Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Др. Дејан Докиќ лајкс дис
Ај преведи ако сакаш. Нишо не ми кажаа монтерите освен при крај на година откако сум ја земал да ги викнам за проверка за да важе гаранцијата.
So potrosna kako e imas ispitano
Према претходната сметка за струја, некаде околу 1700 ден веќе повеќе. А почнав ептен на почеток на ноември. Кога ќе стигне сметката за декември ќе видеме шо ке каже.
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Поентата е за здравјето преку воздухот шо улава у собата значи?
За самата клима не, или?
Поентата е за протокот на воздухот низ климата. Низ запушен филтер тешко минува воздух. Ќе ја ставиш во трета брзина, а ќе дува ко во прва. Со тоа опаѓа и капацитетот на греењето, а потрошувачката останува иста.

Се чисти по потреба. Ако потребата е почесто од еднаш на два-три месеци, дома имаш многу посериозен проблем од запушен филтер.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.493
2.945
Поентата е за здравјето преку воздухот шо улава у собата значи?
За самата клима не, или?
За двете работи е корисно да го исчистиш филтеро.
Прво крени го капако од внатрешната единица (пред тоа намали темп.или исклучи ја од даљинско, не мора да работи дур ја работиш), и извај ги двете пластични мрежи со ситна плетка (тие се филтрите).
Појди со нив до купатило, и една по една, со тушо на најсилно испрскај ги за да излези прашината.
После забриши ги со памучна крпа, за да се испушат, па врати ги од кај шо ги извае и затвори го капако. И толку.
Другио месец пак истото...иако не мора баш секој месец.

Испратено од телефоно.
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Поентата е за протокот на воздухот низ климата. Низ запушен филтер тешко минува воздух. Ќе ја ставиш во трета брзина, а ќе дува ко во прва. Со тоа опаѓа и капацитетот на греењето, а потрошувачката останува иста.

Се чисти по потреба. Ако потребата е почесто од еднаш на два-три месеци, дома имаш многу посериозен проблем од запушен филтер.
Значи климата ја имам околу 70 дена. Како ќе знам дали има потреба да ги исчистам филтрите? Ако се осете слабост во дувањето при поголема брзина?
Само шо ги проверив брзините. На најголема у 6та брзина фуче. Има и турбо брзина уште повеќе фуче. Значи далеко се филтрите од запушени.
За двете работи е корисно да го исчистиш филтеро.
Прво крени го капако од внатрешната единица (пред тоа намали темп.или исклучи ја од даљинско, не мора да работи дур ја работиш), и извај ги двете пластични мрежи со ситна плетка (тие се филтрите).
Појди со нив до купатило, и една по една, со тушо на најсилно испрскај ги за да излези прашината.
После забриши ги со памучна крпа, за да се испушат, па врати ги од кај шо ги извае и затвори го капако. И толку.
Другио месец пак истото...иако не мора баш секој месец.

Испратено од телефоно.
Стварта е шо е наместена едно 20 цм испод таван. Не се баш усудувам да вадам нешто шо не го гледам. Најарно ќе се јавам утре у продавницата кај шо ја земав и ќе ги прашам монтерите шо ќе кажат.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Како ќе знам дали има потреба да ги исчистам филтрите?
По тоа што сега, конкретно кај тебе, има тепих од прашина и покрај тоа што фуче.
Филтрите се чистат на неделна/двонеделна основа. Многу зависи од типот на ткаенини низ дома (волнени теписи, домашни миленици, деца кои нон-стоп растрчуваат, околина итн.)

Чисти ги филтрите редовно. Нема потреба да се јавуваш во сервис за тоа.
Здравјето ти зависи од тоа. Не се климите до толку set and forget

Чистењето е особено критично во лето. Сета таа насобрана прашина кога ќе се помеша со влагата ќе предизвика мувла. Во крајни случаи и Легионела.

Не се баш усудувам да вадам нешто шо не го гледам.
Нема што да се усудуваш. Наведено ти е во упатството дека треба да се чистат и дека тоа може секој да го направи.
 

civikom

hello world
17 декември 2011
272
249
Цел стан има радијатори, тоа е за да се поврзе на пелети или струја. Сакам да пробам дали ќе може да се топли без центеално греење, не ми треба да е топло секаде, плус во станот е доста топло.
Секако во иднина ќе се стави некој ќумбе на пелети.



Sent from my M2007J3SY using Tapatalk
Купи си некое инвертерче сега за сега ( не е лошо да биде и 5 KW ако не е јапанац) па понатака ако не си задоволен ќе го преправиме во топлинска пумпа воздух-вода и ќе си се грееш со радијатори а ќе плаќаш како со инвертер. Заборави тоа пелетите само џабе фрлени пари.

Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
 

mnikolce

lurker
27 октомври 2016
803
620
По тоа што сега, конкретно кај тебе, има тепих од прашина и покрај тоа што фуче.
Филтрите се чистат на неделна/двонеделна основа. Многу зависи од типот на ткаенини низ дома (волнени теписи, домашни миленици, деца кои нон-стоп растрчуваат, околина итн.)

Чисти ги филтрите редовно. Нема потреба да се јавуваш во сервис за тоа.
Здравјето ти зависи од тоа. Не се климите до толку set and forget

Чистењето е особено критично во лето. Сета таа насобрана прашина кога ќе се помеша со влагата ќе предизвика мувла. Во крајни случаи и Легионела.


Нема што да се усудуваш. Наведено ти е во упатството дека треба да се чистат и дека тоа може секој да го направи.
И една слика @Rukfash од филтерот кога ќе го симнеш од климата :)

Sent from my MI A3 using Tapatalk
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Значи климата ја имам околу 70 дена. Како ќе знам дали има потреба да ги исчистам филтрите? Ако се осете слабост во дувањето при поголема брзина?
Само шо ги проверив брзините. На најголема у 6та брзина фуче. Има и турбо брзина уште повеќе фуче. Значи далеко се филтрите од запушени.
Ќе го кренеш капакот од внатрешната единица и прво што ќе видиш се филтрите. Веднаш се гледа дали им треба чистење или не. Ако им треба, ја гасиш климата, ги вадиш и ги чистиш. Ако не им треба, го спушташ капакот и проверуваш пак по некое време.
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Ќе го кренеш капакот од внатрешната единица и прво што ќе видиш се филтрите. Веднаш се гледа дали им треба чистење или не. Ако им треба, ја гасиш климата, ги вадиш и ги чистиш. Ако не им треба, го спушташ капакот и проверуваш пак по некое време.

Према сликите се познава прашина. Доволно е насобрана за чистење?
Мислењето е автоматски споено:

IMG_20210111_142517.jpg IMG_20210111_142339.jpg IMG_20210111_142334.jpg IMG_20210111_142330.jpg
Едит: Откако ги погледнав на компјутер слкиките поубаво се познава.
 
Последна промена:

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Не ми се верува за што овдека дискутираме. Дури сликаш, дури си трошиш време земи испери ги, усисај, шта год..

И да. Многу се затнати и треба да се исчистат.
Абе сеа буразер па и ти. Прв пат у живот зиам клима пред 2-3 месеца тако да немам појма ништо. Најнормална ствар. :)
Најдобро ќе биде да усисам као најлесна опција.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Абе сеа буразер па и ти. Прв пат у живот зиам клима пред 2-3 месеца тако да немам појма ништо. Најнормална ствар. :)
Најдобро ќе биде да усисам као најлесна опција.
Крени го капакот, извади ги и исчисти ги. До толку е едноставно.


Шо и се плашиш толку?
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Крени го капакот, извади ги и исчисти ги. До толку е едноставно.


Шо и се плашиш толку?
Работа е шо капако има некои држачи одозгоре заштракани и без да гледам неможам да ги одштракам. Али како и да е фала ногу на сите. Ќе се снајдеме некако.
 

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Сам си ѓи чистеш филтерите? На колку време? Јас ја имам вече трери месец и неам појма за филтри милтри.
Чисти ги барем еднаш месечно. Кога ќе ги извадиш ќе видиш колки прашина има на нив. Истуширај ги, исуши ги и врати ги на место.
 

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
Работа е шо капако има некои држачи одозгоре заштракани и без да гледам неможам да ги одштракам. Али како и да е фала ногу на сите. Ќе се снајдеме некако.
Рукфаш, дозови се памети или да го викам Астро да ти бапне една. :LOL:

Капакот од климата ти е исто како хауба од кола. Сигурно не ја демонтираш хаубата за да провериш уље или да смениш филтер.

Исто ти е и кај климата. Капакот има ход до некаде 90 степени и застанува таму на некои запци/лежишта. Потоа ги вадиш филтрите и правец купатило. Ги шприцаш со туш батеријата од внатрешна страна (строго со ладна вода) и потоа ги оставаш на некое место убаво да се исушат.

Немој да те лаже ѓаолот да ги сушиш со фен, тогаш уместо Астро јас ќе треба да ти бапнам една, а рачунај дека имам тешка рука. :LOL:
Поентата е дека со фен може да ја стопиш нежната пластична мрежа од филтрите, а тие не се баш евтини и/или лесно набавливи.

За ова не се вика/јавува во сервис. Тоа е едноставно твоја обврска (на 2-3 недели). Замисли за класична правосмукалка да викаш сервис за да ти ја очистат ќесата кога ќе ти се наполни со ѓубре... Рачунај дека ова е исто.

Ако ти е шубе како да ги извадиш филтрите, погледни некое видео на ЈТ, просто е ко пасуљ. ;)
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Рукфаш, дозови се памети или да го викам Астро да ти бапне една. :LOL:

Немој да те лаже ѓаолот да ги сушиш со фен, тогаш уместо Астро јас ќе треба да ти бапнам една, а рачунај дека имам тешка рука. :LOL:
Епа викни го и двајцата дојте да ми бапнете по една. Ама Астро ја знае римата за бапнување, нека ти ја каже. ;)
Исто ти е и кај климата. Капакот има ход до некаде 90 степени и застанува таму на некои запци/лежишта. Потоа ги вадиш филтрите и правец купатило. Ги шприцаш со туш батеријата од внатрешна страна (строго со ладна вода) и потоа ги оставаш на некое место убаво да се исушат.

Ако ти е шубе како да ги извадиш филтрите, погледни некое видео на ЈТ, просто е ко пасуљ. ;)
Епа шубе ми е. И не баш исто како хауба или правосмукалка. Пошто треба да се качувам, на нешо повисоко од столица за да го видам капако да можам да го извадам. Повикао сам пријатеља кој ми кажа дека на неговата клима од страната имало дршки за капако. На овај модел нема ништо од страна , туку горе. Како и да е , ќе ја средеме. И не било тоуку страшно како ши викате, пошто другар ми не ја чистел климата цена година, не е оти незнае, туку не му било битно од X причини :)
Како и да е ќе ја исчистеме мојта уз позови пријатељ џокер.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Јунаци!
Гледав на windy.com дека не очекува многу студен бран во текот на оваа недела се до вторник наредната.
Особено жестоко ќе биде во сабота, недела и особено од недела према понеделник (и понеделник)

Со дневни максимални од -5. Како што гледав од моделите, температурата ќе падне и на -15.
Скопје, како што има погана клима, не е чудо да го задеси и уште поладно.

Веќе од вторник натаму се очекуваат температури од +4/5 па нагоре.

Сега да видам дали ќе модулирате со 300W
 

CBB_6

BBC
9 декември 2016
359
1.100
Друштво бе? Гледам сабајлево надворешната заледена до пола. Прв пат вака по 3 години дрнкање. Суво сончево време, -3 температура.

Е сеа, пошто овде беше спомнато дека замрзнување до пола на долниот дел од изменувачот на надворешната единица значело недостаток на фреон, дали уствари тоа е ова??

IMG_20210114_084126~2.jpg
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
дали уствари тоа е ова??
Не е. Дебел слој на мраз се прави. Еден прст дебел. И тоа од дното до средина.

И осетно не топли. Ниту дефростот има сила да го стопи.
Да намалиш шубе, провери ја на пролет. Нека измерат притисок и така тоа.

Надополнување по осет никако. Евакуирање, мерење на изваденото па потоа ставање точно до грам (плус 2 грама макс.)
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно