1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Home automation (Домашна автоматизација)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од smole, 12 Август 2013.

  1. smole

    smole
    Unstoppable

    2,735
    2,887
    18 Април 2007
    Да, ова држи вода но ниската цена и (претпоставувам) брзата достава им се плус, им пишав да ги прашам по кој курир би пратиле до Скопје, нели до 22.5 еур нема ни царина ни данок, а шипингот колку што гледам е бесплатен, а уредите им се 10-20 еур.

    Јас немам никакво искуство со домашна автоматизација, ако така викаш ќе го имам твоето искуство во предвид.

    Сега немам UBNT AP (само микротикови) али ако после тестирањето Shelly или покасно и Sonoff се покажат како ок решение (во смисла на стабилност општа и стабилност на WiFi врската) и решам да идам по оваа "патека" ќе набавам UBNT со тоа што овие уреди би иделе на различна VLAN и/или различно SSID за да бидат засебни од останатиот сообраќај но и да можам да им оневозможам пристап до Интернет.

    Нека ми вратат Shelly како испорачуваат, ако не е преку DHL ќе нарачам едно уредче за тестирање, RPi имам a HASS ќе симнам.
     
  2. sisko

    sisko
    Gaining Experience

    162
    98
    14 Декември 2010
    Кај мене се врзани на rb2011 и нема баш никаков проблем одлично си работат. јас имам и Алекса и ако ти е план само светла и слични работи да контролираш моја препорака е да си купиш echo dot (еден или неколку) и да завршиш работа. Ем ќе добиеш контрола/ гласовна контрола / аудио сервиси / нотификации / аларми ем ќе си го поедноставиш животот и плус листата на компатибилни уреди со него може само да расте :D
     
  3. smole

    smole
    Unstoppable

    2,735
    2,887
    18 Април 2007
    И јас имам RB2011 ама не фаќа секаде каде би имало WiFi смарт уредчиња, затоа ќе ми требаат дополнителни AP.
     
  4. smole

    smole
    Unstoppable

    2,735
    2,887
    18 Април 2007
    Сега нарачав Shelly 1, по мејл ми вратија дека испораката иде по "Standard international shipping" од бугарската пошта.

    Сосе шипинг искочи 14.58 еур.

    Ќе пишам кога ќе стигне.
     
    На 123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    7,905
    11,640
    2 Август 2012
    Машко
    Па нели LAN Control е ова за што ти зборуваш? Во апликацијата го има како опција за во случај да нема интернет (таков е описот)
    Изгледа го имаат додадено во firmware-от кој досега (во еден месец) ми се има надоградено два пати.
    Претходниот пат, со 2.7.0, ставија default power state (или така некако) за после снемување на струја да одлучиш дали да остане изгаснат или да се уклучи.

    Немам искуство со Sonoff и моментално го терам како мерач на потрошња но ме чуди како од почеток немале имплементирано button power state. Како уклучувале тајмери за осветлување ако немале вакво нешто мене не ми е јасно? Или да мери клима и после снемување оваа да остане исклучена.
    Чудна работа..
     
  6. sisko

    sisko
    Gaining Experience

    162
    98
    14 Декември 2010
    Пред година дена кога ги зимав не беше така, односно без клауд уредот не беше функционален. а и новите што ги зимам одма ги флешувам и не се занимава со нивниот фирмвер. Во принцип кај мене дома сите уреди што се дел од автоматизацијата се локал лан. не сакам уреди со сумњиво потекло да комуницираат преку интернет цело време.

    Имам друг контролер за кој што со сигурност знам што праќа према надвор и што прима преку кој контролирам се останато.
     
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    2,735
    2,887
    18 Април 2007
    Како се флешува tasmota и колку е комплицирано?

    Нема на Али sonof со веќе флешнат tasmota?

    ping @sisko

    Shelly-то е пратено на 07 Јан по пошта, уште го чекам.
     
  8. DareDevil

    DareDevil
    Gaining Experience

    175
    143
    25 Април 2011
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sisko

    sisko
    Gaining Experience

    162
    98
    14 Декември 2010
    Нема флешнати мораш сам да ги флешуваш.

    Во принцип не е нешто комплицирано ти треба леткум пин хедер и усб уарт (може max232 или ардуино - јас користам уно ) првиот пат ке ти делува комплицирано но генерално е прилично едноставно + има милион туториали на интернет.
    Има опција и со OTA , неколку пати пробав на почеток кога се појави но неуспешно.
    незнам сега каква е ситуацијата со тоа.

    Да ти кажам тоа шелито се поинтересно и поинтересно ми изгледа :)
     
    На smole и bxxxn им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...