Тоа 100w само LN модел... перфекција
Погледнете го атачментот 125241
Ама 20С е прениска сет температура за греење според мене...
Кај мене LN35 поставена на 24С и АУТО фан не е чепнато далечинското 2 месеца и мометално преку ден модулира во распон од 90-200w.
Во цел отворен простор 65м2 се одржува стабилно 22-23.5 со двете клими....
Често врати и прозори преку ден кога е сончево вака како сега ми се на кип отворени со саати без да гасам клими.
Погледнете го атачментот 125242Погледнете го атачментот 125243
AP25 не спушта испод 250w... и моментално работи баш како што опиша членот @PetarPeco погоре .
Макар да мислам кај мене малку и и пречи што е во соба на јужна страна со 15цм спуштен кнауф плафон на средината од собата...
Аа сега ме разочара. Какво кипање човеку?! Кипањето е најштетната работа за еден простор од аспект на микро клима, таа опција е ставена само да се подигне цената на прозорот и изгледа фраерски. Со кипање постојано внесуваш ладен/топол воздух при што воздухот се менува споро и наспроти тоа имаш ладење на зидови, дополнително што ако седиш подолго време на едно место во собата, постојано ти доаѓа прилив на ладен воздух во нозете. Последиците од тоа ќе ги почуствуваш порано/покасно или и по некоја година. Со кипањето имаш полоша изолација отколку со старата дрвенарија, каде што постојано нешто фурело и влечело. А за звучната изолација и да не збориме.
