Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

D

Deleted member 42102

Гостин
Убаво ти пиша погоре флеш... прочитај малку, дај некоја плус информација. Ајде да не биде дека сме терсене, на климата за која што прашуваш пишува препорачана површина до 60м2. Овој податок може нешто да ти значи како просек, ама пак и не мора. Многу фактори се во прашање (висина на просторот, изолација, прозори...)
visika standardni tavani, iyolacija stiropol, proyori cela strane klizaci vrati sto znaci 8 meri i prozori drugi 5, tolku ne bidete tersene ako znaete pomognete :)
 
zozone

read-only
22 јануари 2020
22
6
visika standardni tavani, iyolacija stiropol, proyori cela strane klizaci vrati sto znaci 8 meri i prozori drugi 5, tolku ne bidete tersene ako znaete pomognete :)

На твое место, јас би земал малку појака. Тоа е моето искуство, се имам изгорено еднаш со клима што не била доволна за просторот. Сегашната што ја имам можеби е и преголема, ама важно мене ми е топло. А тоа е многу битно, какви се твоите очекувања за температурата што сакаш да ја имаш. Она што го имаш пишано дека горе на спрат ти се спални соби (кои претпоставувам не се грејат) е исто така битно, бидејќи топлиот воздух самиот оди нагоре.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Одговорот што треба да го добиеш е дека треба да се стават неколку клими бидејќи се работи за комплексен простор.

Имено потребно би било една FTXF50 долу, една FTXF35 од другата страна на куќата и две FTXF20ки горе во собите. Секако зависи од просторот, неможе да се знае распоредот куќа е страшно комплексна работа.

Ама грубо објаснето:

Тундрата 5.5 ќе покрие 80м2 празен простор без прегради, ама многу зависи од загубите. Сепак од другата страна на просторот ако може да и помогне некоја би било многу потивко и со помала промаја. Башка поотпорно на прегради. Ако е тооолку голем просторот и долу јас можеби би рекол и две 3.5 дека се доволни. 2.4KW секоја ќе даде на греење, што е повеќе од една 5.5 која дава 4.2Kw. Ем ќе има диструбуирани дефрости. Ама пак треба да се размисли убаво, неможе 5.5ката да бутка 10 метри топлина.

Јас би одел на 2 до 4 единици зависно од просторот И ОД ОЧЕКУВАЊАТА. Ако ви е океј да се живее како што треба на 24 дневна, кујни-трпезарии 22, спални 20ц тогаш може да се среди некако и со 1-2 клими ако се позиционира добро. Ако сте типични ќумбаши балканци што сакаат 27,5 степени дневна, 31 кујна, спални 26 степени тогаш треба мултисплит со 5 единици и една индивидуална 7кв единица. Тоа е реалниот муабет. И тоа е целата разлика меѓу дискусиите и кој е задоволен и незадоволен. Неможе да ставиш 5,5 и да филозофираш дека сакаш балканското да го тераш и ако падне 22ц дома готово паника измрзнавме. А реално препорачана температура за дом е 20,5 степени. За бебиња максимум до 23 степени, не повеќе! Ама оди објасни. Затоа треба да си реален во барањата и очекувањата.

4a3d97eb4857a9decf427da85efc03a5.jpg
 
Stojan Gocev

read-only
11 декември 2019
13
2
Идеа за греење: Дали мултисплит систем или за секоја соба посебен инвертер?
 
Атачменти

  • stan.jpg
    stan.jpg
    213,3 KB · Прегледи: 62

mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Имаше некои муабети за контрола на ефтина струја со греалка. Па еве гледам сме имале кај нас во mi store таков уред.

Mi Smart Power Plug (ZigBee) spec. – Mi Store

Вели 16A односно 3620W што може да е доволно за 2-2,5KW греалка. Гледам дека има Schedule што е најважното за греалки за да се намести да работи само на ефтина струја.
 
7 февруари 2013
948
1.086

Јас барем, после читање ревјуа, и многу други на интернет, го тестирав соноф и на повеке од рејтингот, немаше гајле, кај мене го држев 10мин на 2.5kw, рејтнато на 2 (10а) и не се ни загреа. Повеќе би им верувал на соноф од што имам читано на интернет искуства него на xiaomi.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Не се ни соноф нешто за верување. Им верувам до пола од декларираните вредности.

0098152b2496f4a58a649c6eb5293dbeca1483deafeeace3c5083380d22ca1c3.jpg
 
zozone

read-only
22 јануари 2020
22
6
Резулати од први 4 дена мерење на потрошувачка на струја. Capture1.PNG
Првиот ден климата работеше само 14,5 часа, т.е. во период од 23 до 08:30 беше исклучена.
 
Последна промена:

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Некој искуство или мислење за оваа клима по цена од 22400,00 денари

FINLUX FDCI-12LK46GFH
 
Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
upload_2020-2-14_21-48-51.png
Конечно избрав клима за канцеларијата, чекам монтерите да ја наместат па да видиме како ќе се покаже. Штета што неможе маестро Кодус да ја монтира, тоа ќе беше полн погодок.
Земена од Сетек и за да важи гаранцијата мора нивни монтери да ја монтираат.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Погледнете го атачментот 84530
Конечно избрав клима за канцеларијата, чекам монтерите да ја наместат па да видиме како ќе се покаже. Штета што неможе маестро Кодус да ја монтира, тоа ќе беше полн погодок.
Земена од Сетек и за да важи гаранцијата мора нивни монтери да ја монтираат.
Јас би ги игнорирал Сетековци и лагано би го викнал Кодус (кој не го знам ама еве го фалите)
Особено ако има една година гаранција.

Гаранциите од Сет гледаме како се остваруваат.
 
zozone

read-only
22 јануари 2020
22
6
Мислења? Што да се земе за најмеродавен резултат?
3d73cdda9577b238bd885735d1a5947c.jpg

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
Интересно. Посебно од аспект што? те натера да проверуваш вака со толку многу инструменти во исто време? Особено разликата на даљинско 24 во однос на најголемата измерена 27,9, а тоа не е малце. Гледаш овие малите сите ти покажуваат малце повисока температура, а колку што можам да приметам живиниот термометар од прилика е ист со даљинското, така?
Јас лично имам проверувано кај мене дома со 3 различни, даљинското, живин термометар и рачен часовник со сензор за температура (единствено он има на децимала). Сите 3 покажуваа исто (разлика 0,1 степен на часовникот).
 
Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Јас би ги игнорирал Сетековци и лагано би го викнал Кодус (кој не го знам ама еве го фалите)
Особено ако има една година гаранција.

Гаранциите од Сет гледаме како се остваруваат.
Да продискутиравме со ''Кодус'' за таа варијанта, неговата препорака беше да не се избегне гаранцијата заради случаен дефект го цитирам: '' една електроника да цркне 200 евра чини минимум''.
Само заради тој факт ги чекав, дечките кои се овластени монтери на Сетек.

Гаранцијата е 2 години.
 
z_u_l_u

read-only
30 септември 2017
10
10
Интересно. Посебно од аспект што? те натера да проверуваш вака со толку многу инструменти во исто време? Особено разликата на даљинско 24 во однос на најголемата измерена 27,9, а тоа не е малце. Гледаш овие малите сите ти покажуваат малце повисока температура, а колку што можам да приметам живиниот термометар од прилика е ист со даљинското, така?
Јас лично имам проверувано кај мене дома со 3 различни, даљинското, живин термометар и рачен часовник со сензор за температура (единствено он има на децимала). Сите 3 покажуваа исто (разлика 0,1 степен на часовникот).
Едноставно ме интересираше колку треба да им се верува на сите овие АлиЕкспрес гаџети. Секој еден е нарачан од различен продавач и во различни временски интервали. Сите се декларирани со можност за грешка од + - 1°C. На сликава се поставени во потполно спротивна насока на дување на климата, на оддалеченост од околу 4 метри од климата и на висина од 1,5 метри од подот. Климата е на зададени 24°C и ауто фан.

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Треба споредба на измерана температура со проверен/доверлив термометар, и потоа ќе знаеш колку отприлика бегаат евтините кинези. Барем конзистентно бега офсетот, рачунај два степени пониска температура и не се замарај... За тие пари пак даваат некаква информација, ете само треба да ги „баждариш“ малку. :p
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Да продискутиравме со ''Кодус'' за таа варијанта, неговата препорака беше да не се избегне гаранцијата заради случаен дефект го цитирам: '' една електроника да цркне 200 евра чини минимум''.
Само заради тој факт ги чекав, дечките кои се овластени монтери на Сетек.

Гаранцијата е 2 години.
Стално има решение
Јас би ги мољакал монтажата да ја изврши Кодус паралелно со тоа да ти ја заверата гаранцијата.

Електрониката не би требало да биде проблем. Најголем проблем кај Панасониците (не би да кобам) се моторите на внатрешната единица.
Некои се со керамички лагери и тераат со години а некои паѓаат за многу брзо време.
Промената е pain in the ass. И скапи се (70/80 и нагоре)
 
Утринава беа дечките од овластен сервис на Сетек, сакав се да завршиме па да дадам едно кратко сиже.
Вчера се јавив во Сетек за рандом контакт број од овластен сервис кој врши монтажа (претходно беше испратено барање по линија-врска да се испратат поквалитетни монтери, ама премногу чекање излезе), добив контакт број и веднаш се јавив. Добив одговор дека може за денес да добијам веднаш термин. По еден час се јави мајсторот и ми остави можност да бирам термин со можност да бидам прв пошто сум блиску до магацинот од каде товараат роба.
Така и договоривме прва монтажа во 08.00часот, дечките беа точни ко швјацарци остварен контакт во 07.49 часот, во 08.00 беа на лице место. Одлично уигран тим внатрешната и потребните отвори, како и држачи за надворешната средени експресно. Побарав цевки по препорака од овде на форумот минимум 3 метри, без збор извршено, побарав дали имаат буфери за надворешната и тоа веднаш го исполнија. Извршија поврзување и вакумирање на системот, поврзаа кабли, ја пуштија во работа, се исплативме и во 09.30 часот заминаа на друга монтажа.
Досега не најдов мана во процесот на монтажа се е под либела и доста културно изведено. Останува во годините нанапред да видиме како ќе се покаже климата.
 
Stojan Gocev

read-only
11 декември 2019
13
2
Можно ли е да има толку COP кај овој Кариер, пример последната 24 -ка има cop 6,3 на -7 и 5,7 на -15?
 
Атачменти

  • 42QHB-38QHB-Infinity-Ultimate-R32-brochure.pdf
    445,1 KB · Прегледи: 7

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно