Во последно време се помалку и помалку време посветувам на форумов. И да, не сум некој активен член ниту придонел нешто посебно за форумов, но... пред да бидам член т.е. веќе бев ама не пишував половина ден го губев на форумов читајќи разни и квалитетни дискусии. Да не ги заборавиме резенциите на поискусните членови. Билдовите на некои членови меѓу која и онаа на Гојдо со компјутер у биро. И многу други, да не набројувам. Целта ми е да кажам дека порано едвај чекав да се пуштам за да видам дали има некој нешто пишано.
Не можам да зборам во туѓо име, но мислам дека поголем дел од форумџиите ќе се согласат дека квалитетот на форумот е опаднат. Се читаат се помалце ИТ дискусии, и на секоја тема има кавги Епл/Самсунг. Да не бидам погрешно сфатен, ова не е до модераторите ниту до админите. Членовите се тие кои допринесуваат за квалитетна содржина. Модераторите се тие кои треба да се погрижат за редот на темите и дискусиите.
Би дал некои забелешки и како да се подобри содрижната со што би придобиле повеќе на квалитет, а не квантитет.
1. Банирање од тема
- Знам дека постои оваа функција и искрено не знам зошто не се користи од модераторите? Да бидеме реални има милион испади на темите за Епл и Самсунг. Бришење пост не менува ништо, само се одложува дискусијата се до наредно логирање на членот.
Негативна страна на овие караници, пред се детски, е тоа што се губи интерес кај оние членови што стварно сакаат да започнат некаква дискусија. Да прочиташ 2 страни од тие теми очи ти солзат, гасиш интернет и не знаеш што со себе понатака во животот. Кога одредени членови би добивале бан на одредено време ќе сфатат до каде е границата на таквите дискусии и ќе се внимава при реплицирање.
2. Придонес кон форумот
- Многу е лесно да се логирам и да прашам нешто да добијам одговор и чао пријатно. Ако си спремен да побараш помош, возврати. Барем моја навика е кога ќе побарам било каква помош од членовите да возвратам со нешто што имам познавање, да речеме фотографија. Мене одреден член ми помогнал со конфигурација, возвраќам со туторијал за фотографија. И јас добивам и другите добиваат. На овој начин ќе се поттикнат и другите членови да се вклучат во дискусијата и да се развива темата.
3. Препукување на членови во секоја можна тема
- Одредени членови поради Х причини пред Х време си ебаваат мајката на секоја тема. Никој не е должен да ги трпи нивните расправии. Ниту се квалитетни, ниту имаат некаква цел освен замрка и оцрнување на другиот. Би било океј кога навредите се санкционираат со опомена/бан.
4. Спротиставено мислење
- Сосем нормално. Не може сите да се согласуваме на секоја тема. Затоа е и форумов да дискутираме, да споделиме знаење. Теоријата е ваква, ама во пракса е сосема друго. Х членови се караат затоа што на одредена тема имаат спротиставено мислење односно не се сложуваат. Барем во технологијата има тестови, ривјуа, рецензии. Секогаш може да се дискутира со факти на одредени теми. Нема никаква потреба од караници. Тоа што му недостасува на форумов е респект спрема другите членови.
5. Собиранки и дружба
- Еве не знам колку од членовите тука лично се познаваат. Имав прилика со 2ца да се запознаам. Би било екстра доколку се прават собиранки на одреден период (недела, месец, 3 месеца сеедно). Пак ќе кажам. ИТ форум сме, секоја собиранка може да биде забавна и едукативна во исто време. Зарем не можеме самите да си правиме тестови, рецензии, ривјуа, споредби итн.
6. Проверка што се постира
- Помеѓу темите Епл, Самсунг веројатно Фотографии сликани со мобилен е третата тема што ме натера да ја отворам оваа тема. Нема никаков ред, ниту пак правила што се постира. Се постираат пари од дома, ручек што се имало па дури и крем банани од Европа. Да се разбереме, поентата ми е да се воведат правила на однесување и постирање во одредени подфоруми.
7. Вклучување на модератори
- Многу битен фактор. Не посочувам ниту критикувам некого, но поентата не е само да се бришат мислења кои воедно и не се бришат. Зарем модераторот не е тој кој треба да поттикна некаква дискусија меѓу членовите? Без разлика дали е тоа тема или мислење. Јас познавам само еден модератор кој активно е вклучен во дискусиите и отварање теми. Би било кул да го прават сите тоа или ако се нема доволно време, да се внесат нови дечки кои би придонеле.
Генерално ова ми се забелешките кои мене ми пречат и мислам дека придонесуваат кон квантитативна содржина. Не мора сите да се сложат со мене но мислам дека може од некаде да се почне и да се врати стариот сјај на форумот.
Памти некој кога последен пат сме прочитале добра рецензија или тема? Немам некое познавање од аудио, ама Флегма со неговите теми растури. Сале кој одамна го нема исто. Нејсе, секој со своите обврски ама има нови членови. Зарем толку никој нема желба да придонесе и да развие дискусија? Сите имаме познавање од некаква област. Еден саат во денот мислам дека секој може да одвои. Па не мора и во денот, по 10 минути се соема доволно.
Еве, ќе ја искористам оваа прилика да ве поканам сите заинтересирани. Наредната недела планираме со @cakii една дружба и да правиме споредба на телефони т.е. камери. Без разлика кој каков телефон има нека ми пише мене или на членот приватна порака ќе договориме и место и време. Би отвориле тема и би дискутирале како што доликува на еден ИТ форум.