Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
После 18:30... кај што почнува да се рамни линијана....
Ама гледај пак има некоја логика, тера рамно некое време, па поткрева ама наредно кога спушта е повисоко од првото рамно.... како скали прави, пополека се качува...
И така на неколку чекори стигнува околу 300w и таму се држи еве последниве 3-4 саати.
Сеа ќе видам ноќеска на макс фан како ќе помини.
 
SuperMitre

read-only
27 септември 2017
39
61
Скопје
Анхоч и Логинг во моментот немаат на залиха, Eurovizif(.mk) i Surbestill(facebook) пишува дека имаат на залиха за нарачка, но сепак јави се и прашај.
Благодарам многу на информациите. Завршив работа во Eurovizif. Да си здрав и жив. :)
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.791
5.511
Кај бабата и дедото, купиле и монтирале, Vivax AERI 3.5ka, или поточно оваа ACP-12CH35AERI R32 . Ајде кажете ти со искуство со неа, (мислам @FLEGMA имаше) најоптимален режим за работа даим подесам за секојдневно користење. Некои 30-35 м2 (дневна+тарпезарија) + навечер ќе се отвара накај спални вратата од ходникот. 6ти спрат, исток, југ, запад ориентација, нова ПВЦ дограма од лани, горе и доле над нив се живее и мислам они се на парно, а моиве се исклучени, ама иде по некоја цевка ама слабичко тоа.

Значи кој режим/режими сте осетиле дека се најекономични. Да ставам 24-25Ц и кој мод (Ауто, Хеат, Еко ...) која брзина и тие финти, за преку ден? Навечер околу 20-21Ц и исто кој мод која брзина (Ауто, Хеат, Еко ...)? Тоа Еко модот го бива ли? Тоа јонизаторот вграден го користите ? IFeel користите (има добра видливост од кај што е климата до другиот крај на собата. Како сте задоволни од таа функција, или да не ја местам уопште.

Ова сѐ прашувам, за да отидам, им наместам, им покажам како намали/зголеми и друго да не чепкаат. Мислам дека моделот е со Вифи, ама неважно немаат интернет па нема ни да можам ремоте да го чепкам. Незнам дали би работело со хотспот од мобилен, ама кој ке им објаснува и тоа :)
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Што mсе во зграда со парно, кај нив е 17-20 степени без греење. Милина. Климата без проблем ќе постигне.
Стави на греење 24 степени, Ауто фан. Не мора ни нон стоп да работи, многу е топол станот.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.240
Значи кој режим/режими сте осетиле дека се најекономични. Да ставам 24-25Ц и кој мод (Ауто, Хеат, Еко ...) која брзина и тие финти, за преку ден?
Јас со Виваксите (2 комада) греам една (спална) 16 и друга соба (детска) од 14 квадрати.
Во детската наместена на 24 на 2-ка фан а во спалната на 20 на кец (и има некаде 17-18 степени реална температура, таман за спиење)
Кај твоиве намести Heat на 25 на двојка. Ауто, сега дури е топло можеби ќе брка работа но кога залади мислам дека нема да им одговара.
Навечер околу 20-21Ц и исто кој мод која брзина (Ауто, Хеат, Еко ...)? Т
Навечер 22 исто со двојка фан или едноставно нека кликнат Sleep и оваа до утрото ќе намалува за по степњн на секои два часа и ќе изгасни па ќе си ја запалат сами.
Тоа Еко модот го бива ли? Тоа јонизаторот вграден го користите ? IFeel користите (има добра видливост од кај што е климата до другиот крај на собата. Како сте задоволни од таа функција, или да не ја местам уопште.
Не сум користел Еко ама ако е вистинско Еко би требало да ја преполови снагата на надворешната (и бучавата). iFeel мери на даљинско, треба да се гледаат со климата у бара дисциплина во смисла да не се држи во рака и да не се преместува. Види на кое место во вертикална положба фаќа и тука намести го на ѕид. Јас лично не го користам. Јонизатор во моите нема иако пишува дека има. Го нема физички. Се гледа тоа. Крени го капакот. Треба под филтерот, од десна страна горе, да видиш зелена или црна "коцка" со решетчиња.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.791
5.511
Јас со Виваксите (2 комада) греам една (спална) 16 и друга соба (детска) од 14 квадрати.
Во детската наместена на 24 на 2-ка фан а во спалната на 20 на кец (и има некаде 17-18 степени реална температура, таман за спиење)
Кај твоиве намести Heat на 25 на двојка. Ауто, сега дури е топло можеби ќе брка работа но кога залади мислам дека нема да им одговара.

Навечер 22 исто со двојка фан или едноставно нека кликнат Sleep и оваа до утрото ќе намалува за по степњн на секои два часа и ќе изгасни па ќе си ја запалат сами.

Не сум користел Еко ама ако е вистинско Еко би требало да ја преполови снагата на надворешната (и бучавата). iFeel мери на даљинско, треба да се гледаат со климата у бара дисциплина во смисла да не се држи во рака и да не се преместува. Види на кое место во вертикална положба фаќа и тука намести го на ѕид. Јас лично не го користам. Јонизатор во моите нема иако пишува дека има. Го нема физички. Се гледа тоа. Крени го капакот. Треба под филтерот, од десна страна горе, да видиш зелена или црна "коцка" со решетчиња.

Фала, тоа ми требаше. Ајфил кора да го штрафам на ѕид, или и ако стои на маса, наткасна негде кај што се гледаат ќе работи? Ваљда ако прифаќа команди од тоа место, ќе прифаќа и комуникација за тоа ајфил.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Кај бабата и дедото, купиле и монтирале, Vivax AERI 3.5ka, или поточно оваа ACP-12CH35AERI R32 . Ајде кажете ти со искуство со неа, (мислам @FLEGMA имаше) најоптимален режим за работа даим подесам за секојдневно користење. Некои 30-35 м2 (дневна+тарпезарија) + навечер ќе се отвара накај спални вратата од ходникот. 6ти спрат, исток, југ, запад ориентација, нова ПВЦ дограма од лани, горе и доле над нив се живее и мислам они се на парно, а моиве се исклучени, ама иде по некоја цевка ама слабичко тоа.

Значи кој режим/режими сте осетиле дека се најекономични. Да ставам 24-25Ц и кој мод (Ауто, Хеат, Еко ...) која брзина и тие финти, за преку ден? Навечер околу 20-21Ц и исто кој мод која брзина (Ауто, Хеат, Еко ...)? Тоа Еко модот го бива ли? Тоа јонизаторот вграден го користите ? IFeel користите (има добра видливост од кај што е климата до другиот крај на собата. Како сте задоволни од таа функција, или да не ја местам уопште.

Ова сѐ прашувам, за да отидам, им наместам, им покажам како намали/зголеми и друго да не чепкаат. Мислам дека моделот е со Вифи, ама неважно немаат интернет па нема ни да можам ремоте да го чепкам. Незнам дали би работело со хотспот од мобилен, ама кој ке им објаснува и тоа :)
Слаба е многу климата за просторот. На -7 има 2.2kw
Screenshot_20201211-115737.jpg
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
@FLEGMA вистина ли е 2.2кв на -7?
Овај документ го има на.vivaks.hr.
Има за сите вивакс клими податоци.
Податокот е на -7степен затоа што.мидеа исто како тошиба дава податок на -7 и на -15степени
Пдизајн 2.7кв ама бекап.има 500вати
Порано вивакс даваше во оваа листа и на -10 податок ама повеке не.
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.791
5.511
Слаба е многу климата за просторот. На -7 има 2.2kw
Погледнете го атачментот 94617
А кај се гледа дека е тоа за -7. А и не се разбирам многу у бројкиве, и да бев прашан, ќе се обратев овде, за предлог. Како и да е еве 2 дена нив им било ОК температура, дури и се потеле, научени на 2 греалки до сега. Е дали ќе работи ефикасно или не на тој простор појма неам. Исто не бев консултиран.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
А кај се гледа дека е тоа за -7. А и не се разбирам многу у бројкиве, и да бев прашан, ќе се обратев овде, за предлог. Како и да е еве 2 дена нив им било ОК температура, дури и се потеле, научени на 2 греалки до сега. Е дали ќе работи ефикасно или не на тој простор појма неам. Исто не бев консултиран.

Sent from Телефон using Tapatalk
Се гледа деклариран капацитет и бекап за да го за задржи тој SCOP.
Можеби е за -10 степени ама затоа што мајка им е Тошиба таа така ги дава податоците на -7 степени и бекап
Рачунај 2кв на -15
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.065
5.998
3.8кв е на +7
Едноредна е со 8.9см3 компресор
18ката е дворедна со 13см3 компресор.
Обично тој бекап хитер не се смета на -7, туку на ТОЛ. Имено затоа се вика -7 бивалентна температура. Тоа и означува дека од таа точка па надолу почнува БИ валентно греење - односно има потреба од дополна за да се постигне тој ТОЛ. Но, до бивалентната температура сите производители, по правило, наведуваат чиста моновалентна сила на производот.

Ова што го велиш би важело ако TOL na AERI e -7. А не ако biv е на -7.
 
Може да е така не е јасен листот што го дава вивакс.
Малце збунувачки е тоа што се води како деклариран капацитет
 
tupacan

user
10 септември 2007
1.733
2.391
Ако се работи за стан тогаш ситуацијата е далеку по-поволна за греење со клима. За во дневната земи добра клима а за спалната земи 2,5-ка.

Или пак, како и сам што кажуваш, една „супер“ клима во дневна а во спална панел со тајмер (или без, сеедно)
Како и да е, ќе ти треба грејно тело во спалната. Јас би играл на клима ...која не мораш да ја користиш кога спиеш или можеш на кец на најниска брзина (да држи рецимо 18-на степени)

Ти благодарам на советите.
Сепак ќе одам со една супер клима + панел во спалната по потреба. Секако имам 2x Atlantic панелки од кои сум презадоволен во изминативе 4-5 години.

Се одлучив за Mitsubishi, ќе земам од Uni24 - Штип, што е мислам и генерален увозник за МК.

Е сега, за просторот ми предложија 2 опции, SRK/SRC 45 ZSP-W која е 940€ и SRK/SRC 50 ZS-W која е 1160€.

Се мислам да идам на поскапата опција, чисто за да бидам сигурен, иако рекоа дека и поевтината ќе е сосем доволно.
Заборавив да спомнам дека покрај добрата изолација на станот, имам и ПВЦ прозори со 3 стакла.

Еве 2 скриншота со повеќе детали од моделите, ќе ја прикачам комплетната понуда.

1607698686238.png

1607698646115.png

Мислења? Дали вреди +220€ или јас си правам некој филм?
 
Атачменти

  • Mitsubishi Heavy -Price-ML-2020-FINAL.pdf
    10,6 MB · Прегледи: 12

USAF

hello world
19 мај 2014
112
83
Mitsubishi heavy не е Mitsubishi electric. Ако имаш вишок нерви купувај од Уни 24. Инаку ни се генерални ниту овластени застапници туку си прават сопствен увоз и немаат врска со производителот.
 
10 јули 2020
41
29
Би сакал да замолам за одговор.
Дали некој има искуство- знае, кој модел на некој јапонски бренд може да се намести- натера да затоплува на најјака брзина.
Треба да затоплува специфичен простор. Отворен простор 10 x 5м2 со висина од 4,5м.
Најекономично би ми било да може наизменично да дува на мак. и да гаси.
Треба да загрева до 19ц.
Јас не успевам дома да ги натерам моделите на Панасоник и Митсу СФ.
Тие секојпат кога ќе ја постигнат температурата ја намалуваат брзината на турбината. Со таков начин нема шанса да ми е 19ц во долен дел, а да е прифатливо економски. Ова е деловен простор и цената е двојна од скапа тарифа за домаќинства.
Благодарам.
 
alexandar11

hello world
11 јануари 2010
463
210
На жолтиот форум, заради Стрелец си заминале сите модератори.
После Коли.мк, ГСМ.мк, на пат е и Кајгана да замине во вечните ловишта, од истите причини.
Секогаш двајца ликови затвораат форум.
Од каде ова? Па скоро сите од тие што ја напуштија функцијата ни не коментираат во таа тема.
 
tomaso

user
25 јануари 2008
1.078
1.616
Битола
tomaso's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-7500 + Thermaltake Frio Fanless
Motherboard
Gigabyte GA Z270 Gaming K3
Storage
Samsung 970 EVO 250GB - NVMe + TOSHIBA 2TB + TOSHIBA 1TB
PSU
Cooler Master Masterwatt 750
RAM
16GB 2x8GB DDR4 2400MHz Geil CL17
Video card
Strix ROG GeForce GTX 1050ti
Case
CoolerMaster MasterBox Q500L
Mouse
Logitech M190
Keyboard
Logitech Wave K350
Audio
Asus Essense STX II + AKG K702 + Marantz PM6006 + Elac Debut 2.0 DB62 + Skullcandy Hesh® ANC
Monitor
Dell P2421
OS
Microsoft Windows 10 Pro
Дечки за што служи чудото што е на кабелот? Монтерите појма немаа, демек само кај Вивакс имало вакво.
Се мислам да земам ви фи модул за климата моделот е Vivax ACP 12CH35AERI
И која апликација би била соодветна?
Кој можности ги нуди, дали има опција да се подеси темпертура во одреден период од денот и дали има информации за потрошувачка.
c62d797e2d43febd97acf07878e8a55b.jpg
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.240
Би сакал да замолам за одговор.
Дали некој има искуство- знае, кој модел на некој јапонски бренд може да се намести- натера да затоплува на најјака брзина.
Треба да затоплува специфичен простор. Отворен простор 10 x 5м2 со висина од 4,5м.
Најекономично би ми било да може наизменично да дува на мак. и да гаси.
Треба да загрева до 19ц.
Јас не успевам дома да ги натерам моделите на Панасоник и Митсу СФ.
Тие секојпат кога ќе ја постигнат температурата ја намалуваат брзината на турбината. Со таков начин нема шанса да ми е 19ц во долен дел, а да е прифатливо економски. Ова е деловен простор и цената е двојна од скапа тарифа за домаќинства.
Благодарам.
Конкретно Mitsubishi FH50 (кој го имам) умее да дува долго на најјака брзина но не ме изненадува „понашањето“ на спомнатите клими. Ако внатрешниот термистор на испарителот сети дека не се постигнува температурата (повторно, на испарител) ќе го намали протокот на воздух затоа што тоа се коси со прежимот на надворешната единица затоа што амбиенталниот сензор не дава сигнал дека температурата расте со доволна прогресија.

Е сега, не можам да ставам рака во оган дека на 5 фан кај мене ќе дува континуирано долго време затоа што никогаш ја немам работено толку долго на максимум вентилатор а и не е баш угодно.

Спред просторот ти препорачувам:
- 24-ка кинеска или две 5,5-ки (кинески)
- парапетни
- тн. тотеми но тие се ламји во поглед на потрошувачка

Сплит клима наместена на 4,5 метри (ајде, еве на 3,8~4) ќе има сериозен проблем да истера доволно надолу. Ќе трупа топол воздух горе и нема да бидеш задоволен ни со топлина ни со потрошувачка.

Гледај го протокот на воздух во декларациите. Се под 1100 cm3 не доаѓа во предвид во твојот случај.
Или во зависност од финансиите фенкојлери или плафонски единици.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.065
5.998
Јас од тоа избегав. Беко 7кв Он-Оф не прекинува да дува. Хаос. Одвратно. Па правев ардуино со сензор за да ја пали гаси како што постигнува, ама титка така. Па некогаш неѓа да фати. Хаос. И си сменив со фх35ве и се препородив во комфор.

Зошто би сакал да дува клима цело време не ми е јасно.

Фх35ве стави ја на 3 вентилатор и на 31ц и нема да гаси никогаш. 440w си работи докај 1200w на таков сетинг. Спие. А мислам и било која друга.
 
Последни теми

ит маркет

На врв