Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Здраво, имам потреба од клима уред кој ќе ми користи само за ладење на станбена просторија од околу 35-40м2 во летниот период, за греење немам потреба бидејќи сум на парно од бег. Бидејќи немам разбирање од оваа област, ќе ве замолам од ваши лични искуства за мислење што би препорачале да купам од следниве понудени опции:

1. Gree Pular Eco PULAR ECO GWH12AGB-K6DNA1A - Грее еПродавница

2. Gree WiFi Pular Premium PULAR Premium GWH12AGC-K6DNA1A - Грее еПродавница

3. Haier Tundra Green, HAIER TUNDRA GREEN AS35TADHRA-CLC/1U35MEEFRA по супер цена од 26.990 ден.

Битно ми е да има тивка внатрешна и надворешна единица, да има можност за управување преку мобилен, и добро да лади :) Секако и искуства со расипување и сервисирање на овие модели би биле добредојдени за мене.

Ве молам не препорачувајте други модели на клима уреди како подобри опции, бидејќи сум ограничен да изберам една од овие 3 наведени клими.

Фала многу
Наведените модели на Gree немаат Еуровент, можеби не се лоши, имаат повеќе функции од Haierot, ако мора од тие два тогаш овој
Аки не си ограничен на цена и наведените модели, тогаш од истата фирма ти го препорачувам овој модел, јас го имам и многу сум задоволен, имаш вграден WIFI, I feel, EEV, и тивок е, може да бараш и со бела внатрешна
Има и еуровент
Ако се одлучиш за Haier за моделот што го наведе треба да знаеш дека нема вградено WIFI, нема I feel, нема ЕЕV капилара е, итн..
Еве ти Еуровент
Спореди си ги и одлучи си, јас сум за Gree
 
Последна промена:

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Сетек -- или поточно сега фирмата "Климонт - Ѓоко Кочо Андре..и - 077 80 80 42" која работи за Сетек како и многу други фирми со неписмени "мајстори".
Првата екипа кои дојдоа ги вратив зашо не дојдоа со вакум пумпа па после се јавив да барам пари назад од Сетек па истите ги контактирале Климонт да пратат екипа со вакум пумпа. Климонт пратија други и донесоа вакум пумпа иако истата беше нефункционална на лице место жицине ги спојуваа со изолир... исто так дознав дека не била нивна работа да ти ја затворат дупката - значи ке ти направат дупка у соба да шиба -10 степени ладен воздух внатре, а воедно и клима паралелно ќе те грее... трагедија.

Е сеа едниот ја пушта пумпата да вакумира - иако незнам ни дали ја спои со надворешната станица - додека ја искачам со другиот за му држам скалата да не се лизне зашо беше високо и нерамно додека овој внатре ја гаси пумпата и одма го пушти фреонот и му викам што напраи зар за две минути успеа да вакумираш....(слушнав и шуштење што најверојатно не ја ни вакумирал него па со ИМБУС методот испуштал воздух и фреон заедно) се враќам внатре и овој паметниот ме убедува дека ја вакумирал за 2 мин јака била пумпата и дека се познавало по звук на пумпата кога е вакумирано.. па требаше ја да му кажувам дека звук не е средство за мерка него манометарот треба да го чита...... а пумпичено од малине како и сите други што користат вакум пумпи Погледнете го атачментот 106293 слично на ова а и се гледаше дека е доста старо. Па уште ја сум го правел глуп он бил мајстор 20 години... ја ќе сум му објаснувал како се монтира.. па и гордо ми објаснува како сите монтери поминале низ негова обука дека он ги научил да "вакумираат" со ИМБУС и дека он на времето тестирал и дека не останувало воздух во цевките на тој начин (Жми да те лажам работава)..... На крај беше нели она ајде имаш гаранција ако нешто се деси....

Е сеа дали преку пазарна и адвокати има шанса да докажам дека ме оштетиле чисто колку да ги еб**** и да пробам да си ги земам парите назад ? баш сакам да испаднам Karen за вакви идиоти.
Погледнете го атачментот 106294
Вакумирањето не се врши внатре туку вакум пумпата се приклучува на надворешната единица, се вакумираат цевките, се затвара вентилот, па потоа се пушта фреонот....
Значи монтерите те изманипулирале... Сега се ти е џабе... Си потпишал и неможеш да докажеш дека не е вакумирано...
 
Dead Brain

hello world
19 февруари 2018
74
108

Се затвара вентилот па се чека да се види дали се добро наместени цевките - дали држи вакумот па после се пушта фреонот.... "вакумираа" од внатре пошо можеа да стигнат до кај што е наместена надворешната. За потпишување не сум потпишал ништо али тоа нема некој ефект..
 
Цевките се споени помеѓу внатрешната и надворешната единица. На внатрешната единица нема каде да се приклучи вакум пумпата. Вакум пумпата се приклучува на надворешната единица, се вакумира, притисокот оди во минус, се чека да се види дали го држи, да не пушта некаде на споевите, потоа се затвара вентилот за вакумирање и се пушта фреонот во севките.
Тоа дека полесно се вакумира од кај внатрешната те излагале, нема каде да ја приклучат вакум пумпата...
 
Може "внатре" лошо си го сфатил или не го ни прочита постот- преку прозор можеа да стигнат до надворешната да ја заштрафат така да можеа и да закачат и пумпа нигде не спомнав дека е полесно.. Скалата највеќе им требаше за бафери и да ја стегнат.
 
ljupce

hello world
8 ноември 2011
191
137
ljupce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4700MQ
Storage
1TB +8GB SSD Hybrid Disk
RAM
8GB DDR3
Video card
AMD Radeon R7 M265 2 GB DDR3
OS
Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
Од кај да купам Буфери? Универзалка се или има големини?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Јас само можам да ве советувам да ставате бафери само под услов климата да ви е лесно достапна.

Вистинските бафери за клима се два помеки и два тврди. Тврдите одат кај компресорот.

Десните бафери ќе се смачкаат од тежината, оваа ќе се искоси и како резултат на тоа со тек на време внатрешните бафери на компресорот исто така ќе се деформираат па ќе го добие оној карактеристичен звук на јачење и гребење.

Ова особено кај тешки клими.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
@Necromancer Како си задоволен од AP серијата на Мицу? Дали се тивки, посебно 9000btu за спална соба? Гледам повисока цена се од другите модели на Мицу, дали има друг модел на Мицу кој е поевтин и да е тивок?( внатрешна и посебно надворешна)
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
@Necromancer Како си задоволен од AP серијата на Мицу? Дали се тивки, посебно 9000btu за спална соба? Гледам повисока цена се од другите модели на Мицу, дали има друг модел на Мицу кој е поевтин и да е тивок?( внатрешна и посебно надворешна)
AP25VGK ја земав околу 45К ако не се лажам. Пишав и претходно некаде низ темава, во спална, на тој најтивкиот мод ептен ептен малку се слуша, ова ти зборам со напрегање да ја чуеш, ако не и обрнуваш внимание не се слуша, како на ладење така и на греење. Економична многу. АР е замена за SF серијата, и мислам дека од тука им почнуваат подобрите модели, впрочем и по далечинското се гледа кои се понапредни. Ако нешто друго ти треба податок слободно прашај.
 
Ќе видам деновиве и ќе пишам што ќе направам. Ми треба само да е тивка внатрешната и надворешната, Мидеава е многу гласна, а во дневната Мицуто парапетните 10kw e а глас не и се слуша. Знам дека ти имаше AP и гледам околу 50к се, што плус ако се додаде на мултисплит 2x2.5 би дошла висока цена.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
576
253
Добар ден, сакам да прашам нешто. Имам Вивакс Аери 18ка и ми појави грешка на внатрешната единица P0 , стоеше 4-5 секунди и потоа го снема и климата продолжи да си работи. Пребарував по интернет најдов многу варијанти но ниедна не ми е јасна, имал овде некој ваков сличен проблем и што може да дојде до појава на ваква грешка. Инаку климата е купена пред 4 месеци.

Фала поздрав.
 
Индицира на прекуструјна заштита (ја заштитило електрониката)
За почеток и ако е само еднаш исклучи ја од штекер едно 5 минути и види понатаму како ќе се одвиваат рабитите.
Во секој случај мораш да се јавиш кај сервисерот да ја испита. Не е наивна грешка
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
576
253
P0 - IGBT over-strong current protection, IPM malfunction or IGBT over-strong current protection
Тоа го прочитав и јас но што значи, дали е тоа нормално при појава на повисок напон некој дефек на надворешна единица, треба да викам мајстори, зошто еве после 24 часа од дешавката климата си работи нормално.
Индицира на прекуструјна заштита (ја заштитило електрониката)
За почеток и ако е само еднаш исклучи ја од штекер едно 5 минути и види понатаму како ќе се одвиваат рабитите.
Во секој случај мораш да се јавиш кај сервисерот да ја испита. Не е наивна грешка
Се појави 3-4 секунди и од тогаш помина 24часа климата си работи нормално, значи во понеделник треба да се јавам на тие што ми ја монтира климата или да се јавам директно во Паком Скопје кои разбрав биле сервисери за Вивакс.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Тоа го прочитав и јас но што значи, дали е тоа нормално при појава на повисок напон некој дефек на надворешна единица, треба да викам мајстори, зошто еве после 24 часа од дешавката климата си работи нормално.

Се појави 3-4 секунди и од тогаш помина 24часа климата си работи нормално, значи во понеделник треб да се јавам на тие што ми ја местиа климата или да се јавам директно во Паком Скопје кои разбрав биле сервисери за Вивакс.
Ова е уклучена заштита. Или проблем е електрониката која не искомуницирала со внатрешната или во тој момент дошло до преголема струја (Ампери) па се уклучила заштитата.
Како мерка на претпазливост компресорите не се палат веднаш туку треба да поминат 3 минути после исклученост и (особено) после менување на режим.
Ова е вака кај сите клими.

Во секој случај викни ги сервисерите а не Паком. Паком ќе те натера да се јавиш кај нив.
Имај го ти „документирано“ проблемов односно пријавено.

Знае да се случи, не тврдам за твојот случај, во ист момент (особено во зграда) да дојде до пик на амперажата при вакви ситуации.
90% сум сигурен дека не е ништо страшно но како што кажав да дојдат и да си ја проверат инсталацијата од приклучното место до компресорот.
 
Секако ќе се јавам кај тие што ја купив климата пошто и монтерите беа одкај нив ја изгасив и си ги исчистив успат и филтрите едно 20 мин беше исклучена. Но ме буни тоа што на другата клима немаше ваков проблем а имам две исти клими Аери 12 и 18. Ако на оваа дошло повеќе струја зошто и не на другата?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Ако на оваа дошло повеќе струја зошто и не на другата?
Затоа што 5,5-ка клима знае да повлече сериозно голема струја во моментот на пуштање. Особено ако оцени дека просторијата е ладна па ќе удри со цела расположлива снага во првите неколку секунди
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Прашање до членовите кои се по упатени и подобро ги познаваат климите ( да не ве именувам, некој да не испуштам)
Знам дека Mitsubishi, Daikin, Fujitsu се најдобри, но и најскапи...
Е сега после нив Toshiba, Panasonik, имаат нешто по прифатливи цени, па ме интересира вашето мислење за овие две клими.
Ги успоредував Еуровентите, но има и многу други работи кои ги нема на Еуровент.
Дополнителни функции, модулација, софтвер, пречистувачи итн...
Изборот со комшијата некако го сведовме на овие две клими, е уште да падне одлука која од овие две.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Доста ли ќе му се 2.8kw на -7? Иначе ова се хиперинвертери, супер ефикасност имаат. Но, намената им е пред се тоа, да се ултра ефикасни во објекти кои се добро изолирани и средени за да можат да се загреат со 2.8kw при -7 степени. Дали е тоа така во случајов?

Зошто ако ги ставиш овие во фурија простор каков што најчесто ние имаме незнам дали ќе загреат доволно. Конкретно ако просторот бара 3kw на -7 ќе треба да се комбинира со греалка.

Од тие причини ако е така објектот, топ. Ама ако не е, можеби треба да се погледне посилна клима. Се зависи од просторот.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Изборот со комшијата некако го сведовме на овие две клими, е уште да падне одлука која од овие две.
Панасоникот
Бивалентна на -10, 3,2kW
Двете клими имаат TOL на -15 при што Тошибата има 2.21 kW а Панасоникот 2,8 kW

Тошиба само во беспрекорно изолирана куќа/стан

Панасоникот на +2 има поголем COP а тоа е 80% од зимата.
Покрај ова нека ви одлучи и опременоста и буката.
 
Простор 20 м2 салон и 14м2 трпезарија и кујна. Салонот два зида према спални, еден зид лепенка до друга куќа, четврти зид со врата према трпезарија и кујна на кои сите зидови се надворешни со стиропир изолација 5 см. Таван плоча и кров, планира одозгоре да изолира со камена волна10 см. Прозори и врати ПВЦ со двојно стакло.
Локација Неготино, поблаги зимски температури.
Кога разгледувавме гледавме климата да има подобар Pd и СOP.
Мислењето е автоматски споено:

Панасоникот
Бивалентна на -10, 3,2kW
Двете клими имаат TOL на -15 при што Тошибата има 2.21 kW а Панасоникот 2,8 kW

Тошиба само во беспрекорно изолирана куќа/стан

Панасоникот на +2 има поголем COP а тоа е 80% од зимата.
Покрај ова нека ви одлучи и опременоста и буката.
Па затоа и прашавме, која е подобро опремена со функции..
И мене ме привлекува Панасоникот, а и однос цена/перформанси подобар.
Други подобри 12 ки во овој ценовен ранг не гледам, Mitsubishi LN i Daikin Perfera и нагоре се доста поскапи.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Па затоа и прашавме, која е подобро опремена со функции..
Како што гледам Панасоникот нема WiFi (треба да си истражите) а Тошибата има припрема за вифи што значи дека модулот ќе треба дополнително да го доплатите и да не очекувате да биде евтин како за Вивакс, на пример, каде што кошта 1000 денари.
Очекувајте околу 50-ина евра

Ако ви е гејм чејнџер ова што нема вифи тогаш земете ја Тошибата.

Но што и да земете не го заборавај форумов и пред да викнете мајстори врати се да ти дадеме совет два во врска со местењето затоа што има поплва од шалабајзер мајстори.

Врати се една страна-две наназад па ќе видиш што ти зборувам.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Прво волна на кровот, добро поставена да нема места кои се непокриени. Да не заборавиме бетонот не само што не е изолатор туку е проводник на топлина. А штом е на таванот тоа значи дека е највеќе изложен на разлика на температури. Ако внатре е 24ц во собата на плочата е минимум 28, реално 30ц. А надвор 0 степени или помалку. Загубите ќе се огромни.
Ако земеме +30 внатре, и -10 надвор, со специфичен коефициент на бетон 0.758 и дебелина 20цм. За 25 м2 добиваме загуба од 3750W/h.
Од друга страна со изолација од 20цм стиропор со коефициент 0.029 загубата се намалува на 175w/h. Ако земеме несовршено покривање и грешки нека е 375w/h што е 10кратно подобрување и разлика меѓу дали една клима ќе е фантастична и многу ефикасна, и муабет "нечини Тошиба ич не ме грее измрзнавме."
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Прашање до членовите кои се по упатени и подобро ги познаваат климите ( да не ве именувам, некој да не испуштам)
Знам дека Mitsubishi, Daikin, Fujitsu се најдобри, но и најскапи...
Е сега после нив Toshiba, Panasonik, имаат нешто по прифатливи цени, па ме интересира вашето мислење за овие две клими.
Ги успоредував Еуровентите, но има и многу други работи кои ги нема на Еуровент.
Дополнителни функции, модулација, софтвер, пречистувачи итн...
Изборот со комшијата некако го сведовме на овие две клими, е уште да падне одлука која од овие две.
панасоникот на клими.мк не е на лагер ама и во техномаркет нема лагер а тие години продаваат панасоник
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно