Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
ме убедуваа дека со имбус вакумирале(незнам какво е тоа "вакумирањe"
Го држат отворен едниот имбус а другиот нагло го одвртуваат (го пуштаат фреонот) и кога ќе почне да излегува кај оној одвртениот, го затвораат со луд изговор фека фреонот го турка воздухот пред него (пошто овој, нели, под притисок)

Нормално, ова постои само во нивните глави. Не само што не се постигнува ништо туку и намерно испуштаат фреон. Дупла штета!

Прашајте ги дали би дозволиле вакво нешто на нивните автомобили.

Ѓубриња!

Било каква вакумерка ќе сврши работа. Не им се даваат 100~200 евра.. кои ги вадат во едно попладне.
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Од стручно лице кое има Лиценца за енергетска контрола, толку. Можеби повеќе би можел да ти помогнам кога би ги имал податоците што ти ги напишав.

Дали изработуваш проекти за греење, и ако не која фирма изработува во Скопје?

Претпоставувам треба да се оди на лице место на увид.
 

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Jас не сум стручен за тоа... Чекам некој нешто да напише да прочитам и јас нешто на таа тема
Другар, форум е ова, не е задолжителна обврска да се одговори. Оној што знае, што има време, што прочитал конечно, ќе одговори.
 

Dead Brain

hello world
19 февруари 2018
74
108
Сетек -- или поточно сега фирмата "Климонт - Ѓоко Кочо Андре..и - 077 80 80 42" која работи за Сетек како и многу други фирми со неписмени "мајстори".
Првата екипа кои дојдоа ги вратив зашо не дојдоа со вакум пумпа па после се јавив да барам пари назад од Сетек па истите ги контактирале Климонт да пратат екипа со вакум пумпа. Климонт пратија други и донесоа вакум пумпа иако истата беше нефункционална на лице место жицине ги спојуваа со изолир... исто так дознав дека не била нивна работа да ти ја затворат дупката - значи ке ти направат дупка у соба да шиба -10 степени ладен воздух внатре, а воедно и клима паралелно ќе те грее... трагедија.

Е сеа едниот ја пушта пумпата да вакумира - иако незнам ни дали ја спои со надворешната станица - додека ја искачам со другиот за му држам скалата да не се лизне зашо беше високо и нерамно додека овој внатре ја гаси пумпата и одма го пушти фреонот и му викам што напраи зар за две минути успеа да вакумираш....(слушнав и шуштење што најверојатно не ја ни вакумирал него па со ИМБУС методот испуштал воздух и фреон заедно) се враќам внатре и овој паметниот ме убедува дека ја вакумирал за 2 мин јака била пумпата и дека се познавало по звук на пумпата кога е вакумирано.. па требаше ја да му кажувам дека звук не е средство за мерка него манометарот треба да го чита...... а пумпичено од малине како и сите други што користат вакум пумпи 1637172041263.png слично на ова а и се гледаше дека е доста старо. Па уште ја сум го правел глуп он бил мајстор 20 години... ја ќе сум му објаснувал како се монтира.. па и гордо ми објаснува како сите монтери поминале низ негова обука дека он ги научил да "вакумираат" со ИМБУС и дека он на времето тестирал и дека не останувало воздух во цевките на тој начин (Жми да те лажам работава)..... На крај беше нели она ајде имаш гаранција ако нешто се деси....

Е сеа дали преку пазарна и адвокати има шанса да докажам дека ме оштетиле чисто колку да ги еб**** и да пробам да си ги земам парите назад ? баш сакам да испаднам Karen за вакви идиоти.
1637174028670.png
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Е сеа дали преку пазарна и адвокати има шанса да докажам дека ме оштетиле чисто колку да ги еб**** и да пробам да си ги земам парите назад ?
Ништо сега. Останува да се надеваш дека навистина извршиле вакумирање. Крај краева, сам си крив. По втор пат прибираш исти мајстори.
За дупките сам треба да се погрижиш. Многу се ретки случаите каде ја потполнуваат дупката а и не е баш паметно да се затвори барем првата недела (ако дојде потреба да се вади или да се интервенира)


Јас на еден му предложив на сличен начин да му извршам промена на глицерин во кочници. Не било исто!
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.717
15.811
youtu.be
Дупката би требало да се затвори со жива гума и на крај да се стави оној пластичниот прстен што е како маска.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Дупката би требало да се затвори со жива гума и на крај да се стави оној пластичниот прстен што е како маска.
Со пур пена со ниска експанзија или со акрилен силикон. Пластичниот прстен го ставаат ако им се бендисаш.
Затоа кај нас човек треба:
  1. Да си набави квалитетни кабли за струја кои нема да испукаат на сонце. Ако е 3,5-ка тогаш 3x1,5mm или за 5,5-ка 3x2,5mm и да бара да му ја поврзат баш онака како што пишува во упатството а не да пуштаат ним како што им одговара (на пример надворешната да зема од внарешната иако нема предвидени терминали за ова)
  2. Истите тие кабли, кои се изложени на атмосфера да ги провнат во силиконски грклан.
  3. Да си најде розетни / капачиња за во дупките.
  4. Да си купи акрилен силикон или оур пена па додека се качени по скали да ги натераш да затнат дупки.
За вакумирањето милион пати е зборувано. Нема потреба да се пишува повторно.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Никогаш не ми се десило ваков циркуз, преку 10 монтирања од рандом фирми. Секако дека секогаш си носеле вакуум, си носеле за полнење на дупката, јас им реков да се два пати обмотани цевките зошто птици ги кинат 300 денари плус. Буфери секаде, језда сам сум си купувал, немале они. Дупките затворени од надвор најмалку, од внатре исто. Кабел соодветно пуштен и доплатен за да си оди по ќошеви. Мислам основни работи се тоа, да си биде како што треба едноставно. Побогу 1000 евра плаќаш по клима, и таа треба 20 години да рмба, и да ти заштеди 10000 евра, а ќе се зафркавам со монтирање.
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Со пур пена со ниска експанзија или со акрилен силикон. Пластичниот прстен го ставаат ако им се бендисаш.
Затоа кај нас човек треба:
  1. Да си набави квалитетни кабли за струја кои нема да испукаат на сонце. Ако е 3,5-ка тогаш 3x1,5mm или за 5,5-ка 3x2,5mm и да бара да му ја поврзат баш онака како што пишува во упатството а не да пуштаат ним како што им одговара (на пример надворешната да зема од внарешната иако нема предвидени терминали за ова)
  2. Истите тие кабли, кои се изложени на атмосфера да ги провнат во силиконски грклан.
  3. Да си најде розетни / капачиња за во дупките.
  4. Да си купи акрилен силикон или оур пена па додека се качени по скали да ги натераш да затнат дупки.
За вакумирањето милион пати е зборувано. Нема потреба да се пишува повторно.

Имаш слика како изгледа/што пишува на таа пур пена со ниска експанзија? Бев во хубо ама не видов баш такво нешто да пишува (имаше повеќе типови).

Осите ги средив со неопитроид, ама остана дупката да се затвори.

И ако некој има предлог пиштол со рачка за околу метро да не паднам од прозор :)
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Акрилен силикон земи си. Јас со него ги затворив, го имаш во сите железарии, евтин е.
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Акрилен силикон земи си. Јас со него ги затворив, го имаш во сите железарии, евтин е.

Untitled-19.jpg


Ова а? Ај сега пиштол со рачка да барам, ако најдам ќе пишам
 

Ognen G

read-only
18 ноември 2021
14
4
Здраво, имам потреба од клима уред кој ќе ми користи само за ладење на станбена просторија од околу 35-40м2 во летниот период, за греење немам потреба бидејќи сум на парно од бег. Бидејќи немам разбирање од оваа област, ќе ве замолам од ваши лични искуства за мислење што би препорачале да купам од следниве понудени опции:

1. Gree Pular Eco PULAR ECO GWH12AGB-K6DNA1A - Грее еПродавница

2. Gree WiFi Pular Premium PULAR Premium GWH12AGC-K6DNA1A - Грее еПродавница

3. Haier Tundra Green, HAIER TUNDRA GREEN AS35TADHRA-CLC/1U35MEEFRA по супер цена од 26.990 ден.

Битно ми е да има тивка внатрешна и надворешна единица, да има можност за управување преку мобилен, и добро да лади :) Секако и искуства со расипување и сервисирање на овие модели би биле добредојдени за мене.

Ве молам не препорачувајте други модели на клима уреди како подобри опции, бидејќи сум ограничен да изберам една од овие 3 наведени клими.

Фала многу
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Имаш слика како изгледа/што пишува на таа пур пена со ниска експанзија? Бев во хубо ама не видов баш такво нешто да пишува (имаше повеќе типови).
Обично пишува "монтажна" и се користи за лепење на стиродур/стиропор, после монтажа на дограма, пополнување на дупки и сл.

Другата е со голема експанзија и врши притисок. Ако нема каде да оди може да здроби цевка или да искриви нешто.

Ако не ти е достапно местото купи и проѕирно цревце да го ставиш на местото од пластичното цевче.

Истата фора можеш да ја употребиш и на силиконот.

Пур пената бара добро протресување (пишува) и се користи превртена.

Добро изолирај внатре да не ти протечи по ѕидови или да не ти капне на ламинат или паркет.

И да се случи такво нешто во никој случај не пробувај да ја чистиш. Почекај да се стврдни.

Кора фаќа некаде после 20 минути. Потполно после 2-3 часа.
Да не се лакоми со ставање.

Акрилниот силикон е растворлив во вода. Не е добар за надвор.
За внатре е одличен. Може да се фарба врз него.
 

bxxxn

user
11 март 2011
1.660
1.812
Јас дупките ги пополнив со стиропор изрежан во соодветна форма и дополнително залепив со Wurth санитарниот бел силикон. Веројатно може и друга комбинација, но како молерите ме пишманија за пур пена, за да нема никаква експанзија ставив стиропор и силокон:
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно