• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
5,299
5,819
Мелмак
Снимив ама не можам да прикачам видео од мобилен.

Значи сите клими изглеа ми прават така. Периодично се вклучува компресорот и е доста гласен и има вибрации.

Трае дваесетина секунди и после се смирува. Климите ладат и изгледаат нормално.

Некој да ми објасни што и како е ова и дали има нешто да се направи пошо на оваа едната како да е поизразено (можда треба да се престегнат сите штрафови)?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,606
14,615
Некој да ми објасни што и како е ова и дали има нешто да се направи пошо на оваа едната како да е поизразено
Можеби таа клима е повеќе изложена на сонце или на отворено па сензорот дава такви наредби. Виваксот знае да „развие“ како турбомлазен мотор па ќе се смири па така се во круг.

Вибрациите пак на таа клима може да се должат заради цевките кои допираат на куќиѓтето. Претпоставувам пошто не сум ја видел.
Можеш да ставиш бафери ама со многу усул и внимателно. За ова ќе ти треба помош од уште еден човек. Нормално ако се наместени на тераса.

Генерално, намести на 25 или 26 на сите три и заборави ги. За едно 30 до 60 минути ќе се постигне температурата и ќе се смири климата.
Не лакоми со ниски температури од неколку причини. Прво и основно ќе ти го исуши воздухот надвор од секоја мера, ќе биде бучна и ќе троши повеќе.

Бо лето за климата не е никаков проблем да оствари разлика од 15 степени мешу надвор и внатре. Во зима побаруваме разлики од 25 па и преку 30 степени.
 
toshex

Unbeatable
18 септември 2013
5,299
5,819
Мелмак
Има бафери. Ова се дешава повеќе на повисоки темп пример на 28 коа е наместена пошо почесто успорува па после убрзува и поизразено е коа успорува отколку коа пробува да постигне температура.

Значи во основа е тивка климата коа работи на 20 степени пример, ама коа работи на “одржување” веќе постигната темп. се дешава тоа. Ќе ставам и видео подоцна од компјутер.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,004
3,728

Мислам дека е резонанца на некој лим со компресорот или вентилаторот. Да видиш кога брчи ако ја допреш некаде по лимовите со рака ако престане ќе знаеш кој лим е. И само треба да се види каде допира или удира. И да се стави штраф плус, или гумичка или слично. Ова од тепка на невидено. Кај коливе е честа појава, задната табличка на 90% коли тропа од резонанца.
 
toshex

Unbeatable
18 септември 2013
5,299
5,819
Мелмак
Мислам дека е резонанца на некој лим со компресорот или вентилаторот. Да видиш кога брчи ако ја допреш некаде по лимовите со рака ако престане ќе знаеш кој лим е. И само треба да се види каде допира или удира. И да се стави штраф плус, или гумичка или слично. Ова од тепка на невидено. Кај коливе е честа појава, задната табличка на 90% коли тропа од резонанца.
Па или тоа или некој страшно јак компресор имаат хахаха иначе баш ко авион шо кажа флегма во тишина е а и покрај бафери се осеќаат вибрации низ ѕидови така шо затоа мислам можда некои нестегнати штрафови или ко шо кажаа цевките можда. Ќе проверам ствари периодов па ќе видам. Битно не ми делува ко да е дефект. А и не е до толку страшно само шо ми боде очи сеа дека почнав да ја примеќам.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
klima fan

Gaining Experience
14 јуни 2021
82
56
@toshex Дaли се кoнсултирaсе сo мoнтеритете кoј ти ги мoнтирaa климите мoжеби тaa штo е пoглaснa oд другите две не е пoд либелa или лaбaвo е мoнтирaнa нaдвoрешнaтa единица ???

Или јaвисе вo Пaкoм ( сервис зa Вивaкс ) или мoнтерoт кoј јa мoнтирaл некa јa прoвери уште еднaш

Стaви слики oд климaтa кaкo е мoнтирaнa

И дaли имa 3 метри бaкaрни цевки ??? Бидејки aкo се пoмaлку oд 3 метри бaкaрните цевки мoже и пoрaди тoa дa е пoбучнa климaтa дa пренесивa резoнaнцa ( букa ) преку цевките aкo се крaтки пoд 3 метри
 
bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,348
1,445
Па или тоа или некој страшно јак компресор имаат хахаха иначе баш ко авион шо кажа флегма во тишина е а и покрај бафери се осеќаат вибрации низ ѕидови така шо затоа мислам можда некои нестегнати штрафови или ко шо кажаа цевките можда. Ќе проверам ствари периодов па ќе видам. Битно не ми делува ко да е дефект. А и не е до толку страшно само шо ми боде очи сеа дека почнав да ја примеќам.

Sent from my iPhone using Tapatalk
За дали е под либела можеш и самиот да одредиш веројатно и попрецизно од мајстор. Инсталирај еден од многуте програми за нивелирање, на пример

И само стави го мобилниот врз надворешната единица (секако внимавај на camera bump и слични нерамнини)
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,606
14,615
а и покрај бафери се осеќаат вибрации низ ѕидови
Затоа цело време овдека се мантра да се прави круг со цевките зад климата и цевките да не допираат на шасијата.

Кругот се однесува како пружина. Ти можеш да ставиш илјада бафери но компресорот преку цевките е директно поврзан со внатрешната единица а овие вибраците ги пренесуваат и на ѕидовите.
Баферите се да се сотрат вибрациите кои се пренесуваат преку држачите на надворешните ѕидови.
 
toshex

Unbeatable
18 септември 2013
5,299
5,819
Мелмак
Фала на сите реплики дури сеа сум во можност да пишам набрзинка ама најдов мислам решение - до цевките беше.

Има секако 3 метри и има круг позади но дали дека беа потпрени лабаво на самиот држач метален или нешто слично се дешаваше буката.

Пробав ко шо предложија членовите, мислам предлогот беше или на @FLEGMA или на @mdeni ама коа бучеше така климата пробав да буткам, држам и слично разни делови, и коа ги фатив цевките и подместив малце снема буката.

Земав 5-6 зип-стеги и пристегнав цевките за самиот држач да не бидат у вис, и сеа е супер. Реално појма неам стварно до шо било валјда дека пружината од круг од цевки при поголемите вибрации удирала на самиот држач или на дел ламарина од климата и тоа мало вибрирање врз друг материјал правело таква бучава.

Фала на сите уште еднаш!
 
Ќе се растрчаш, ќе се распрашаш, ќе се реши!
 
Кoлку штo те рaзбрaв
Сo вaкви стеги

Ги прицврсти бaкaрните цевки нa држaчoт нa нaдвoрешнaтa единицa и сегa јa немa резoнaнсaтa ( букaтa )

Претпoстaвувaм не ги зaтегнa мнoгу зa дa не дoјде дo oлaбaвувaње и исиштaње/дишење нa фреoнoт кaј бaкaрните цевки кaде штo се спoјувaaт сo нaдвoрешнaтa единица.
 
toshex

Unbeatable
18 септември 2013
5,299
5,819
Мелмак
Сликата не ти се лоадира, го врзав кругот вишок цевки за држачот кој беше као намотан loop како да ти објаснам. Самите цевки кај шо се спојуваат не ги мрдав. Исто така знам дека убаво си стегнаа они таму коа монтираа така шо не стравувам од олабавување. Реално од интернет шо гледав секој навој и штраф си има некоја спецификација за тоа колку треба да биде стегнато, кај нас не се користат торк клучеви туку од око онака стегај хахаха.

Зип стеги се иначе пластични стеги ко за во компјутер шо ставаме.

1627792832620.png

И да, никаде не стегав премногу туку само колку да елиминира било каков play (мрдање, лебдење) на цевките и на жиците за струја пошо се сомневам вибрациите и тоа шо удираат во нешто пошо лебдат го правело звукот.

Климата е буквално безшумна сеа така шо во иднина планирам коа ќе треба да се става фасада и ми рекоа дека секако ќе треба да се демонтираат и монтираат пак - да ги натерам да убаво прицврстат се за да нема вибрации.
 
the_butcher

Intern
31 октомври 2016
17
5
Имам проблем при вклучување на климата на почеток испушта непријатен мирис, сличен на влага, после 20-30 мин работа на климата го снемува. Како да се отстрани тоа? Филтрите се исчистени...
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,004
3,728
Имам проблем при вклучување на климата на почеток испушта непријатен мирис, сличен на влага, после 20-30 мин работа на климата го снемува. Како да се отстрани тоа? Филтрите се исчистени...
Стави ауто фен.
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,004
3,728
Нон стоп да работи ауто фен или одреден период? Со ауто фен послабо дуе.
Ауто фен, а после со температурата ќе си нагодиш послабо-појако да ти се погоди. Или пак во старт аутофен, па после префрли си.

Некои клими почнуваат да дуваат пред да олади изменувачот ако се на фиксна брзина и затоа мириса. Ако е на аутофан и дозволуваш сама да го нагодува вентилаторот и да го намалува или гаси по потреба. Затоа остави цело време на аутофан и мести само со температурата. Мислам дека би прекинало да мириса.
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,606
14,615
Имам проблем при вклучување на климата на почеток испушта непријатен мирис, сличен на влага, после 20-30 мин работа на климата го снемува. Како да се отстрани тоа? Филтрите се исчистени...
Исчисти ги филтрите и додека се сушат внатре испрскај со раствор од Дезентал (ако пишува дека се раствора)
Остави ја така да седи едно 5 минути и потоа користи ја нормални.

Во иднина немој веднаш да ја гасниш кога е на ладење. Прво префрли на вентилатор на слаба брзина едно 30 минути за да се исуши.
Вака повеќе нема да мириса киселкасто.
 
klima fan

Gaining Experience
14 јуни 2021
82
56
Сликата не ти се лоадира, го врзав кругот вишок цевки за држачот кој беше као намотан loop како да ти објаснам. Самите цевки кај шо се спојуваат не ги мрдав. Исто така знам дека убаво си стегнаа они таму коа монтираа така шо не стравувам од олабавување. Реално од интернет шо гледав секој навој и штраф си има некоја спецификација за тоа колку треба да биде стегнато, кај нас не се користат торк клучеви туку од око онака стегај хахаха.

Зип стеги се иначе пластични стеги ко за во компјутер шо ставаме.

Погледнете го атачментот 102916

И да, никаде не стегав премногу туку само колку да елиминира било каков play (мрдање, лебдење) на цевките и на жиците за струја пошо се сомневам вибрациите и тоа шо удираат во нешто пошо лебдат го правело звукот.

Климата е буквално безшумна сеа така шо во иднина планирам коа ќе треба да се става фасада и ми рекоа дека секако ќе треба да се демонтираат и монтираат пак - да ги натерам да убаво прицврстат се за да нема вибрации.
Oдличнo штo си јa решил букaтa резoнaнцaтa сo вaкви стеги

Кoгa ке местиш фaсaдa секaкo декa ке требa демoнтaжa и мoнтaжa нa нaдвoрешнaтa единицa нo никaкo немoј цевките бaкaрни дa ги стaвaш пoд стирoпoрoт туку цевките требa секaкo дa се слoбoдни a не вo фасадата.

Имам проблем при вклучување на климата на почеток испушта непријатен мирис, сличен на влага, после 20-30 мин работа на климата го снемува. Како да се отстрани тоа? Филтрите се исчистени...
Штo мaркa/мoдел нa климa имaш.

Климaтa нa далечинско стисни нa MODE и пoтoa нa DRY стaвијa зa дa се испере изменувaчoт нa внатрешната единицa и кoндез кaдичкaтa нa внатрешната единицa oвa трaе oкoлу 30 дo 40 минути и пoтoa стaвијa нa MODE и COOL нa aутo фaн брзина
 
the_butcher

Intern
31 октомври 2016
17
5
Штo мaркa/мoдел нa климa имaш.

Климaтa нa далечинско стисни нa MODE и пoтoa нa DRY стaвијa зa дa се испере изменувaчoт нa внатрешната единицa и кoндез кaдичкaтa нa внатрешната единицa oвa трaе oкoлу 30 дo 40 минути и пoтoa стaвијa нa MODE и COOL нa aутo фaн брзина
Вивакс, не е инвертер 12ка. Благодарам на одговорите дечки.
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,977
3,342
Климaтa нa далечинско стисни нa MODE и пoтoa нa DRY стaвијa зa дa се испере изменувaчoт нa внатрешната единицa и кoндез кaдичкaтa нa внатрешната единицa oвa трaе oкoлу 30 дo 40 минути и пoтoa стaвијa нa MODE и COOL нa aутo фaн брзина
Што е различно во поглед на кондензацијата дали е на сушење или на ладење?
 
klima fan

Gaining Experience
14 јуни 2021
82
56
Што е различно во поглед на кондензацијата дали е на сушење или на ладење?
Кoгa е вo мoд Oдвлaжнувaње oднoснo DRY пoвеќе кoндензирa вoдa вo внатрешната единицa oвaa oпцијa се упoтребивa 30 дo 40 минути и сo сaмoтo тoa се испирa кoндез картичката вo внатрешната единицa и се избегнувa мирис нa гaби мувлa

Oфф тoпик дoкoлку и oвa не пoмoгне зa дa не мирисa внатрешната единицa нa влaгa тoгaш требa бaрем еднaш вo гoдинaтa дa се прaви хемискo чистење oд прoфесиoнaлни климa сервиси кoј се зaнимaвaaт сo хемискo чистење.
 
На мене ми го полнеа фреонот пред недела дена и пак мирисаше, но ја пуштев и гасев со фулл фан брзина. Откако ме советувавте, кога ја стартувам со ауто фан овие два дена, мириса но многу кратко речиси една минута и тоа благо се осеќа, (а претходно имаше јак мирис и траеше 20-30 мин можеби). Ја оставам така 30-40 мин со ауто фан и потоа ја зголемувам фан брзината со оглед оти не седам во таа соба и е ок. И пред гасење пак ја враќање на ауто фан 30 мин и сега е добро. И само еднаш го направив ова со DRY опцијата. Само незнам колку често треба да се користи ова со DRY опција?
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,055
Мислења
861,103
Членови
29,913
Најнов член
Jinzoo
На врв Дно