Не знам дали беа со него купени или преснимени, ама јас ги памтам Arkanoid, Foodball Manager и Friday 13thПрвите игри на многу од нас не беа на цедиња туку на касети. Со Amstrad-от CPC464 доаѓаа 5 касети со фул игри двострано, имињата на игрите не ни ми текнуваат.
Таа збори за касети ти за Medal of Honor,хехеDelta Force
Counter Strike
Hitman Codename 47
Medal of Honor
Cossacks
Age of Empires
Испратено од Mi MIX 2S преку IT.mk форум апликација
Таа збори за касети ти за Medal of Honor,хехе
Веројатно не си роден во средината на 70-тите како мене па да знаеш како се учитува игра на касета на компјутер со 64 килобајти(не е печатна грешка)меморија,хаха
Мојот прв компјутер беше легендарниот Комодоре 64,гејмерска макина од 80-тите,една од првите игри кои сум ги играл на тој компјутер беше Fire Ant(види на Youtube-Commodore 64 Fire Ant),тоа беше одлична логичко акциона игра(за тоа време секако),а еден од првите даунлоади(општо во Македонија и на Балканот воопшто) ги имам правено и јас(на радио МРТВ ни пушти сигнал ТИИИИТ кој си го снимив(со мојот Philips радио-касетофон) на касета и после го учитав на Комодорето)...Така да тоа беа времиња кога децата чекаа на автобуска(со недели) да им стигне на касета игра како Commando(1985) од Capcom...Легендарни и неповторливи времиња ако мене ме прашувате
Имаш слушнато за Atari 800XL домашниот персонален "компјутер"? Комодорето беше измислено за овој џиновски дигитрон(затоа го ставив во наводници),на тоа Атари за една посрана игра на ниво тетрис со коцкици графгика се чекаше учитување од касета и по пола саат,замисли ситуација,идеме кај другарот,го вклучуваме Атарито,јадеме,цепеме дрва,палиме ќумбе и оп,се учитала играта,кои времиња беа тоа човече и која стрплива младина сме биле,хехеЕдна касета по 20-30 игри. Со 20 касети ја имавме целата библиотека. Само кој кошмар беше вчитувањето од касети![]()
Имаш слушнато за Atari 800XL домашниот персонален "компјутер"? Комодорето беше измислено за овој џиновски дигитрон(затоа го ставив во наводници),на тоа Атари за една посрана игра на ниво тетрис со коцкици графгика се чекаше учитување од касета и по пола саат,замисли ситуација,идеме кај другарот,го вклучуваме Атарито,јадеме,цепеме дрва,палиме ќумбе и оп,се учитала играта,кои времиња беа тоа човече и која стрплива младина сме биле,хехе