1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    779
    846
    7 Февруари 2013
    Машко
    Програмер
    Презадоволен од GreeLomo12, 24h пуштена во неизолирана куќа, 80м2 спрат, со прозори од кој што дува ладен воздух, со отворени врати во сите соби, најладната соба е 20C. Потоа панелки со Sonoff само во евтина струја да се палат по 6h во денот и цел спрат е топол. Сметка струја за декември (заедно со сите уреди перални шпорти греења) 5500 денари. (за споредба лани со парно на струја, 12000денари сметка).

    Трет месец скоро и веќе 60% ми е вратена инвестицијата. Топла препорака на сите за инвертер и 24h со отворени врати.
     
    На bakigvg, Sukhoi, mdeni и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. jasminajac

    jasminajac
    Intern

    23
    1
    21 Февруари 2019
    Женско
    Често се зборува дека не е добро климата да е предимензионирана и да работи пали гаси,е сега да ве прашам јас имам грее 3,5 во соба од 16 м2 јуѓна страна,приземје со солидна дрвена дограма,климата ја чуваме од 20 до 23 степени зависи кога како задоволни сме топло е е сега сметката последна од 15 декември до 17 јануари изнесува 3000 денари што мислам дека е океј.
    Сега кога затооли повејке времете климата често знае да работи он- оф па прашањето ми е дали е подобро да отворам врата и да го топлам и ходникот и како би била поекономична бидејки и тоа ми е важно а реална потреба да го затоолувам ходникот немам,ама ако климата е поекономична така да не работи како он -оф зошто да не оа затоа сакав да ве прашам како е подобро од аспект на економичност.








    Напишете одговор...

    Прикачи
    Share:
    FacebookTwitterRedditPinterestTumblrWhatsAppЕ-поштаЕкономија, бизнис, вработување
    Forum software by XenForo® © 2010-2019 XenForo Ltd.
     

    Прикачени датотеки:

    Последна промена: 26 Јануари 2020
  3. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    602
    615
    15 Септември 2012
    Машко
    Многу често зборат лаици и шалабајзери, кои немаат поим што зборат и какви резултати од лапрдањето предизвикуваат.

    Ако сакаш да имаш прецизна информација, ќе прашаш стручно лице. Стручно лице кое не е трговец. Овде, на форумов, тешко дека ќе добиеш прецизна информација.
    Просторот за да го загрееш треба да му доведеш енергија иста колку што ја губи, па и нешто маку повеќе (за да загрееш, нели).
    Просторот ја губи енергијата преку обвивката, тоа во народот е познато како фасада. Ако прашаш машински инженер, он ќе ти анализира на ниво на просторија (така го ичат на факултет), ако прашаш архитект или градежник, он ќе ти пресметува на ниво на цела фасада, односно на цел објект, макар да овие вторите знаат и на ниво на просторија да ти пресемтаат загуби. На фасадата има ѕидови, врати, прозори, подови и тавани. Секој од овие елементи има свој коефициент на термичка пропусност. Дополнително имаш и локални неправилности во обвивката наречени термички мостови, со други коефициенти на термичка пропусност, каде се губи дополнителна енергија.

    Према ова, податоците од твојата порака за твојата просторија не даваат никаква слика за одговор.

    За дискусијата он-оф на климата, имаш уред кој „грее 3.5 во соба“, па према напишаното мислам дека не станува збор за професионален уред проектиран за да работи 24/7/365. Па и професионалниот уред се пали и гаси во текот на работата, во зависност од температурните карактеристики во просторијата за која е наменет. За твојот уред, ако сакаш подолго да издржи во функционална состојба, задолжително мора да се пали и гаси, дали од автоматиката, дали рачно - твоја е одлуката.

    За економиката и загревањето на дополнителни простории, тоа е целосно индивидуално. Јас живеам во Скопје, во стар стан со дебели ѕидови (претпоставен мал коефициент на термичка пропусност), PVC столарија со трослојно четирисезонско стакло (тоа значи дека некој од слоевите на некоја страна од стаклото има слој кој ја рефлектира топлината и зиме ја задржува внатре, лете ја задржува надвор), со комшии (горе, доле, лево, десно) кои сите се загреваат и што е најважно, градско топловодно греење (во народ познато како парно) со грејни тела во секоја просторија. Сакам кога сум дома, да сум лесно облечен во зима (шорцеви, маици со кратки ракави и слично). Мене внатрешниот термометар, односно комотноста на живеење, ми е програмиран на амбиентална температура во рангот на 25-27 степени целзиусови. Да, плаќам 30 евра месечно цела година (можеби нијанса помалку), ама за комотност на животот нема економика. Ти, најверојатно нема да се сложиш со мојот стил на греење во животот. Ете тоа е индивидуално и тука е тешко да се постави стандард или да се води дискусија.

    Ти дадов одговор на прашањата од твојата порака?
     
    Последна промена: 26 Јануари 2020
  4. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Да разјасниме, за климата нема никаков проблем да работи он-оф или пали-гаси по нашки.
    Проблем можеш да имаш само ти или другите домашни, ако ви смета тоа палење гаснење кое често знае да е пропратено и со краток дефрост кој се слуша а навечер и смета.

    За тоа се зборува кога ќе се каже „не е добро“. Тебе може и да не ти смета, индивидуално е.


    Климата секако ти работи економично. Понатаму, ако отвараш врата од ходник (кој веројатно е не е огромен) ти ќе имаш малку поголема потрошувачка. За мене лично, не вреди пазење да се затвараат внатрешните врати, малку пари е разликата.

    Све супер ама пази вака со кажувањево суми од сметки. Можеби да предизвикуваш душевен немир кај овие што плаќаат окулу 2000 ден. за парно и ПЛУС плаќаат за струја. Незгодно е тоа кога ќе кажеш дека ти во најладниот период од годината за струја плаќаш ~1000 денари повеќе од нив (ама не плаќаш парно), и тоа е само во 2-та најладни месеци а на есен/пролет и многу помалку плаќаш за греење. Замисли некој што плаќа струја скоро колку тебе ПЛУС плаќа парно, и така секој месец во годината а не само 4-5 месеци како тебе.
    Незгодно. ;)
     
    Micho, jasminajac и на angelkoski им се допаѓа ова.
  5. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,036
    1,061
    2 Март 2011
    Машко
    Климата нека троши во просек 1KW, тоа се 30*24=720KW, во просек по 5денари KW= 3600 денари
    Панели (во множина зборуваш, ќе земам 2 кои трошат по 1.5KW на евтина (1-2.5KW трошат), иначе нема 6 часа евтина денска, само 2). 30*2*6*1.5= 540KW = 2050 денари.
    Се останато (бојлери, шпориња, перални, сушари и се друго) = минимум 2000 денари за домаќинство, а обично се 4000 во зимскиот период.
    Вкупно=7650 (минимум)
     
    На kitka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    779
    846
    7 Февруари 2013
    Машко
    Програмер
    Во еден ден (24часа), евтина струја е од 22 00 до 07 00 и потоа од 14 до 16ч. Грејам сабајле 2 сати во евтина, во средина на денот 2 сати и навечер 2 сати со панелки. Неспонав Денска никаде, туку дневно, кога веќе рипаш да ме поправаш и математика да ми маваш, а сега тебе да те исправам.
    За 1kw потрошувачка дневно ((11часа евтина * 2,7 денари)+(13часа скапа*5,4денари)=100 денари.) плаќаме по 100 денари.
    Климата Максимум троши 1.1KW, во просек ми троши околу 600W, шт0 значи (30дена*100мкд)*0.6(не киловат, туку 600 вати просекот на климата) = 1800денари месечно. Толку ми троши климата.

    Имам да, две панелки, кои работат како што спомнав, 6часа во евтина струја само. Панелките се од 2.5kw, и пуштени се само на еден грејач, значи трошат 1.25kw, ама бидејки и на термостат се намалени прилично, само да замлачат, во еден сат околу 30 мин работат само, значи 6 часа 2 панелки ми трошат по 1.25kw вкупно, просечно.
    математиката. 1.25kw * 2.7ден евтина струја = 3.4денари по час, * 6 часа = 20 денари дневно * 30 дена тоа се 600 денари од панелките само. Да речеме дека неработат по 30 мин, туку работат неисклучено на термостат, двете по 1.25, тоа ти се 1200 денари месечно (нај грубо).

    Да заокружиме, не за реално, колку што знам и гледам, него еве најгрубо. 1200 денари панелки + 3300 (климата макс 1.1 на турбо демек работела - а таа лабава на млак воздух си дува нежно, не топол како кога ќе ја ставиш на 30)
    4500 денари. Толку може МАКСИМАЛНО теоретски да ме чини греењето, а реалната сума во просек ми е 600 + 1800 ден = 2400 денари.

    Еве друго прашање. Од кај знаеш ти колкаво ми е домаќинството, што се има во него, и колку членови живеат за да ми најдеш просек 2000 денари, а па во зима 4000?
    Зошто во зима повисоко да е извини? Во лето се туширам и по 3пати дневно, некои денови, во зима на ден или втор, бојлерот работи 6 пати помалце. Во лето се потам цело време, алиштата се вртат на перење нонстоп, машината за перење ми работи 2 3 пати минимум повеќе. Исто работат сијалиците, патем сите до една ЛЕД, кујната апаратите исто работат лето зима, исто јадам, телевизор исто гледам, лаптоп и друго исто користам. Само по 1 телевизор има и по неколку часа а ни толку не е пуштен дневно, кој е нов и ставен во Low Power мод. Не користам ни компјутер, туку лаптоп (троши 3пати помалце).

    Во лето сметката струја ми е 2000 денари, по сите логики во зима ми е помала, не повиска како што велиш ти, додади на тие 2000 денари 2400 денари греење, ете ти ги 4400 денари., сега тука испаѓа дека просекот ми е послаб на греењето, па рачинај 2000 домаќинство и максимални 4500 греење, 6500 денари. мавни на тие две просек, 5500 денари сметка стуја, таа ми е.

    Незнам која ти беше поентава да ми маваш пресметки, дали ме нарекуваш лажго или нешто да кажеше отворено? Сакаш да ти ги сликам уредите дома, саатот надвор од евн колку трошат уредите сите грејни упалени и фактурата од евн да ти ја пратам? За да се увериш? Или бујрум повели на кафе, имам сега купив Dolce Gusto па врв кафе ќе ти направам, увери се сам во се, и изолацијара и во прозорите и во уредите и во климата, ако мислиш дека ќе ти помогне на тебе да си ја намалиш сметката.

    Недели имам потрошено на планирање дома со Sonoff уреди, тајмери, мерачи, да ја смалам сметката максимално.
    Многу невкусно ти беше ова правењево математика на туѓа сметка, буквално кажано и точно. Срамота.
     
    На FLEGMA и mdeni им се допаѓа ова.
  7. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,036
    1,061
    2 Март 2011
    Машко
    Студент по информатика, што се палиш ко тезгаџија? Цената на струјата ти е повисока, не рачунаш ддв и моќности. Зима трошоците се повисоки оти има и сушара која троши 4-5KW (ти ја немаш веројатно) и оти бојлерите работат 2x повеќе затоа што се ладат 2x повеќе.
    Со таква клима обично се грее соба од изолиран стан 15-25m2, за да троши 600W. ТИ грееш 80м2 неизолирана куќа со промаја, за која реално ти требаат 4-5 клима уреди. Не треба сметки да покажуваш.
     
  8. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,434
    3,156
    24 Септември 2012
    Браво што си смислил одличен систем и супер сметки! Ретко кој знае да користи термостат и соодветен број на греачи на греалки.

    Туку како ги контролираш греалкките за на ефтина да се палат? Со кој тајмер?
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    779
    846
    7 Февруари 2013
    Машко
    Програмер
    Греалките ми се на SONOFF S26- EU/UK/US Smart Wifi Plug Socket Google Alexa Control,
    а бојлерот на SONOFF POWR2- WiFi Smart light switch to monitor home energy usage
    Преку апликацијата имам точно наместено како да се палат сите, и бојлерот кога сум на работа од сабајле само пример за брзо туширање малце да загрее, и во средина на денот повторно малце.

    @DelphiUser Незнам како клима за 35м2, да се користи за се како што треба изолирано 15-25м2. Можеби така било порано со постариве клими, ама ставив нова нов модел штедлива сега..
    Панелките догреваат само и помагаат на одржување на температурата, и 3те заедно се супер за греење.
    Се палам пошто се помеша кај што не ти е местото, во туѓа сметка, математики ми правиш. Не ми се допадна тоа, можеше да прашаш, објасни ми, па да ти објаснев, а не така директно, манири се во прашање, култура. Студент да, неапдејтнато, Дипломиран сега и вработен, програмер.
    PS, Точно, немам сушара, ниту за садови перење машина.
     
  10. Aowek

    Aowek
    Gaining Experience

    498
    212
    14 Април 2012
    Машко
    Од каде ги имап купено овие штекери?:
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    779
    846
    7 Февруари 2013
    Машко
    Програмер
    Од алиекспрес, имам и од официјалната купено, али на али со купони имам начекано на попусти, имам и други Basic2 на сијалици и ламби ставено, сега треба да ми стигне и Powr2 уште еден и едно вакво
    SONOFF TX Series - T0 T1 T2 T3 1-3 gang US/UK/EU WiFi Wall Switches
    Ако се покаже добро, сите ќе ги сменам со него.
     
  12. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,434
    3,156
    24 Септември 2012
    Имаш доберба во Соноф за 2.5KW греалка!?
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    779
    846
    7 Февруари 2013
    Машко
    Програмер
    Нее, и до 2KW се тие соноф, ама затоа панелките се на еден грејач. Рејтнатно е 2KW, јас 1.25 маx на нив,
    бојлерот исто, рејтнато е 3.5, јас 1.8 макс, али видов членот постираше пред некој ден што му се десило...
     
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ентузијазмот е за поздравување. Јас не би се усудил дома толку ампери да ми одат преку таква евтина техника. Не мора ни да закаже квалитетот на изработката (што е за сомневање), доволно е некој од домашните/гостите/децата да го поместат термостатот од греалките, итн.
    Всушност не што не би се усудил туку дефинитивно не се усудувам, пошто тоа е главна причина зошто дома некои од работите не ги автоматизирам. Ако земам поскапа посигурна опрема, на заштедата ќе и требаат години/децении за да ја отплати инвестицијата (помалку од работниот век на опремата). Поевтина опрема - наместо заштеда може да се деси зијан - и тоа таков зијан што не се плаќа со пари. :-/
     
    На itstheigyg му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dimoskig

    dimoskig
    Intern

    3
    3
    12 Јануари 2020
    Машко
    А бе дај кажете како да активирам wifi на инвертер gree amber... Секако пробав, неќи...да не пропуштам некоја глупост??
     
  16. PINCHLOVER

    PINCHLOVER
    Intern

    2
    5
    12 Јануари 2018
    Машко
    Jas go sledev tipacov od youtube i sega funkcionira bezprekurno. Samo imaj na um deka ruterot doma ne treba da ti bide na 5G.


    View: https://youtu.be/AQhzyQgVlsg


    Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
     
    Lokvan, dimoskig и на petkotrajko им се допаѓа ова.
  17. dimoskig

    dimoskig
    Intern

    3
    3
    12 Јануари 2020
    Машко
    Еееее. Конечно. Фала..
     
    PINCHLOVER, petkotrajko и на mnikolce им се допаѓа ова.
  18. PINCHLOVER

    PINCHLOVER
    Intern

    2
    5
    12 Јануари 2018
    Машко
    Тука сме за да си помогнеме, поздрав.

    Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
     
    На alfred и dimoskig им се допаѓа ова.
  19. zozone

    zozone
    Intern

    19
    5
    22 Јануари 2020
    Машко
    За поставување на надворешна изолација и избор на материјал, дали има врска какви се ѕидовите на кои ќе се работи? А за материјалите, од прилика, кои се разликите во цена?
     
  20. wezzy

    wezzy
    Intern

    16
    2
    6 Јануари 2017
    Машко
  21. wezzy

    wezzy
    Intern

    16
    2
    6 Јануари 2017
    Машко
    Gledam nikoj nema iskustvo so Hisense,no dali moze malce pomos koj inverteri da gi zemam za vo spalna i dnevna dvete po 16-18m2 pri sto planiram da otvaram vrati da se dogreva hodnik i kujna od vkupno 15m2, so pvc prozori novi ama bez izolacija kukjata.Budzet 1000 evra imam iskustvo so gree fairy i Lclh 3.5 Blagodaram.
     
  22. Deleted member 42102

    Deleted member 42102
    Гостин

    Изменето од модератор: 8 Февруари 2020
  23. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    602
    615
    15 Септември 2012
    Машко
    Секоја и никоја.
    Не објаснувам повеќе, ќе треба да прочиташ некоја страна од оваа тема на форумов.
     
    На Lokvan и mdeni им се допаѓа ова.
  24. zozone

    zozone
    Intern

    19
    5
    22 Јануари 2020
    Машко
    Убаво ти пиша погоре флеш... прочитај малку, дај некоја плус информација. Ајде да не биде дека сме терсене, на климата за која што прашуваш пишува препорачана површина до 60м2. Овој податок може нешто да ти значи како просек, ама пак и не мора. Многу фактори се во прашање (висина на просторот, изолација, прозори...)
     
  25. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,457
    12,630
    2 Август 2012
    Машко
    До 16A поднесува. Тера 16А константно без проблем (3,5 kW)

    Плус има Overload Protection System каде местиш max. current и мирна бачка.

    Ова на Sonoff Pow R2, за да нема забуна.
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...