Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Ладно и топло се релативни поими. На пример, ако зададена температура е 23с и климата на издув дува воздух со 30с, тие 30с се потопли од воздухот во собата - тогаш тоа дување ја затоплува просторијата. Но човечкото тело во просек има температура од 36.7с и дување на воздух со темп. од 30с ќе го доживее како ладно.

Во превод, уредот дефакто затоплува но човекот тоа може да го доживува како ладење (ако климата дува директно на него).

Наравоученија:
- Климата да се поставува така да не дува директно врз луѓето.
- Да се мери температурата на воздухот на собата а не темп. на издувот од климите.
- Не се замарајте премногу со детали од дискусии по форуми, освен ако навистина не сте спремни да посветите доволно време (и труд) за да разберете.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Па не е баш нормално маж ми не е задоволен со тоа вели дека треба да престане. Ја стоплува собата а потоа ја лади
Нормално е за инвертер клими при што на ауто фан дувањето се намалува на апсолутен минимум (ама сепак не престанува до крај)
Вака се дизајнирани инвертерите.

Кај он/офф престанува во потполност и тоа една минута после гаснењето на компресорот.
 
Yoana

read-only
10 јануари 2018
7
3

Vidi vaka jas znam za toa ama ova e koga kompresorot ke se izgasne ventilatorot vnatre ne se gasi. Znam kako rabotat inverterite. P.s. mazot na Yoana. Nema poreba od komentari veke . Ne sum zadovolen so taa funkcija. Tocka.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Vidi vaka jas znam za toa ama ova e koga kompresorot ke se izgasne ventilatorot vnatre ne se gasi. Znam kako rabotat inverterite. P.s. mazot na Yoana. Nema poreba od komentari veke . Ne sum zadovolen so taa funkcija. Tocka.
За истото ти зборувам де. Компресорот гасни а внатре не. Ај сети се дали некаде си видел да биде поинаку?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
На FH35VE кога ќе изгасне компресорот внатре фанот е на ултра споро вртење и вратичката е крената нагоре.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
На FH35VE кога ќе изгасне компресорот внатре фанот е на ултра споро вртење и вратичката е крената нагоре.
Исто и кај AERI и кај секоја инвертер клима. Ме чуди што има луѓе што се изненадени од ова.
Термисторот во внатрешната единица мора да дава точни податоци према електрониката од компресорот. Ова е дел од концепцијата за заштеда на енергија.
Во сервисните упатства се објаснети овие „логики“.
 
Pero007

read-only
29 август 2016
5
3
Здраво од поодамна сум член овде чат-пат читам, ама не сум коментирал досега.Ме „испровоцира“ постот на @FLEGMA па морав да споделам мое искуство.Имам Daikin FTX50GV, кога ќе постигне зададена температура компресорот се гаси, престанува да врти внатрешниот вентилатор перките остануваат спуштени.Кога ќе падне темп. компресорот се вклучува и по некое време се вклучува внатрешниот вентилатор.Кај аери-то не знам зошто така работи, ама тој начин на работа не е кај сите клими.
 
zelenko

hello world
3 април 2009
213
217

И кај мојот даикин е така. Ме чуди ова со ладниот воздух кај другите клими.

Sent from my SM-G950F using Tapatalk
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола

ме интересира на пример ја работиш во трета брзина климата(аери) гаси компресорот и што се случува додувува во трета брзина минута.две. па после се крева.дифузерот нагоре и се намалува вртењето на вентилаторот и придолжува.да.врти така додека пак не.се уклучи комптесорот.

и кога ќе влезе во дефрост како се понаша зошто кај аеци моделот дувало ладничко
ај ако сакаш малце.подетално објасни?
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Здраво од поодамна сум член овде чат-пат читам, ама не сум коментирал досега.Ме „испровоцира“ постот на @FLEGMA па морав да споделам мое искуство.Имам Daikin FTX50GV, кога ќе постигне зададена температура компресорот се гаси, престанува да врти внатрешниот вентилатор перките остануваат спуштени.Кога ќе падне темп. компресорот се вклучува и по некое време се вклучува внатрешниот вентилатор.Кај аери-то не знам зошто така работи, ама тој начин на работа не е кај сите клими.
кај хансолот е исто како кај даикинот а кај лг то додувува да се излади изменувачот па потоа се подзатвора и врти во супертивка брзина.
 
vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
И кај мојот даикин е така. Ме чуди ова со ладниот воздух кај другите клими.

Sent from my SM-G950F using Tapatalk

Кај Амберот дува ладен воздух 2-3 минути.
Велат кај Хансолот не дува, треба да видам да се уверам.
Не ми е јасно како може таква глупост да направат да дува ладно.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
На Vivax при дефрост престанува да дува компетно. Ова се нарекува anti cold air и е опишано во сервисното упатство. При постигната температура вентилаторот врти на своите апсолутно ниски 300 rpm (под ова се активира заштита)
При оваа брзина, со крената перка треба визуелно да видиш дека врти затоа што не се сеќава дури ни со подадена рака ниту пак се слуша.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Кога ќе ја постигне температурата и компресорот ќе исклучи подобро е лопатките да се свртат најгоре а вентилаторот да дува на quiet за да го циркулира воздухот и климата да има точна претстава колкава е температурата во собата. Во спротивно ако не дува, топлиот воздух се качува горе, ладниот долу и може да се случи да помине доста време додека климата да уклучи повторно.
 
USAF

hello world
19 мај 2014
111
82
На Vivax при дефрост престанува да дува компетно. Ова се нарекува anti cold air и е опишано во сервисното упатство. При постигната температура вентилаторот врти на своите апсолутно ниски 300 rpm (под ова се активира заштита)
При оваа брзина, со крената перка треба визуелно да видиш дека врти затоа што не се сеќава дури ни со подадена рака ниту пак се слуша.
Точно и кај мене на AERI во дефрост се подигнува лептирот и се гаси вентилаторот. После дефростот почнува да дува млак воздух па нормално топол во насока каде е наместен. Компресорот не можам да го слушнам од внатре бидејки е тивок, само перката надвор кога се става климата на OFF дува со голема брзина некои 30-60 сек не знам точно.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
да објаснам малку за моментот кога ќе постигне температурата мојата LG,
гаси компресорот а перките на внатрешната единица се спуштаат скоро до затварање(има1-2сц отвор).и дува со најмала брзина фанот.не пречи воопшто,не ја лади собата туку само го врти воздухот.
и кога ќе размислиш логички тоа е добро бидејќи ја врти стоплента воздушна маса низ внатрешната каде што е сензорот.
кога ќе примети сензорот дека е оладено тогаш се вклучува компресорот и појаува фанот,перките се отвараат.

кога влага во дифрост,одма се гаси фанот на внатрешната.и воопшто нема ладно дување во собата.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Затоа и се обидуваме да разјасниме. Дали кај нив има некој проблем или нешто не е добро пренесено.

Значи АЕРИ треба да ја крене вратичката и да го намали вентилаторот на минимум кога ќе постигне температура, и да го исклучи компресорот.

ДАЛИ ТОА ГО ПРАВИ? Или пак продолжува да дува силно? Тоа е прашањето. Cold Air Prevention си има и тоа е погоре опишаното.
 
Pero007

read-only
29 август 2016
5
3
и кога ќе размислиш логички тоа е добро бидејќи ја врти стоплента воздушна маса низ внатрешната каде што е сензорот.
кога ќе примети сензорот дека е оладено тогаш се вклучува компресорот и појаува фанот,перките се отвараат.
Вака сега сензорот што ти го спомнуваш се наоѓа на горниот дел од изменувачот(прицврстен на него) и служи за да и даде информација на електрониката колкава е темп.на изменувачот.Додека сензорот за амбиентална темп. се наоѓа на долниот дел од климата обично кај on/off копчето (барем кај Дајкинот е така) и не е на патот на струењето на воздухот.Тој е одговорен дали климата ќе вклучи/исклучи поради постигната/намалена амбиентална температура.Така да твојава констатација не држи вода.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Дали кај нив има некој проблем или нешто не е добро пренесено
Кај нив проблемот е наречен Ifeel
Иако електронски се софистицирани од кај да знае климата дека тебе не ти е пријатно кога сакаш да постигнеш температура каде што е сензорот на далечинското? Оваа се ќе направи да постигне и одржува па макар и да гасне компресор и да дува од натрупаниот жежок воздух кој се најдува горе на плафонот.
Најпрво намалува снага, дува млак воздух и потоа гасни компресор па го доискористува жешкиот воздух од околината. Кога и ова станало доволно перката се крева нагоре и дува breeze кој одвај се сеќава.
Нема чуда, нема спектакли.

Тоа што некој ќе стави сплит клима и сака да му го замени комплетното централно греење во станот а при тоа се однесува "заповеднички" со машината е негов проблем.
Намести 25, стави фан на ауто или 2-ка и чекај да дојде април.

Комфор греење без изненаденост само со парапетна или топлотна пумпа со радијатори или подно.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Очигледно има разлика и не е исто. Тоа „доискористување“ веројатно не им се свиѓа, а и јас немам осетено таков проблем на моите клими.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
Вака сега сензорот што ти го спомнуваш се наоѓа на горниот дел од изменувачот(прицврстен на него) и служи за да и даде информација на електрониката колкава е темп.на изменувачот.Додека сензорот за амбиентална темп. се наоѓа на долниот дел од климата обично кај on/off копчето (барем кај Дајкинот е така) и не е на патот на струењето на воздухот.Тој е одговорен дали климата ќе вклучи/исклучи поради постигната/намалена амбиентална температура.Така да твојава констатација не држи вода.

што е битна температурата на изменувачот?изменувачот може да дигне температура и +50,незначи тоа дека температурата на воздухот во собата е +50
сензорот мери температура на воздухот кој поминува низ изменувачот,не го мери директно изменувачот.

другиот сензор што е на страна од изменувачот ја мери моменталната температура на воздухот во собата а овој што е на изменвуачот е тој кога ќе зададеш на даљинското 24 е програмиран да реагира до плочата кога низ изменувачот ќе осети 24,да исклучи.
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Кај нив проблемот е наречен Ifeel
Иако електронски се софистицирани од кај да знае климата дека тебе не ти е пријатно кога сакаш да постигнеш температура каде што е сензорот на далечинското? Оваа се ќе направи да постигне и одржува па макар и да гасне компресор и да дува од натрупаниот жежок воздух кој се најдува горе на плафонот.
Најпрво намалува снага, дува млак воздух и потоа гасни компресор па го доискористува жешкиот воздух од околината. Кога и ова станало доволно перката се крева нагоре и дува breeze кој одвај се сеќава.
Нема чуда, нема спектакли.

Тоа што некој ќе стави сплит клима и сака да му го замени комплетното централно греење во станот а при тоа се однесува "заповеднички" со машината е негов проблем.
Намести 25, стави фан на ауто или 2-ка и чекај да дојде април.

Комфор греење без изненаденост само со парапетна или топлотна пумпа со радијатори или подно.
значи дали вака работи виваксот попластично објаснето пример ја работиш во втора брзина исклучува компресорот -климата продолжува да дува во втора брзина 1-2мин дури не го излади изменувачот па ја намалува брзината на најспоро па се крева дифузерот нагоре и продолжува да врти наспоро.

забуна настанува дека дува ладно ако пример ти е на3та брзина или е 18ка клима која дува посилно и кога ке исклучи компресорот се причинува дека дува ладно
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв