Ај бре кој праќало бесплатно мобилен телефон од кина? Тетка светле многу паметна...Па во моментот на алиекспрес има наградни игри по повод EURO 2024...Може да ти се падне, УЕФА тикет, мобилни телефони, ваучери по 100, 50 евра...итн.....И што ако ти се падне нешто бесплатно? Треба ли да ти прават шпедција, куропиција, данок, царина, триста глупости...Прво, сакам да ти кажам дека напишаново ти е топ, објаснето детално со факти. Не ми е целта да ти се противам.
Сега, јас да ти ја раскажам мојата случка од пред неколку години.
Ми праќаат од Кина телефон, бесплатно, добиен на Giveaway. Телефонот стигнува на царина. Добивам повик од тетка од царина која ми вели: имате добиено телефон, треба да се плати ДДВ за телефонот за да може да го земете, пратете ни фактура и извод од банка врз основа на кои ќе пресметаме давачки. Јас и велам: телефонот е бесплатен, добиен ми е на наградна игра и затоа е пратен како подарок, немам документи ништо.
Ни два ни три, тетката ми кажа: не ми е јасно зошто и кој ќе ти праќа телефон од Кина бесплатно, доколку не пратиш соодветна документација ќе мора да го вратиме.
Следното што го правев, мислам дека веќе ти е јасно што е и дека е кривично дело, ама ваљда не се важи кога мора.![]()