1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. alkibijad01

    alkibijad01
    Gaining Experience

    197
    164
    8 oктомври 2016
    И од жолтиот форум се тргнав одамна, а и на оваа тема ретко коментирам. Овде има многу еуровент познавачи, а малку луѓе кои практично искусиле повеќегодишно греење само со клима уреди.
    Затоа ви ја препорачувам книгата "Штедљивије гријање" од Томислав Тот (се разбира ќе ја најдете со хрватска латинична поддршка). Откога темелно ќе ја прочитате дојдете и солете памет.

    Sent from my Redmi
     
    На FLEGMA и hfghfghfg им се допаѓа ова.
  2. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    434
    345
    1 Февруари 2017
    Машко
    Тоа со -10 не е така
    Еуровент за #Averige# зоната нема потреба да дава податоци за -15степени
    Тол за averige zona е -10 степени.
    Тол за colder zonata e -15 степени
    Еве тестови од skanoffise VTT (која е официјална еуровент лабораторија) за Амбер нордик 2.5кв колку дава топлина до -30степени и за многу други има тестови.
    Хаиер нема тука
    VTT:n testiraportti - kattava ilmalämpöpumppuvertailu - Scanoffice
    Amber2.5kw.jpg
    Плавата е потрошувачка ,црвената колку дава топлина.
     
  3. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,725
    13,108
    2 Август 2012
    Машко
    Тоа за -10 не е така на кајгана каде што имаш дупли акаунт и каде што пробуваш да ги извлечеш од каша другарите од фирмата.

    Познат како Стрелец. Не тераш ти далеку. Ни на форум ни во вистински живот.
     
    На Antropos и hfghfghfg им се допаѓа ова.
  4. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,402
    24 Септември 2012
    Сега имаме Еуровент за Грее и разјаснето е што и како е.
     
  5. hfghfghfg

    hfghfghfg
    Баниран/a

    88
    55
    24 Мај 2020
    Истите аргументи и таму ги верглаат, истите слики се вртат. Каде дискусија со такви типови кои запнале преку форуми да убедуваат луѓе да купат од брендот што они го продаваат.
     
    На CeeTour и mdeni им се допаѓа ова.
  6. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    434
    345
    1 Февруари 2017
    Машко
    Ај сега шириш дезинформации не сум јас стрелец .
    Еве пример сите ЛГ клими ( и јас имам една лг- поскап модел) се на еуровент тестирани до -10 степени. Платено е од ЛГ до -10 степени .
    А ЛГ има нордик клима појака и од митсу и тоа со тошибин компресор.Ја имаше едно време во нептун
    H12AP.jpg

    --- Споени мислења, 29 Јуни 2020 ---
    VTT:n testiraportti - kattava ilmalämpöpumppuvertailu - Scanoffice
    Ова е официјална страна има многу модели кој сака може да види да спореди дури и подетално од еуровент.
     
    Последна промена: 29 Јуни 2020
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,725
    13,108
    2 Август 2012
    Машко
    Така е. И рекламирани се на -10. А не како Gree на -20 а во реалност се на -10

    И дајте да не ги извртуваме фактите. Под ToL температура немате енергетска ефикасност и точка. Не добивате ништо
    Можда произведува топлина ама се се сведува „гаси клима и пали тајфун“

    Пошто исто ти се фаќа дали те грее Амбер со потрошувачка од 3kW или тајфун од 3kW
    А поентата на клима е, што? Да троши колку уред со COP 1?

    Мислам дека не.
     
    На Antropos му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,402
    24 Септември 2012
    Ниедна клима нема ЦОП 1 на -10 или на -15 дури и најефтината он оф. Сите, дури и најефтините имаат ЦОП НАД 2 на -10 или -15 степени.

    Важно е да се пласираат точни информации како за Грее така и за другите.

    Со изјави дека под ТОЛ -10 клими имаат цоп 1 е ПОГРЕШНО. И за грее и за сите клими. Како што може да видиме на Еуровент ретко која клима има ПОД 2 ЦОП на -10 или -15.

    Смешно е и погрешно да се шират такви информации. Не е во ред. Исто колку што не е во ред што Грее лажат на Европска налепница толку не е во ред да се тврди дека имаат ЦОП1.

    Секоја клима. Секоја. Ќе е поефикасна од Тајфун на температури од -10 степени и тоа за голема маргина. Скоро 2 пати поефикасна ќе биде! А има хиперинвертери кои ќе се и 3 пати поефикасни од тајфун! Затоа да не шириме погрешни информации, тука сме за да побиваме неточни информации, а не да ги шириме.
     
    На Коста сениор и Lokvan им се допаѓа ова.
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,725
    13,108
    2 Август 2012
    Машко
    Имате ToL и [email protected]
    Имате pdesign имате се.

    И имате Eurovent. Ако е така слободно бришете Tbiv и раководење се спрема ToL
     
  10. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,402
    24 Септември 2012
    Зошто?
    Тбив е она кое треба да го постигне климата сама. Под тоа е бивалентно греење кое рачуна дека има уште едно грејно тело за припомош.
    И бив и тол не ми се битни, битно ми е да споредувам на исто рамниште за да имам добра споредба.

    -7 ако имаатеуровемт 2 клими можам да ги споредам на -7 во Цоп и Пх. Или на -10.

    Моментално најдобра пари/перформанси е Хаиер тундра 12 и 18.
     
    На moongose и mnikolce им се допаѓа ова.
  11. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,328
    2,582
    19 Јули 2013
    Не е точно дека не испорачуваат ништо, или пак дека би престанеле со работа. Ќе продолжат да греат, само со намалена ефикасноста исто како и сите други клими.
    Епа муабетот е дека не е тоа тоа. Продавачите на Gree упорно убедуваа дека тие се најдобрите клими за парите и дека се супериорни во однос на останатите марки. Но сега има резултати на Еуровент што го демантираат тоа. Има модели за исти пари, па и поевтини што се поефикасни од нив. Тоа не ги прави Gree лош избор, како што и сам си се уверил, само не се најдобар или најповолен како што се наметнува мислење. Исто како што се наметнува лошо мислење за некои марки и модели, а за кои се испостави дела се подобри од соодветните на Gree.
    Еуровент бара резултати до -7 или до ТOL. А на -20 или -30 не мерат ниту за ладна зона, не па умерена зона, нема потреба.
    Вредноста на ТOL ја одредува производителот, не Еуровент. Заедно со PDesign. Вредноста е дефинирана за пресметката на SCOP, тоа не е крајната работна температура.
    Еуровент го интересира енергетската ефикасност. Не крајните можности на уредот.
    Нема ни фери-мери.
    Амберот грее на -30, ама троши 1600W за да даде 2000W, грубо гледано од графикот. Тоа е COP од 1,25. Тоа не е енергетски ефикасен клима уред. Многу далеку е од тоа.
    На таа температура и други греат, некои повеќе, некои помалку. Ама мерењета на таа температура не се воопшто релевантни како за нас така и за Еуровент, ниту пак некако влијаат на останатите резултати.
     
    DelphiUser, mdeni и на CBB_6 им се допаѓа ова.
  12. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,725
    13,108
    2 Август 2012
    Машко
    Епа да де. Крајните можности никој не ги спори. Јас имав On/off клима која работеше без проблем на -15 и 20% влага. Како и колку топло тоа е друго. Битно работеше.

    Еве ја дефиницијата за ToL превземена од страната на Toshiba
    operation limit temperature
    (Tol) means the outdoor temperature [°C] declared by the manufacturer for heating, below which air conditioner will not be able to deliver any heating capacity. Below this temperature, the declared capacity is equal to zero

    Значи конечно некој најде успешен начин да го срочи она што јас го верглам цело време.
    Никој не тврди дека климата престанува да работи под ToL. Ќе работи ама по која цена и енергетска ефикасност.
    Затоа фино лепо постои Tbiv каде се „кажува“ уште колку вати се потребни за догревање.

    И сега, со здравосељачка логика, ако на -7 Tbiv треба догревање од толку и толку за постигнување на „киловатите“ како тоа под Tbiv -10 ќе имаме исплатливо греење?
    Под Tbiv имаш обичен калорифер. Колку троши, толку дава.
    Со надеж дека надвор ќе се стопли.


    @mdeni
    А реториката „лани имаше просек од толку и толку“, „просекот е толку“ може за час да падне во вода при едно неделна тортура со магла на +3. Како зимоска.
     
  13. hfghfghfg

    hfghfghfg
    Баниран/a

    88
    55
    24 Мај 2020
    Времето како што гледаме е се понепредвидливо. Цела зема релативно меко беше, ама едвај дури овој месец се стопли времето. Април па и снег падна.
    Ова зимо којзнае може ледено доба ќе дојде, можеби и на куси ракави ќе биде. Се е побркано.
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    1,004
    1,085
    9 Декември 2015
    Машко
    Дали има некои брендови кај кои надворешната единица е помала или сите се горе доле исти? Дали од тоа зависи моќноста на климата (т.е. обратно од мочноста-големината)? Малку сум кнап со простор надвор за да ја ставам па затоа прашувам. А кнап сум затоа што ставив Gree инвертер пред 2 години (најевтиниот 22.000 денари) ама надворешната единица е некако поголема од стандардните, барем мене така ми изгледа. За новата не мора да е инвертер особено не ако има голема над. единица.
     
  15. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,402
    24 Септември 2012
    Има. Наведени ти се димензиите на надворешната единица секаде.
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DarkDeFnx

    DarkDeFnx
    Gaining Experience

    73
    107
    20 Јули 2016
    Машко
    Оваа?
    Haier Tundra PLUS 1U35MEEFRA / AS35TADHRA-CL
    Haier Tundra PLUS 1U35MEEFRA/AS35TADHRA-CL
     
  17. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,402
    24 Септември 2012
    Таа за помали потреби, а 18ката е според мене уште подобра опција за простории со поголема побарувачка.
     
    На hfghfghfg и DarkDeFnx им се допаѓа ова.
  18. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    1,004
    1,085
    9 Декември 2015
    Машко
    P.S. сега видов и некои мобилни клими од Gree. Некој искуство? Некако не разбирам како функционираат (каде оди водата?) и колкав капацитет имаат. Мене ми треба за една соба да ја разладам (макс. 10 квадрати).
     
  19. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,402
    24 Септември 2012
    Има цевка која треба да ја ставиш под платното на шаторот. Највеќе за тоа е предвидена.
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DarkDeFnx

    DarkDeFnx
    Gaining Experience

    73
    107
    20 Јули 2016
    Машко
    За номинално 3.5kW-на клима мислев, зборот ми беше да не има различни серии на Тундра и да треба да се внимава и на ознаките.
    На пример по интернет се наоѓа и ознака AS35TB1HRA (3.5kW) наместо AS35TADHRA-CL.
     
  21. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,668
    3,402
    24 Септември 2012
    Незнам, не верувам да има разлика.
     
  22. stranger

    stranger
    Intern

    2
    0
    22 Септември 2013
    Машко
    Ај брзо прашање, Haier tundra ili vivax aeri, 5 иполка, Haier има 1000cm3 проток наспроти vivax 750 , што е мн добро, само незнам дали има греачи на компресор и кондензатор... дали да бирам или нема нешто разлика меѓу нив?
     
  23. Noumenon

    Noumenon
    Gaining Experience

    126
    69
    14 ноември 2009
    Машко
    Хм и мене ми треба вакво нешто. Кај ги гледаше и како се движат со цена? Има некој искуство со вакви уреди?
     
  24. CeeTour

    CeeTour
    Gaining Experience

    104
    109
    18 Септември 2014
    Машко
    Haier Tundra 50-ка all the way. Види пар страни уназад зашо.

    Haier Tundra-та нема греачи воопшто, Vivax АЕRI-то има.
     
    Последна промена: 1 Јули 2020
    На mdeni и stranger им се допаѓа ова.
  25. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,725
    13,108
    2 Август 2012
    Машко
    Само да ве предупредам дека темата за климатизација на јајчарскиот фопрум е затворена па очекувајте наплив на дупли акаунти, спамање и правење „на тошо“

    Ене на пример оној погоре што прашува за греачи е добро познат лик кој постојано е оптеретен со нив. Иначе фин и културен момак ама кога ќе затупи со греачите ми иде да си го распарам стомакот :)
     
    На DelphiUser, cipiripi, CBB_6 и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...