Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

25 ноември 2014
1.534
1.963
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
Сум немал проблеми со мувла до сеа на спратот...
И колку што се информирав као демек преку камената волна ѕидовите сепак си "дишат"
Да не те плашам ама мувлата нема да ти се појави на гипс картонот туку внатре на волната. Пошо ладен надворешен ѕид и топол гипс картон = кондензација.

Знам човек што имаше таква изолација и пластични прозори. Кога реновираше цела волна црна од мувла ја извадил.

Сеа има ставено стиродур па гипс картон ама чисто сумњам дека ова е нешо боље.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.234
Да не те плашам ама мувлата нема да ти се појави на гипс картонот туку внатре на волната. Пошо ладен надворешен ѕид и топол гипс картон = кондензација.

Знам човек што имаше таква изолација и пластични прозори. Кога реновираше цела волна црна од мувла ја извадил.

Сеа има ставено стиродур па гипс картон ама чисто сумњам дека ова е нешо боље.
За да нема мувла се става паропропусна фолија која воопшто не крева на цена.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Да не те плашам ама мувлата нема да ти се појави на гипс картонот туку внатре на волната. Пошо ладен надворешен ѕид и топол гипс картон = кондензација.

Знам човек што имаше таква изолација и пластични прозори. Кога реновираше цела волна црна од мувла ја извадил.

Сеа има ставено стиродур па гипс картон ама чисто сумњам дека ова е нешо боље.
Како што спомнав до сеа не сум имал проблем со мувла на спратот.
За да дојде топлото до ладниот ѕид треба да го помине/загрее гисп картонот, 3-те цм воздушен простор па 5-те цм камена волна, па после да го грее ладниот ѕид да би појавил кондензација.

Не дека одбирам многу, ама првично планирав да ставам 5цм од меката во ролни што е пакувана и првиот мајстор со кој зборував ми рече ќе ја пресуваме во тие 3цм од гипс профилот па целото отфрлање од ѕидот би било некои 5цм.
Ама вториот мајстор ме убеди дека тврдо пресуваната 5ка е малку поскапа но далеку подобра опција плус тоа 3 цм воздушниот простор помеѓу гипс таблата и изолацијата исто доста помагал.

Сеа што е тука е. ако фати мувла меѓу ѕидовите и волната може нема да дознаам и јас додека не реновирам пак некогаш по 20 години :)
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
575
253
@Riku

Гo реши ли прoблемoт сo климaтa штo беше нa сервис ?
Не, дојдоа ја извадија ја тестирале таму климата била исправна и ми го продават филмо дека проблемот бил во струја и напон кај мене дома. На инспекцијата им дале документ со печат дека климата е исправна и приказната завршува тука.
 
8357boki

read-only
18 декември 2021
40
82
Денес ја добив сметката во која има и по старо и по ново цени па да споделам за споредба кого го интересира:

По СТАРО:

1 блок до 210 = 7.7226 ден (4.3484+3.3742) = 8.1087 ден (цена со 5% ДДВ)
2 блок до 630 = 8.0759 ден (4.7017+3.3742) = 8.4797 ден (цена со 5% ДДВ)
3 блок до1050 = 8.6619 ден (5.2877+3.3742) = 9.0950 ден (цена со 5% ДДВ)
4 блок над 1050 = 17.4767 ден (14.1025+3.3742) = 18.3505 ден (цена со 5% ДДВ)
Ниска тарифа 0.6193+3.3742=3.9935 ден = 4.1932 ден (цена со 5% ДДВ)

По ново:
1 блок до 210 = 7,4052 ден (4.7257+2,6795) = 8,1457 ден (цена со 10% ддв)
2 блок до 630 = 7,8373 ден (5.1578+2,6795) = 8,6210 ден (цена со 10% ддв)
3 блок до 1050 = 8,7358 ден (6.0563+2,6795) = 9,6094 ден (цена со 10% ддв)
4 блок над 1050 = 18,8131 ден (16.1336+2,6795) = 20,6944 ден (цена со 10% ддв)
Ниска тарифа 1.3183 + 2,6795=3,9978 ден = 4,3976 ден (цена со 10% ддв)

Вкупна разлика со промена на цена и ддв од 5 на 10%:
1 блок поскапување +0,037 ден
2 блок поскапување +0,141 ден
3 блок поскапување +0,514 ден
4 блок поскапување +2,344 ден
Ниска тарифа поскапување +0,204 ден.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
613
342
Не, дојдоа ја извадија ја тестирале таму климата била исправна и ми го продават филмо дека проблемот бил во струја и напон кај мене дома. На инспекцијата им дале документ со печат дека климата е исправна и приказната завршува тука.
Дaли климaтa сегa функционира кaкo штo требa ?
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
575
253
Дaли климaтa сегa функционира кaкo штo требa ?
Не. Климата грее но пак ја појавува P0 грешката. Но тие се чисти пред инспекцијата со документ и печат дека климата е исправна и тука завршува приказната.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.492
2.941
Не. Климата грее но пак ја појавува P0 грешката. Но тие се чисти пред инспекцијата со документ и печат дека климата е исправна и тука завршува приказната.
Дали имаш консултирано некој електричар, или повикано да ти ја провери инсталацијата по дома, да не имаш слаб напон? Или проблем со фазите? (На пр. во улицата/населбата имате трансформатор за 100 домаќинства, а вие сте 150 или 200 домаќинства).
Дали на пр.често забележуваш ламбите да ти трепкаат навечер?
Не те напаѓам, и не ги бранам сервисерите, само прашвам дали си ги разгледал сите можни причини?

Испратено од телефоно.
 
Godlike

lurker
11 октомври 2014
881
1.012
Денес ја добив сметката во која има и по старо и по ново цени па да споделам за споредба кого го интересира:

По СТАРО:

1 блок до 210 = 7.7226 ден (4.3484+3.3742) = 8.1087 ден (цена со 5% ДДВ)
2 блок до 630 = 8.0759 ден (4.7017+3.3742) = 8.4797 ден (цена со 5% ДДВ)
3 блок до1050 = 8.6619 ден (5.2877+3.3742) = 9.0950 ден (цена со 5% ДДВ)
4 блок над 1050 = 17.4767 ден (14.1025+3.3742) = 18.3505 ден (цена со 5% ДДВ)
Ниска тарифа 0.6193+3.3742=3.9935 ден = 4.1932 ден (цена со 5% ДДВ)

По ново:
1 блок до 210 = 7,4052 ден (4.7257+2,6795) = 8,1457 ден (цена со 10% ддв)
2 блок до 630 = 7,8373 ден (5.1578+2,6795) = 8,6210 ден (цена со 10% ддв)
3 блок до 1050 = 8,7358 ден (6.0563+2,6795) = 9,6094 ден (цена со 10% ддв)
4 блок над 1050 = 18,8131 ден (16.1336+2,6795) = 20,6944 ден (цена со 10% ддв)
Ниска тарифа 1.3183 + 2,6795=3,9978 ден = 4,3976 ден (цена со 10% ддв)

Вкупна разлика со промена на цена и ддв од 5 на 10%:
1 блок поскапување +0,037 ден
2 блок поскапување +0,141 ден
3 блок поскапување +0,514 ден
4 блок поскапување +2,344 ден
Ниска тарифа поскапување +0,204 ден.
Калкулаторот е упдејтиран за тој што сака да си направи некоја пресметка за струја.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
575
253
Дали имаш консултирано некој електричар, или повикано да ти ја провери инсталацијата по дома, да не имаш слаб напон? Или проблем со фазите? (На пр. во улицата/населбата имате трансформатор за 100 домаќинства, а вие сте 150 или 200 домаќинства).
Дали на пр.често забележуваш ламбите да ти трепкаат навечер?
Не те напаѓам, и не ги бранам сервисерите, само прашвам дали си ги разгледал сите можни причини?

Испратено од телефоно.
Се јавив на Електричарот што ја има правено инсталацијата и провери се и сешто човекот и рече дека нема никаков проблем со напонот се јавив во ЕВН и ми рекоа дека штом Електричар заклучил дека се е во ред нема потреба од нивно доаѓање. По пријава во ДПИ тие дојдоа ја зедоа ја тестирале заклучиле дека е исправна предале документ во ДПИ дека е исправна проблемот бил во напонот и приказната завршува. Им велам на ДПИ дека дојде Електричар кој го провери напонот дека е во ред но тие ми вратија со одговор дека имат документ од сервисерот дека климата е исправна и неможат повеќе од тоа освен судски да се докажувам за климата. Инспекторката била и 15 мин да гледе како работи климата по мое прашање зошто не ме повика и мене да дојдам да видам и јас како работи истата а и да потврдам дека климата што ти ја вклучиле е токму мојата а не друга, на прашањето не добив одговор и то е то.
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Кратка рецензија за месец дена користење на Toshiba Shorai Premium 22ка.
Куќа прв спрат, 50m3 дневна/кујна, 8цм стиропор, солидна дограма.

13.12-31.12 потопол период, наместена да се гаси 23:00 и да се пали 05:30, на ауто, клима 23C – собна ~21.5C – 116KW.
01.01-13.01. поладно со недела дена магла, денски ауто 23C, навечер 20C, собна ~21.5C – 120KW.

Мани на старт беа две/три.
Температурата требаше 3 степени да биде повисока (клима/соба) но разликата се намали на 1.5C дневна и 0.5 навечер.
Одреден звук се јавуваше на перката на пола брзина да речам кој после недела дена го снема и тоа што беше гласна, второво е субјективно и дополнето подолу.

Малку време ми требаше да се навикнам нити пак осеќав дека работи. Надворешната единица не знам ни дека постои.
Сфатив колку е тивка кога ја поправив Gree Eco Lomo 3.5KW и ја ставив во 16m2 соба, се извинувам за мојата првична констатација дека е гласна... не знам што ми се чинеше, Грито е барем 6-7 децибели побучна и во другите две соби се осеќа (не смета) дека работи надворешната.

Комфорт, 15мин изгубив да го сетирам далечинското на неделно работење и од тогаш го имам заборавено. Грито која беше користена помеѓу сезона нон стоп со iFeel во истата просторија, сакаше повеќе играње со температурата, не ја држеше константно. Претходно бев на парно дрва и пелети, топлината е идентична на таа на пелети но подобра од дрва, тоа е констатација и на сопругата.

Други разлики кои ги приметив помеѓу двете клими, не знам колку се фер бидејќи не се исти класи/јачини:
Грито правеше често дефрости за време на маглата, Тошиба ќе речам 2-3 денот.
Грито не паѓа испод 400В потрошувачка и се исклучува, Тошибата кога ќе е сонце знае да спушти на 200W.

Сакам да сум објективен и да приложам мани кои мене ми сметаат и сум свесен за истите, засега немам, можда една, за цената очекував WiFi.

10/10 would buy again.
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
Ми се допаѓа што ја споредила топлината со друг тип на греење и дека заклучила дека ова е подобро. И моите искуства покажуваат иста констатација. Баш ме интересира и ценовно колку си задоволен, мислам дека ќе си пре задоволен, ама може и да е повеќе од тоа, така да ќе почекаме да кажеш.
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
За топлината тоа важи за дневниот простор, разлавањето на парното цела куќа да е топла го немам ама и цената... 2 вреќи на ден по 400 денари колку се не пратам, 400€ минимум месечно.

Задоволен сум од сметките за струја, 6100 Ноември на 3 панели, 6400 Декември со 2 панели и клима мешано, поевтино не верувам дека можам.
 
Ja prodade gree klimata ili so dvete zatopluvas cel sprat?
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
613
342
Не. Климата грее но пак ја појавува P0 грешката. Но тие се чисти пред инспекцијата со документ и печат дека климата е исправна и тука завршува приказната.
Незнaм штo дa ти кaжaм единствено ти сам дa пoвикaш мoнтер/сервисер и дa јa прoвери детaлнo климaтa
 
igor_xxxx

user
10 септември 2010
1.308
1.750
@Sharlovski , и јас имав слична рокада како тебе од пред три-четири месеци, префрлив Gree Lomo LCLH 3.5 од дневна во детска (на северна страна/ѕидови од станот), а во дневната наместив Mitsubishi LN35-ка.

Промената ја мислев веќе неколку сезони зашто секој обид за греење со климите ми завршуваше катастрофално (индивидуален вкус) и се враќав на сопственото парно.

Првично бев тргнат по парапетна, па немаше на лагер каква што сакав, па ќе требаше молерски шминкања и друга локација да се бара и решив да си ја поправам грешката што на времето не купив SF35VE (ако така беше моделот) за “беспари”.

Тоа што ми беше најважно дали ќе го добијам и воедно “страв”, го добив.Климата грее/лади толку комфорно, да буквално 90% од времето не знам ни дали е пуштена или не.Провев, струење на воздух и галама скоро и да нема, а и кога е појачано греењето тоа е пак комфорно и не смета.Неделниот распоред е наместен по мој ќеиф преку MelCloud, сетирана на аутофан, сите тие џиџи миџи да одбегнува луѓе, детектира празна просторија итн и си ја брка работата извонредно.

Дури и ќе се осмелам да речам дека не ми фали воопшто парното оваа сезона (*) кога ќе влезам во дневна, па може и да нешто повеќе ми е по ќеиф распределбата и контролата на топлината од климата.

(*) кога ќе паднат минуси парно секако ќе се пушти зашто моментот на целосно загреани простории (ходници, вециња, спални) низ цел стан го нема и лично мене тоа ми фали.Оставени се отворени врати (мразам отворени врати ама нејсе), калорифери и слично, ама не е тоа тоа чувство.

Мој заклучок за сега е дека сум презадоволен како климата грее, но за да бидам целосно на клима греење треба и другите “помошни” соби да се решат.Сепак, до сега веќе парното ќе работеше сигурно овие два месеци, така да нема збор за ефикасноста и заштедата од греењето со климите.

Се на се, екстремно задоволен (ако некој мисли дека не сум) :)
 
Nethervor

hello world
19 јули 2013
151
205
Другари, помош.
Сакам јапонец 3.5кв ама буџетот е 60к со се монтажа.
Дали со наевтините опции на Тошиба/Мицубиши ќе згрешам?

Мислам на овие две. Ќе греам 28м2, изолирани ѕидови, кров и пвц дограма.
Минус - северозападна ориентација.
Плус - локација, Гевгелија.
Минус, се работи за куќа, не стан.

Уште еден плус, од следната соба, се влегува директ, без ходник, се користи уште еден инвертер 3.5кв (Inventor LifePro, непознат грчки бренд, ама скроз солиден).

Испратено од Mi 9T Pro преку IT.mk форум апликација
 
Nethervor

hello world
19 јули 2013
151
205
И уште едно прашање во врска со веќе монтиран инвертер.

Внатрешната единица според спецификации треба да биде минимум 15цм од плафон и страничен ѕид.
Монтерите пратени од Техномаркет ја монтирале на 9цм од плафон и страничен ѕид.

Едноставно ја наместиле на иста позиција како старата он-офф што била таму претходно, веројатно да не си трошат време со крпење на отворот и правење нов.

Вреди ли да викам монтер да ја премести и намести како што треба?

Испратено од Mi 9T Pro преку IT.mk форум апликација
 
milepp

read-only
24 октомври 2016
20
5

Не, нема да има проблеми.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно