобичен сајт да направат да снима колачиња да ги памети посетите и корисниците.
Плата на програмер во Македонија = клоцата в газ и на улица.
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.490
5.608
^Што не копаш ти ако си толку по копањето?
Да, македонскиот работник вредно работи за никаква мизерија наречена плата од 8000, а неговиот газда за сметка на тоа има 5-6 стана овде во Македонија, 3-4 во странство, бесни коли за секој член од семејството како за блиското, така и за подалечното кои ги менуваат секоја година и дебела расцепкана сметка во банките, како во нашиве така и во странските.
Прашај го македонскиот работник како мизерно преживува со тие мизерни 8000, но тоа е, додека има овци кои ке молчат ке има и вна.
 

tetoeco

read-only
13 септември 2011
5
1
Знам доста искусни програмери кои кај нас работат за 25000 до 30 000 денари со години и неможат да сменат работа. Од помлади колеги што сеуште бараат работа дознавам дека има многу малце огласи и тоа за мали плати околу 18 000 фиксна плата без можност за напредување, или дури и волонтерски работаат. Мислам дека ИТ професијата веќе не е толку перспективна како што тврдат некои (поготово за младите кои се без искуство), а трендот е сличен и во соседните земји (на bug.hr се врти сличнава тема дека има се помалце работа за ИТ и се помали плати) ...
 

Syncmaster

read-only
9 април 2009
20
1
Се согласувам дека има „стока“ од работодавци. И тие заслужуваат вработените да им избегаат. Но, преживари има насекаде, дури и во странство, само таму можеби повеќе се плашат од законите.

И, извини Арангел, не се согласувам дека странство е подобро. Ако сакате да видите експлоатација, „стаклени плафони“ од кои не можете да напредувате и вистинско искористување - појдете таму.
Познавам неколку кои успеале и напредуваат (меѓу кои и Арангел), но тие се „top gun“ IT професионалци, и не се репрезент на мнозинството просечни македонски програмери.
БТЊ, мислам дека и на Арангел наскоро ќе му дојде време да се врати во Македонија, да отвори фирма овде и да ги „поклопи сите“ :D
Премногу сме мал пазар, а странство, значи, каде и да отидете, е минимум двапати поголем пазар, а најчесто десетици пати поголем од нашиот за да можеме да генерализираме дека таму имало експлоатација и не може да се напредува. Сигурно има и такви случаи, но сигурен сум дека има компании каде што може да се напредува добро. Патем, искуството е значајно кое се стекнува таму, кога си на кога си на место каде што се случуваат сите најнови трендови.
 

vlado87

read-only
28 март 2009
1
0
Добар програмер?

Би сакал повторно да ја „киднапирам“ дискусијава и да искажам уште едно размислување, кое се однесува на младите, надежни или идни ИТ професионалци, а особено идни програмери:

Ако не сте дознале досега, програмирањето е исклучително напорна работа, без оглед на тоа што цело време седите. :)
Бара потполна концентрација, способност за апстрахирање, визуализација и ... седење.
Програмирањето е креативна работа -- не сум видел успешен програмер кој работи во смена и го напушта работното место во 16:01. Таквите се осудени да скокаат од една во друга фирма, вечно незадоволни од работните услови, од работното време, од работодавците -- несвесни дека тие самите си ја промашиле професијата, или додека не најдат „клатовратачко“ работно место на кое ќе си го упропастат животот, дембелеејќи се секој ден.
Кој не сака да работи прекувремено, во сабота и недела и во ноќите помеѓу тоа, нека оди во некоја градежна фирма да меша бетон -- слушам дека новиот закон бил многу строг по тие прашања. Или нека стане шофер на камион, таму полицијата го контролира тахографот колку време сте возеле.

На факултет (иако не е задолжителен) ќе ве научат само на теорија и нешто малку практични примери. Останатото морате да го надополните сами. Програмер на кој хоби не му е програмирање, не успева. Морате да имате сопствени проекти, постојано да испробувате нови техники, нови самостојни обиди.

Ставете се во улога на работодавачот -- тој има проект кој го продал, сега мора да испорача за да наплати. Од успешноста на проектот зависи и тоа дали ќе добивате плата. Нормално е да се очекува притисок за исполнување на роковите и квалитетот.
Ако покажете желба за работа, знаење, исполнителност -- ќе ве сакаат. Дури, во почеток, не мора да имате големо искуство, ако ве видат дека „ќе ве бидне“.
И платата ќе ви расне соодветно.

Не се согласувам дека добрите програмери во Македонија не заработуваат добро, имам и примери да набројувам, но прво мора да се стане добар програмер.
Иако после толку долго време, случајно наидов на темава и неможам а да не кажам дека потполно грешиш. Ти ако го сметаш животот дека е само "програмирање" за да си добар програмер тоа си е твое мислење, ама има и други програмери кои не се венчани со фирмите, кои напорно и искрено си работат во ПРЕДВИДЕНОТО РАБОТНО време и кои покрај работата сакаат да имаат и други активности во животот. Затоа јас неможа никогаш да се согласам дека останување секој ден на работа до пример 7-8 навечер и работење преку викенд е нормална работа. И ако се земе во предвид дека во нашите фирми се функционира на принципот "колку што е можно помалку вработени, а повеќе работа" може и по цел ден да работиш и пак да има работа и да не е сработено. А газдите кои зимаат проекти, треба да си знаат колки програмери имаат и за колку програмери се доволни за проектот да се заврши во дадениот рок.
 

tetoeco

read-only
13 септември 2011
5
1
Имам пријател бербер кој заработува околу 30 000 денари месечно.
Плус програмерската работа е доста опасна - според најновите истражувања, долгото седење на столица е поопасно и од пушењето (настрана стресот поради монотонијата, која ја нема кај другите професии - пр. машински инжињери итн. каде голем дел од денот го минуваат во движење...)
Така, добро размислете за 10 часовно седење во столица за 18000 денари, плус Саботи и Недели!
 

2angel

read-only
27 април 2010
14
0
еве да влезам и јас во расправата.
кај нас има доста фирми каде има вработено по 5-6 програмери и каде платата е доста просечнима и фирми каде зимаат и над 30000 ден плата, тие се ретки.
точно е и од тоа дека на каков проект работиш, и за колку се продава решението што се изработува.
и нормално, ако програмирањето не ти е хоби, не работи како програмер воопшто.
но нема и за сите работа како програмери,па ако си добар направи програма или некое решение па продавај го сам.

и за крај без надоградување себеси и без сопстевен проект,тешко.
јас како хоби го сакам веб програмирањето и кога имам време си го надополнувам знаењето. но не го работам тоа.
 

stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
Можете да работите на Freelancer, oDesk, eLance итн. Многу повеќе пари месечно ќе земете одколку работите во фирма кај некој приватник. Доколку е државна тоа е друга работа.
Јас сум земал проекти на Freelancer и Gold Member сум моментално. Значи се исплати.
 

discodancer

hello world
12 јануари 2009
66
14
Ах темава никако да умре. Еве што мислам пак, после 2 години:

Во секоја професија, има квалитетни и неквалитетни луѓе. Да, знам дека светот не е црно-бел и намерно не правам градации пошто на крај се непотребни. Квалитетните луѓе ги одликува ентузијазам, интерес, потреба да знаат како функционираат стварите, и пред се, сакаат да создаваат нови ствари. Неквалитетните луѓе ги одликува плиток интерес, мрзливост, повеќе сакаат да гледаат фудбал и да пијат пиво со другарите отколку да научат нешто. Она што НЕ ПРАВИ РАЗЛИКА помеѓу квалитетен и неквалитетен професионалец е коефициент на интелигенција (под услов да не е испод 100 :). Колку си добар 99% зависи од тоа колку време и внимание имаш посветено на дадената тема.

Следствено, различни луѓе се добри во различни области. Некои луѓе се добри во повеќе, а некои не се добри во ништо. Колку си квалитетен зависи обратно пропорционално од часовите поминати гледајќи фудбал, пиејќи пиво, киснејќи на фејсбук, лакирајќи нокти и играјќи дота. Со ова не сакам да кажам дека наведениве активности не се пожелни, ама реалноста е таква да никој не ти плаќа пари за да играш дота* или да лакираш нокти.

Е сега, платата ви зависи од неколку ствари (наведени по важност):

1. Вашиот квалитет во одбраната професија
2. Државата, т.е. БДП по жител на државата
3. Пазарната побарувачката за вашите вештини
4. Вашите социјални вештини, преговарачки способности, "софт скилз", општа култура
5. Среќа
6. Останати фактори

Повеќето луѓе што работат IT се таму заради фактор 3, не заради фактор 1. Со други зборови, работат како програмери затоа што лесно се наоѓа работа, а не затоа што сакаат да покажат квалитет. Тие што програмираат зашто навистина ги интересира се секогаш добро платени (1000 EUR и нагоре). Нето плата од 1000 евра во Македонија е еквивалентно на околу 24.000 долари бруто годишна плата, пресметана по амерички. Корегирано со соодносите на Американскиот и Македонскиот БДП (4 пати поголем по PPP) - платава е еквивалент на 100.000 USD годишна плата. Тоа, бај д веј, е просечната плата на квалитетен програмер во Америка.

Ако земате плата од 30.000 денари - или грешно преговарате, или не ве бива. Simple as That. Што се однесува до искуство - битно е само искуство во саати поминати решавајќи проблеми и читајќи туѓи решенија на проблеми. Години и проекти ништо не значат.

Коментаров беше испровоциран од коментарите од типот: "Ја не седам 10 саати дневно, не работам викенди, имам ја живот...". За нив имам да кажам - Најди си работа што ти се поклопува со стилот на живот и ќе бидеш подобар во неа. Или жртвувај дел од животот и стани добар со компјутери. Нема неправда, реалноста е едноставно таква ...

За крај, еве еден програмерски тест за одредување плата:

1. После работа гасите компјутер и не го палите до утредента на работа (освен за фејсбук/филм/музика)
2. Ви се случило да поминат недела дена без да напишете линија код или барем да помислите како би напишале
3. Знаете само еден програмски јазик добро и не ве интересира да научите нов
4. Никогаш не сте се задлабочиле и не сте почнале да истражувате како работат или се напишани алатките кои ги користите
5. Често ви се случува да ви проработи нешто без да знаете како и да продолжите без понатамошно истражување
6. Имате проблем со читање и изразување на англиски
7. Никогаш не сте користеле линукс и конзола (на факултет не се важи)
8. Немате ниту еден хоби проект на кој работите во слободно време
9. Ако не треба да се секирате за пари во животот, програмирање не би ви паднало на крај на памет

Ако одговоривте ДА повеќе од едно од прашањава, 30.000 денари ви е отприлика плафонот во Македонија и е сосема фер.
 

Nuuro

read-only
28 март 2012
2
2
Стара тема и прекршувам основен нетикет за одговарање на стари пораки. Но, по оваа последнава порака решив и специјално да се зачленам и да одговорам и покрај бајатата дискусија.

1. Компјутерот никогаш не го исклучувам ни дома ни на работа. Фејсбук не користам, компјутерот не го користам за филм и музика, има поквалитетни уреди за таа намена.
2. Се случило да поминат ден-два без да напишам линија код. Но не се случило да поминат без да помислам на тоа.
3. Сум програмирал помалку или повеќе во Basic, Logo, Forth, Fortran, Modula, Pascal, Lisp, C, Cobol, Prolog, Java, Haskell, Python. Да не ги споменувам воопшто јазиците кои се добиваат кога ќе додадете +, ++, ~, #, !, % или некој друг симбол на претходно наведените, во сите нив имам програмирано. Можеби и заборавив некој јазик. Веројатно најмногу линии код имам во минатото во Pascal и конечно секојдневно и убедливо најмногу Java. Да не ги споменувам разноразните скриптирачки јазици конгломерати и јазици конгломерати кои позајмиле се и сешто од другите јазици и себеси се нарекуваат јазик.
4. Да, редовно. На пример меѓу последните такви проекти имам испрограмирано screensaver за мојот DVD плеер, затоа што вградениот не ми се допаѓаше. Претходно морав да го дисасемблирам фирмверот и да пронајдам каде воопшто во тие неколку мегабајти код, при апсолутно непознат хардвер, се наоѓаат графички функции, па да препознам кои од нив се однесуваат на screen saver и потоа да испрограмирам мој нов код кој ќе се вклопи во точно определен број стотина бајти (бајти, не килобајти или мегабајти). За ова ми требаше неколку месеци работа, 99% учење, 1% работа. Имало и други, проекти од сосема друг карактер.
5. Не знам зошто :) но работите секогаш ми проработуваат, па нема потреба многу да се мислам дали има проблем и кој е проблемот. И секако има дебагери кои се добри кога појма немаш што се случува.
6. Англиски ми е повеќе од доволно добар, а за останатите јазици кои може да му притребаат на програмер секогаш постои Google Translate. Досега ми требало редовно француски и германски бидејќи особено во Франција постојат доста проекти од кои може да се учи, ми требало да читам материјали и од шпанско говорно подрачје и од кина. Затоа би го проширил прашањево не само на англиски.
7. Користам Xubuntu како основен оперативен систем, не сум воопшто среќен со Linux-от како решение, но сум посреќен од тогаш кога користев Windows. Сите сервери кои ги имам инсталирано се со Linux. Но би било редно да спомнам дека не сум среќен ни со моите софтверски решенија, но знаете колку пари толку музика. А околу парите тоа има прашање подоле :)
8. Имам повеќе хобија и не се сите програмерски. Од програмерските имам еден долгогодишен проект кој го работам веќе 15 години на работа затоа што ми е интересно, а имам и два сопствени нови кои се во фаза на развој и се надевам скоро би биле објавени во некоја првична верзија, како open-source.
9. Програмирање може и без пари. Се програмира и на хартија. Дали решението што си го напишал ќе го користи некој, дали ќе биде платено или не е потполно ирелевантно. Главната среќа на програмер е кога ќе успее да обмисли и постави еден проблем, да го разбере и потоа да открие решение.

Патем, веќе 27 години се поминати од моите први програмерски обиди, а 12 години сум вработен. Почнав да работам со околу 12000, сега имам плата 25000 (денари нето, не евра). Мојот најгорен претпоставен заработува повеќе, но не значително (помалку од двојно повеќе). Нема тајни сметки во странски држави, не вози бесни коли, само работи. И двајцата немаме неограничено работно време и работиме по потреба и по полноќ и за празници и за одмори.

Да, ако појма немаш може да имаш и 30000 плата, како што пишува погоре во тестот. Дури може и повеќе. И тоа е фер, нели? :)
 

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1.618
689
[
Патем, веќе 27 години се поминати од моите први програмерски обиди, а 12 години сум вработен. Почнав да работам со околу 12000, сега имам плата 25000 (денари нето, не евра). [

Со останатото воглавно се согласувам. Посебно ми се допадна делот со screensaver-от.
Но, лично сметам дека сериозно се потценуваш себеси и своите способности. Тоа што го правиш ти вреди повеќе. Далеку повеќе. Се прашувам зошто не си се обидел да заминеш од државава, но претпоставувам дека работиш и самостојни проекти од кои дополнително се стимулираш за знаењето кое го поседуваш. 25000 ден според мене е некоја средна плата. Не е доволна за пријатен живот, особено ако имаш семејство. Можеби се доволни за самостоен живот на млад човек, под услов да има решение за вработување на неопределено време и да може да си дозволи кредит. Во спротивно, 25000 ден се малку.
 

Nuuro

read-only
28 март 2012
2
2
Сум со договор на неопределено, но на секои 3 години моето работно место се огласува на јавен конкурс. Може се разбира било кој да конкурира и за да останам морам да бидам подобар од секој што би му текнало да конкурира. Зарем би конкурирал 5 пати во својот живот за истото работно место, ако не го сакам токму тоа да го работам. Не се потценувам, напротив, тука е тоа и толку.

Поентата е дека меѓу информатичарите има дури и премногу преценување, особено во последниве 3-4 години.

Колку денари се малку или многу за живот е релативен поим. Има луѓе што живеат со 4 пати помалку, има луѓе што едвај успеваат да останат живи со 100 пати повеќе. Има милијардери што се тоа само затоа што успеале да се наместат на позиција да го експлоатираат цел свет со помош на својата монополска позиција. Има луѓе што се продале како да се 10 пати подобри отколку што се, има луѓе кои не се ни продаваат себе си.

Тоа не би сакал да го дискутирам. Дискутирав за тоа дека 30000 е премија за просечен работник (според поставените прашања би рекол дека е тоа дури и потпросечен работник) и треба да биде пресреќен секој што во оваа држава заработува толку, а не е спремен да се вложи себе си.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.666
3.264
ако земам дека кога почнав да работам, пред 10 години, без ден работно искуство земав поголема плата )изразена во литра нафта) од сега, со сето знаење и напредок во кариера, може да кажам дека 30.000 денари за некој што 8 саат у денот зјапа у монитор се премалку.

едноставна споредба со физикалци на битпазар, кажува дека дневинца на програмер/дизајнер или кој и да е кој инвестирал во учење за да постигне поголем комфорт за себе и за тие по него, треба да е неколкукартно повисока од тоа што е.

за споредба земете мајстори (молери, механичари, водоводџии). не дискриминирам нит поценувам струка, но соодносот на примањата меѓу интелектуална и мануелна работа мора да биде голем. кај нас е голем но е обратно поставен. физикалци имаат појаки плати од професори.
 

pocttopus

hello world
21 мај 2010
458
99
Skopje, Naboo
немојте да бидете алчни за пари. тие се само нужно зло во животот и земајте онолку колку што ви треба. не е во ред да сте премалку платени и не е во ред да сте претерано платени. но, пак ќе кажам, нужно зло ни се парите и сите во ова капиталистичко општество сме робови токму на нив. :(

а...дали сте се запрашале нашите доктори за колку пари работат!? дали знаете дека за една специјализација кај нас треба да се плати 10.000 евра (ако има родителот да финансира) и додека се специјализира не се зема никаков личен доход, а докторот работи и заработува за клиниката! што треба тие да кажат во однос на (молери, механичари, водоводџии...) останатите струки!? поентата ми е...ќути, остај имало и полошо!

во оваа земја не е исплатливо да си специјалист по ниту една струка. што повеќе учиш и работиш, толку повеќе другите заработуваат. во некои поцивилизирани времиња вакви работи не се случувале. тоа беа времиња каде народот имал слобода во тоа што го одбрал.

оваа слика (верувам поголемиот дел ќе се смееја да не го напишев постов и само ја прикачев) не е само за програмери како што пишува на неа...таа важи за сите оние кои професионално си ја вршат својата работа без разлика колку се платени почнувајќи од метлар, доктор па до пилот... се со една цел, за доброто на сите!

да се почитуваме и помагаме повеќе. :)

scaled.php
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.666
3.264
докторите затоа ги има по весници со мито во раката. мито земаат од молери што имаат трипати поголема плата од доктори.
тоа е проблемот со системот. ако докторот има саглам плата, нема да се цингачи да бара пари под маса. а и молерот нема да се цепа со парите оти нема да му се доволно за цепање.

на крај, ако сам не се цениш, никој не те цени.
а има и доктори кои работат приватно и тоа како го наплаќаат знаењето.
а има доктори на клиника и со над 2000еу примања (плата и други додатоци што им следат)

така да, цени се, да те ценат.
 

pocttopus

hello world
21 мај 2010
458
99
Skopje, Naboo
ако пак претерано се цениш можеш и дома да си останеш.

од друга страна, во земјава има повеќе невработени отколку вработени, а тоа не е резултат на „преценување“.

проблемот лежи малку подлабоко во луѓето, односно тоа е најизразено кај оние кои се болни за пари и моќ, а останатите се само робови... :( а такви тешко болни пациенти не се многу. само неколкумина успееја да не дотуркаат тука кај што сме, а како ли ќе беше да бевме сите такви!? нејќам ни да помислам!

шо се секирате, планетава земја сите исто ги крепи... ;)
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно