• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

mnikolce

On your way to fame
27 октомври 2016
773
607
Ова во земјата во која се субвенционираа клима уреди со килав енерго систем.
И шуто и рогато купи клима „пошто малку троши“. Наместија клими во неизолирани куќи, со лоша дограма...

Ги субвенционираа јас би рекол богатите и нивните, добија инвертери од 1000 евра луѓе кои не виделе дрва со очи, а останатите шути и рогати купија најефтино, недимензионирано според простор и заглавија.
Челници во општина Битола, чапнаа по едно климиче, сигурно истото е по Скопјето, на Макрадули плано да ги опреми социјалните семејства!

Енергетскиот систем во колапс, како и секој друг систем во државата, нормално каква луѓе ја воделе, таква и станала, значи сѐ е во незавидна ситуација.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Последна промена:

ARMac

Epic
2 октомври 2010
8,337
10,218
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Кај ке се ставе шпорет на дрва у стан ? Особено у новиве станови низ скопјево :)

Јас ќе го ставам во кујна. Таму има некое кругче на ѕидот, јас ќе запалам и ќе се прекрстам :)
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,892
15,193
 
ljupce

Gaining Experience
8 ноември 2011
168
123
ljupce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4700MQ
Storage
1TB +8GB SSD Hybrid Disk
RAM
8GB DDR3
Video card
AMD Radeon R7 M265 2 GB DDR3
OS
Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
Бев вчера до ICS за простор што е под 30м2 со изолација и пвц но на приземје доле е подрум ни ја понудија оваа клима
DAIKIN SENSIRA - 4.2KW - FTXF42C/RXF42C (околу 53к)

За тој ценовен ранк кој друг бренд и модел би препорачале вие?
 
bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,447
1,562
Бев вчера до ICS за простор што е под 30м2 со изолација и пвц но на приземје доле е подрум ни ја понудија оваа клима
DAIKIN SENSIRA - 4.2KW - FTXF42C/RXF42C (околу 53к)
За тој ценовен ранк кој друг бренд и модел би препорачале вие?

Сенсирата ти е одлична клима, многу тивка и со мала потрошувачка, можеби и 3.5 би била доволна, но сигурно со причина ја препорачуваат посилната.
 
kosata

Intern
17 април 2015
40
30
битола
Здраво !
Купена е и монтирана Haier Tundra Plus Smart од сетек ....Внатрешната единица работи совршено и е супер тивка! Проблемот е во надворешната единица што мислам дека е ненормално бучна (гласна) и на 0°С и на 10°С.Некој корисник да сподели искуство со оваа клима !
Поздрав.

Испратено од SM-G955F преку IT.mk форум апликација
 
MitkoI

Gaining Experience
11 јуни 2017
367
155
Бев вчера до ICS за простор што е под 30м2 со изолација и пвц но на приземје доле е подрум ни ја понудија оваа клима
DAIKIN SENSIRA - 4.2KW - FTXF42C/RXF42C (околу 53к)
За тој ценовен ранк кој друг бренд и модел би препорачале вие?
Oвој
Мислењето е автоматски споено:

Бев вчера до ICS за простор што е под 30м2 со изолација и пвц но на приземје доле е подрум ни ја понудија оваа клима
DAIKIN SENSIRA - 4.2KW - FTXF42C/RXF42C (околу 53к)
За тој ценовен ранк кој друг бренд и модел би препорачале вие?
Или оваа
Во споредба со Dainkin
 
Последна промена:

ljupce

Gaining Experience
8 ноември 2011
168
123
ljupce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4700MQ
Storage
1TB +8GB SSD Hybrid Disk
RAM
8GB DDR3
Video card
AMD Radeon R7 M265 2 GB DDR3
OS
Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
А дали на вашите клими има опција на далечинско или апликациите што се за вифи управување да се намести профил на работа од типот - сакам во период од 12 - 22 часот да биде сетирана на една темп. пример 25 степена. 22-8часот 22ц и 8 - 12часот 20ц ?
Или ќе треба да вадам arduinoto да се позезам малце :D
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,892
15,193
А дали на вашите клими има опција на далечинско или апликациите што се за вифи управување да се намести профил на работа од типот - сакам во период од 12 - 22 часот да биде сетирана на една темп. пример 25 степена. 22-8часот 22ц и 8 - 12часот 20ц ?
Или ќе треба да вадам arduinoto да се позезам малце :D
Што клима имаш? Ако е Вивакс или Мидеа има во апликацијата.
 
philldm

Intern
29 јануари 2018
55
22
Во август ги контактирав Паксон, ИЦС и др. (види тука) за понуда за мулти-сплит систем со 5 внатрешн тавански единици.

За два дена добив одговор од Паксон со три понуди (за касетна единица, од тие скапите, и сенсира). Понудата со Сенсира беше најефтина 5К€. ИЦС ми одговорија после две недели без понуда, само побараа број за контакт, набавката беше започната со Паксон и ги игнорирав. Другите 3 не ни одговорија, со тоа што од ЕкоВент од Северо-западна Северна Македонија добив автоматски одговор дека електронската пошта не постои.

Со еко-кредит преку Про-Кредит (тогаш само кај нив имаше преостанати средства за 15% повраток преку ГЕФФ програмата) за 3 недели (од првичниот контакт) системот беше инсталиран.

Истиот се состои од 1 (5MXM90N2V1B9) надворешна 9/10kw единица, 4х2.0 (FTXF20C5V1B) и 1х3,5 (FTXF35C5V1B) внатрешни едници. Сите внатрешни единици се со Ви-Фи контролер и се контролираат преку Daikin Residential Controller app.

Oд системот како систем сум задоволен (грее како треба сега за сега), но има два проблеми што иритираат:

  • Daikin Residential Controller не работи секогаш како што треба, често единиците се офлајн (оставам ова да е до А1 ВиФи рутерот), различнте топлотни модели (автоматски, ноќно или по желба) не секогаш ги предава како што треба, па на ноќен мод дува како лудо итн.), нормално ова се отфрла како проблем на Паксон ќе чекаме Даикин да се оправат, бидејќи сите останати апликации ги интегрираат во оваа;
  • Кога работи само една внатрешна единца, сите бучат и иритира, особено во ноќните часови кога е потивко, луѓе спијат, нема галама од надвор итн. Проблемот беше посочен до изведувачот, рака на срце дојдоа двапати во една недела (за неповјеровати), првиот пат да сум го проверел заземјувањето, вториот пат го извадија и вратија фреонот, но проблемот си остана. Внатрешната единица што е најблиску до надворешната највеќе бучи, т.е. пренесува вибрации (не знам како и зошто, се слуша перка меѓутоа од надвор, надворешната единица преде како маче). Звуците кои се слушаат се како порано на телевизија кога немаше сигнал со оној шарниот екран или како пригушена првосмукалка што се слуша кога поминувате покрај некоја зграда/дом кадешто чистат. Исто така понекогаш се слуша бучава од френот (како вода што тече низ цевка), меѓутоа ова не е толку иритантно бидејќи се случува само од време на време при вклучување на системот.
К*рчење и расправии со Паксон и закани со некои закони за потрошувачи не доаѓа во предвид, бидејќи се залудно трошење на време (на работа за платени системи од стотици илјади евра се тегнеме со месеци и месеци и пак ништо), не сакам да знам што би било за ваква: „ситна роба, дуканчина (С)“ ситуација, а освен тоа дојдоа на интервенција. Пред да го пријавам проблемот повторно кај нив (ќе почекам да залади убаво, бидејќи додека дојдат денот се загрева и следствено не може да се репродуцира истиот проблем), некои совети што би можел јас од моја страна да проверам? Однапред се заблагодарувам за било каков сафет.
 
alfred

Intern
2 декември 2019
16
7
Јас можам да ви кажам за Грее:

Модулација при греење:
Hansol 12: 95W
GTech 12: ~500W
UCrown 12: 735W
Tosot 12: ~1000W (oваа од 32к TOSOT MUSE LCLH TWH12AFC-K6DNA5D по супер цена од 31.990 ден.)

Сите ги имам, Тосот ми е најнова и не недоволна тестирана, 1000W е најниско што сум видел на грење, 330W na ладење. Изгледа дека Gree не знае да направи компресор што модулира? Hansolot беше со лиценциран компресор Sanyo, не беше грее компресор.

Проблеми досега со климите генерално немам, освен:
Hansol: вентилаторот почна да зуи, како да е потрошен на лагери. 3 години стар.
Gtech: надворешната чудно работи понекогаш. Сервисерот се прави дека не слуша. 1г стар.
UCrown: нема маана. 1г стар
Tosot: нова, неиспитана.

Модулација, стабилност во работа:
Hansol: модулира добро кога не е многу ладно, не гаси. Кога е многу ладно гаси и прави суви дефрости и ова нервира.
UCrown: прави defrost веднаш после стартување. Ако не е многу ладно дува со миналните 735-800W долго време па потоа гаси. Ако е ладно (<-10) прави дефрости на 45 минути.
GTech: помалце дефрости прави од UCrown и Hansol.
Тosot: ќе видиме.
Генерално GREE прави многу дефрости во ладно, најверојатно превентивно да не се набилда мраз?

Андроид апликацијата, Gree+ е малку шашлива, кога сака работи кога сака не. Понекогаш ги брише сите сетинзи, тајмери, и треба да изгубиш многу време да ги проработиш, обично треба да исклучиш клима, wifi на клима, wifi на телефон, па се одново. Ако стиснеш на даљинското од климата, сите сетинзи од апликацијата се бришат и треба на ново да ги подесиш, ова е најголем недостаток. На UCRown не може да се подеси вертикалната насока прецизно со апликацијата, го местиш на средина да дува, а дува една позиција подолу, а ако дува подолу побрзо ќе изгаси климата заради билдање на топол воздух околу климата.
Здраво бате. За ова u crown ме интересира како ја работиш за да дува долго, и да не ја чекаш долго да стартува од кога ќе изгаси. Кај моите има 18 ка у краун, ама многу лошо тера. Околу 50 м2 со отворена врата за да тера повеќе, и он си гаси по 40 минути дување, и после го чекаш уште 30 мин да стартува и да ти паден собна Т за 1 до 1,5 степен(ова истово и со затворена врата на 40 м2 кога ја теравме, исто се понаша, исто и со надвор, поладно потопло, исто си тера). На која брзина фан и кој вертикален и хоризонтален свинг сетинг го користиш?
 
Mar tiN

Gaining Experience
2 јануари 2014
612
390
Mar tiN's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 / Cooler Master Hyper 103
Motherboard
ASUS B85M-K
Storage
WD - 3 TB
PSU
Cooler Master B500 ver.2
RAM
Kingston 8GB 1600MHz DDR3
Video card
ASUS STRIX GTX™ 950 Gaming 2 GB
Case
Cooler Master K350
Mouse
ASUS W3000
Keyboard
ASUS W3000
Audio
Vivax HT100 5.1
Monitor
Samsung SyncMaster 2032BW
OS
Windows 10 Pro x64

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,634
5,240
Здраво !
Купена е и монтирана Haier Tundra Plus Smart од сетек ....Внатрешната единица работи совршено и е супер тивка! Проблемот е во надворешната единица што мислам дека е ненормално бучна (гласна) и на 0°С и на 10°С.Некој корисник да сподели искуство со оваа клима !
Поздрав.

Испратено од SM-G955F преку IT.mk форум апликација

Не би требало надворешната единица да биде бучна. Е сега се поставува прашањето: Дали ја слушаш дома бучавата која што се пренесува преку држачите и ѕидовите и резонира или пак кога ке излезеш и дојдеш до неа се слуша бучава кога работи?
Постојат неколку работи кои можат да бидат причинители за оваа појава.
  • Прво лошо фиксирани (полуфиксирани) држачи на кои што е поставена надворешната единица.
  • Не се поставени гумени амортизери помеѓу ногарките на надворешната единица и држачите, односно климата е стегната директно со штрафови. 1635836733853.png

    1635836827696.png

    Линк со детали (гумичките ги има и кај нас по продавници, треба да се побараат)
    Shock Absorbing Anti-Vibration Isolator Pads
  • Незнам точно (претпоставувам) но можеби твојата клима има тренспортни блокади на компресорот. Тоа го пишува во упатството за инсталација на климата. Ако ја има таа транспортна блокада при инсталација треба да се извади, во спротивно сите вибрации од компресорот ке се пренесуваат на куѓиштето од надворешната единица и ке се слуша бучава. Конкретнава слика е од рандом упатство што го најдов на интернет и ако добро видиш се работи за помоќни единици. До сега од искуство кај малите единици не сум наишол на вакви транспортни блокади, но сепак треба да се провери и да се биде сигурен. Работите често се менуваат. 1635837196035.png
Во принцип ова се три најчести и најпрости работи кои ретко кој ги запазува при инсталација...Но даваат баш таков ефект како што го опиша.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
4,322
4,087
Така е. Сигурно нема буфери ставено на ногарките, и тоа ќе ставиш ти сега. Тоа е една работа. Откога ќе се отклонат овие работи ќе остане уште една. А тоа е дека нема амортизација во цевката која го носи фреонот. Односно вибрациите од цевката се пренесуваат на ѕидот. Всушност накратко кажано цевката никаде не треба да допре ништо се додека стигне до единицата. Ова ретко се случува, ама затоа и се зборува да има минимум 3м цевка од единица до внатре, за да се амортизираат тие вибрации. Па дури и да има еден круг од цревото за да има простор каде да вибрираат цевките беа да се пренесе до внатрешноста.
 
Robert23

Intern
18 декември 2020
27
21
Во август ги контактирав Паксон, ИЦС и др. (види тука) за понуда за мулти-сплит систем со 5 внатрешн тавански единици.

За два дена добив одговор од Паксон со три понуди (за касетна единица, од тие скапите, и сенсира). Понудата со Сенсира беше најефтина 5К€. ИЦС ми одговорија после две недели без понуда, само побараа број за контакт, набавката беше започната со Паксон и ги игнорирав. Другите 3 не ни одговорија, со тоа што од ЕкоВент од Северо-западна Северна Македонија добив автоматски одговор дека електронската пошта не постои.

Со еко-кредит преку Про-Кредит (тогаш само кај нив имаше преостанати средства за 15% повраток преку ГЕФФ програмата) за 3 недели (од првичниот контакт) системот беше инсталиран.

Истиот се состои од 1 (5MXM90N2V1B9) надворешна 9/10kw единица, 4х2.0 (FTXF20C5V1B) и 1х3,5 (FTXF35C5V1B) внатрешни едници. Сите внатрешни единици се со Ви-Фи контролер и се контролираат преку Daikin Residential Controller app.

Oд системот како систем сум задоволен (грее како треба сега за сега), но има два проблеми што иритираат:

  • Daikin Residential Controller не работи секогаш како што треба, често единиците се офлајн (оставам ова да е до А1 ВиФи рутерот), различнте топлотни модели (автоматски, ноќно или по желба) не секогаш ги предава како што треба, па на ноќен мод дува како лудо итн.), нормално ова се отфрла како проблем на Паксон ќе чекаме Даикин да се оправат, бидејќи сите останати апликации ги интегрираат во оваа;
  • Кога работи само една внатрешна единца, сите бучат и иритира, особено во ноќните часови кога е потивко, луѓе спијат, нема галама од надвор итн. Проблемот беше посочен до изведувачот, рака на срце дојдоа двапати во една недела (за неповјеровати), првиот пат да сум го проверел заземјувањето, вториот пат го извадија и вратија фреонот, но проблемот си остана. Внатрешната единица што е најблиску до надворешната највеќе бучи, т.е. пренесува вибрации (не знам како и зошто, се слуша перка меѓутоа од надвор, надворешната единица преде како маче). Звуците кои се слушаат се како порано на телевизија кога немаше сигнал со оној шарниот екран или како пригушена првосмукалка што се слуша кога поминувате покрај некоја зграда/дом кадешто чистат. Исто така понекогаш се слуша бучава од френот (како вода што тече низ цевка), меѓутоа ова не е толку иритантно бидејќи се случува само од време на време при вклучување на системот.
К*рчење и расправии со Паксон и закани со некои закони за потрошувачи не доаѓа во предвид, бидејќи се залудно трошење на време (на работа за платени системи од стотици илјади евра се тегнеме со месеци и месеци и пак ништо), не сакам да знам што би било за ваква: „ситна роба, дуканчина (С)“ ситуација, а освен тоа дојдоа на интервенција. Пред да го пријавам проблемот повторно кај нив (ќе почекам да залади убаво, бидејќи додека дојдат денот се загрева и следствено не може да се репродуцира истиот проблем), некои совети што би можел јас од моја страна да проверам? Однапред се заблагодарувам за било каков сафет.
За тоа не си воопшто управо...Во државен пазарен инспекторат и веднаш ќе дојдат на терен и на крајот ќе ти ги вратат паарите
 
Скоти

Practice makes perfect
15 октомври 2013
501
1,009
Да споделам искуство зошто климите треба да работат 24/7 во денот а не да се гаснат и да се уклучуваат нон-стоп. На 21 октомври заминав со девојката на патување 10 дена и мораше нели да ги згаснам климите. Бидејќи имам Home Assistant пратев температура и дента кога се вративме во станот, температурата во дневната беше 13 степени.
Веднаш ги уклучив климите( се работи за мултисплит систем Mitsubishi electric со 2 парапетни единици) на зададена температура од 24 степени.
Цели 4 часа им требаше на климите да го затоплат воздухот на 20.5 степени. Во ред ете, термометарот покажува 20.5 меѓутоа предметите во дневната се сеуште ладни. Требеше цели 2 дена да поминат за да се затоплат витрините, комодите, паркетот и ѕидовите. Во меѓувреме климите работеа сигурно со силен капацитет и потрошија доста повеќе него ли кога би биле нон стоп вклучени.
Да не зборувам само каква модулација имаат овие клими за разлика од MDV by Midea што ги имам во спалните, меѓутоа тоа во некој нареден пост кога ќе подзалади.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
4,322
4,087
Требеше цели 2 дена да поминат за да се затоплат витрините, комодите, паркетот и ѕидовите. Во меѓувреме климите работеа сигурно со силен капацитет и потрошија доста повеќе него ли кога би биле нон стоп вклучени.
Eееете така. Toa e муабетот. Устава пена на сите ни фати од зборување за ова. „Ама со клима е ладно“, не е ладно, туку ти ја гасиш. Има 24 стеепни и 24 степени, исто е ама не е исто. Одлично си доловил. Стотици пати е кажано низ темиве, воздухот ќе се згрее, ама објектите внатре треба да се згреат од тој воздух за да стане топло внатре. Кога ќе почне да зрачат ѕидовите, подот, мебелот, теписите, паркетот, таванот, плакарите со топлина - наместо да ја цицаат топлината од воздухот тогаш ќе е она вистинско топло. А за тоа треба време, и тоа бајаги време.
Затоа треба да се намали еден степен или зголеми еден степен, за таа акумулирана топлина да се држи цело време, и по потреба само да се коригира комфорот во однос на желбите.

И понатаму, проветрување. Кога се загреани објектите и предметите внатре, кога се проветрува просторот топлината не се губи веднаш целата, па од ново да се загрее се, туку акумулираната енергија во предметите си останува. Кога ќе се затвори прозорецот, сите предмети кои се на 24 степени зрачат и вршат конвекција за да ја оддадат својата термална енергија на воздухот за да се постигне еквилибриум.

Тоа е тоа.
 
Пошто прв пат се греам на клими следам совети од форумот. Имаше денови кога на зададена температура од 20 степени, кога ќе се разбудев сабајле беше 21 или 21.5 степен, бидејќи сите предмети во дневната веќе зрачат топлина а климите преку ден ми се наместени на 22 степени, само пред спиење ги ставав на 20 степени.
Во спалната имам Мидеа и гледам на мерачот вчера вика 22 степени а климата изгасена, као постигнала температура меѓутоа ламинатот е ладен, ѕидовите се ладни плус спалната е на север. Само што се изгаси климата температурата падна за цели 1.5 степени во рок од неколку секунди.
 
Последна промена:

Charlie00

Intern
11 август 2020
7
3
Монтирана шораи еџ, како и што пишав пред некое време за совет. Ке гледам да набавам мерач да видам како ке работи. Сеуште не сум ја пуштил 24 ч , само преку вечер 2/3ч кога и се прибираме. Али кај мене ден-ноќ во станот држи 22/23степена без никакво греење така да уште неам толку потреба, а и тоа малку кога пуштам на греење не можам толку да трпам топлина.
 
DelphiUser

Practice makes perfect
2 март 2011
1,571
1,516
Drachevo
Здраво бате. За ова u crown ме интересира како ја работиш за да дува долго, и да не ја чекаш долго да стартува од кога ќе изгаси. Кај моите има 18 ка у краун, ама многу лошо тера. Околу 50 м2 со отворена врата за да тера повеќе, и он си гаси по 40 минути дување, и после го чекаш уште 30 мин да стартува и да ти паден собна Т за 1 до 1,5 степен(ова истово и со затворена врата на 40 м2 кога ја теравме, исто се понаша, исто и со надвор, поладно потопло, исто си тера). На која брзина фан и кој вертикален и хоризонтален свинг сетинг го користиш?

На ова топло време нормално е да гаси на 40минути затоа што постигнува температура а 18ката веројатно не спушта под 900w.. Но во ладното -10 до 0 работи долго време, освен ако е многу ладно па прави дефрости. Сетинзи: 25 степени, ауто фан, вертикалното на средина, хоризонталното кон средина на соба.
 
MitkoI

Gaining Experience
11 јуни 2017
367
155
Дали оваа клима со оглед на цена од 50000 денари на 24 рати без камата во Нептун се исплати да се земе???
Дали некој ја има да сподели искуство???
 
petkotrajko

Gaining Experience
16 јуни 2017
255
219
Дали оваа клима со оглед на цена од 50000 денари на 24 рати без камата во Нептун се исплати да се земе???
Дали некој ја има да сподели искуство???
60 децибели бучава на внатрешна?
Абе аман, ко југо да туражираш!

Испратено од телефоно.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,892
15,193
Дали оваа клима со оглед на цена од 50000 денари на 24 рати без камата во Нептун се исплати да се земе???
Дали некој ја има да сподели искуство???

Мислам дека можеш да ја најдеш за едно 50.000 денари. Ако го пронајдеш оригиналниот застапник во секој случај ќе ја земиш пониско
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,069
Мислења
877,127
Членови
30,681
Најнов член
nikolovski1990
На врв Дно