Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Ако цоп и kw се исти тогаш поголем издув е понепријатен и со пониска температура.

Имено ако две клими имаат 4kw и 2.5 coп на -7 според еуровент едната има 680м3, а другата има 1000м3 максимален издув тоа ќе значи:
-таа со 1000 ќе има поладен издув, и поголема промаја и ќе испорачува 4кв при 2.5цоп
-таа со 680м3 ќе има врел издув, и благ ветер и ќе испорачува 4кв при 2.5цоп.

Многу пологичен избор е втората со 680м3 издув, а не таа со 1000м3 доколку испорачаната моќност и ефикаснст е иста или слична. А не обратно.

Најлесно е да направиш една клима да има силен издув. Само ќе ставиш посилен мотор ма внатрешната единица. Ништо повеќе. Другото е тешко.
Сто посто си во право...
 
the_butcher

read-only
31 октомври 2016
34
30
253062997_675949186733397_4923531877981545513_n(1).jpg

Скицата на станот ми е овој.
X - ходник
К - детската соба (намалена 1 метар)
Т1 - кујна (проширена 1 метар)
Ц1 - дневна соба
Ц2 - спална соба
Планирам да се греам на два клима уреди. Како е најдобро да се постават уредите за да има топлина насекаде. Во дневата соба планирам да ставам 18ка клима или Даикин или Митсубиши (сакам и ваши совети која е поквалитетна). Првично во план ми е внатрешната едница да ја поставам во дневата на трегерот кој е со должина 28цм, која ќе дуе према ходникот и спалната. Сега ги гледав колкави се внатрешните едници и на Даикинот некако е поголем од Митсу и ќе доаѓа да виси под трегерот еден дел. И Митсу би висел ама околу 2-3цм. Тој е со дожина 30цм.
Или евентуално внатрешната единица да ја поставам во горен десен агол од дневната соба така што би дуела и према кујната. Меѓу дневна и кујна ќе има врата.

Е сега незнам колку би имало ефикасност према ходникот и спалната. И евентуално да стои таму со насочени перки на средина од собата.

И втората клима би била 12ка со некоја посреден тип, Вивакс или нешто друго и неа би ја ставил во спална соба.

Мислења, совети? :)
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
@MitkoI
Flexis бела не се произведува,само црна.има добри карактеристики на еуровент,најниско што може да работи е со 550в,ако добро се сеќавам од моите истражувања.
и да не пишувам за други клими,прво кажи си дали просторот каде што планираш да ја ставиш има изолација или нема.
ако немаш изолација џабе ќе биде се што дискурираме и гледаме на еуровент,цопови,копови...
 
15 септември 2012
1.159
1.300
Погледнете го атачментот 106058

Ни мислење, ни совет.

Малку податоци има во тие правоаголничињата за стручно мислење или совет.

Најди некој технички цртеж од стан, куќа или било каков стамбен објект и прецртај ги правоаголничињава според техничките правила со кои е нацртан пронајдениот технички цртеж. Цртежи со правоаголничиња и кругчиња се учат во прво и второ одделение. Ако размислуваш за греење на стан - имаш повеќе школо и не треба да ти е тешко да го зголемиш нивото на техничка писменост.
Каква намена на користење има правоаголникот Т2? А правоаголникот БВЦ?
Доцртај на сликата каде ти се поставени отворите (врати и прозори), нивните димензии и растојанието од долната ивица на прозорот до подот.
Обележи ја дебелината на ѕидовите.
Означи го подниот покривач, керамички плочки, паркет, тепих...
Означи ја катноста на станот, Пр за приземје, К1 за прв кат...
Обележи ги страните на светот. Означи го населеното место каде е станот.
Обележи ги местата каде има шуко приклучници. Доколку некоја од нив е на повисоко растојание од подот, измери го растојанието и наведи го на цртежот.
Доколку има вегетација (дрвја, грмушки) околу правоаголничињава, обележи ја на техничкиот цртеж и наведи го растојанието до нив, како и нивната висина.
Што разбираш под изразот трегер? Еластичниот каиш за закачување на панталони?

Следно ќе те прашам од што се направени надворешните и внатрешни ѕидови (керамички блок, сипорекс блокови или нешто друго), дали има и каде се столбовите и гредите во станот или има носиви ѕидови?

Општо:
Ако не всмукуваш прашина редовно, заборави на греење со климатизери. Ќе закачиш некоја алерги, белодробно заболување или астма, ти или твоите, порано или покасно. Денес актуелниот вирус ќе те натера да ги дезинфицираш климатизерите почесто отколку мислиш дека треба.

Во богатите земји се греат на топловодно греење, местат цевки и радијатори по собите, печките им се на дрва, струја, пелети, плин.... Целиот простор им е рамномерно загреан. Во бивша Југославија беше најчесто така организирано греењето во поголемите градови.
Ние во Македонија сме паметни и не размислуваме како во богатите земји.

Од стручно лице кое има Лиценца за енергетска контрола, толку. Можеби повеќе би можел да ти помогнам кога би ги имал податоците што ти ги напишав.

Или купи што сакаш, па после правдај се дека те „заебале мајсторите“...
 
Се произведуваат и бели, само кај нас не се увезени бели.
Се работи за приземје од куќа, на првиот кат исто се живее.
Ѕидови 30см малтерисана цигла, без изолација, прозорци Рехау со 4 сезони. Основно греење пелети. Климата во период до кога би можела да задоволи со топлина. А за да задоволи до што пониски температури и те како е битен Pd на климата, а COP e битен за џепот.
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Ни мислење, ни совет.

Малку податоци има во тие правоаголничињата за стручно мислење или совет.

Најди некој технички цртеж од стан, куќа или било каков стамбен објект и прецртај ги правоаголничињава според техничките правила со кои е нацртан пронајдениот технички цртеж. Цртежи со правоаголничиња и кругчиња се учат во прво и второ одделение. Ако размислуваш за греење на стан - имаш повеќе школо и не треба да ти е тешко да го зголемиш нивото на техничка писменост.
Каква намена на користење има правоаголникот Т2? А правоаголникот БВЦ?
Доцртај на сликата каде ти се поставени отворите (врати и прозори), нивните димензии и растојанието од долната ивица на прозорот до подот.
Обележи ја дебелината на ѕидовите.
Означи го подниот покривач, керамички плочки, паркет, тепих...
Означи ја катноста на станот, Пр за приземје, К1 за прв кат...
Обележи ги страните на светот. Означи го населеното место каде е станот.
Обележи ги местата каде има шуко приклучници. Доколку некоја од нив е на повисоко растојание од подот, измери го растојанието и наведи го на цртежот.
Доколку има вегетација (дрвја, грмушки) околу правоаголничињава, обележи ја на техничкиот цртеж и наведи го растојанието до нив, како и нивната висина.
Што разбираш под изразот трегер? Еластичниот каиш за закачување на панталони?

Следно ќе те прашам од што се направени надворешните и внатрешни ѕидови (керамички блок, сипорекс блокови или нешто друго), дали има и каде се столбовите и гредите во станот или има носиви ѕидови?

Општо:
Ако не всмукуваш прашина редовно, заборави на греење со климатизери. Ќе закачиш некоја алерги, белодробно заболување или астма, ти или твоите, порано или покасно. Денес актуелниот вирус ќе те натера да ги дезинфицираш климатизерите почесто отколку мислиш дека треба.

Во богатите земји се греат на топловодно греење, местат цевки и радијатори по собите, печките им се на дрва, струја, пелети, плин.... Целиот простор им е рамномерно загреан. Во бивша Југославија беше најчесто така организирано греењето во поголемите градови.
Ние во Македонија сме паметни и не размислуваме како во богатите земји.

Од стручно лице кое има Лиценца за енергетска контрола, толку. Можеби повеќе би можел да ти помогнам кога би ги имал податоците што ти ги напишав.

Или купи што сакаш, па после правдај се дека те „заебале мајсторите“...
Што се му бараш на човекот можеш докторат да му направиш што клима да земе и каде да ја постави и приклучи...
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Погледнете го атачментот 106058

Скицата на станот ми е овој.
X - ходник
К - детската соба (намалена 1 метар)
Т1 - кујна (проширена 1 метар)
Ц1 - дневна соба
Ц2 - спална соба
Планирам да се греам на два клима уреди. Како е најдобро да се постават уредите за да има топлина насекаде. Во дневата соба планирам да ставам 18ка клима или Даикин или Митсубиши (сакам и ваши совети која е поквалитетна). Првично во план ми е внатрешната едница да ја поставам во дневата на трегерот кој е со должина 28цм, која ќе дуе према ходникот и спалната. Сега ги гледав колкави се внатрешните едници и на Даикинот некако е поголем од Митсу и ќе доаѓа да виси под трегерот еден дел. И Митсу би висел ама околу 2-3цм. Тој е со дожина 30цм.
Или евентуално внатрешната единица да ја поставам во горен десен агол од дневната соба така што би дуела и према кујната. Меѓу дневна и кујна ќе има врата.

Е сега незнам колку би имало ефикасност према ходникот и спалната. И евентуално да стои таму со насочени перки на средина од собата.

И втората клима би била 12ка со некоја посреден тип, Вивакс или нешто друго и неа би ја ставил во спална соба.

Мислења, совети? :)
Ќе ти требаат 3 по некоја логика штом имаш 3 сегменти. Но, ако нема потреба да се грее спалната тогаш можеш со 2. Често тоа е случај.
Треба да видиш дали може да се спие со клима во детската соба или не. Зошто некои луѓе не сакаат таква бучава кога спијат. Може и да размислиш и за парапетна единица во детска или нешто слично. Како и да е круцијално е да е многу тивка за детска или спална, па и 2.5KW клими не ги игнорирај. Може и да ги фаворизираш 2.5ки. А за дневната зошто е стан греен и од горе и доле може да треба 3.5ка клима која во комбинација со детската ќе е таман. Тука има разни варијанти, само најважно е да може да спушта испод 400W зошто инаку ќе е пресилна за просторот.
 
Kога веќе планираш да ставиш Daikin или Мitsubishi еве ти предлог...
Во дневната наместо 18ка ќе си ставиш Daikin FTXF35C за 20 м2 ти е доволна.
Во спалната и детската ќе си ставиш по една Daikin FTXF20C за 11-12 м2 доволна.
Буџет 1х 43560 и 2 х 39070
Вкупно 121700 денари.
Во ИЦС ГРУП имаш попуст
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Ако прозорите не ти се задихтувани или ПВЦ не се мачи со клими.
По обратен редослед ги купуваат. Прво акаат пари на скапа клима, па откриваат дека дограмата не дихтува па на крајот посакуваат PVC.

Јас би додал дека PVC без 3 стакла е еднакво промаршување како и дрвена дограма со термопан.
 
the_butcher

read-only
31 октомври 2016
34
30
Ќе ти требаат 3 по некоја логика штом имаш 3 сегменти. Но, ако нема потреба да се грее спалната тогаш можеш со 2. Често тоа е случај.
Треба да видиш дали може да се спие со клима во детската соба или не. Зошто некои луѓе не сакаат таква бучава кога спијат. Може и да размислиш и за парапетна единица во детска или нешто слично. Како и да е круцијално е да е многу тивка за детска или спална, па и 2.5KW клими не ги игнорирај. Може и да ги фаворизираш 2.5ки. А за дневната зошто е стан греен и од горе и доле може да треба 3.5ка клима која во комбинација со детската ќе е таман. Тука има разни варијанти, само најважно е да може да спушта испод 400W зошто инаку ќе е пресилна за просторот.
253062997_675949186733397_4923531877981545513_n.jpg IMG_20211108_201425.jpg
Со црвено V се ознаени вратите за влез во собите. Црвената права линија е трегер со должина од 28цм од таванот према надоле. Друга скица не сум во можност да најдам. Замислата ми беше втората клима 3.5ка да се постави во спална C2 која би дуела према ходник и првата клима 5.5ка исто така која би дуела према ходник поставена во дневна C1. К1 и К2 се двете клими кај што планирав да ги поставам. Еве на втората слика каде би стоела 5.5ка. Доколку не би идело доволно топлина во детската соба за таму идеја имав за панел нешто такво.
И под мене и над мене има станари што живеат.
Ако прозорите не ти се задихтувани или ПВЦ не се мачи со клими.
Сите прозори што ги има во станот ќе бидат ПВЦ.
 
alexandar11

hello world
11 јануари 2010
463
210
Климата треба да е најмалку 20 см од таван така да, трегерот отпаѓа. Горен десен агол во дневна и во детска. Спална подобро да е панел поради бучност.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Ако нема услови за ѕидна, види си да не можеш да ставиш парапетна. Имаш Хаиер 3.5кв единица која може да ја ставиш под прозорите на местото од парното. Тоа е многу добра опција за греење исто така.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Како и да е круцијално е да е многу тивка за детска или спална, па и 2.5KW клими не ги игнорирај. Може и да ги фаворизираш 2.5ки.
Се сложувам. Бидејќи прв пат користев клима за загревање, додека бев во куќа, сега се вратив во стан на парно, да пријавам дека АР25 од Мицу е многу тивка на модот нечујно или најслаб фен. Практично и да не се слуша, мислам дека им е декларирана 19 или 21 децибели.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346

А надворешната ја слушаш? Дали се пренесуваат некакви вибрации на ѕидовите ?
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
А надворешната ја слушаш? Дали се пренесуваат некакви вибрации на ѕидовите ?
На 2.5 не, на 3.5 исто АР, некогаш се осеќа малку како да здрмува надворешната. Не се слуша, туку како да се осеќа малку, дали е тоа дефрост, појма немам. Сепак не е нешто значајно за да му обрнам повеќе внимание, или е? :)
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Една од работите што се каам што не си ставив јапонски клими и во спалните е буката, да не прам муабет за модулацијата. Јебига, ум за друг пат.
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Една од работите што се каам што не си ставив јапонски клими и во спалните е буката, да не прам муабет за модулацијата. Јебига, ум за друг пат.
Не е само до јапонски, туку и поскапи и послаби.
 
Dead Brain

hello world
19 февруари 2018
74
108
Сетек монтажа на клима - при достава на прашање дали ќе ја вакумираат климата ме убедуваа дека со имбус вакумирале(незнам какво е тоа "вакумирањe" и затоа им реков дека само фреонот може да го испуштаат со имбус) па морав да објаснувам како се вакумира за да видат дека имам претстава како се монтира... па испадна не ги вакумираат климите.
Иако дечките си беа ок пробаа да ми наплатат 500ден што ја донеле (најверојатно им беше кажано од газдата бидејки правеа муабет на телефон) ни тоа не платив бидејки ми беше кажано дека доставата е бесплатна само монтажата се наплаќа 4к+ така да си ја земаа назад климата а од пон и парите назад од Сетек ако не праат некој проблем за тоа.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: maci

mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Сетек сигурно соработуваат со некого, не верувам да монтираат они самите.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Не е само до јапонски, туку и поскапи и послаби.
10kw e кај мене мицуто, 3.5 и 2.5 внатрешните не се слишаат кога работат.
Во спалната 2x2.5 врзани на мултисплит, се слушаат и внатрешните а посебно надворешната(компресорот). Плус се осеќаат вибрации посебно кога ќе се уклучи климата.
 
Dead Brain

hello world
19 февруари 2018
74
108
Сетек сигурно соработуваат со некого, не верувам да монтираат они самите.
Точно соработуваат со друга фирма но тоа не мењат буквално ништо бидејки било која клима од кај нив со монтажа доаѓа без вакумирање така да... на накој начин и го претставуваат Сетек
Мислењето е автоматски споено:

Кај мене на мидеата кога вакумираа пошто се интересирав а и монтериве беа доста фини, ми кажуваше дека на манометрите треба притисокот да го држи и да не паѓа( или се качува, така нешто), тука ли се гледа дали тече фреон? На овај погоре на сликата му ја зезнале при спојување на бакарните цевки и затоа истекол фреонот? Иначе имаше монтеров еден алат кало конус, и цело време го чистеше при нова цевка од бакарот наталожен на него, ептен педантерија.
Ако сакаш да споделиш кои се монтерите или испрати ми ПП кај тебе на профилот е оневозможено најверојатно
 
Последна промена:

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Точно соработуваат со друга фирма но тоа не мењат буквално ништо бидејки било која клима од кај нив со монтажа доаѓа без вакумирање така да... на накој начин и го претставуваат Сетек
Мислењето е автоматски споено:

Ако сакаш да споделиш кои се монтерите или испрати ми ПП кај тебе на профилот е оневозможено најверојатно
Монтритe се од Охрид. Аквина тим се викаат, барај на фб.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно