1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,706
    1,171
    16 Јуни 2010
    Машко
    @mdeni Сакаш да кажеш дека климата ќе влече повеќе од 970w зашто загрева одново ладна соба?
    Проблемот е што некои денови седам повеќе време во собата, некогаш и воопшто не седам и стварно немам резон да ја грејам собата цело време. А вака со климата и летно време ке имам кога сакам да оладам собата и некако идејата за клима сеуште ми е океј.
    Не е ваљда дека една 3.5kw клима исто грее како обичен панел и иста да ефикасност?
    Дали бројките што се за input power се точни кај климите или тоа е произволна вредност. Еве Ноември ми се погоди стално да ја грејам собата со панелот и ептен се примети на сметката (кај скапата тарифа), и тука ми и идејата дека климата помалку ке троши во мојот случај (а и очекувам и повеќе да загрее).
     
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,434
    3,156
    24 Септември 2012
    Една клима сезонски гледано троши 4 пати помалку од панел, за исто греење.

    Со палење по желба тоа ќе биде 3 пати поефикасно од панел.

    Во секој случај ќе е многу поефикасно.
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,706
    1,171
    16 Јуни 2010
    Машко
    Значи стварно климата нема да влече повеќе од 1KW, а ке грее да кажеме околу 3.5 kw?
     
    На Tomislav96 и CBB_6 им се допаѓа ова.
  4. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,434
    3,156
    24 Септември 2012
    Да. Затоа и повеќето се грееме на инвертери.
     
    Tomislav96, angelkoski, CBB_6 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. Skorp

    Skorp
    Gaining Experience

    340
    261
    25 Август 2016
    Машко
    Не знам дали ова е правата тема али ај да прашам. Дали има кај нас системи за греење/ладење кај што ќе можеш индивидуално во секоја соба да местиш температура? За домашна употреба.
     
  6. zozone

    zozone
    Intern

    20
    5
    22 Јануари 2020
    Машко
    Имам ЛГ 24-ка, моментално грее околу 45 м2, дневна кујна во стан со лоша ѕидна изолација и ПВЦ прозори. До сега ја имам гасено ноќно време, значи околу 6 часа, а сега пред некој ден почнав да ја оставам да работи нон-стоп. За жал немам мерач, ама планирам да купам еден, па да видам како троши. Инаку сега ја оставам на 23 степени преку ден и на 21 преку ноќ.
    Туку се мислам дека во внантрешниот дел можеби има нешто скршено бидејќи произведува бука со зголемување на брзина на дување. Не знам дали тоа може да се поправи со некој универзален дел?
     
  7. petkotrajko

    petkotrajko
    Intern

    61
    43
    16 Јуни 2017
    Ова го постигнуваш со неколку едноставни методи:
    - ако грејните тела од системот за греење се радијатори/фенкојлери, тогаш секој од нив посебно го регулираш со дугмината за покачвање (или намалвање) на температурата. ако ти е сепак жешко (во зима), отвори џам.
    -ако грејните тела ти се инвертери, со дајлинското во секоја соба си местиш температура што ти одговара
    -ако се грејш на парно, и ако ти е жешко во некоја соба, подзатвори го вентилот од радијаторот (или отвори џам)
     
    На Skorp му/ѝ се допаѓа ова.
  8. petkotrajko

    petkotrajko
    Intern

    61
    43
    16 Јуни 2017
    Колку време ја користиш (колку е стара) машинава за греење?
    Ако е постара, можда лежиштата на осовините од вентилаторо се разјадени, па на поголема брзина почнува со ексцентрично движење и така можда почнува поќе да бучи.
    А можда едноставно на поголеми брзини си е бучна (освен ако во минатото си ја користел на голема брзина, а сепак била тивка, тогај...нешто е расипано сега).
    Иначе, 24-ка за 45 квадрати, па и слабо изолирани, некако како преголема ми делува...
    Често се исклучва/уклучва преку ден?
    И не, не требало да ја гасниш по 6 саати навечер, нека работи цело време.
     
  9. zozone

    zozone
    Intern

    20
    5
    22 Јануари 2020
    Машко
    Климава е стара 8 години. Јас малку лошо се имам изразено. Не само дека бучи, туку и тропа. Дури и на најмала брзина. :annoyed: Инаку 24-ка имам земено затоа што претходно имав 12-ка ЛГ и во стариот стан со уште послаба изолација и дрвени прозори беше далеку од доволна, па морав да догрејувам со панел од 3-ка. Тогаш имав малку троа повеќе пари, се изнервирав и земав ваква.
    Инаку никогаш не се исклучува сама. Дури и кога ќе постигне температура во соба, продолжува да дува млако. А кога прави дефрост (што е многу ретко) дува малку поладно.
     
  10. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,047
    1,067
    2 Март 2011
    Машко
    Среќа заврши периодов со магли и дефрост на пола саат.
     
  11. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ти го проследувам прашањето во соодветна тема.
    Темата каде си постирал служи исклучиво за постирање на резултати од мерења, и во првиот пост со ГОЛЕМИ букви пишува во темата да не се постира ништо друго освен мерења на потрошувачка.
     
    На mdeni и zozone им се допаѓа ова.
  12. dimoskig

    dimoskig
    Intern

    3
    3
    12 Јануари 2020
    Машко
    Здраво..да ми кажи некој како да вклучам wi-fi на gree amber инвертер...
    Инсталирав од play store, на андроид, вклучив wi-fi на далечинското (пробав и она со задржување 10 сек.), поврзав на домашна wi-fi мрежа и....неќи...
     
  13. zozone

    zozone
    Intern

    20
    5
    22 Јануари 2020
    Машко
    Сега кога ги видов карактеристиките, малце од памет се извадив. Не знам можеби климава е преголема за просторот што го грее (45 м2), а можеби и не е искористена како што треба. Дали и со неа важи истото правило дека е подобро да работи 24/7?
    Klima LGS24AQU.jpg
     
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Дали ~29000 BTU за 45м2 е премногу? :)
    За шатор од 45м2 некаде на северот од Норвешка, веројатно не. За просечен дом/стан овде, 18000 BTU треба да се сосема доволно. Друга работа е колку ја бива климата, во каква состојба е, итн. Ова е обична сплит клима, нема инвертор технологија?

    И да, апсолутно секој што примарно се грее со клима - треба да ја остави да работи 24/7 од есен до пролет.
     
  15. zozone

    zozone
    Intern

    20
    5
    22 Јануари 2020
    Машко
    ОК, тогаш утка имам направено уште пред 8 години кога сум ја купувал... Инаку станот ми е околу 70 м2 вкупно, а ми се чини дека нема да може да постигне и да го згрее целосно, бидејќи има не толку добра фасадна изолација.
    Инаку инвертер е, не е обична. И фала на советот, почнав да ја оставам да работи нон стоп :)
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    382
    292
    1 Февруари 2017
    Машко
    Made in korea e.
    Ako e ispravna uba klima e 60m2 otvoren prostor bi greela bez problem
     
  17. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Климата ти е дефинитивно пресилна за квадратурата на дневната соба и затоа уште поубаво ако ги држиш вратите отворени кон другите соби - тоа ќе помогне климата поретко да се исклучува. Почесто ќе ти се исклучува на пролет како ќе затоплува времето, пошто минималната снага на работа и е голема. Ќе се однесува како он-оф сплит клима. Но тоа не е крај на светот, ќе те загрева и имаш резерва снага и за арктички зими. Може само да ти смета што ќе изгледа дека често прави дефрости што всушност се кратки дефрости кои климата ќе ги прави превентивно (пошто ионака мора да се исклучи заради постигната температура).

    Тл-др: Пушти ја да работи 24/7 и се додека си затоплен како што треба - не се замарај. :)
    едит: Мерачи за потрошувачка и наједноставните си ја работат работата, освен што нема да имаш фенси клауд репорти и графици. На Али ги има за ~10-15 долари, локално имаше во Анхоч/Меркур веројатно и во други продавници.
     
    На zozone му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,434
    3,156
    24 Септември 2012
    24/7 auto fan ili 1-2ra brzina фен мануелно.

    24-25ц температура.

    Издув надолу.

    Отвори врати насекаде и греј си што е можно поголем простор со неа.

    И заборави ја дека постои. Гледам 900w и е минимум и нека си тера самата. Штом издржала 8 години тоа за LG е премија. Веројатно се погодила и да си ја чуваш!
     
    Sukhoi, zozone и на CBB_6 им се допаѓа ова.
  19. zozone

    zozone
    Intern

    20
    5
    22 Јануари 2020
    Машко
    Се погоди за греење, гајле нема, супер е. Ама... како што веќе имам пишано погоре, расипано е нешто во внатрешната единица и тропа (дали вентилаторот е нешто скршен, дали нешто друго) и тоа нервира (дома трактор ја викаме :rolleyes:). Со тек на време се навикнуваме на буката, ама не е убаво. Им имав пишано на Видеодата ако можат да дојдат да видат, ама уште ми немаат одговорено. А на крај краева и не мора они да се. А спремен сум да си платам колку кошта нормално :)
     
  20. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    351
    258
    13 Март 2015
    Машко
    Луѓе дали се добри овие клима греалки на фејсбук што ми испаѓаат на реклама по 3000 денари? Ги бива или лажат шипциве.

    12м2 е собата.
     
  21. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,434
    3,156
    24 Септември 2012
    Калорифер е тоа. Не е клима греалка. Клима греалка е 18000 мислам најефтината ТСТ 12ка.
     
  22. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    382
    292
    1 Февруари 2017
    Машко
    побарај некој посалам монтер да ти ја сервисира. уба ти е климата оргинал корејска сега да бараш не можеш таква да купиш. има најверојатно корејски компресор преку17-20цм3
    има 8.5кв на -7степени твин компресор
    Screenshot (49).png
     
    Последна промена: 25 Јануари 2020
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Kaква црна видеодата, викни си проверен мајстор за фриготехника.

    Си ја чистел внатрешната единица досега?
    Може да е нешто банално како насобрана прљавштина во цилиндар вентлаторот во внатрешната.
     
  24. zozone

    zozone
    Intern

    20
    5
    22 Јануари 2020
    Машко
    Сега ме потсетија домашниве. Чистена е и внатрешната и надворешната. Верувам со све комплет е чистена, пошто пред селење од еден во друг стан, ја имаа земено и чистено кај нив (локални сервисери). Јас лично само филтрите ги чистам редовно, немам отварано. Сервисерите тие што биле (пред 3 год.) кажале дека наводно не можело да се поправи тоа внатре, пошто имало нешто дефект. Ваљда вентилаторот или нешто околу него е скршено, не памтат моиве дома. Можда и не им се замарало на сервисерите да се ебаваат, кој ќе ги знае.
    Затоа и прашував дали тој вентилатор би можел евентуално да се замени со друг, од друга марка/модел на клима. Дали е тоа некако универзален дел или секоја клима има специфични делови за себе?
     
  25. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Тоа не би знаел. Со оглед на работиве кои ги кажуваш најдобро да зборуваш со сервисери.
     
    На zozone му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...