Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Јас сакам и влезот со скали да го греам и ладам бидејќи е многу исплатливо греење на инвертер. Односно најисплатливо.

Ако се 3 инвертера ќе бидат дури и поисплатливи од 1 зошто ќе работат на помало оптеретување и со поголем ЦОП.
 

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
@FLEGMA ти бе друже да искоментираше нешто? Или ложиш вреќи со пелети па немаш време? :p
tenor.gif
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Имаш потреба сам себе да се убедиш дека не си се заебал со купувањето систем на греење со пелети?
Имам повеќе потреби од кои сакам конечно да сватиш дека:
  • Имам повеќе клими (сите инвертери)
  • Имам парно на пелети со современ котел полн со дугмиќи, тајмери и останати чудеса како електроника за контрола на температура, електромоторни вентили за регулација, исклучување на групи радијатори и сл. Не можеш ова да го разбереш ама се трудам.
  • Дека цената на коштање на греењето со пелети во оние "две недели на - 15" (кои се претворија во еден месец btw) е еднаква па дури и помала од цената на греење со инвертери. Ако се додаде и потрошената струја за топла вода, машина за перење, сушалка, шпорет ...
Приметуваш дека не седиме сите во 35 квадрати?
 
Последна промена:

dino

lurker
5 јули 2009
663
249
Имам повеќе потреби од кои сакам конечно да сватиш дека:
  • Имам повеќе клими (сите инвертери)
  • Имам парно на пелети со современ котел полн со дугмиќи, тајмери и останати чудеса како електроника за контрола на температура, електромоторни вентили за регулација, исклучување на групи радијатори и сл. Не можеш ова да го разбереш ама се трудам.
  • Дека цената на коштање на греењето со инвертери во оние "две недели на - 15" (кои се претворија во еден месец btw) е еднаква па дури и помала од цената на греење со пелети. Ако се додаде и потрошената струја за топла вода, машина за перење, сушалка, шпорет ...
Приметуваш дека не седиме сите во 35 квадрати?
Џабе се објаснуваш кога не може да разбере дека не сите седат дома со отворени врати, не сите имаат добар распоред на стан/куќа за греење со клими. На некои им требаат клима во секоја соба исплатливост нема во тоа.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
Тоа со отворени или затворени врати, не го гледам како дел од дискусијава. Разни луѓе разни потреби. Познаник на мој пријател направи куќа без врати (освен за бањите и влезната која е лизгачка и може да не се гледа кога е отворена). Па идете вие сега објаснете му на човекот зошто треба да стави врати, па уште и да ги држи затворени.

Така да @dino не разбирам зошто воопшто зборуваме за тоа. Економичната варијанта е таа, а кој не сака - не мора така.

Дека цената на коштање на греењето со пелети во оние "две недели на - 15" (кои се претворија во еден месец btw) е еднаква па дури и помала од цената на греење со инвертери. Ако се додаде и потрошената струја за топла вода, машина за перење, сушалка, шпорет ...
Приметуваш дека не седиме сите во 35 квадрати?

Тоа дека цената на коштање на греењето со пелети била еднаква па дури и помала од цената на греење со инвертери... Тоа е нешто што е толку далеку од реалноста, што не знам дали да се смеам или да се нервирам зошто пишуваш вакви безвезни тврдења.

Само ќе ти кажам - чувај ги сметките за вреќите пелети (ваљда не ги гориш и нив заедно со пелетите). На крај на грејната сезона јас и ти ќе се пресметаме да видиме кој е во право. Со давачките за греење мислев да се пресметаме (кој повеќе потрошил по метар квадратен), не да се тепаме. :hay:
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Да де, 4 инвертери трошат по 1600 денари секој при што во математиката не ми се вклучени квадратите од салоните, кујните, купатилото и wc-то.

Мене не ми се исплати греење на струја на температури под - 5. Тебе како ти воља.
Ако ти пак мене пробуваш да ми докажеш дека топлината од инвертер и парно е иста тогаш имаме проблем со мозоците.

Наместо да дадевте пари за парапетни единици па да сватам дека сте стоплени сега ме убедувате дека со вашите софистицирани калорифери со COP 2.0 на минус 10 сте загреани. Ваљда сте.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Тоа со отворени или затворени врати, не го гледам како дел од дискусијава. Разни луѓе разни потреби. Познаник на мој пријател направи куќа без врати (освен за бањите и влезната која е лизгачка и може да не се гледа кога е отворена). Па идете вие сега објаснете му на човекот зошто треба да стави врати, па уште и да ги држи затворени.

Така да @dino не разбирам зошто воопшто зборуваме за тоа. Економичната варијанта е таа, а кој не сака - не мора така.



Тоа дека цената на коштање на греењето со пелети била еднаква па дури и помала од цената на греење со инвертери... Тоа е нешто што е толку далеку од реалноста, што не знам дали да се смеам или да се нервирам зошто пишуваш вакви безвезни тврдења.

Само ќе ти кажам - чувај ги сметките за вреќите пелети (ваљда не ги гориш и нив заедно со пелетите). На крај на грејната сезона јас и ти ќе се пресметаме да видиме кој е во право. Со давачките за греење мислев да се пресметаме (кој повеќе потрошил по метар квадратен), не да се тепаме. :hay:
Ама да измерите целокупна твоја струја, и целокупна негова струја+пелети. Само да казам дека ако има добат систем, со кој добива и топла вода насекаде, плус за машина за алишта, за садови и слично, тоа е дополнително штедење енергија. Јас сум за клима ама ако е проектирана саглам просторијата. Ако како кај мене со ходници, па врати за секоја соба, па купатила, нишѕо од клима. Глупион воздух незнае кривини да фаќа. Плус јас со клима (која морам да кажам дека ја користам само у меѓусезона, на парно сум градско) никад не сум успеал купатило да стоплам.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Две недели биле -15, па и цел месец?
Fear, uncertainty and doubt (often shortened to FUD) is a disinformation strategy used in sales, marketing, public relations, politics, cults, and propaganda. FUD is generally a strategy to influence perception by disseminating negative and dubious or false information and a manifestation of the appeal to fear.

Според акуведер ни минимална измерена во 4 сабајле не стигнала -15, а камо ли месец. Проесчната температура во Скопје во Јануари 2019 беше околу 0. Дури и да ја земеме просечната минимална по денови таа се движи околу -3. Дури и да се земе минималната измерена во 4 часот наутро тоа е околу -12 и тоа на 8ми и од 13-18ти. Вкупно 5 дена минимална температура измерена во 4 сабајле била -12. И тоа истите тие денови дневната била околу 0 па дури и над 0.
hrAausL.png



Дури и да земеме дека Битола се смета за многу ладен град во МК, ќе увидиме дека разликите не се страшни. Како што е видливо подолу од графикот. Имало 3 вечери во кои имало -10, -15 и -10. Само три вечери во 4 саат сабајле. И тоа дневната температура била околу 0 до -3 дури и во тие денови.
itVUX3U.png



Како и да се земе, важно е да се увиди реалната ситуација дека во Скопје во Јануари просечната реална температура е околу 0 степени, како што вели норвешкиот институт за метеорологија, за најладен месец видливо во просеците во подолната табела. Дури и да го земеме минималниот просек ќе дојдеме до бројката -3 степени за некоја многу ладна година.
lfNS0js.png
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
За каде се однесува табелава, кога во јули и август просечна е 20 степени а највисока измерена 30?

Од друга страна батали го просекот. Ако пресметаш годишна просечна температура, ќе испадне не треба ни ладење ни греење.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Тоа е просечна висока, просечна ниска и просечна температура за сите години наназад. Статистички од yr.no. А не највисока измерена. Во погорните графици има за конкретни денови од Акуведер.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Што значи просечна висока и просечна ниска? Просек од највисоките и најниските измерени температури?
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Статистиката е за
Skopje-Petrovec weather station: 239 m.a.s.l., 18.0 km away from Skopje
Што реално нема врска со Скопје. Додатно
Explaination to the graph:
Max temperature: Average max daily (24h) temperature per month
Minimum temperature: Average minimum daily (24h) temperature per month
Average temperature: Average daily (24h) temperature per month.
The temperature normals are measured in the period 1961–1990.
У Скопје просек дневна максимална 30ка не сум видел одамна у Јули и Август
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Ако се пресметува просек, така излегува. Ама ова се само статистики што всушност ништо употребливо не кажуваат. Пак ќе речам, ако пресметаш годишна просечна температура или по годишни времиња, ќе излезе нема потреба ниту од ладење ниту од греење.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
Да де, 4 инвертери трошат по 1600 денари секој ...
Мене не ми се исплати греење на струја на температури под - 5. Тебе како ти воља.
Ако ти пак мене пробуваш да ми докажеш дека топлината од инвертер и парно е иста тогаш имаме проблем со мозоците.
Некои од нас изгледа имаат... ;)



Ама да измерите целокупна твоја струја, и целокупна негова струја+пелети.
MeaslyGoodnaturedAmmonite-size_restricted.gif


Нема проблем, ќе чувам сметки за струја (само уште Флегма да го убедиш да не се крие). :)
 

Quasimodo

hello world
2 септември 2016
154
119
Prilep
@FLEGMA Колку потрошија AERI месецов kwh ??? кај нас денес стасаа сметките FAKING 5100 ден за две печки 1300 kwh евтина за мојава 13/4м2 децка на 2 немав проблеми али кај стариве 15м2 на 3 не се исплача со печки на пролет двете ЛЕТАА низ тараса :))
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Ако се пресметува просек, така излегува. Ама ова се само статистики што всушност ништо употребливо не кажуваат. Пак ќе речам, ако пресметаш годишна просечна температура или по годишни времиња, ќе излезе нема потреба ниту од ладење ниту од греење.
Затоа имаме и по денови пресметано. Како што е приложено во графиците над табелата за конкретниов месец за кој се дискутира.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Просек е просек, реалност е реалност. А реалноста вели дека од 25 декември па се до 18 јануари имавме многу неповолно време за греење на клима. Ако не беше -15 тогаш ќе беше -10 со 80% влага.
Битолчани премрзнаа (@Costigan_Jr ) со утрински од -18 степени каде секоја клима седи и плаче од мака.

Има периоди од годината кога може и има период од годината кога не може да се грееш со клима. Јес да можеш да инсистираш на клима ама тоа се претвора во невидена тортура и не ефикасно греење.
Колку луѓе толку ситуации и потреби. Додека јас можам Ad samofalba да имам емпатија спрема сите кои од оваа или од онаа причина решиле да се греат на тоа што се греат, клима евангелистиве се спремни да те прогласат за затуцан, примитивен и несовесен пошто ги труеш нивните бели софистицирани дробови и тие би да забранат се што не е клима. А нивниот тип на клима (што тие го користат) е помошно средство. Параптените и централната климатизација ќе е вистинското нешто.


Читам на кајгана и не можам да верувам колку луѓе попушиле со купување на погрешна клима. Особено со купување на Gree каде што имаме кукања „Абе ова ми праи дифрости на секои 50 минути со 15 минути пауза“
on-off клима да будем.

Јас не верувам дека некој некогаш успеал да урниса нечиј бренд како што тоа им успеа на Гри промоторите на овој и оној форум.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Затоа имаме и по денови пресметано. Како што е приложено во графиците над табелата за конкретниов месец за кој се дискутира.
Ама заклучокот го вадиш од табелата. 30 може да е просек од 29 и 31, ама може да е и од 20 и 40. Тоа е она што табелата не го кажува (девијацијата), а што се користи да се наведе на погрешен заклучок.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
@FLEGMA Колку потрошија AERI месецов kwh ??? кај нас денес стасаа сметките FAKING 5100 ден за две печки 1300 kwh евтина за мојава 13/4м2 децка на 2 немав проблеми али кај стариве 15м2 на 3 не се исплача со печки на пролет двете ЛЕТАА низ тараса :))
Го запалив парното за инает на Lokvan :)
Иначе во декември само едната AERI потроши 1200 денари пресметана по средна цена од 4,4 денари.

Не бидете изненадени. Годинава имаше прилично многу „изненадени“ од висината на сметката за струја а се грееле на клими. Измрзнати, понижени, измалтретирани и измамени. Им ветиле брда и долини, наместиле клими и сега се заколнаа дека в година ќе користат дрва.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Нема проблем, ќе чувам сметки за струја (само уште Флегма да го убедиш да не се крие). :)
Хахаха. Тоа вие пазарете се. Не тврдам јас ни едно ни друго. Викам само можно е, со саглам изведен систем. Мада јас место пелети би одел со топлинска пумпа тогаш, за парното зборам. Кај климите ме нервира само тоа што пак ќе речам у стан со многу ходници и врати, нема шанси да стоплиш насекаде, освен ако не инвестрираш у многу клими. А за купатила ич муабет да не праам :)
p.s. Бар да стоплам како што сум јас научен со градско парно насекаде да е исто топло.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Викам само можно е, со саглам изведен систем.
Па нормално дека е салам. Парното го користам од 90-та наваму па прво беше на нафта(!) со комбиниран котел (дрва/ќумур) па потоа сум го осовременил и од централно го претворивме во етажно односно за секој спрат при што старата челична инсталација се замени со бакарни и pex цевки, се додадоа електромоторни вентили и електроника за регулација на топлината + се додаде(оа) сончеви колектори 6x2,5 квадрати со 120 литарски болјери + современ котел на пелети.

И сега што се случува, би рекол Lokvan. Сакаш топла вода? Но проблем! Сакаш соларното да поможит на парното? Нема проблем. Сакаш само дневна а остатокот (салони/купатила) да млачит на 17 степени? Нема проблем.
Значи, нема проблем. Освен за перцепцијата на Lokvan :D
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
Јас јес да сум Скопјанец ама на прекланската историски ладна зима кога немав проблеми со греење само со клими - мислам дека и Битолчани на само -18с можат неколку дена да завршат работа дури и ако земале малку послаби клими одошто треба. Ако е толку зорт ќе пуштат и некоја греалка, а другите 95% од грејната сезона ќе тераат без проблеми. Јас лично и на пониски температури од тие сегашните во Битола, без проблеми загревав до 25с.

Од друга страна Флегма чита Кајгана и се чуди како AERI потрошила „цели“ 1200 денари во Декември, а за пелети се обложувам дека плаќа повеќе од 6000-9000 денари месечно. Сите месеци! Додека климиве од втора половина Фебруари ќе идат на пола потрошувачка, а еден месец после тоа може само да се смееме колку ниска потрошувачка - но и да плачеме зошто соседите со пелети и дрва сеуште не трујат со чад и саѓи на надворешни 10+ степени.
 

igor_xxxx

user
10 септември 2010
1.308
1.750
Јас би сакал да прашам дали имаме членови што греат просечен стан/спрат (75-80м2) со засебни клими за секоја просторија (дневна,спална,детска итн), тоалет/салон (калорифер/греалка?), по можност со затворени врати, и ако имаме, дали би сакал некој да сподели колку го чинело греењето за Декември/Јануари? Убаво би било да биде за репер од Битола, ама да не претеруваме :)

Ме интересира чисто информативно колку поефтино ќе ми беше ако го греев цел стан со клими, но според моите потреби (засебно греење на секоја соба, затворени врати, без топло-ладно зони, изедначена температура насекаде, вклучувајќи го и подот :) ).

Јасно ми е дека секој објект е различна приказна со топлотни загуби и слично, но ете, ако има (сака) некој да сподели.

*Бидејќи ќе бидам 100% погрешно сфатен, навистина ме интересира да си направам споредба, доколку е можно.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Јас јес да сум Скопјанец ама на прекланската историски ладна зима кога немав проблеми со греење само со клими - мислам дека и Битолчани на само -18с можат неколку дена да завршат работа дури и ако земале малку послаби клими одошто треба. Ако е толку зорт ќе пуштат и некоја греалка, а другите 95% од грејната сезона ќе тераат без проблеми. Јас лично и на пониски температури од тие сегашните во Битола, без проблеми загревав до 25с.

Од друга страна Флегма чита Кајгана и се чуди како AERI потрошила „цели“ 1200 денари во Декември, а за пелети се обложувам дека плаќа повеќе од 6000-9000 денари месечно. Сите месеци! Додека климиве од втора половина Фебруари ќе идат на пола потрошувачка, а еден месец после тоа може само да се смееме колку ниска потрошувачка - но и да плачеме зошто соседите со пелети и дрва сеуште не трујат со чад и саѓи на надворешни 10+ степени.
Во право си дрвата и пелетите и чадењето. Затоа и реков би го префрлил централното греење на топлотна пумпа.
Ама пак не ми е јасно како вие со климите греете насекаде, поготово во градски станови, поготово купатила.
2 примери. Кај другар има Тошиба (или ЛГ беше) саглам клима 5ка некоја (инвертор нормално). До лани, дневна, тарпезарија и кујна + мала галерија му се у едно цца 55м2 отворен тип со висина на слеме 4.5м. Одлично е згреано и струја вика не плаќа многу страшно. Ама одиш ли у ВЦ леле мајко. Е затоа стави годинава и додатно електрично котле за парно (инсталација имаше веќе) со тајмери ова она (за спални, детски и купатила + топла вода насекаде). Е сега е веќе друга песна насекаде.
Кај мене имам 3 соби+дневна со тарпезарија+кујна+2 купатила (цца 95м2). И сè со ходници исповрзано. Кога правев математика со дечките од Енергија, за да ми биде топло насекаде, како што ми е сега со градско парно, Ми требаа локациски најмалце 3 клими а најдобро 4 (пошто глупион воздух е скаран со кривини и ходници). И додатно решението за топли купатила беше „Епа дечко ќе држиш врата отворена“ :)
Значи не зазимам страна, само кажувам како јас сум почувствувал греење на парно насегаде и греење со клими.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв