Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Искуство со нарачка на MacBook Pro персонализирана конфигурација од iStyle MK

nashio

lurker
14 јануари 2011
768
1.052
Radobor
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900X
Motherboard
X570 Pro4 ASROCK
Storage
Samsung PRO 980 NVMe, Samsung EVO Plus NVMe, Seagate Ironwolf
PSU
BE QUIET! STRAIGHT POWER 80 PLUS PLATINUM
RAM
64GB 3200MHz G.SKILL Ripjaws - V F4
Video card
NVIDIA GTX 1070ti Cerberus
Case
BeQuiet Pure Base 500
Mouse
MX Master 3
Keyboard
MX Keys
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Benq PD3220U
OS
Windows 10
Ова со „гзот на светот“ мене ме нервира, кога станува збор за официјални претставништва во земјава. Ако не им одговара, они нека си одат и нашиве нека не се нафаќаат. Вака испаѓа сите се лабави зашто сме земја од трет свет, освен крајниот корисник кој плаќа иста сума како во Германија, а добива 10 пати помала услуга и чека 10 пати подолго.

Буквално вредноста на iStyle е услугата која треба да се даде и е апсолутно нивна вина кога се случуваат вакви работи. Ако они не може да се разберат со Apple за CTO/BTO, тогаш криви се они, не јас како потрошувач.

Да не ме сфати погрешно, не го оправдувам јас ова ниту велам дека е во ред. Само сум помирен со судбината :ROFLMAO:
 
24 септември 2021
43
97
Со фактот дека не сум директен представник од продажба но сум доста во истава компанија, можам само да кажам дека сигурно ќе му биде понудено нешто на дечкото како извинување (иако можеби тоа нема ни малку да му ги ублажи нервозите и настанатата ситуација), но не сме компанија која не ги цениме нашите клиенти.
Јас знам дека во последниве 6 до 8 месеци се известуваат сите поединечни корисници кои чекаат персонализирани уреди, дека уредите ќе каснат на неопределено или кажуваме приближно недели на чекање. (одлуката околу тој дел сепак останува на корисниците!)
Имавме случај, каде што сме дале како извинување и уреди на користење за времетраењето на процедурата (за ова можам да се заложам и да разговарам со менаџментот за некој од Вас и да овозможиме вакво нешто). Нема да добиете можеби најнов модел, но ќе добиете нешто за кое ќе може да бркате работа во меѓувреме.
Мислењето е автоматски споено:

Морам да надополнам и за ова Т Р А Г А, поради тоа што првично порачката е адресирана до нашата дистрибуција немаме право да даваме повеќе детали.
Но контактирај ме приватно со повеќе детали за твојата нарачка и за тоа ќе се заложам да извлечам некоја информација колку што имам можности...
Ги цените вашите клиенти со спуштање на телефон кога настојуваат да го бараат она кое што е платено? Патем барав информација, ама пошто твојата колешка мислеше дека дрскоста ќе ја спаси - налета на погрешен човек.
Мојот случај кажува дека некаде при крај на првичниот искомунициран рок кога се јавив добив такво инфо, дека ќе касни и слично, до тогаш - штама. Па потоа почна цела сага со вас.
Па две недели покасно веќе почнав повторно да се расправам со вас, понудивте она кое што го понудивте, пишав погоре.
Заменскиот модел е тотална катастрофа за моите потреби и во споредба со тоа каков уред имам порачано. Такво нешто во Apple со заменски уред нема друже.

Што се однесува до она да давате повеќе детали, требаше да пишам пост на форумов за да ви текне? Над 15 маил преписки имам со твојата колешка, и не знам колку повици.
Сега ви текна да извлекувате информација?
Знам дека немаш ништо со тоа, и воопшто ти лично не си виновен и сакаш како корисник да ме направиш среќен, ама како што веќе сам си кажа дека не си директен представник од продажба - немаш потреба нечив fuck-up да решаваш.
 
vladealfagv

hello world
31 јануари 2016
131
132
Гостивар
www.zagreota.com
vladealfagv's setup  
Processor & Cooler
2.3 GHz Intel Core i9
Storage
512GB SSD
RAM
16GB of 2400MHz DDR4 onboard memory
Video card
Intel UHD Graphics 630 and AMD Radeon Pro Vega 20
OS
Mac OS
Владе, му било понудено откако се пожалил и почнал да звони. Вака и јас во Божиновски кога чекав 75 дена за сервис (кој требаше да трае 30 дена) и уште ми кажуваа „Ама дечко во Швајцарија мислиш ти кажуваат кога ќе биде готов саатот? Оставаш и не прашуваш“...па ми дадоа 15% попуст демек.

Околу уреди на користење, ако јас оставам 220.000+ 4 месеци кај вас, само веројатно кола и стан повеќе би чекал, а за тоа капари се даваат. Зимајте капар тогаш, не ми глави парите. Вие на Apple секако плаќате кога ќе се процесира нарачката.
Мислењето е автоматски споено:

Владе не заебавај, за лаптопи од 4.000+ евра ли треба врски за да ни стигнат мајкуму...
Како прво тоа со 75 дена сервис, се нема никогаш случено откако сме самостоен сервис! (Те молам дај ми број на предмет или сериски број на тој уред што бил повеќе од 30 дена на сервис!) И како второ, начинот на муабетот кој го имаш презентирано не е во наш стил!

Со делов околу Аванс, се промени и се бара да се уплати целата сума поради административни обврски.
Побарувањата на CTO модели е премногу зголемена и многу е комплицирано да се води за секој клиент засебно, колку точно оставил Аванс и да се врзуваат сумите откако ќе стигне уредот и откако ќе се направи доплата на разликата.
Претходното искуство не натера на тоа, бидејќи претходно се бараше Аванс само 20% од сумата која изнесува уредот.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Ги цените вашите клиенти со спуштање на телефон кога настојуваат да го бараат она кое што е платено? Патем барав информација, ама пошто твојата колешка мислеше дека дрскоста ќе ја спаси - налета на погрешен човек.
Мојот случај кажува дека некаде при крај на првичниот искомунициран рок кога се јавив добив такво инфо, дека ќе касни и слично, до тогаш - штама. Па потоа почна цела сага со вас.
Па две недели покасно веќе почнав повторно да се расправам со вас, понудивте она кое што го понудивте, пишав погоре.
Заменскиот модел е тотална катастрофа за моите потреби и во споредба со тоа каков уред имам порачано. Такво нешто во Apple со заменски уред нема друже.

Што се однесува до она да давате повеќе детали, требаше да пишам пост на форумов за да ви текне? Над 15 маил преписки имам со твојата колешка, и не знам колку повици.
Сега ви текна да извлекувате информација?
Знам дека немаш ништо со тоа, и воопшто ти лично не си виновен и сакаш како корисник да ме направиш среќен, ама како што веќе сам си кажа дека не си директен представник од продажба - немаш потреба нечив fuck-up да решаваш.

Види, компанииве како iStyle (и еве Божиновски бидејќи ги спомнав) немаат осет изгледа каков вид на корисници одат кај нив. Не е тоа обичен потрошувач со просечна плата кој е неинформиран или трпелив. Најчесто се муштерии кои се добро ситуирани, подготвени да платат за да добијат услуга.

Менаџментот го знае тоа, ама најчесто во продажба се губи. Дуна едно време (пред 10+ години) имаа добри тренинзи за продажба, баш онака како треба да го третираш потрошувачот пред и откако ќе му ги „земеш“ парите. Ова што го опишуваш ти е катастрофа...
Мислењето е автоматски споено:

Како прво тоа со 75 дена сервис, се нема никогаш случено откако сме самостоен сервис! (Те молам дај ми број на предмет или сериски број на тој уред што бил повеќе од 30 дена на сервис!) И како второ, начинот на муабетот кој го имаш презентирано не е во наш стил!
Божиновски* не вие...кај вас сум бил за ипхоне-то, освен што беше под гаранција и морав да чекам заменски уред, не сум имал друг проблем.
 
vladealfagv

hello world
31 јануари 2016
131
132
Гостивар
www.zagreota.com
vladealfagv's setup  
Processor & Cooler
2.3 GHz Intel Core i9
Storage
512GB SSD
RAM
16GB of 2400MHz DDR4 onboard memory
Video card
Intel UHD Graphics 630 and AMD Radeon Pro Vega 20
OS
Mac OS
Како прво тоа со 75 дена сервис, се нема никогаш случено откако сме самостоен сервис! (Те молам дај ми број на предмет или сериски број на тој уред што бил повеќе од 30 дена на сервис!) И како второ, начинот на муабетот кој го имаш презентирано не е во наш стил!
Се извињавам, во Божиновски си пишал а јас сватив со Божиновски за кај нас...
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Побарувањата на CTO модели е премногу зголемена и многу е комплицирано да се води за секој клиент засебно, колку точно оставил Аванс и да се врзуваат сумите откако ќе стигне уредот и откако ќе се направи доплата на разликата.
Ваљда не си сериозен со муабетов на IT форум? Хахах ах бе Владе, па IT фирма сте (на некој начин), а немате CRM и ERP системи врзани?

Овие муабети можеш таму на кајгана, на фемина...смешно е потрошувачот да врзува цела сума на пари заради ваша неспособност да менаџирате АВАНСИ.

Тогаш другиве фирми како Тојота, Хонда, Југоекспорт мора некоја магија да користат што имаат поголем обрт на нарачки, а работат со аванси? Да ти дадам број од дечкото што го правеше сајтот и ERP-то (на онлајн нарачка со АВАНС) на Југоекспорт да си го средите ова?

Срамота е...
 
vladealfagv

hello world
31 јануари 2016
131
132
Гостивар
www.zagreota.com
vladealfagv's setup  
Processor & Cooler
2.3 GHz Intel Core i9
Storage
512GB SSD
RAM
16GB of 2400MHz DDR4 onboard memory
Video card
Intel UHD Graphics 630 and AMD Radeon Pro Vega 20
OS
Mac OS
Менаџментот го знае тоа, ама најчесто во продажба се губи. Дуна едно време (пред 10+ години) имаа добри тренинзи за продажба, баш онака како треба да го третираш потрошувачот пред и откако ќе му ги „земеш“ парите. Ова што го опишуваш ти е катастрофа...
А зошто мислиш дека iSTYLE нема обуки?
Мислењето е автоматски споено:

Ваљда не си сериозен со муабетов на IT форум? Хахах ах бе Владе, па IT фирма сте (на некој начин), а немате CRM и ERP системи врзани?

Овие муабети можеш таму на кајгана, на фемина...смешно е потрошувачот да врзува цела сума на пари заради ваша неспособност да менаџирате АВАНСИ.

Тогаш другиве фирми како Тојота, Хонда, Југоекспорт мора некоја магија да користат што имаат поголем обрт на нарачки, а работат со аванси? Да ти дадам број од дечкото што го правеше сајтот и ERP-то (на онлајн нарачка со АВАНС) да си го средите ова?

Срамота е...
Тоа се административни работи и не се поврзани со IT, туку со сметководствени фирми...
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
А зошто мислиш дека iSTYLE нема обуки?
Мислењето е автоматски споено:

Тоа се административни работи и не се поврзани со IT, туку со сметководствени фирми...
Ако имате обуки како тие во Дуна, нема ваков однос да има со потрошувачите. Не велам дека ги немате, ама очигледно нешто недостига, нели?

Околу административниве работи, пак ќе ти кажам - има фирми во МК што го прават тоа со аванс со многу поголем обрт од вас. Јас имам контакт и работам директно со нив, еве ако сакаш ќе се заложам целосно да ве поврзам и да дознаете како оди нивниот процес, само за да го подобрите кај вас, од ЕРП до сметководство, сите интерни и екстерни процеси.

Греота е потрошувачот да ја плаќа цената за ова...
 
vladealfagv

hello world
31 јануари 2016
131
132
Гостивар
www.zagreota.com
vladealfagv's setup  
Processor & Cooler
2.3 GHz Intel Core i9
Storage
512GB SSD
RAM
16GB of 2400MHz DDR4 onboard memory
Video card
Intel UHD Graphics 630 and AMD Radeon Pro Vega 20
OS
Mac OS
Ако имате обуки како тие во Дуна, нема ваков однос да има со потрошувачите. Не велам дека ги немате, ама очигледно нешто недостига, нели?
Apple е во прашање не треба ни да се сомневаш, не ги правдам навивачки ама односот на моите колеги е на многу ВИСОКО и пријателско ниво!

Околу административниве работи, пак ќе ти кажам - има фирми во МК што го прават тоа со аванс со многу поголем обрт од вас. Јас имам контакт и работам директно со нив, еве ако сакаш ќе се заложам целосно да ве поврзам и да дознаете како оди нивниот процес, само за да го подобрите кај вас, од ЕРП до сметководство, сите интерни и екстерни процеси.
За овој дел, нема да можам да ти одговорам дека сепак ние работиме корпоративно и тие работи се разгледани и одлучени на повисоко ниво...
 
24 септември 2021
43
97
А зошто мислиш дека iSTYLE нема обуки?
Да не ги праќате на обука за како побрзо телефон да спуштаат?
А ако не ви е баш за тоа наменета обуката, туку за како да се однесуваат како нормален персонал - во тој случај ви предлагам да си ги тестирате вработените на секои три месеци како стојат со живци, како и другите меки способности.
Се надевам си свесен за недостатоците на одредени колеги кои што ви работат како продажни агенти.
Со чест на исклучоци.
Со еден дечко од кај вас, поасален муабет имам направено него ли со госпоѓата која што ми е мене продажен агент.
Брука.
 
vladealfagv

hello world
31 јануари 2016
131
132
Гостивар
www.zagreota.com
vladealfagv's setup  
Processor & Cooler
2.3 GHz Intel Core i9
Storage
512GB SSD
RAM
16GB of 2400MHz DDR4 onboard memory
Video card
Intel UHD Graphics 630 and AMD Radeon Pro Vega 20
OS
Mac OS
Да не ги праќате на обука за како побрзо телефон да спуштаат?
А ако не ви е баш за тоа наменета обуката, туку за како да се однесуваат како нормален персонал - во тој случај ви предлагам да си ги тестирате вработените на секои три месеци како стојат со живци, како и другите меки способности.
Се надевам си свесен за недостатоците на одредени колеги кои што ви работат како продажни агенти.
Со чест на исклучоци.
Со еден дечко од кај вас, поасален муабет имам направено него ли со госпоѓата која што ми е мене продажен агент.
Брука.
Жал ми што слушам вакви коментари, се надевам дека ќе се најде виновникот и дека менаџментот ќе превземе нешто повеќе околу тоа со вработените.
 
24 септември 2021
43
97
Жал ми што слушам вакви коментари, се надевам дека ќе се најде виновникот и дека менаџментот ќе превземе нешто повеќе околу тоа со вработените.
Веќе тука не можам да навлегувам, али требаше да ве постирам на форум за да има некаква реакција ли?
А од моја страна беше и менаџмент искомунициран на маил.
Одговор од нив - јок.

Не може тоа така, се комуницирате како Премиум Вендор.
Од премиум само цените ги држите (кога станува збор за продажба).

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Веќе тука не можам да навлегувам, али требаше да ве постирам на форум за да има некаква реакција ли?
А од моја страна беше и менаџмент искомунициран на маил.
Одговор од нив - јок.

Не може тоа така, се комуницирате како Премиум Вендор.
Од премиум само цените ги држите (кога станува збор за продажба).

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација

Sve je isto samo mekbuk nema....nanana
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Веќе тука не можам да навлегувам, али требаше да ве постирам на форум за да има некаква реакција ли?
А од моја страна беше и менаџмент искомунициран на маил.
Одговор од нив - јок.

Не може тоа така, се комуницирате како Премиум Вендор.
Од премиум само цените ги држите (кога станува збор за продажба).

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација

Кога зимаш скапа роба од 4000 евра, а го плаќаш во целост однапред, барај си официјална понуда од фирмата. Со назначен рок на испорака, цена и гаранција (тоа е стандард ама поубаво напомени).

Официјалната понуда има важност хх дена, во кој рок можеш да ја прифатиш или одбиеш. Ако ја прифатиш побарај и профактура за таа иста понуда.

Со профактурата плати си ја и сите документи зачувај ги.

Нема врска што си физичко лице.

Да видиш како се запазуваат рокови после.

Бонус, нема да имаш фискална и да те дриблаат со тоа дека ти треба за гаранција. Како што прават Анхоч, Сетек, Нептун.

П.С. тие документи остануваат доверливи, така да не ги постирај по форуми и сл.
 
Официјална понуда добив (профактура) што имаше секако рок. Беше платена истиот ден, пошто веќе се имав договорено за цената и слично.
Секако дека ја чувам сета документација.
Она кое што е мааната е дека нема официјален/пишан рок на испорака.
Што се однесува до гаранцијата - важи од прва активација на уредот, така да тоа не ми е проблем.

П.С. Чисто за инфо од ситуацијава :D
Си добив сабајлево СМС од мојата драга продажна агентка со линк од темава :D само линк, типката е тотален хаос, пасив агресив.
Каков народ гази по земјава уште се чудам.

Многу сум убеден дека сите овие лапсузи и глупости, дрскост и надменост - во други фирми до сега ќе ја пратеа на задолжителна евалуација.
 
bogdan.j

hello world
16 февруари 2018
155
426
Гостивар
ntpmk.net
Секаде се касни со секаква опрема. Мрежна опрема која што кошта преку 50к евра(core рутери, свичеви, огнени ѕидови итн) се чека 6+ месеци. Недостаток на чипови, општ хаос е секаде, нормално дека ќе каснат и за комерцијални уреди.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Си добив сабајлево СМС од мојата драга продажна агентка со линк од темава :D само линк, типката е тотален хаос, пасив агресив.
Каков народ гази по земјава уште се чудам.
@vladealfagv ова под итно да се реагира, воопшто не е во ред!
Мислењето е автоматски споено:

Секаде се касни со секаква опрема. Мрежна опрема која што кошта преку 50к евра(core рутери, свичеви, огнени ѕидови итн) се чека 6+ месеци. Недостаток на чипови, општ хаос е секаде, нормално дека ќе каснат и за комерцијални уреди.
Е како бе ти Мек мини зема во истиот ден...хехеххе :devilish:
 
bogdan.j

hello world
16 февруари 2018
155
426
Гостивар
ntpmk.net

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Секаде се касни со секаква опрема. Мрежна опрема која што кошта преку 50к евра(core рутери, свичеви, огнени ѕидови итн) се чека 6+ месеци. Недостаток на чипови, општ хаос е секаде, нормално дека ќе каснат и за комерцијални уреди.

Доцни операмата, но многу ретко над наведениот рок. Последна нарачка оваа година ми била од Макпетрол, 764,000 ден. и ја доставиле 12 дена пред истекот на рокот.

Сепак тука станува збор за некоректна комуникација и информирање од страна на istyle што е просто глупаво (и некошта ништо). Во било кој момент во било која фирма треба да објаснат убаво каде е, колку има застој и зошто. Во најмала рака треба да ги контактираат претпоставените од каде што ја нарачале опремата и да го споделат нивниот одговор.

Според ова во темава istyle = бурекџилница рекорд. Дури и вработен дојде и не даде никакво разумно оправдување или одговор за понашањето.

Барем анхоч кога ги шибаме на форумов реагираат со корекции (хинт xbox+жирафа)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
Пробај исконтактирај со Дуна или Нептун, гледам ги има на листа од Apple дека се риселери. 4 месеци да не може да обезбедат лаптоп е тешка брука :).
А замисли на Делл Макпетрол што им требаат 8 месеци да испорачаат лаптоп, монитор и дикинг стејш'н.
 
24 септември 2021
43
97
Секаде се касни со секаква опрема. Мрежна опрема која што кошта преку 50к евра(core рутери, свичеви, огнени ѕидови итн) се чека 6+ месеци. Недостаток на чипови, општ хаос е секаде, нормално дека ќе каснат и за комерцијални уреди.
Секако дека се касни и сите сме свесни за тоа.
Затоа и имаа искомуницирано со мене 5-12 недели, додека на сајтот и пред хаосов секогаш беше 5-8 недели испорака.
Да земеме и дека ќе требаат плус 2-3 недели како што кажа @vladealfagv, тоа е максимум 15/16 недели, или во превод 105/112 дена.
Јас сум на 131 ден, или во превод скоро 19 недели.

На сам старт да беше искомуницирано ова - немаше да има никаков проблем, мој избор е дали јас ќе прифатам или не.
Ситуацијата е многу различна, така да СЕГА немам разбирање.
Патем, според Apple Customer Care - Sales, за во Америка, Канада и било каде што имаат они Apple продавници - испораката е 120 дена МАКСИМУМ.

@vladealfagv ова под итно да се реагира, воопшто не е во ред!
Каква реакција друже, менаџмент на мејлови не враќа упатени директ до нив. Им пишав пошто нивни вработен ме имаше советувано така да направам.
Не се позамараа да одговорат кога гледаат дека со нивниот агент немаме разбирање,, па и плус кога ми имаше спуштено телефон, ти викаш за реакција на нешто вакво. Пф.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Каква реакција друже, менаџмент на мејлови не враќа упатени директ до нив. Им пишав пошто нивни вработен ме имаше советувано така да направам.
Не се позамараа да одговорат кога гледаат дека со нивниот агент немаме разбирање,, па и плус кога ми имаше спуштено телефон, ти викаш за реакција на нешто вакво. Пф.
Не се секирај, друго е гостиварското лоби кога ќе заигра на форумов.

Овој па @Astro типично македонското, дека секогаш има полошо. На макпетрол не им се работи, грешка е Делл што воопшто со нив соработува.
 
24 септември 2021
43
97
А замисли на Делл Макпетрол што им требаат 8 месеци да испорачаат лаптоп, монитор и дикинг стејш'н.
Ако на Делл Макпетрол им треба за три работи 8 месеци да испорачаат, овие за една веќе 4+ месеци немаат ни инфо до каде е :D
Замисли да им нарачав некој докинг.

Само ме занима дали у фабрика уште ги збираат штрафчињата за мојот уред, па некое се изгубило и сеа го бараат и нормално немаат инфо до каде е потрагата.

Не се секирај, друго е гостиварското лоби кога ќе заигра на форумов.

Овој па @Astro типично македонското, дека секогаш има полошо. На макпетрол не им се работи, грешка е Делл што воопшто со нив соработува.
Абе доволно ми е уредот да си го добијам, што ќе прават после интерно веќе не ме занима, нивна брука и непрофесионалност е и онака.
Кажав и погоре, од премиум имаат само премиум продажни цени. Фурни леб за Премиум Вендор да бидат.

Али морам да ги пофалам за сервисот @vladealfagv, до сега немале утка :D
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно