FLEGMA
sensei
- 2 август 2012
- 11.557
- 19.235
Најбитно кога се однесува до внатрешната единица е да се запази просторот над неа кој треба да биде мин. 20цм.Дај кога веќе се начна монтажа на клими да се повторат најважните работи при монтажа, и да се запазат тие работи. Верувам дека е кажано, ама нема да биде лошо да се повтори.
Над ова, при топлење, ќе вовлекува жежок водух па климата „ќе заклучи“ дека немаш потреба од снага и ќе ја намали испораката. Нормално, тоа што климата мисли не се поклопува со твоето доживување на топло.
Често ќе гасни, ќе малтретира..
Со еден збор, нема да работи оптимално.
Кај надворешната единица исто така е битно да има простор горе, лево и десно. Особено лево и горе
Климата мора да влече непречено. Ако се ускрати ова таа ќе се снајде некако (одоздола на пр.) но во зимо тој недостаток на проток ќе значи трупање на мраз повеќе од обично и како резултат на тоа чести дефрости и нервози заради тоа.
Вантрешната единица треба да биде идеално нивелирана за одвод на кондензатот иначе може да ти протече внатре.
Најбитна работа
МОРА да се изврши вакумирање. Прашај дали ќе вршат вакумирање уште пред да го истоварат алатот и да те донесат пред свршен чин. Ако не вршат и ако те убедуваат дека тоа не е потребно, дека се форумски финти, дека премногу читаш на интернет тогаш слободно избркај ги и барај друг сервис.
Без вакумирање климата ќе има минимум за 1/3-на послаби перформанси. Ова е најбитно.
И вакумирање кое ќе трае барем 20-ина минути. Додека вакумираат ги поврзуваат жиците и средуваат(те) ситници (одводни црева, изолации..)
Бафери под надворешната е препорачливо да има заради вибрации.
Круг со бакарните цевки зад климата помага да се намалат вибрациите кои се пренесуваат до внатрешната (нема да јачи)
3 метри цевки се минимум не сметајќи ја должината на цевките од внатрешната единица.
Не си играјте со монтажата. Не е ова телевизор па да го вратиш. Нервозите се огромни.
Кодус.
Ако може препорака на сервис за монтажа на клима VIVAX?
Овој сервис го фалат многу во Скопје.